Управа за водење на матични книги – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 May 2022 09:44:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Управа за водење на матични книги – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ДЕНЕСКА ШТРАЈК СРЕДЕ СКОПЈЕ – матичарите излегуваат на улица, граѓаните со недели не може да закажат брак, ниту да извадат извод! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-shtrajk-srede-skopje-maticharite-izleguvaat-na-ulica-gragjanite-so-nedeli-ne-moze-da-zakazat-brak-nitu-da-izvadat-izvod/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-shtrajk-srede-skopje-maticharite-izleguvaat-na-ulica-gragjanite-so-nedeli-ne-moze-da-zakazat-brak-nitu-da-izvadat-izvod/#respond Wed, 25 May 2022 09:44:00 +0000 https://kurir.mk/?p=681269

Штрајкот на вработените во Управата за водење на матични книги денеска се сели пред Министерството за финансии. Независниот синдикат на матичарите при Конфедерацијата на синдикални организации најавува дека ќе го реализира најавениот протест пред ова министерство откако помина рокот во кој оттаму очекуваше одговор дали ќе има финансиски средства за реализација на барањата. Синдикатот претходно ги усогласи барањата со ресорното Миниастерство за правда и чекаше виза за нив од Министерството за финансии. Барањата се однесуваат на зголемување на платите, потпишување нов колективен договор со кој се предвидени отпремнини, исплата на К-15 во висина од 60 проценти од просечната плата,а се бара и признавање на звањата на постарите вработени. -Ние подолг период бараме да имаме средба, но немаме и ќе протестираме. Ако немаме средба, ќе ги радикализираме чекорите. Апелирам да смогнат сили и да седнеме на заедничка маса да најдеме решение за овој проблем што го имаат вработените, изјави Марјан Ристески од Конфедерацијата на синдикални организации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-shtrajk-srede-skopje-maticharite-izleguvaat-na-ulica-gragjanite-so-nedeli-ne-moze-da-zakazat-brak-nitu-da-izvadat-izvod/feed/ 0
Штрајкот продолжува: Управата за водење на матични книги бара решавање на проблемот, утре ќе соопштат детали https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtrajkot-prodolzuva-upravata-za-vodenje-na-matichni-knigi-bara-reshavanje-na-problemot-utre-kje-soopshtat-detali/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtrajkot-prodolzuva-upravata-za-vodenje-na-matichni-knigi-bara-reshavanje-na-problemot-utre-kje-soopshtat-detali/#respond Wed, 11 May 2022 18:53:04 +0000 https://kurir.mk/?p=675357

Во 10:00 утре пред Управата за водење на матични книги, прес-конференција ќе одржи Независниот синдикат на управата за водење на матични книги.

Независниот синдикат на управата за водење на матични книги ќе има работна средба од 09:00 – 10:00 часот со цел решавање на веќе познатиот проблем (потпишување на колективен договор) кој е главна и основна причина за штрајкот кој е во тек.

Во случај на евентуално доаѓање до решение на проблемот, можно е пресот за медиумте да го одржат заедно синдикалните претставници и раководните органи во управата.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtrajkot-prodolzuva-upravata-za-vodenje-na-matichni-knigi-bara-reshavanje-na-problemot-utre-kje-soopshtat-detali/feed/ 0
Нема договор за повисоки плати на матичарите по блокирањето на сообраќајот во Центар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-dogovor-za-povisoki-plati-na-maticharite-po-blokiranjeto-na-soobrakjajot-vo-centar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-dogovor-za-povisoki-plati-na-maticharite-po-blokiranjeto-na-soobrakjajot-vo-centar/#respond Thu, 05 May 2022 16:35:59 +0000 https://kurir.mk/?p=672507

