урбанизам – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 29 Jun 2022 13:13:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png урбанизам – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Урбанизмот и градежништвото најподложни на корупција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/urbanizmot-i-gradeznishtvoto-najpodlozni-na-korupcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/urbanizmot-i-gradeznishtvoto-najpodlozni-na-korupcija/#respond Wed, 29 Jun 2022 13:13:33 +0000 https://kurir.mk/?p=697353

Урбанизмот и градежништвото се најподложни на корупција, правосудството не постапува доволно, а граѓаните сметаат дека корупцијата е поголем проблем, дури и од проблемот со невработеноста, истакнаа учесниците на денешната панел дискусија на тема „Корупцијата во урбанизмот и градежништвото“, организирана од Коалицијата „Сите за правично судење“ . На дискусијата која беше отворена и на која граѓаните имаа можност да ги истакнат своите проблеми, искуства и мислења, во улога на панелисти учествуваа релевантни експерти од областа на корупцијата. Извршна директорка на НВО Инфоцентар, Билјана Бејкова појасни дека граѓаните сметаат дека најмногу корупција има во издавањето градежни дозволи, спроведувањето инспекциски надзори, подготовката на деталните урбанистички планови, спроведувањето на јавните набавки. – Овие резултатите потврдуваат дека урбанизмот и градежништвото се област или меѓу областите најподложни на корупција и тоа заради сите оние спреги кои постојат, како економските интереси, политичките притисоци, правните празнини, истакна Бејкова. Истражувањата на НВО Инфоцентарот покажале дека урбанистичките планови се повеќе го забораваат јавниот интерес и во нив доминираат планови како оние за бензиските пумпи, винариите, фотоволтаците. – Сето ова покажува на тој коруптивен синџир меѓу планерите, изведувачите, надзорот од државните инстиуции на локално и национално ниво, заклучи Бејкова. Според претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, корупцијата ја генерираат неколку фактори како ниското ниво на интегритет на човечкиот фактор, силното политичко влијание во јавниот сектор и злоупотреба на овластувања, неказнивост поради проблеми во владеењето на правото какао и ниската стапка на санкционирање на коруптивното однесување и несоодветен систем за надзор и контролни механизми во јавниот сектор. – Овие ризични фактори се заеднички именител за сите анализирани сектори содржани во националната стратегија за борба против корупција која државната комисија ја подготви, а Собранието ја усвои минатата година во април, во оваа стратегија опфатени се 13 сектори во кои сите овие ризични фактори генерирааат корупција. Опфатени се и две хоризонтални области, вработување и јавни набавки, секторот урбанизам и градежништво како високоризичен сектор е дел од стратегијата, законската регулатива за вршење на работи во областа на градежништвото и урбанзмот и просторното планирање предвидува издавање на одобренија решенија, лиценци и други документи значењето на овие документи е уште поголемо ако се земе предвид дека градежните зафати чие одобрување во надлежност на овој сектор вообичаено се многу скапи, а тоа остава простор за притисоци, влијанија и поттикнување на коруптивното однесување, од таа причина издавањето на различните документи, одбренија како и инспекцискиот надзор се сметаат како точки кои можат да генерираат висок ризик од корупција во овој сектор, порача Ивановска. Оцени дека во овој сектор има голем парадокс во однос на гласањата на стратегијата и Законите од страна на позицијата и опозицијата. – Од една страна има законик кој ја регулира областа, а од друга страна имаме Закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти за кој во Собранието гласаше и позицијата и опозицијата. Иако препораката на ДЗС во националната стратегија за која добивме поддршка и од двете страни е да се ограничи употребата на овој Закон, бидејќи истиот ги загрозува принципите за владеење на правото за плански развој на просторното планирање и почитување на уставно загарантираното право на граѓаните за уредување и хуманизација на просторот и заштита и унапредување на животната средина. Што е ова ако не корупција и купување глас, запраша Ивановска. Додаде дека дополнителен проблем е надвладување на приватниот над јавниот интерес при изготвување на просторните и урбанистичките планови, недоволната транспарентност во постапките за просторно и урбанистичко планирање како и недоволен надзор над изведбата на надградбите од втора категорија. – Урбанистичкото планирање е можеби најважниот дел во овој сектор од кој се очекува