ураган лаура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 29 Aug 2020 07:25:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ураган лаура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во ураганот Лаура загинаа најмалку 14 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-uraganot-laura-zaginaa-najmalku-14-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-uraganot-laura-zaginaa-najmalku-14-lica/#respond Sat, 29 Aug 2020 07:25:17 +0000 https://kurir.mk/?p=396458

Најмалку 14 лица загинаа кога ураганот Лора ги погоди американските држави Луизијана и Тексас како ураган од категорија 4, јави Би-Би-Си. Брегот на Луизијана, кој е уништен од ураганот, денеска почна да се враќа во нормала, но стотици илјади луѓе сè уште немаат струја и вода. Како што пренесуваат странските агенции, можно е струја и вода да нема уште неколку недели, па дури и подолго. Илјадници луѓе, кои ги напуштија своите домови во пресрет на невремето, по враќањето наидоа на куќи без покрив и патишта покриени со урнатини. Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе ја посети областа и ќе ја процени предизвиканата штета. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-uraganot-laura-zaginaa-najmalku-14-lica/feed/ 0
Најмалку четири жртви во Луизијана од последици од ураганот Лаура https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-chetiri-zrtvi-vo-luizijana-od-posledici-od-uraganot-laura/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-chetiri-zrtvi-vo-luizijana-od-posledici-od-uraganot-laura/#respond Fri, 28 Aug 2020 09:37:13 +0000 https://kurir.mk/?p=396312

Најмалку четири лица загинаа од ураганот Лаура во американската држава Луизијана, соопштија локалните власти. Гувернерот на Луизијана, Џон Бел Едвардс, соопшти дека сите граѓани починале од последици од паѓање на дрва. Меѓу жртвите е и 14-годишно девојче од градот Лисвил и тројца локални жители на Вернан, Џексон и Акадија. Едвардс рече дека тековните приоритети се потрага по загрозени и спасување, заедно со обезбедување сместување за граѓани чии домови биле уништени. Ураганот Лаура ја погоди сојузната држава Луизијана како едно од најсилните невремиња што досега ги погоди САД. Американските медиуми синоќа јавија дека ураганот Лаура ослабел во тропска бура со максимален ветер од скоро 70 километри на час, откако ја погоди американската сојузна држава Луизијана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-chetiri-zrtvi-vo-luizijana-od-posledici-od-uraganot-laura/feed/ 0
Ураганот Лаура во САД се претвори во тропска бура https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-laura-vo-sad-se-pretvori-vo-tropska-bura/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-laura-vo-sad-se-pretvori-vo-tropska-bura/#respond Thu, 27 Aug 2020 20:29:58 +0000 https://kurir.mk/?p=396252

Ураганот Лаура ослабе во тропска бура со максимален ветер од речиси 70 километри на час, откако ја погоди американската сојузна држава Луизијана. Претходно, ураганот го погоди копното во близина на местото Камерон во Луизијана со максимални ветрови од 240 километри на час, што предизвика поплави и голема материјална штета. Гувернерот на Луизијана, Џон Бел Едвардс соопшти за првата жртва, 14-годишно девојче кое починало кога паднало дрво врз нејзината куќа. – Очекуваме дека може да има повеќе жртви, објави на Твитер портпаролката на Едвардс Кристина Стивенс. Едвардс и гувернерот на Тексас, Грег Абот, рекоа дека ангажирале екипи за спасување. Гувернерот на Луизијана на Твитер ги предупреди жителите на три заедници во југозападниот дел да не излегуваат од дома и да ги затвораат прозорците и вратите, поради опасниот чад што се шири по пожарот во фабрика во областа погодена од ураганот. Властите соопштија дека од фабриката на компанијата „БиоЛаб“, која произведува хемикалии што се користат во производи за чистење, истекол хлор. Лаура е најсилното невреме што ги погоди САД оваа година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-laura-vo-sad-se-pretvori-vo-tropska-bura/feed/ 0
Лаура ја погоди Луизијана, загина една девојка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/laura-ja-pogodi-luizijana-zagina-edna-devojka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/laura-ja-pogodi-luizijana-zagina-edna-devojka/#respond Thu, 27 Aug 2020 17:56:38 +0000 https://kurir.mk/?p=396199

