ураган ијан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 02 Oct 2022 20:22:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ураган ијан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бројот на загинати од ураганот Ијан се зголеми до 78 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-zaginati-od-uraganot-ijan-se-zgolemi-do-78/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-zaginati-od-uraganot-ijan-se-zgolemi-do-78/#respond Sun, 02 Oct 2022 20:22:31 +0000 https://kurir.mk/?p=740197

Смртниот биланс од разорниот ураган Ијан со искачи на 74 лица само во Флорида и уште неколкумина во Северна Каролина, јави денеска Си-ен-ен. Повеќе од 1.100 лица биле спасени во деловите под вода во југозападна и централна Флорида, каде ураганот беше проследен со налети на ветрот од над 200 километри на час. Како што јавија од седиштето на гувернерот Рон Десантис, спасувачките напори продолжуват и спасувачите наоѓаат тела. Според нив, Ијан досега убил најмалку 74 лица во Флорида и уште четири во Северна Карилина. Заклучно недела наутро по локално време, околу 812.000 домаќинства, бизниси и други клиенти во Флорида се уште немаат електрична енергија, а околу 21.000 во Северна Каролина, и околу 8.000 во Вирџинија. Медиумот јавува и дека ураганот може да биде најскапото невреме во историјата на Флорида , носејќи разурнувања во заедниците од западниот брег на богатиот американски полуостров до внатрешноста во Орландо. Иако Флрида има најмногу осигуривање на домаќинства од поплави, само 13 проценти од домовите се осигурани, додека само 18 отсто од популацијата живее во окрузи каде пости обврзни или доброволни наредби за еваукација, се додава во некои од анализите. Со тоа штетите и жртвите од овој разурнувачки ураган со очекува да бидат уште поголеми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-zaginati-od-uraganot-ijan-se-zgolemi-do-78/feed/ 0
Ураганот Ијан повторно зајакна, се приближува до Јужна и Северна Каролина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-ijan-povtorno-zajakna-se-priblizuva-do-juzna-i-severna-karolina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-ijan-povtorno-zajakna-se-priblizuva-do-juzna-i-severna-karolina/#respond Fri, 30 Sep 2022 06:05:49 +0000 https://kurir.mk/?p=739310

Ураганот Ијан повторно зајакна и денеска ќе се приближи до брегот на Јужна Каролина, објави Националниот центар за урагани (НХЦ). Иан, кој ослабна до тропска бура откако ја опустоши Флорида, сега е оддалечен околу 540 километри од Кејп Феар, Северна Каролина, а ветровите дуваат со брзина од 120 километри на час. „Иан може малку да зајакне пред да стигне до копното, по што се прогнозира брзо слабеење над југоисточниот дел на Соединетите Американски Држави од петок до сабота“, се додава во извештајот на центарот со седиште во Мајами. Се очекува Ијан да стигне на копно околу 14 часот по локално време во петок, северно од Чарлстон. Издадено е предупредување за ураган за крајбрежната област долга околу 370 километри, од границата на Јужна Каролина и Џорџија сè до Кејп Феар во Северна Каролина. Гувернерот на Северна Каролина Рој Купер ги повика жителите да ги „преземат неопходните мерки“ и предупреди на можноста од поплави, лизгање на земјиштето и торнада. „Бурата е сè уште опасна“, рече Купер. Ураганот Иан ја погоди Флорида во средата попладне како ураган од четврта категорија, со максимални ветрови од 150 милји на час. Американскиот претседател Џо Бајден вчера во седиштето на Федералната агенција за управување со катастрофи изјави дека ураганот Ијан може да биде „најсмртоносниот“ ураган во историјата на Флорида. „Сè уште не се познати точните бројки, но според првите извештаи што ги слушнавме, бројот на жртвите може да биде значителен“, рече Бајден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-ijan-povtorno-zajakna-se-priblizuva-do-juzna-i-severna-karolina/feed/ 0
ВИДЕО: Гранка удри репортер додека известуваше за ураганот во Флорида, колегата го молеше да се врати во студио https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-granka-udri-reporter-dodeka-izvestuvashe-za-uraganot-vo-florida-kolegata-go-moleshe-da-se-vrati-vo-studio/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-granka-udri-reporter-dodeka-izvestuvashe-za-uraganot-vo-florida-kolegata-go-moleshe-da-se-vrati-vo-studio/#respond Thu, 29 Sep 2022 06:36:02 +0000 https://kurir.mk/?p=738830

