урбано дивеење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 25 Feb 2021 14:47:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png урбано дивеење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Иницијативата против урбано дивеење бара средба со Бочварски за ДУП-овите од Ѓорче Петров https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/inicijativata-protiv-urbano-diveenje-bara-sredba-so-bochvarski-za-dup-ovite-od-gjorche-petrov/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/inicijativata-protiv-urbano-diveenje-bara-sredba-so-bochvarski-za-dup-ovite-od-gjorche-petrov/#respond Thu, 25 Feb 2021 14:47:32 +0000 https://kurir.mk/?p=473845

Иницијативата против урбано дивеење денеска поднесе барање за средба со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, за, како што посочија на денешната прес-конференција, да не ги одобрува ДУП-овите кои доаѓаат од Општина Ѓорче Петров. -Причината за оваа средба е да ургираме до Министерството како надлежен орган да не ги прифаќа и одобрува ДУП-овите кои доаѓаат од општина Ѓорче Петров поради сомнеж дека градоначалникот Наумоски има лични врски со Урбаната мафија, рече Горан Костов од Иницијативата против урбано дивеење. Во Советот на Општината, како што рече тој, денес е поминат ДУП СЗ 15 во непосредна близина до паркот во Ѓорче Петров во кој се предвидени 17 нови згради со висина до 33 метри и околу 24 илјади м2 градежна површина кои треба да се изградат во дел помал од пет илјади м2. -Со овој ДУП се легализира и се отвора патот на онаа спорна зграда која треба да никне во самиот парк. Ова е еден од тие 25 ДУП-ови кои Општината замислила да ги помине за наредните осум месеци. Урбаната мафија е до таа мера навлезена со влијанието во општината и функционираат како една единка, рече Костов. Тој најави дека в сабота во 12 часот ќе одржат предупредувачка блокада на сообраќајот кај кружниот тек пред црквата Св. Петар и Павле во Ѓорче Петров. Додаде оти се надеваат дека ќе наидат на слух од министерот бидејќи, како што рече, со градењето на овие згради се уништува живеењето на жителите на Ѓорче Петров.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/inicijativata-protiv-urbano-diveenje-bara-sredba-so-bochvarski-za-dup-ovite-od-gjorche-petrov/feed/ 0
Иницијативата против урбаното дивеење во Ѓорче Петров поднесе барање за ревидирање на ДУП-от Дексион Јурија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inicijativata-protiv-urbanoto-diveenje-vo-gjorche-petrov-podnese-baranje-za-revidiranje-na-dup-ot-deksion-jurija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inicijativata-protiv-urbanoto-diveenje-vo-gjorche-petrov-podnese-baranje-za-revidiranje-na-dup-ot-deksion-jurija/#respond Wed, 16 Sep 2020 09:12:30 +0000 https://kurir.mk/?p=403909

Иницијативата против урбаното дивеење во Ѓорче Петров денеска поднесе барање до градоначалникот Александар Наумоски и Советот на општината за ревидирање на Деталниот урбанистички план С3 24 – Дексион Јурија. Во него се бара намалување на катноста на зградите и укинување на одредбата што дозволува висина од 58 метри или 17 ката, да се намали бруто развиената градежна површина која сега изнесува 90.000 квадратни метри и 800 станови, како и да се намали опфатот на градежната површина и да се зголеми површината за зеленило. Како што истакна Горан Костов од Иницијативата, доколку нивното барање не биде прифатено ќе поднесат преставка до Уставниот суд во која ќе бараат времена мерка за деталниот урбанистички план и повторно ќе излезат на протест, но овој пат пред зградата на Општина Ѓорче Петров. -После саботните протести одлучивме повторно писмено да се обратиме до органите на општината и да побараме да се ревидира ДУП-от Дексион Јурија. Време е општината и градоначалникот Наумоски да покажат дека се на страната на граѓаните, а не на урбаната мафија и профитот. Очекуваме да го прифатат нашето барање и да биде ставено како точка на дневниот ред на наредната седница на Советот, рече Костов на денешната прес-конференција. Тој нагласи дека до Иницијативата против урбаното дивеење стигнуваат многу барања од граѓани, кои како што рече, се оштетени од замавот на урбаната мафија во Ѓорче Петров. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inicijativata-protiv-urbanoto-diveenje-vo-gjorche-petrov-podnese-baranje-za-revidiranje-na-dup-ot-deksion-jurija/feed/ 0