Ураганот Лаура го погоди југозападниот дел на државата Луизијана како една од најсилните бури што некогаш ја погодија таа држава, а како што беше соопштено, официјалните информации се дека загинало едно девојче, но се верува дека има повеќе жртви. Гувернерот Џон Бел Едвардс добил извештај за првата жртва, 14-годишно девојче кое починало кога врз куќата каде што живеело паднало дрво. – Очекуваме дека може да има повеќе жртви, напиша на Твитер портпаролката на Едвардс, Кристина Стивенс. Едвардс и гувернерот на Тексас, Грег Абот, рекоа дека ангажирале екипи за спасување. Ебот изјави дека евакуацијата на илјадници луѓе спречила смртни случаи во неговата држава, додека Едвардс рече дека властите во Луизијана сè уште ја проценуваат штетата. И двајцата гувернери рекоа дека бранот на поплавите не е толку опасен како што првично се стравуваше, пренесува Гласот на Америка. Кога го погоди копното, во близина на градот Камерон во Луизијана, Лаура ја следеа ветрови од 240 километри на час како ураган од четврта категорија од максимум пет. Денеска ослабе во прва категорија со ветрови од 140 километри на час, објави Националниот центар за урагани. Компаниите за електрична енергија известија дека повеќе од 600.000 домаќинства и бизниси во моментов се без електрична енергија. Невремето се движи и кон центарот на американската нафтена индустрија, поради што рафинериите престанаа со производство. Патеката по која се движи Лаура е потег на кој живеат околу четири милиони луѓе, од кои повеќето мораше да бидат евакуирани. Полицијата апелираше до луѓето да се засолнат и нагласи дека ќе бидат потребни неколку часа за безбедно да одат во потрага и спасување на оние што остануваат. Во градот Лејк Чарлс, Луизијана, со 78.000 жители, налетите на ветерот и до 206 километри на час носеа покривите на куќите и кршеа прозорци. Сепак, според првичните извештаи, Лаура предизвикала помала штета од очекуваното. Малиот град Порт Артур во Тексас, кој има 54.000 жители, изгледаше како „град на духови“, затоа што само бензинските пумпи и продавниците за алкохол останаа отворени. Наредена е евакуација на 620 илјади луѓе во Тексас и Луизијана, а се очекува поплавниот бран да го подигне нивото на реката Мисисипи за речиси шест метри. Областа во Луизијана која ја погоди Лаура е мочуришна и особено чувствителна на бран од океанот. – Загрижени сме дека бранот од невремето ќе влезе многу во копното и практично ќе го покрие целото мочуриште, што значи дека не може многу да се направи за да се запре водата, рекоа претставници на Националниот центар за урагани. – Многумина не можат ни да замислат како изгледа бран со висина на двокатна зграда, но тоа ќе се случи. Некои места во Луизијана буквално ќе бидат под вода, рече метеорологот Бенџамин Скот. Се предвидува дека Лаура ќе предизвика и торнада во Луизијана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/laura-ja-pogodi-luizijana-zagina-edna-devojka/feed/ 0
Водителите ги облеа ладна пот- репортер буквално го однесе ураганот Лаура додека известуваше во живо (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/voditelite-gi-oblea-ladna-pot-reporter-bukvalno-go-odnese-uraganot-laura-dodeka-izvestuvashe-vo-zivo-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/voditelite-gi-oblea-ladna-pot-reporter-bukvalno-go-odnese-uraganot-laura-dodeka-izvestuvashe-vo-zivo-video/#respond Thu, 27 Aug 2020 14:33:16 +0000 https://kurir.mk/?p=396138

Репортерот на Ен-Би-Си Њуз Џеј Греј се јави во живо во утринската програма известувајќи за ураганот Лауира кој ги погоди САД, а снимката преплаши голем број од гледачите. Тој известуваше од Лејк Чарлс во Луизијана, а во еден момент ветрот го однесе. -Ова е мало затишје, но чувствувам дека повторно доаѓа. Можете да почувствувате како се засилува, вели Џеј. Водителите во студио беа во неверување, па ја скратија програмата и од него побараа да се врати на безбедно. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/voditelite-gi-oblea-ladna-pot-reporter-bukvalno-go-odnese-uraganot-laura-dodeka-izvestuvashe-vo-zivo-video/feed/ 0
Ураганот Лаура остави над 400 илјади луѓе во САД без струја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-laura-ostavi-nad-400-iljadi-lugje-vo-sad-bez-struja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-laura-ostavi-nad-400-iljadi-lugje-vo-sad-bez-struja/#respond Thu, 27 Aug 2020 13:21:27 +0000 https://kurir.mk/?p=396119