Ураганот Ијан ја погоди Флорида, а за екстремните временски услови известуваше од терен и метеорологот Џим Канторе. Во 58 годишниот метеоролог на „The Weather Channel“ во еден момент удри голема гранка додека тој известуваше во живо, при што Џим ја загуби рамнотежата. Поради јачината на ветерот тој имаше потешкотии да се исправи и да продолжи. Колегите во студиото гледајќи ја ситуацијата го замолија да се засолни или да се врати во студиото од каде можат да го продолжат разговорот за ураганот кој ја опустоши Флорида. Претходно, во текот на денот, Џим беше изненаден од удар на гром во негова близина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-granka-udri-reporter-dodeka-izvestuvashe-za-uraganot-vo-florida-kolegata-go-moleshe-da-se-vrati-vo-studio/feed/ 0
ВИДЕО: Ијан ја опустоши Флорида, ветровите со брзина од 185 км/ч, два милиони домови останаа без струја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-ijan-ja-opustoshi-florida-vetrovite-so-brzina-od-185-km-ch-dva-milioni-domovi-ostanaa-bez-struja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-ijan-ja-opustoshi-florida-vetrovite-so-brzina-od-185-km-ch-dva-milioni-domovi-ostanaa-bez-struja/#respond Thu, 29 Sep 2022 06:17:09 +0000 https://kurir.mk/?p=738823

Ураганот Ијан вчера ја зафати Флорида, а беше придружен од силни ветрови и обилни врнежи од дожд што предизвикаа катастрофални поплави и прекин на електричната енергија низ оваа американската сојузна држава. Ураганот, следен од ветрови со брзина од 185 километри на час, стигна на брегот на Кајо Коста, во југозападна Флорида, во 15:05 часот по локално време (21:05 часот по средноевропско време), наведе Националниот центар за урагани на САД (NHC). Ијан предизвика катастрофални поплави, додаваат од институцијата. Иако беше во 4-та категорија од петстепената скалата Сафир-Симпсон, сега ураганот е ослабен до трета категорија, но сепак има разорна моќ, наведува истиот извор. Синоќа речиси два милиона домови во Флорида останаа без струја, а повеќето од нив се во близина на патеката на ураганот, јави специјализираната веб-страница PowerOutage. Во градот Форт Мајерс, поплавите се толку големи што некои населби наликуваат на езера. Гувернерот Рон Де Сантис синоќа изјави дека ова најверојатно ќе биде „еден од петте најразорни урагани што некогаш ја погодиле Флорида“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-ijan-ja-opustoshi-florida-vetrovite-so-brzina-od-185-km-ch-dva-milioni-domovi-ostanaa-bez-struja/feed/ 0
Ураганот Ијан предизвика катастрофални поплави на Флорида https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-ijan-predizvika-katastrofalni-poplavi-na-florida/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-ijan-predizvika-katastrofalni-poplavi-na-florida/#respond Thu, 29 Sep 2022 06:01:55 +0000 https://kurir.mk/?p=738816