да се даде акцент на јавниот интерес, всушност и самиот урбанистички план е огледало на јавниот интерес, меѓутоа носењето на урбанистичките планови често е проследено со низа контраверзиии најчесто предизвикано од надвладувањето на приватниот интерес над јавниот, подвлече таа. Напомена дека отсуството на надзорни инспектори е слабост која треба да се поправи преку зголемување на одговорноста на одговорноста и отчетноста за сработеното. Порача дека природата не препознава корупција и амандмани, туку казнува со природни катастрофи од кои страдаат сите. Извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ се надоврза дека истакнатите проблеми на панел дискусијата водат кон заклучок дека надлежните се недоволно одговорни, а вина имаат и судските власти кои не постапуваат. – Општините кои управуваат врз основа на дадена согласност од централната власт се одговорни за подготовка на ДУП-ови и урбанстички планови, се одговорни за издавање на дозволи за градба, и зашто се градат толку згради, единствена причина е бидејќи општините обеспарени, немаат финасиски средства, доколку некои од нив не издават дозволи за градба и не прават приходи од комуналии не ќе не можат ни платите да ги исплатат согласно сегашната состојба и заради тоа се под притисок дека треба да издадат многу повеќе дозволи отколку што планирале, изјави Перишиќ. Порача дека кога општините би имале доволно финасиски средства таа состојба би била спречена. -Примерите покажуваат дека нашето правосудство е застанато, примерот што го имаме со недоаѓање на државните органи на оваа дебата покажува дека тие не се капацитетни да си ја вршат својата работа и да бидат одговорни за она за што примаат пари, односно да го вршат надзорот и да казнуваат секогаш кога тоа треба, вината би ја фокусирала сосема на друго место, не во општините бидејќи секој што згрешил треба да одговара, потенцира таа. Панел дискусијата е активност која се организира во рамки на Годишната програма за работа на Коалиција „Сите за правично судење“, финансиски поддржана од страна на Европската комисија преку Делегацијата на Европската унија во Скопје. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/urbanizmot-i-gradeznishtvoto-najpodlozni-na-korupcija/feed/ 0
Одржана конститутивна седница на Партиципативното тело за урбанизам на Општина Кисела Вода https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/odrzana-konstitutivna-sednica-na-participativnoto-telo-za-urbanizam-na-opshtina-kisela-voda/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/odrzana-konstitutivna-sednica-na-participativnoto-telo-za-urbanizam-na-opshtina-kisela-voda/#respond Fri, 18 Mar 2022 11:04:39 +0000 https://kurir.mk/?p=649443

Партиципативното тело од областа на урбанизмот кое го иницираше Општина Кисела Вода вчера попладне ја одржа својата прва, конститутивна седница. На настанот збор зеде градоначалникот Ѓорѓиевски кој им се заблагодари на избраните членови за интересот и учеството во Партиципативното тело и нагласи дека тоа значи директна помош во трансформацијата на Општината во модерна и транспарентна, по мерка на граѓаните. -Како застапници на мислењето и ставовите на жителите на овој дел од градот, силно верувам дека активно ќе учествувате со иницијативи, насоки и сугестии при изготвувањето на планските решенија на урбанистичките планови, што се надевам, ќе овозможи заеднички да го промениме и подобриме ликот на Кисела Вода. Впрочем, со вашето учество во ова новоформирано Партиципативно тело, и самите сте дел од процесот на трансформација - од она што го затекнавме-во Општина по мерка на граѓаните во која транспарентно се работи исклучиво во интерес на жителите, рече Ѓорѓиевски по што замина бидејќи, како што истакна, и претходно најави дека во работата и одлуките на ова тело тој нема да се меша. На оваа прва седница беа избрани само вршители на должност на позициите претседател и заменик претседател, бидејќи Деловникот донесен од претходното раководство на Општина Кисела Вода, предвидува лицата кои ќе раководат со Партиципативното тело да бидат од редовите на комисијата за урбанизам. Сметајќи дека на тој начин ова граѓанско тело сочинето во најголем дел од жители на Кисела Вода, ја губи својата цел-да биде гласот на граѓаните, советникот на градоначалникот за прашања од урбанизмот од Кисела Вода, Славе Трпевски, даде предлог кој беше усвоен, веќе оформеното Партиципативно тeло да достави предлог до Советот на Општина Кисела Вода за промена на Деловникот и донесување на одлука и претседателот и неговиот заменик да бидат од редот на граѓаните. По изборот на Кирил Димчески за в.д. претседател и Дарко Чекеровски за в.д. заменик претседател, се дискутираше на повеќе теми, меѓу кои и за други промени во Деловникот кои ќе го достават до Советот. Во позитивна атмосфера, со многу дискусија и конструктивни предлози беше затворена првата седница на ова граѓанско тело за прашања од урбанизмот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/odrzana-konstitutivna-sednica-na-participativnoto-telo-za-urbanizam-na-opshtina-kisela-voda/feed/ 0