Ураганот Лаура, кој метеоролозите го опишуваат како „исклучително опасен“ ги погоди САД, при што многу објекти се оштетени, едно гратче е целосно поплавено, а над 400 илјади жители останаа без електрична енергија. Ураганот Лаура, во еден ден премина од категорија еден во категорија четири, на скала до пет. Во последните неколку часа ослабна до категорија два. Ураганот вчера го погоди копното во градот Камерон во американската држава Луизијана. „Катастрофални плимни бранови, екстремни ветрови и поплави веќе се случуваат во делови на Луизијана“, соопшти Националниот центар за урагани. Ураганот се наоѓа на речиси 50 километри северозападно од езерото Чарлс. Ветровите се со јачина од 250 километри на час, а самиот ураган се движи скоро 25 километри на час. Во текот на следните неколку часови, ураганот се очекува да се пресели во внатрешноста на Луизијана, а потоа да се упати кон север во четврток попладне по локално време. Повеќе од 103.000 домаќинства во Луизијана и Тексас веќе се без електрична енергија, а во Камерон, каде ураганот го погоди копното, велат дека до петок нема да можат да проценат колкава е штетата поради големите бранови. „Со ветрови кои дуваат до 220 км на час, ураганот може да предизвика смртоносно пораст на водостојот, потенцијално катастрофални, екстремни ветрови, како и ненадејни поплави“, предупреди претходно Националниот центар за урагани. .„Ураганот Лаура е многу опасен и брзо станува посилен. Слушајте ги локалните власти. Ние сме со вас”, напиша на Твитер американскиот претседател Доналд Трамп. Лаура, која вчера беше на 845 км од Луизијана, донесе големи дождови и поплави на Хаити и Доминиканската Република каде најмалку 24 лица ги загубија животите. На Куба, предизвика само материјална штета.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-laura-ostavi-nad-400-iljadi-lugje-vo-sad-bez-struja/feed/ 0
Ураганот Лаура со над 200 км/ч се приближува кон Тексас и Луизијана https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-laura-so-nad-200-km-ch-se-priblizuva-kon-teksas-i-luizijana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-laura-so-nad-200-km-ch-se-priblizuva-kon-teksas-i-luizijana/#respond Thu, 27 Aug 2020 07:45:21 +0000 https://kurir.mk/?p=395942

На ураганот Лаура, кој се приближува кон брегот на Тексас со брзина од над 200 километри на час, му недостигаат само седум километри на час побрзи налети на ветрот за да премине од категорија 4 на категорија 5, што е највисоко ниво според категоризацијата на Националниот центар за урагани на САД. Овој ураган, според експертите, би можел да биде најсилниот што досега ги погодил крајбрежните области Тексас и Луизијана. Се очекува ураганот Лаура, кој метеоролозите го нарекоа „смртоносна катастрофа“, да стигне до американското копно и да предизвика катастрофално уништување. Ураганот синоќа се наоѓал на околу 145 километри југоисточно од Порт Артур, Тексас, а се проценува дека првиот контакт со континенталниот дел на САД ќе биде проследен со ветар до 240 километри на час, но дека подоцна, во внатрешноста на соседната држава Луизијана, ќе достигне брзина од над 320 километри на час. Од вчера попладне, Порт Артур е град со само неколку отворени бензински пумпи и продавници за алкохол. Локалните власти стравуваат од поплави и потсетуваат дека местото на очекуваниот удар на ураганот на континенталниот дел на САД, по должината на границата Тексас-Луизијана, не е заштитено со бариера.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-laura-so-nad-200-km-ch-se-priblizuva-kon-teksas-i-luizijana/feed/ 0
Ураганот Лаура ги погоди САД со јачина од четврти степен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-laura-gi-pogodi-sad-so-jachina-od-chetvrti-stepen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-laura-gi-pogodi-sad-so-jachina-od-chetvrti-stepen/#respond Wed, 26 Aug 2020 18:38:23 +0000 https://kurir.mk/?p=395805

Ураганот Лаура, кај јужниот брег на САД се засили во категоријата 4, според Националниот центар за набљудување на ураганите. Според Центарот, брзината на ветерот во рамки на ураганот достигнува 61 м/сек, што одговара на четвртата категорија. Ураганот продолжува да се засилува, и сега се движи северо-западно со брзина од 7,2 м/сек. Метеоролозите предупредуваат на „катастрофални бранови, силни ветрови и поплави“. Центарот предвидува дека циклонот ќе се приближи до брегот на Тексас и Луизијана во текот на ноќта.. Лаура, исто така, се заканува на големите центри за рафинерија на нафта лоцирани на бреговите на двете американски држави. – Имате само неколку часа да се подготвите и евакуирате, предупреди на Твитер гувернерот на Луизијана, Џон Бел Едвардс, чија земја беше жртва на ураганот Кетрин пред 15 години. – Каде и да сте на пладне, ќе мора да се соочите со невремето, рече Едвардс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-laura-gi-pogodi-sad-so-jachina-od-chetvrti-stepen/feed/ 0
Над половина милион евакуирани поради ураганот Лаура https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-polovina-milion-evakuirani-poradi-uraganot-laura/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-polovina-milion-evakuirani-poradi-uraganot-laura/#respond Wed, 26 Aug 2020 07:27:35 +0000 https://kurir.mk/?p=395489

Повеќе од половина милион лица се евакуирано од американската страна на Мексиканскиот залив поради ураганот Лаура. Силните ветрови на ураганот и поплавите најмногу би можеле да ги погодат Тексас и Луизијана, соопштија метеоролозите. Повеќе од 385.000 жители на Тексас се евакуирани, а во Луизијана околу 200.000. Националниот центар за урагани соопшти дека Лаура би можела да стане ураган од трета категорија, а се очекува копното да го погоди со ветер од 185 километри на час. Бурата Лаура ја премина Куба, а претходно остави 11 жртви во Доминиканската Република и на Хаити каде предизвика поплави и прекини во електричната енергија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-polovina-milion-evakuirani-poradi-uraganot-laura/feed/ 0