ураган ида – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Sep 2021 05:46:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ураган ида – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Њујорк и Њу Џерси погодени од дожд кој може да падне еднаш во 500 години, градови поплавени, најмалку 22 загинати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-njujork-i-nju-dzersi-pogodeni-od-dozd-koj-moze-da-padne-ednash-vo-500-godini-gradovi-poplaveni-najmalku-22-zaginati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-njujork-i-nju-dzersi-pogodeni-od-dozd-koj-moze-da-padne-ednash-vo-500-godini-gradovi-poplaveni-najmalku-22-zaginati/#respond Fri, 03 Sep 2021 05:46:21 +0000 https://kurir.mk/?p=558604

Најмалку 22 лица загинаа во поплавите како резултат на рекордните врнежи во североисточниот дел на САД. Сепак, тој број се уште не е потврден. Американските медиуми објавуваат бројки кои се движат меѓу 11 и 22. Според официјалните информации, само во Њујорк загинале девет лица. Двегодишно дете е меѓу загинатите во Њујорк и Њу Џерси. Тело на 19-годишно момче е пронајдено во поплавен стан во Мериленд. Имено, остатоците од ураганот Ида, кој изминатиот викенд ја опустоши американската држава Луизијана, донесе рекордни количества дожд и огромни поплави. Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио одржа прес-конференција на која истакна дека „цената што ја платија некои њујорчани е страшна и трагична“. – Некои семејства сега тагуваат. Треба да бидеме тука за нив, за сите граѓани кои сега се борат со последиците од оваа катастрофална бура. Луѓето минуваат низ пекол. Потребна им е помош, нагласи Де Бласио. Си Би Ес објави снимка која се прошири низ социјалните мрежи, прикажувајќи возачи во потопени автомобили во Њујорк. Лицето кое снима вели дека возачите „врескале и барале помош“. Новинарката Кристи Илето, на Твитер објави фотографија направена вчера изутрина во поплавениот центар во Филаделфија. Предупредувања за поплави се издадени за подрачјата на шест други американски држави (Конектикат, Мејн, Масачусетс, Њу Хемпшир, Род Ајленд и Вермонт). Предупредување за голем дел од овие шест држави издаде Метеоролошката служба на САД, во кое се наведува дека нивото на водата на некои реки и потоци продолжува да расте и е многу веројатно тие да се излеат од своите корита. Нивото на водата на реката Шујлкил во државата Пенсилванија, во близина на Филаделфија, расте незапирливо. Таа достигна три метри, а според временската прогноза, може да се зголеми уште еден метар. Итните служби во градот Бриџпорт, на околу 30 километри од Филаделфија, ги спасуваат луѓето од поплавените куќи со чамци. Објавени се снимки и од метро станиците во Њујорк, каде водата незапирливо продира. Забраната за патување, која беше воведена во Њујорк по рекордното количсетво дожд, е укината. Но, властите продолжуваат да ги повикуваат луѓето да останат дома додека итните служби работат на чистење и проценка на штетата направена на патиштата. Повеќе од 100.000 домаќинства во трите држави во североисточниот дел на САД (Њујорк, Њу Џерси и Конектикат), кои беа најтешко погодени од бурата, останаа без електрична енергија. Поради огромното количество врнежи во Њујорк и Њу Џерси, прогласена е вонредна состојба. Мерењата во Централ Парк во Њујорк покажаа дека дождот соборил историски рекорди. На мерната станица во Централ Парк, измерена е висина на водата од неверојатни 217 сантиметри. Претходниот рекорд изнесуваше 117 сантиметри и регистриран е во 1927 година. Нивото на водата во Централ Парк се мери од 1869 година. Шефицата на Федералната агенција за управување со вонредни ситуации, Дин Крисвел, истакна дека разговарала со американскиот претседател Џо Бајден за штетата која е причинета откако остатоците од ураганот Ида предизвикаа огромни поплави во североисточниот дел на САД. – Очекувавме значително количество дожд кој го донесе Ида додека се движеше североисточно од државата, но не знаевме точно каде ќе падне. Мислевме дека може да биде во Тенеси или Западна Вирџинија, но додека Ида се движише кон исток, видовме дека најмногу дожд падна во Мериленд, Пенсилванија, Њујорк и Њу Џерси, изјави Крисвел, додавајќи дека се очекуваат повеќе проблеми. Гувернерката на Њујорк, Кети Хохул, рече дека градот е парализиран од невиденото количество дожд. Таа ги повика граѓаните да останат дома и да ја проверат состојбата на нивните најблиски. – Ова беше апсолутно неверојатно, луѓето се шокирани. Граѓаните кои мислеа дека ќе можат безбедно да се спуштат во своите подруми или ќе седнат во метрото беа изненадени. Оваа бура без преседан промени се. Њјорк е буквално парализиран, нагласи Хохул за Си Ен Ен. Фил Марфи, гувернер на Њу Џерси, рече дека ноќта кога наврнаа историските количества дожд била „пеколна“, додавајќи дека проблемите во таа федерална држава се уште не се завршени. – Добиваме извештаи за торнада, опасни поплави и за жал, загуби на живот. Ги молиме луѓето да останат дома, да се држат подалеку од патиштата, бидејќи сe уште има многу дрвја на патиштата, додаде тој. Марфи истакна дека „Њу Џерси е држава која веројатно е најизложена на климатските промени во САД со оглед на тоа што имаме толку голема густина на населеност“. Си Ен Ен објави дека 132,5 милијарди литри вода паднале во пет главни области во Њујорк во период од пет часа. – Тоа е еквивалентно на околу 50.000 олимписки базени, изјави метеорологот Педрам Јавахери. Толку многу врнежи во краток временски период би биле проблематични насекаде во светот, но кога ќе падне таков дожд во урбана област како Њујорк, тогаш проблемите стануваат многу поголеми. Според американската Агенција за океани и атмосфера (NOAA), станува збор за дожд што може да падне еднаш во 500 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-njujork-i-nju-dzersi-pogodeni-od-dozd-koj-moze-da-padne-ednash-vo-500-godini-gradovi-poplaveni-najmalku-22-zaginati/feed/ 0
Во Њу Орлеанс полициски час по ураганот Ида https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nju-orleans-policiski-chas-po-uraganot-ida/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nju-orleans-policiski-chas-po-uraganot-ida/#respond Wed, 01 Sep 2021 06:32:28 +0000 https://kurir.mk/?p=557595

