ураниум – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 04 Sep 2023 17:49:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ураниум – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МААЕ: Иран го забавува збогатувањето ураниум https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-iran-go-zabavuva-zbogatuvaneto-uranium/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-iran-go-zabavuva-zbogatuvaneto-uranium/#respond Mon, 04 Sep 2023 17:49:34 +0000 https://kurir.mk/?p=874497

Иран го забави збогатувањето на ураниум кој е близу до нивото погодно за употреба во нуклеарно оружје, се вели во извештајот на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (МААЕ). Доверливиот извештај, во кој имале увид некои светски агенции, доаѓа додека Иран и САД преговараат за размена на затвореници и ослободување на ирански имот во вредност од милијарди долари, замрзнат во Јужна Кореја. Забавувањето на збогатувањето ураниум е знак дека Техеран се обидува да ги намали тензиите со Америка кои се зголемија од 2015 година, кога САД се повлекоа од нуклеарниот договор меѓу светските сили и Иран. Во извештајот на МААЕ се наведува дека Иран има 121,6 килограми ураниум збогатен до 60 отсто, што е многу побавен раст од претходно. Во претходните извештаи се наведуваше дека Иран има малку повеќе од 114 килограми таков ураниум во мај и 87,5 килограми во февруари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-iran-go-zabavuva-zbogatuvaneto-uranium/feed/ 0
Ураниум откриен на аеродромот „Хитроу“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uranium-otkrien-na-aerodromot-hitrou/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uranium-otkrien-na-aerodromot-hitrou/#respond Wed, 11 Jan 2023 11:36:10 +0000 https://kurir.mk/?p=785943

Полицијата за борба против тероризмот врши истрага откако на аеродромот „Хитроу“ беше пронајдено извесно количество ураниум, јавија британските медиуми. Граничните служби реагирале на безбедносно предупредување на 29 декември. Контактирана е службата за борба против тероризмот откако е пронајдено мало количество од опасниот материјал. Супстанцата може да се користи за таканаречените „валкани бомби“. Командантот за борба против тероризмот Ричард Смит изјави дека количината на контаминиран материјал е исклучително мала и дека експертите оцениле дека не претставува закана. Секретарот за здравство Стив Баркли изјави за Скај Њус дека се надева дека ќе добие понавремени информации за материјалот запленет во „Хитроу“, додавајќи дека официјалните лица работат со партнерските агенции за да истражат и да се осигураат дека нема ризик за луѓето. Идентитетот на сите патници или компании поврзани со пакетот не е потврден, а наменетата дестинација на пакетот останува непозната. Нема апсења. Министерството за внатрешни работи не ја коментира истрагата додека таа се уште е во тек. Според новинарската истрага на весникот „Сан“, пакетот бил наменет за ирански државјани во Велика Британија и пристигнал со лет од Оман откако бил испратен од Пакистан.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uranium-otkrien-na-aerodromot-hitrou/feed/ 0
По резолуцијата на МААЕ Иран почна со збогатување ураниум до 60 отсто чистота https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-rezolucijata-na-maae-iran-pochna-so-zbogatuvanje-uranium-do-60-otsto-chistota/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-rezolucijata-na-maae-iran-pochna-so-zbogatuvanje-uranium-do-60-otsto-chistota/#respond Tue, 22 Nov 2022 07:52:25 +0000 https://kurir.mk/?p=764537

