урбанизам и транспорт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Sep 2019 08:25:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png урбанизам и транспорт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „По 146 години, Македонија стана железнички изолирана земја“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-146-godini-makedonija-stana-zeleznichki-izolirana-zemja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-146-godini-makedonija-stana-zeleznichki-izolirana-zemja/#respond Thu, 19 Sep 2019 08:25:16 +0000 https://kurir.mk/?p=242322

Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека по 146 години од воведувањето на железничкиот сообраќај во Македонија, од денес нашата земја остана без единствената редовна меѓународна линија Белград - Скопје - Солун. Нивниот став го пренесуваме во продолжение:  ПО 146 ГОДИНИ, МАКЕДОНИЈА СТАНА ЖЕЛЕЗНИЧКИ ИЗОЛИРАНА ЗЕМЈА По 146 години од воведувањето на железничкиот сообраќај во Македонија, од денес нашата земја остана без единствената редовна меѓународна линија Белград - Скопје - Солун. На 9 април 1873 година, првиот воз влечен од парна локомотива пристигнал во железничката станица во Велес и тогаш почнало поврзувањето на Македонија со остатокот од светот, поврзувањето со железница своевремено претставувало највисоко техничко и технолошко достигнување. Но од тогаш до денес, наместо да станеме држава со технолошки развиена и усовршена железница, ние станавме железнички изолирана земја. Денес 19.09.2019, после 146 години укинат е единствениот меѓународен патнички воз кој сообраќаше на релација Белград-Скопје-Солун и обратно. На патниците им се скрати можноста да ја користат единствената железничка порта кон Европа. Со тоа Македонија дефинитивно стана железничко слепо црево. Македонските возови немаат никаква алтернатива за излез од државата, железничкиот патнички сообраќај е целосно парализиран. Во услови кога Владата на Р. Македонија секојдневно промовира европски вредности и се повеќе не убедува дека сме на чекор до влез во ЕУ, дозволува да се укине единствениот патнички воз кој не поврзува со Европа. Но не само изолација на меѓународен железнички план, полека се укинуваат и линиите кои сообраќаат во внатрешниот железнички сообраќај. Еве помина повеќе од 1 година како “времено“ е укинат и единствениот брз воз кој сообраќаше на релација Скопје-Битола и обратно. Тоа беше популарниот воз “Пелагонија“ кој најмногу го користеа патниците од Пелагонискиот дел на Македонија. На патниците им се скрати и таа можност, да патуваат брзо и удобно без застанување на секоја железничка станица. Негрижата за железничките возни средства и железничката инфраструктура, предизвикува постојано намалување на расположливоста на железничките возни средства, а со тоа и укинување на железнички линии. Причините за катастрофалната состојба на железниците во Македонија лежат исклучиво во тоталната незаинтересираност на Владата за овој важен сектор. НЕМА нови проекти, НЕМА инвестиции за одржување и ремонт на пругите и возовите. За жал мораме да констатираме дека железничкиот сообраќај во нашата држава е во тотален колапс. Македонија никогаш не била во полоша состојба во делот на железничкиот сектор. Ова уништување што поскоро мора да запре. Доаѓа времето кога некој ќе мора да понесе одговорност за предизвикување на железничко “цунами“ во нашата држава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-146-godini-makedonija-stana-zeleznichki-izolirana-zemja/feed/ 0