Независниот синдикат од Управата за водење на матични книги (УЗМК) не успеа да најде заеднички јазик со Министерството за правда за покачување на платите, изјави попладнево синдикалниот претставник Марјан Ристески, по средбата со министерот за правда Никола Тупачевски. – Се вадат со некои законски уредби, подзаконски акти. Ние им предложивме конкретно оваа категорија на вработени, Управата за водење матични книги да се исели од Министертсвото за инфорнматичко општество. Значи замислете, оваа категорија на вработени кои што работат со строго доверливи документи, ги ставаат во куп со цела администрација, со уште 10.000 вработени. Доколку се качела платата само на овие не можел да се крши законот. Ние им предложивме да најдат модус да се издвои оваа категорија од групата во која што се вработени и да биде посебна, дали како агенција, дали како управа – рече Ристески. Преставникот на Синдикатот на УВМК, Тони Милошевски, по средбата наведе дека е прифатено да има унапредување на вработените, но не и усогласување за платите. – Ние им кажавме дека ќе продолжиме со штрајкот. Нема да го ставиме во мирување. Значи продолжуваме со штрајкот. Сега утрешниот ден ќе видиме тие регулативи што ни ги кажаа, законски што не може и како можат да се донесат. Утре ќе имаме работна средба со Министерството и со Управата и ќе видиме до каде ќе одат работите и дали ќе се најде законски начин да може тие работи да се надминат и да се потпише колективен договор за да го прекинеме штрајкот, рече Милошовски, Од Министерството за правда, пак, по средбата соопштија дека министерот Тупачевски им укажал на преставниците на Синдикатот да отпочнат со разговори за подготовка на нов колективен договор, кој ќе биде во согласност со Законот за административни службеници. – При подготовката на Законот за административни службеници да се разгледа и прашањето за статусот на вработените во УВМК заради специфичноста на нивната работа. Вработените во Управата имаат можност да остварат и додаток на плата на административен службеник до 30 отсто согласно Уредбата на Владата за специфичност на работите и работните задачи заради зголемен обем на работа. На вработените во Управата ќе им бидат усогласени платите со Законот за минимална плата и Законот за административни службеници Платата за април ќе биде со корекција на мартовската плата – велат од Министерство. На средбата додаваат од таму, е договорено вакви состаноци и комуникации да има и во наредниот период, а во рамките на Управата да се разгледа можноста за интерни унапредувања, дополнителна мотивација на вработените, воведување на јубилејна награда, како и и подобрување на условите за работа. Вработените во Управата за водење матични книги попладнево го блокираа центарот на Скопје излегувајќи на протест. Независниот синдикат на Управата бара донесување колективен договор на ниво на работодавец, линеарно покачување на платите за 30 отсто и подобрување на условите за работа. Претседателот на Независниот синдикат на Управата за водење на матичните книги, Тони Милошески, најави дека штрајкот ќе продолжи сè до исполнување на барањата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-dogovor-za-povisoki-plati-na-maticharite-po-blokiranjeto-na-soobrakjajot-vo-centar/feed/ 0
МАТИЧАРИТЕ ГО БЛОКИРАА ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – бараат зголемување на платите, надлежните немаат слух за нив (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maticharite-go-blokiraa-centarot-na-skopje-baraat-zgolemuvanje-na-platite-nadleznite-nemaat-sluh-za-niv-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maticharite-go-blokiraa-centarot-na-skopje-baraat-zgolemuvanje-na-platite-nadleznite-nemaat-sluh-za-niv-foto/#respond Thu, 05 May 2022 14:31:39 +0000 https://kurir.mk/?p=672456

Како што беше најавено и претходно, попладнево почна протестот со автомобили на вработените во Управата за матични книги пред Министерството за правда во центарот на Скопје. Поради протестот, блокирани се улиците во централното градско подрачје од 15 до 17 часот. Матичарите бараат нов Колективен договор, линеарно зголемување на платите за 30 отсто и подобрување на условите за работа. Вработените од оваа управа протестираа од 27 април, но очигледно никој не ги слуша нивните барања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maticharite-go-blokiraa-centarot-na-skopje-baraat-zgolemuvanje-na-platite-nadleznite-nemaat-sluh-za-niv-foto/feed/ 0
Пола милион евра за фирма стара само три месеци за дигитализација на матичните книги https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pola-milion-evra-za-firma-stara-samo-tri-meseci-za-digitalizacija-na-matichnite-knigi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pola-milion-evra-za-firma-stara-samo-tri-meseci-za-digitalizacija-na-matichnite-knigi/#respond Sun, 04 Apr 2021 17:06:31 +0000 https://kurir.mk/?p=492262