Иран почна да збогатува ураниум до 60 проценти чистота во нуклеарната локација Фордоу, користејќи центрифуги ИР6, како одговор на резолуцијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) со која на Техеран му се наредува да прифати поголем степен на соработка, објави денеска иранската ТВ мрежа ЕС-ен-ен. Иран, покрај тоа, ќе почне да гради нов комплет од центрифуги на истата локација, се наведува во извештајот на иранската ТВ мрежа, пренесен од британските медиуми. Управниот одбор на Меѓународната агенција за атомска енергија минатата недела, на гласање зад затворени врати, усвои резолуција со која на Иран му наредува веднаш да почне да соработува во истрагата на Меѓународната агенција за атомска енергија за трагите од ураниум пронајдени на три непријавени локации, наведоа неименувани дипломати. Ова е втора резолуција годинава со која се бара од Иран да ја прифати истрагата, која стана камен на сопнување во разговорите за заживување на иранскиот нуклеарен договор од 2015 година. Иран воедно побара МААЕ да ја заврши истрагата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-rezolucijata-na-maae-iran-pochna-so-zbogatuvanje-uranium-do-60-otsto-chistota/feed/ 0
Иран соопшти за пуштање нова центрифуга за збогатување ураниум https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-soopshti-za-pushtanje-nova-centrifuga-za-zbogatuvanje-uranium/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-soopshti-za-pushtanje-nova-centrifuga-za-zbogatuvanje-uranium/#respond Thu, 09 Jun 2022 11:18:52 +0000 https://kurir.mk/?p=688851

Иран денеска информираше дека пушти во употреба нова центрифуга за збогатување ураниум, откако Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) усвои резолуција за земјата.Иранското Министерство за надворешни работи денеска ја оцени резолуцијата како „избрзана“ и „неурамнотежена“. Управниот одбор на МААЕ вчера го повика Иран целосно да соработува со нивните инспектори. Во очи на објавата за резолуција, земјата на неколку локации ги исклучи камерите на МААЕ. Според дипломати, од 35 држави членки, само Кина и Русија гласале против резолуцијата. МААЕ неделава предупреди за можен доволен материјал на Иран за нуклеарно оружје за неколку седмици. Иран веќе збогатил 43,1 килограм ураниум до ниво на чистота од 60 отсто, се наведува во извештајот на организацијата. Според аналитичари, околу 50 килограми се доволни за нуклеарно оружје, доколку ураниумот се збогати на малку повеќе од 90 отсто. Меѓутоа, Техеран нагласува дека сака нуклеарна технологија само за мирнодопски цели. Преговорите меѓу Иран и МААЕ се одвиваат паралелно со оние за обнова на нуклеарниот договор, што светските сили го склучија со земјата во 2015 година, а моментално се во застој. Новите ограничувања за иранската нуклеарна програма, главно се договорени, но, сè уште не е постигнат договор за укинување на американските санкции. Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговараше околу тоа со иранскиот колега Ебрахим Раиси. Соработката на независните држави може да го неутрализира „незаконскиот притисок“ од Западот, соопшти кабинетот на иранскиот претседател.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-soopshti-za-pushtanje-nova-centrifuga-za-zbogatuvanje-uranium/feed/ 0
Санкциите на САД не опфаќаат увоз на ураниум од Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sankciite-na-sad-ne-opfakjaat-uvoz-na-uranium-od-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sankciite-na-sad-ne-opfakjaat-uvoz-na-uranium-od-rusija/#respond Wed, 09 Mar 2022 06:05:08 +0000 https://kurir.mk/?p=643677

Забраната што ја воведе американскиот претседател Џозеф Бајден за американскиот увоз на руска нафта и други енергенси не вклучува забрана за увоз на ураниум за нуклеарните централи, тврди добро информиран извор запознаен со ова прашање, јавија американски медиуми. Енергетската индустрија на САД се потпира на Русија и нејзините сојузници Казахстан и Узбекистан за околу половина од ураниумот што го користи за своите нуклеарни централи. Таа гранка на американската енергетика лобираше во Белата куќа да не се забрани увозот на ураниум од Русија, и покрај инвазијата на Москва на соседна Украина, наведуваат изворите. Нема производство или преработка на ураниум во САД иако неколку компании посочија дека би сакале да го обноват домашното производство во Тексас или Вајоминг доколку производителите на нуклеарна енергија потпишат долгорочни договори за снабдување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sankciite-na-sad-ne-opfakjaat-uvoz-na-uranium-od-rusija/feed/ 0
МААЕ: Иран дополнително ги зголемува залихите на високо збогатен ураниум https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-iran-dopolnitelno-gi-zgolemuva-zalihite-na-visoko-zbogaten-uranium/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-iran-dopolnitelno-gi-zgolemuva-zalihite-na-visoko-zbogaten-uranium/#respond Thu, 03 Mar 2022 15:34:48 +0000 https://kurir.mk/?p=640332