Во Њу Орлеанс синоќа беше воведен полициски час, два дена откако ураганот Ида го погоди брегот на американската држава Луизијана, и точно 16 години откако ураганот Катрина уби повеќе од 1.800 луѓе. Во Луизијана загинаа најмалку четири лица, а спасувачите почнаа потрага по луѓе кои останаа изолирани по ураганот. Како што се повлекува водата, се гледа штета долж брегот на Мексиканскиот Залив во САД. Градоначалничката на Њу Орлеанс, ЛаТОја Кантрел, изјави дека воведува полициски час во градот, во кој одредени делови сè уште немаат електрична енергија. Ида, која сега е тропска бура, се движи кон долините на Тенеси и Охајо. Научниците предупредија на зголемување на активноста на различни циклони поради затоплувањето на површината на океанот и климатските промени, што претставува зголемена закана за крајбрежните населби низ целиот свет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nju-orleans-policiski-chas-po-uraganot-ida/feed/ 0
Луизијана се подготвува за месец без струја и вода по ураганот Ида https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/luizijana-se-podgotvuva-za-mesec-bez-struja-i-voda-po-uraganot-ida/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/luizijana-se-podgotvuva-za-mesec-bez-struja-i-voda-po-uraganot-ida/#respond Wed, 01 Sep 2021 06:25:26 +0000 https://kurir.mk/?p=557587

Јужна Луизијана се подготвува за месец без електрична енергија и сигурно снабдување со вода по ураганот Ида, една од најмоќните бури што помина по брегот на Мексиканскиот Залив. Околу 1,3 милиони домаќинства до вчера беа без електрична енергија, повеќето од нив во Луизијана. Во невремето загинаа најмалку четири лица. Бројот на загинати веројатно ќе беше многу поголем доколку не беше системот на заштитни насипи изградени околу Њу Орлеанс откако градот беше уништен од ураганот Катрина пред 16 години. Ситуацијата е отежната од топлото време во делови од Луизијана и Мисисипи, каде вчера температурите достигнаа 35 степени Целзиусови. Се проценува дека може да поминат до 30 дена пред целосно да се врати напојувањето со електрична енергија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/luizijana-se-podgotvuva-za-mesec-bez-struja-i-voda-po-uraganot-ida/feed/ 0
ВИДЕО: Ловци на урагани влегоа во „окото“ на Ида, направени неверојатни снимки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-lovci-na-uragani-vlegoa-vo-okoto-na-ida-napraveni-neverojatni-snimki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-lovci-na-uragani-vlegoa-vo-okoto-na-ida-napraveni-neverojatni-snimki/#respond Mon, 30 Aug 2021 08:41:17 +0000 https://kurir.mk/?p=556507

Прогласена е вонредна ситуација во Луизијана, Алабама, Мисипи во САД, а милиони луѓе се обидуваат се уште се обидуваат да се евакуираат иако ураганот Ида стигна до брегот. Авион на Националната управа за океани и атмосфера во неделата рано утро одлета во самиот центар на урганот за да ја испита неговата силина. Погледнете како изгледа летот во таканареченото око на ураганот. Имено, ураганот Ида е многу силен и е од четврта категорија. Брзината на ветерот е со 240 км/ч. Најмалку едно лице го загуби животот, а бројни делови кои опфаќаат околу милион жители се без електрична енергија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-lovci-na-uragani-vlegoa-vo-okoto-na-ida-napraveni-neverojatni-snimki/feed/ 0
ВИДЕО: Пустош по ураганот Ида, една од најсилните бури во историјата на САД – милиони луѓе без струја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-pustosh-po-uraganot-ida-edna-od-najsilnite-buri-vo-istorijata-na-sad-milioni-lugje-bez-struja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-pustosh-po-uraganot-ida-edna-od-najsilnite-buri-vo-istorijata-na-sad-milioni-lugje-bez-struja/#respond Mon, 30 Aug 2021 06:59:52 +0000 https://kurir.mk/?p=556443

Повеќе од еден милион домови во американската сојузна држава Луизијана останаа без струја, додека во предградие во близина на Батон Руж едно лице загина во налетот на ураганот Ида. Ураганот предизвика значителни штети и поплави во целата држава, предизвикувајќи стравување дека бројот на жртви може дополнително да се зголеми. Ураганот Ида го остави без струја целиот град Њу Орлеанс, неколку часа откако ја погоди американската држава Луизијана. Енергетската компанија Ентерџи потврди дека Њу Орлеанс е без електрична енергија и дека единствената електрична енергија во градот доаѓа од генератори. Националниот центар за урагани соопшти дека Ида ослабела до бура од категорија 3, откако беше ураган од категорија 4 кога стигна до копно. Ида носеше покриви на згради и предизвика поплави во крајбрежните области на Луизијана. Тоа е една од најсилните бури во историјата на САД. Удри точно 16 години по ураганот Катрина, кој предизвика пустош во Луизијана и Мисисипи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-pustosh-po-uraganot-ida-edna-od-najsilnite-buri-vo-istorijata-na-sad-milioni-lugje-bez-struja/feed/ 0