Фирмата Друштво за трговија и услуги НОВАТЕК ИНВ ДООЕЛ Скопје стара само три месеци добила тендер од скоро пола милион за набавка на услуги за дигитализација на матичните книги со што продолжува праксата на делење на државни пари на новоформирани фирми. За што точно станува збор? Уште на почетокот на месец март, првиот човек за борба со корупцијата Љупчо Николовски и премиерот Зоран Заев на заедничка прес-конференција најавија целосна дигитализација на водењето на матичните книги, како дел од Планот за борба против корупцијата. Како што изјави тогаш Николовски, преку воведување на дигитализација на водење на матичните книги во иднина ќе се намали чекањето на редови пред шалтерите за добивање на извод од матичната книга на родени, венчаните и починатите и сите потврди ќе бидат заменети со само еден извод од Централниот регистар на населението, како и дека анализите покажале дека воведување на дигитализацијата и намалување на човечкиот фактор ќе има голема улога и во намалување на корупцијата. -Анализите покажаа дека подигањето на нивото на дигитализација и намалувањето на човечкиот фактор имаат голема улога во намалување на корупцијата, рече Николовски. И ова навидум е сосема во ред. Но, ако се земе во предвид дека државен тендер за набавка на дигитализација на матичната книга во вредност од 29.497.640 денари или 479.636 евра со вклучен ДДВ, се доделува на фирмата НОВАТЕК ИНВ која според нашите информации е формирана нецел месец пред објавување на огласот за тендерска постапка и само три месеци пред склучување на договорот се добива перцепција во јавноста дека истата е наменски формирања за добивање на државни пари, со што се крши правилото на постигнување на еднаков третман и рамноправно учество. Според податоците од електронски систем за јавни набавки, стои дека договорот склучен со компанијата НОВАТЕК ИНВ е единствен учесник и понудувач во тендерската постапка. Доколку се пребара на интернет оваа компанија НОВАТЕК ИНВ нема ниту веб страна каде што може да се провери која е нејзината основа дејност, ниту пак каде е седиштето и кој всушност е основачот на фирмата. Нејасно е како може токму новоформирана фирма која воопшто и не постои на интернет пазарот да добие тендер од скоро половина милион евра. На кои фирми доделила државен тендер Управата за водење на матични книги? Од јавно достапните информации на електронскиот систем за јавни набавки од почетокот на годината до денеска Управата за водење на матичните книги има склучено вкупно доделено пет државни тендери и тоа со различни фирми со вкупна вредност од 1.111. 613. Трите фирми кои ги добиле трите најголеми тендери се токму НОВАТЕК ИНВ во вредност од 479.636 евра, потоа компанијата ИНФОСОФТ СИСТЕМС ДОО Скопје за набавка на хардверска опрема, сервер и нивна инсталација во вредност од 435.400 евра, потоа фирмата АУКТА ДООЕЛ Скоје за набавка на софтвер во вредност од 187. 805 евра. Останатите две фирми кои земале од 5.000 до 7.000 евра тендер се фирмата ПОВЕР ГРОУП ПЛУС ДООЕЛ за набавка на услуги за превоз, утовар и истовар на ствари во вредност од 5.756 евра, додека пак УМК набавила и безалкохолни пијалоци во вредност од 3.016 евра од фримата РИКИ ЈУНИОР ДООЕЛ Кочани. Освен еден тендер кој е случен во месец февруари, останатите 4 се сите се склучени во месец март. Но, симптоматично е што за одредени медиуми кои до вчера се занимавале со истражување на државните тендери денеска речиси и како воопшто да не ги забележуваат истите. Тука пред се, се мисли и на Државната комисија за спречување на корупција, која наместо да ги заобиколува ваквите информации кои  се лесно достапни за јавноста, а камо ли пак за институција од ваков степен, треба во целост да го испита трошењето на народни пари. Ваквата пракса или речиси слична ситуација имавме и со доделување на државен тендер уште во 2019 година кога на штотуку фирма, стара само седум дена „Авто испит центар Скопје“ и беше доделен милионскиот тендер на МВР за теоретски и практични тестирања за возачки испити каде што според договорот истата фирма се наведуваше дека во наредните пет години ќе биде единствената фирма која ќе врши теоретски и практични тестирања за возачки испити. Дали навистина се има за цел дигитализација на водењето на матичните книги или испумпување на пари преку доделување на државни тендери, останува да провери Државната комисија за спречување на корупција, која наместо да ги игнорира ваквите наводи и да се става во служба на власта, истите да ги провери. Но, за барање одговорност и расчистување на овој случај потребно е да се вклучи и антикорупционерот Николовски кој изминатиот период се погласен е кога станува збор за борба со корупцијата, особено со заплената на 30 килограми путер со истечен рок на траење. Дали ќе биде ефикасен и брз како со путерот, останува да видиме. За потсетување, Државниот завод за ревизија во 2019 година констатирал дека Управата за водење на матичните книги издала дури 21.957 погрешни изводи или 4 проценти од вкупно издадените изводи, а ниту пак утврдила одговорност за надоместување на трошокот при грешка во издавањето на изводите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pola-milion-evra-za-firma-stara-samo-tri-meseci-za-digitalizacija-na-matichnite-knigi/feed/ 0