Ураганот Ијан вчера ја зафати Флорида, а беше придружен од силни ветрови и обилни врнежи од дожд што предизвикаа катастрофални поплави и прекин на електричната енергија низ оваа американската сојузна држава. Брод со мигранти потона во близина на траекторијата на ураганот, кај островите Кис, а крајбрежната стража сè уште трага по 20 лица, откако спаси тројца, додека четворица успеаја самите да допливаат до брегот. Ураганот, следен од ветрови со бризина од 185 километри на час, стигна на брегот на Кајо Коста, во југозападна Флорида, во 15:05 часот по локално време (21:05 часот по средноевропско време), наведе Националниот центар за урагани на САД (NHC). Ијан предизвика катастрофални поплави, додаваат од институцијата. Иако беше во 4-та категорија од петстепената скалата Сафир-Симпсон, сега ураганот е ослабен до трета категорија, но сепак има разорна моќ, наведува истиот извор. Синоќа речиси два милиона домови во Флорида останаа без струја, а повеќето од нив се во близина на патеката на ураганот, јави специјализираната веб-страница PowerOutage. Неколку окрузи во близина на местото каде што Ијан удри на копното се речиси целосно без струја, наведува веб-страницата. Градот Пунта Горда е целосно во темнина. Во текот на ноќта беше осветлена само секоја зграда опремена со генератори, а единственото нешто што се слушаше беа свирежите на ветерот и врнежите од дожд. Во градот Наплес, во југозападна Флорида, улиците беа под вода, а поројот носеше автомобили, покажуваат снимките на телевизијата Ем-ес-ен-би-си. Во градот Форт Мајерс, поплавите се толку големи што некои населби наликуваат на езера. Оваа метеоролошка појава во текот на денот треба да се придвижува кон внатрешноста на копното и вечерва да пристигне над западниот Атлантик, наведе НХЦ. Со минувањето преку копното, ураганот треба да ослабне, но сепак може да предизвика значителна штета додека не стигне до источна Флорида, додаваат оттаму. Гувернерот Рон Де Сантис синоќа изјави дека ова најверојатно ќе биде „еден од петте најразорни урагани што некогаш ја погодиле Флорида“. -Ова е бура за која ќе се зборува многу години, рече директорот на НВС, Кен Греам, на прес-конференција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-ijan-predizvika-katastrofalni-poplavi-na-florida/feed/ 0
Ураганот Ијан ја одложи мисијата „Кру-5“ на НАСА https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-ijan-ja-odlozi-misijata-kru-5-na-nasa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-ijan-ja-odlozi-misijata-kru-5-na-nasa/#respond Wed, 28 Sep 2022 06:56:50 +0000 https://kurir.mk/?p=738316

Ураганот Ијан ги принуди НАСА и „Спејс-Икс“ да одредат нов датум за лансирање на мисијата „Кру-5“ на Меѓународната вселенска станица. Лансирањето, првично планирано за 3 октомври, сега ќе се случи најмалку ден подоцна. Тимовите на мисијата ќе продолжат да ги следат влијанијата на ураганот Ијан на вселенскиот центар „Кенеди“ на НАСА и областа Спејс Коуст на Флорида. „Безбедноста на екипажот, копнените тимови и хардверот се од најголема важност за НАСА и ‘Спејс-Икс’,“ се вели во соопштението на НАСА. Мисијата треба да ги пренесе астронаутите на НАСА – Никол Аунапу-Ман и Џош Касада, кои ќе бидат командант и пилот на мисијата, заедно со астронаутот на JAКСA (Јапонската агенција за воздушно-вселенско истражување) – Коичи Ваката и космонаутот на Роскосмос, Русинката Ана Кикина, кои ќе служат како специјалисти во мисијата. Тие ќе патуваат до МВС заради шестмесечна научно-технолошка истражувачка мисија. Според Националниот центар за урагани, Ијан го зафати копното на Куба вчера наутро со постојани максимални ветрови од 195 километри на час. Се предвидува дека невремето ќе се приближи до западниот брег на Флорида како исклучително голем и опасен ураган.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-ijan-ja-odlozi-misijata-kru-5-na-nasa/feed/ 0
ВИДЕО: Куба остана без струја по ударот на ураганот Ијан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-kuba-ostana-bez-struja-po-udarot-na-uraganot-ijan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-kuba-ostana-bez-struja-po-udarot-na-uraganot-ijan/#respond Wed, 28 Sep 2022 06:52:10 +0000 https://kurir.mk/?p=738312

Цела Куба остана без електрична енергија откако ураганот Ијан го погоди западниот дел на земјата оставајќи 11 милиони жители на островот во темнина, соопшти денеска владата на оваа карипска земја. Шефот на кубанската електроенергетска компанија соопшти на државната телевизија дека прекинот на електричната енергија е поради дефект на националниот електроенергетски систем. Официјални лица велат дека електроенергетскиот систем доживеа тотален колапс откако една од главните централи не можеше повторно да се приклучи на мрежата, јави Би-Би-Си. Во налетите на ураганот Ијан на островот досега се регистрирани две жртви, десетици илјади жители се евакуирани, а бројни згради ширум земјата се оштетени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-kuba-ostana-bez-struja-po-udarot-na-uraganot-ijan/feed/ 0