Ураган Агата – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Jun 2022 05:49:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ураган Агата – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мексико: Најмалку 11 загинати во налетот на ураганот Агата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meksiko-najmalku-11-zaginati-vo-naletot-na-uraganot-agata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meksiko-najmalku-11-zaginati-vo-naletot-na-uraganot-agata/#respond Wed, 01 Jun 2022 05:49:55 +0000 https://kurir.mk/?p=684584

Најмалку 11 лица го загубија животот во налетот на ураганот Агата што го зафати тихоокеанското крајбрежје на Мексико. Невообичаено силното невреме го одбележа првиот ураган оваа сезона, со интензивни дождови што предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето и поплави. Со поместувањето кон континенталниот дел на Мексико ураганот почна да губи на сила, преминувајќи во тропска бура за доцна синоќа речиси потполно да исчезне. Најмалку 11 лица загинаа, а 21 се водат како исчезнати во невремето, соопштија локалните власти. Гувернерот на Јужно Мексико Алехандро Мурат, рече дека неколку населени места на крајбрежјето и во планинската област Сиера Сур се уште се без електрична енергија и телефонски врски. Мексиканската компанија за електронабдување соопшти дека без напон се околу 70 илјади домаќинства и правни субјети. Училиштата во најпогодените региони и денеска остануваат затворени. Националната агенција за урагани предупреди дека остатоците од Агата и наредните неколку дена ќе донесат обилни врнежи низ југоисточно Мексико, така што се уште не е помината опасноста од појави на одрони и лизгање на земјиште. Со ветрови до 165 километри на час Агата беше ураган од втора категорија, на скалата до пет степени и најсилното невреме оваа сезона што трае од 15 мај до 30 ноември во регионот на Тихиот и од 1 јуни до 30 ноември во Атлантскиот Океан. Експертите проценуваат дека климатските промени веројатно придонесуваат за дополнителна интензивност на тропските циклони.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meksiko-najmalku-11-zaginati-vo-naletot-na-uraganot-agata/feed/ 0
Ураганот Агата го погоди јужно Мексико https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-agata-go-pogodi-juzno-meksiko/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-agata-go-pogodi-juzno-meksiko/#respond Tue, 31 May 2022 06:46:22 +0000 https://kurir.mk/?p=683927

Агата, најсилниот ураган во историјата, што во мај стигна до копното во источниот дел на Пацификот, денеска ги погоди туристичките плажи и рибарските градови во јужно Мексико. Агата пристигна на копно на околу 10 километри западно од Пуерто Анџело како силна бура од категорија два, со максимална брзина од 165 километри на час. Поради обилниот дожд и силните ветрови, туристите и жителите мораа да се скријат во засолништа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-agata-go-pogodi-juzno-meksiko/feed/ 0