Ураган Фиона – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 24 Sep 2022 12:44:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ураган Фиона – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ураганот Фиона го погоди источниот дел на Канада https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-fiona-go-pogodi-istochniot-del-na-kanada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-fiona-go-pogodi-istochniot-del-na-kanada/#respond Sat, 24 Sep 2022 12:44:41 +0000 https://kurir.mk/?p=736914

Бурата Фиона, пропратена со ургански ветрови денеска го погоди источниот дел на Канада, речиси една седмица откако разурна делови од Карибите. Брзината на ветрот достигна до 150 километри на час. Поради Фиона канадскиот премиер Џастин Трудо ја откажа посетата на Јапонија, каде требаше да присуствува на погребот на поранешниот јапонски премиер Шинѕо Абе.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-fiona-go-pogodi-istochniot-del-na-kanada/feed/ 0
Фиона викендов се очекува да удри на брегот на Канада https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fiona-vikendov-se-ochekuva-da-udri-na-bregot-na-kanada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fiona-vikendov-se-ochekuva-da-udri-na-bregot-na-kanada/#respond Fri, 23 Sep 2022 06:10:04 +0000 https://kurir.mk/?p=736451

Ураганот Фиона е на пат кон Канада, откако повеќе денови се задржа над Карибите, а вчера помина покрај Бермудските острови како бура од трета категорија, јави Си-ен-ен. Ураганот се очекува да удри на брегот на Канада во сабота наутро. -Ова може да биде канадска верзија на ураганот Сенди, бидејќи носи комбинација од карактеристики на ураган и зимска бура, изјави канадскиот метеоролог Крис Фогарти. Ураганот Сенди во 2012 година помина низ 24 држави на САД, и цело источно крајбрежје, предизвикувајќи штета од 79 милиони долари. Заклучно денеска наутро, Фиона беше речиси 2.000 километри од бреговите на Нова Шкотска, и оваа област веќе се подготвува за силна бура со историски пропорции, јави медиумот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fiona-vikendov-se-ochekuva-da-udri-na-bregot-na-kanada/feed/ 0
Ураганот Фиона продолжува да беснее во централнот дел на Карибите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-fiona-prodolzuva-da-besnee-vo-centralnot-del-na-karibite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-fiona-prodolzuva-da-besnee-vo-centralnot-del-na-karibite/#respond Tue, 20 Sep 2022 16:02:20 +0000 https://kurir.mk/?p=735316

Ураганот Фиона од синоќа се приближува кон островите Туркс и Каикос, откако бурата донесе обилни дождови во Порторико и Доминиканска Република. Национален центар за урагани соопшти дека Фиона станала голем ураган, а ветерот достигна брзина од 185 километри на час и се очекува да се засили во наредните денови. Според синоптичарите невремето ќе продолжат да предизвикуваат поплави опасни по живот низ Порторико и источниот дел од Доминиканска Република. -Штетата предизвикана на инфраструктурата, урбаните области и резиденциите е катастрофална, изјави вчера гувернерот на Порторико. Тој истакна дека многу од областите се соочија со полоши поплави отколку тие во 2017 година кога ураганот Марија ја опустоши територијата на Островот. Националната гарда спаси повеќе од 900 луѓе од поплавите и од лизгање на земјиштето. Пријавени се најмалку два смртни случаи, а многу луѓе останаа без водоснабдување во Порторико. Властите соопштија дека синоќа напојувањето со електрична енергија било обновено кај повеќе од 114.000 луѓе, откако бурата ја прекинала струјата низ островот. Во Доминиканска Република, невремето предизвика затворање на пристаништата и плажите. Метеоролозите очекуваат бурата в четврток да се приближи до Бермуди како ураган со поголема категорија.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-fiona-prodolzuva-da-besnee-vo-centralnot-del-na-karibite/feed/ 0