управител – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Oct 2022 14:01:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png управител – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ја измамиле и Владата: Управител и фирма осомничени за злоупотреба на постапка за јавна набавка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ja-izmamile-i-vladata-upravitel-i-firma-osomnicheni-za-zloupotreba-na-postapka-za-javna-nabavka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ja-izmamile-i-vladata-upravitel-i-firma-osomnicheni-za-zloupotreba-na-postapka-za-javna-nabavka/#respond Thu, 20 Oct 2022 14:01:27 +0000 https://kurir.mk/?p=748505

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно физичко и едно правно лице за продолжено кривично дело – Злоупотреба на постапката на јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство од член 275-в од Кривичниот законик. Осомничениот управител преку правното лице во 2018 година свесно ги повредил прописите за постапката за доделување договор за јавна набавка на средства за хигиена спроведена од Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија. Постои основано сомнение дека како дел од конзорциум кој учествувал во постапката за јавната набавка, осомничените поднеле невистинита документација и оствариле имотна корист од поголеми размери за правното лице. Имено, со приложената невистинита документација осомничените биле избрани во постапката и со нив бил склучен Договор за јавна набавка со вкупна вредност од 209.999.304,00 денари без ДДВ за период од три години. Врз основа на овој договор, обвинетиот и неговото правно лице биле исплатени износ од 60.691.261,00 денари со ДДВ, односно 25% од вкупниот износ исплатен кон конзорциумот. Во 2021 година истото правно лице, повторно како дел од група фирми, се јавило во постапка за јавна набавка на средства за хигиена спроведена од Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија. Повторно врз основа на лажни документи, бил склучен договор со осомниченото правно лице како носител на групната понуда и му биле исплатени 21.497.105,50 денари со ДДВ за извршување на обврските по јавната набавка, односно 40% од вкупниот износ на договорот. Надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје за осомниченото физичко лице да определи мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, привремено одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница, забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело, односно забрана за располагање со парични средства од банкарските сметки на правното лице.​
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ja-izmamile-i-vladata-upravitel-i-firma-osomnicheni-za-zloupotreba-na-postapka-za-javna-nabavka/feed/ 0
Кривични за управител на фирма и уште три лица за измама и фалсификување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichni-za-upravitel-na-firma-i-ushte-tri-lica-za-izmama-i-falsifikuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichni-za-upravitel-na-firma-i-ushte-tri-lica-za-izmama-i-falsifikuvanje/#respond Wed, 16 Dec 2020 15:01:32 +0000 https://kurir.mk/?p=444160

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицето Х.О., во својство на управител на правниот субјект АТ-СИ Гроуп ДООЕЛ Скопје, лицата С.З., Ж.З., И.П. , и правниот субјект АТ-СИ Гроуп ДООЕЛ Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело измама, фалсификување и уништување деловни книги и помагање. Како што соопшти Управа за финансиска полиција, пријавениот Х.О. во својство на сопственик и управител на пријавениот правен субјект АТ-СИ Гроуп ДООЕЛ Скопје, со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе и за пријавеното правно лице, со свој потпис и печат заверил фактура и договор со невистинита содржина за наводно извршени градежни услуги за потребите на правниот субјект АКТОР АДТ Грција – Подружница Скопје, без притоа да постои реален должничко доверителски однос помеѓу двата правни субјекти. Повел Предлог за издавање решение за нотарски платен налог врз основа на неверодостајна исправа – фактура го довел во заблуда извршителот Васко Блажевски, да донесе Решение за извршување, врз чија основа во 2019 година е спроведено неосновано извршување од банкарската сметка на правниот субјект АКТОР АДТ Грција – Подружница Скопје во корист на пријавениот правен субјект АТ-СИ Гроуп ДООЕЛ Скопје, со што пријавениот Х.О се стекнал со противправна имотна корист во износ од 16.605.000 денари со кој го оштетил правниот субјект АКТОР АДТ Грција – Подружница Скопје. – Со цел да се прикријат трагите од сторените кривични дела, пријавениот Х.О., во својство на управител на пријавениот правен субјект АТ-СИ Гроуп ДООЕЛ Скопје, во име на пријавениот правен субјект потпишал и со печат заверил поединечни договори за вршење на услуги со пријавените С.З., Ж.З. и И.П. за наводно извршени услуги за превод, изработка на проекти и средување документација, врз основа на кои договори на пријавените физички лица, без воопшто да извршат било какви услуги за потребите на пријавениот правен субјект АТ СИ Гроуп ДООЕЛ Скопје, во текот на 2019 година им префрлил дел од неосновано наплатените парични средства од правниот субјект АКТОР АДТ Грција – Подружница Скопје во вкупен износ од 5.830.965 денари, кои потоа од пријавените физички лица се подигнати во готово, наведува Управа за финансиска полиција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichni-za-upravitel-na-firma-i-ushte-tri-lica-za-izmama-i-falsifikuvanje/feed/ 0