Граѓаните против урбаното дивеење во Ѓорче Петров: Нема да дозволиме Шилегов и Наумоски да ни ги нарушат мирот и безбедноста https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gragjanite-protiv-urbanoto-diveenje-vo-gjorche-petrov-nema-da-dozvolime-shilegov-i-naumoski-da-ni-gi-narushat-mirot-i-bezbednosta/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gragjanite-protiv-urbanoto-diveenje-vo-gjorche-petrov-nema-da-dozvolime-shilegov-i-naumoski-da-ni-gi-narushat-mirot-i-bezbednosta/#respond Thu, 22 Jul 2021 10:41:15 +0000 https://kurir.mk/?p=540293

Граѓанската иницијатива против урбаното дивеење во Ѓорче Петров ја известува јавноста дека со сите свои капацитети и расположливи средства ќе се бори против дополнителното бетонизирање на општината и кратење на рекреативните капацитети во општина Ѓорче Петров. -Во врска со веста дека градоначалниците Наумоски и Шилегов планираат изградба на двосмерна улица со четири ленти на кејот на реката Вардар, односно непосредно покрај шеталиштето со што практично ќе се наруши комодитетот на рекреативците, сакаме да потенцираме дека нема да дозволиме ново урбано дивеење и нарушување на мирот и безбедноста на предвидената локација. Како што велат од здружението "На точак", рекреативната пешачко-велосипедска патека од Ѓорче Петров до Сарај ќе се уништи со планираната изградба на булеварот "Алексо Демниевски"/"Сремски Фронт" со четири предимензионирани ленти за автомобили, односно рекреативната патека ќе се претопи во новиот проект. Тоа практично значи сечење на постојниот дрворед и немање можност за нов, бидејќи со самото поставување на мали столбчиња кои ќе го означуваат коловозот, нема да има место ниту за нов дрворед, ниту пак за нормална рекреативна патека. Имено, изградбата на овој коловоз би требала да се одвива на место кое што најпрво е заштитено и спаѓа под зелен појас, а дополнително на тоа ќе ја загрози и безбедноста на првите жители кои што живеат блиску до насипот во Ѓорче Петров, велат од граѓанската иницијатива. Наместо ревитализирање и уредување на постојната патека, Наумоски и Шилегов сакаат да пробијат улица на местото кое што е едно од ретките места кои ѓорчепетровци ги имаат за спорт и рекреација. -Нема да дозволиме да се уништи и онаа скромна патека која што е единствениот избор за жителите од околината на насипот. На ѓорчепетровци им се потребни нови спортско рекреативни капацитети, а не булевари кои што ќе минуваат низ зелен појас. Остануваме до крај во борбата против урбаното дивеење во Ѓорче Петров, велат граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gragjanite-protiv-urbanoto-diveenje-vo-gjorche-petrov-nema-da-dozvolime-shilegov-i-naumoski-da-ni-gi-narushat-mirot-i-bezbednosta/feed/ 0
Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО – ДПМНЕ: Шилегов повеќе од месец дена не го санира кровот на средното хемиско училиште https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-infrastruktura-urbanizam-i-transport-na-vmro-dpmne-shilegov-povekje-od-mesec-dena-ne-go-sanira-krovot-na-srednoto-hemisko-uchilishte/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-infrastruktura-urbanizam-i-transport-na-vmro-dpmne-shilegov-povekje-od-mesec-dena-ne-go-sanira-krovot-na-srednoto-hemisko-uchilishte/#respond Fri, 03 Apr 2020 11:39:59 +0000 https://kurir.mk/?p=326721

На фотографијата е прикажано како работи СДСМ, реагираат од комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО - ДПМНЕ. Градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов повеќе од месец дена не го санира кровот на средното хемиско училиште. Во истиот месец дена имаше повеќе врнежи од дожд а сега и снег и настанатата штета секојдневно се зголемува. Но на Петре Шилегов не му е грижа за тоа поради тоа што не плаќа тој, туку граѓаните на Скопје плаќаат од својот џеб за неговото неработење и неодговорност. Петре Шилегов ти поминува и претпоследната година од мандатот кој ти минува во зимски сон, стои во реакцијата на комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО - ДПМНЕ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-infrastruktura-urbanizam-i-transport-na-vmro-dpmne-shilegov-povekje-od-mesec-dena-ne-go-sanira-krovot-na-srednoto-hemisko-uchilishte/feed/ 0