уред за слабеење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 29 Jun 2021 08:22:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png уред за слабеење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Измислил уред за брзо слабеење: Некои го нарекоа „уред за мачење“, a дали вие би го носеле? (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/izmislil-ured-za-brzo-slabeenje-nekoi-go-narekoa-ured-za-machenje-a-dali-vie-bi-go-nosele-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/izmislil-ured-za-brzo-slabeenje-nekoi-go-narekoa-ured-za-machenje-a-dali-vie-bi-go-nosele-foto/#respond Tue, 29 Jun 2021 08:22:12 +0000 https://kurir.mk/?p=529213

Научници измислиле уред за губење на килограми - катанец за вилица. Тим научници од Универзитетот во Отаго во Нов Зеланд дизајнираа „DentalSlim Diet Control“, односно специјални магнети, кои имаат завртки, со цел да го спречат корисникот да јаде цврста храна. Овој уред е поставен на еден заб на горната и долната вилица на корисникот и не дозволува вилицата да се отвори повеќе од 2 милиметри. Оние кои го поставуваат овој уред на задниот дел од вилицата можат да дишат и зборуваат слободно, но не можат да стават цврста храна во устата. - Испитаниците изгубиле во просек 6,3 килограми за две недели, а сите сакале да продолжат со диетата - се наведува во соопштението на Универзитетот. Професорот Пол Брантон, водач на проектот за контрола на диета ДенталСлим и продекан на Универзитетот, рече дека овој уред е монтиран од стоматолози, и дека корисникот може да го отклучи со посебен клуч во итни случаи. Тој исто така посочува дека уредот може да се стави и извади безброј пати. - Ова е неинвазивна, економична и привлечна алтернатива на хируршките процедури - вели професорот. Сепак, иако професорот Брантон го фали неговото откритие, двете жени кои учествувале во испрашувањето велат дека има и негативни страни. Имено, тие велат дека не се чувствувале пријатно, и дека не можеле да зборуваат убаво, што им го влошило квалитетот на животот. Универзитетот изјави дека овој уред за губење на тежината, прв во светот, ќе помогне во решавањето на глобалниот проблем со дебелина. Сепак, корисниците на социјалните мрежи го нарекоа пронајдокот „уред за мачење“. - Не би сакала да бидам ужасна, но ако некој почне да повраќа додека го носи ова, или ќе се удави или ќе го вдише. Да не зборуваме за лошата хигиена на забите. Не можете ниту убаво да ги миете забите, ниту да користите конец. Ова е навистина лоша идеја - напишал еден од корисниците. - Мислев дека медицината ги надмина таквите уреди за тортура - напишал друг. Од универзитетот веднаш реагираа и објаснија дека нивниот изум има повисока цел. - Да појаснам, овој уред не се користи за брзо слабеење. Намената е да им помогне на луѓето кои треба да одат на операција, но не можат додека не ослабат. По две или три недели, магнетите се отстрануваат и целиот уред се отстранува, а потоа корисниците можат да бидат на помалку ограничувачка диета - според Универзитетот. Дали некогаш би носеле вакво нешто? ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/izmislil-ured-za-brzo-slabeenje-nekoi-go-narekoa-ured-za-machenje-a-dali-vie-bi-go-nosele-foto/feed/ 0