Организацијата за атомска енергија на Обединетите нации денеска соопшти дека Иран дополнително ги зголемил залихите на високо збогатен ураниум, прекршувајќи го договорот со светските сили од 2015 година. Во доверливиот квартален извештај доставен до земјите-членки, Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) наведува дека Иран, според проценките, има залихи од 33,2 килограми ураниум збогатен до 60 отсто, што е повеќе од 15,5 килограми во споредба со ноември. Таков високо збогатен ураниум може да се користи за производство на атомско оружје, поради што светските сили се обидуваат да ја ограничат нуклеарната програма на Техеран. Агенцијата со седиште во Виена ги информираше членовите дека сè уште не може да ги потврди точните залихи на збогатен ураниум во Иран поради ограничувањето што Техеран им го наметна на инспекторите на ОН минатата година. Во извештајот се наведува дека вкупната иранска залиха на збогатен ураниум, според проценките од 19 февруари, изнесува 3.197,1 килограм, што е зголемување за 707,4 килограми. МААЕ претходно денеска соопшти дека генералниот директор Рафаел Мариано Гроси в сабота ќе отпатува за Техеран на средби со високи ирански претставници. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-iran-dopolnitelno-gi-zgolemuva-zalihite-na-visoko-zbogaten-uranium/feed/ 0
Рохани: Збогатуваме повеќе ураниум отколку пред договорот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rohani-zbogatuvame-povekje-uranium-otkolku-pred-dogovorot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rohani-zbogatuvame-povekje-uranium-otkolku-pred-dogovorot/#respond Thu, 16 Jan 2020 09:54:01 +0000 https://kurir.mk/?p=290506

Иран сега збогатува повеќе ураниум отколку што тоа го правеше пред потпишувањето на нуклеарниот договор со светските сили во 2015 година, изјави денеска претседателот Хасан Рохани во телевизиско обраќање до нацијата. -Засилен е притисокот врз Иран, но ние продоложуваме да напредуваме. Збогатуваме повеќе ураниум отколку пред потпишувањето на договорот, рече Рохани, пренесен од британските медиуми. Иран почна постепено да го намалува почитувањето на одредбите од нуклеарниот договор откако американскиот претседател Доналд Трам во мај 2018 година унилатерално ги повлече САД од него, и веднаш воведе нови санкции против Техеран.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rohani-zbogatuvame-povekje-uranium-otkolku-pred-dogovorot/feed/ 0
Тинејџер продавал радиоактивен ураниум на интернет https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tinejdzer-prodaval-radioaktiven-uranium-na-internet/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tinejdzer-prodaval-radioaktiven-uranium-na-internet/#respond Mon, 15 Apr 2019 09:53:04 +0000 https://kurir.mk/?p=186595

Шеснаесетгодишно момче од Јапонија е обвинето за рафинирање радиоактивен ураниум, соопштија јапонските власти. Тој тие материи, како и експлозиви, ги продавал на интернет. Обвинението гласи – незаконско производство на еритирол тетранитрат, супстанција со која се изработуваат експлозиви. Момчето е уапсено во Токио заедно со уште неколку лица кои купиле ураниум од него. Според истрагата, момчето го добило радиоактивниот материјал при обработката на ураниумова руда. Истражителите, исто така, сметаат дека тинејџерот ученик не е терорист, туку попрво вљубеник во хемијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tinejdzer-prodaval-radioaktiven-uranium-na-internet/feed/ 0