уредби – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 15 May 2021 13:10:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png уредби – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бајден укина неколку уредби донесени во време на Трамп https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-ukina-nekolku-uredbi-doneseni-vo-vreme-na-tramp/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-ukina-nekolku-uredbi-doneseni-vo-vreme-na-tramp/#respond Sat, 15 May 2021 13:20:19 +0000 https://kurir.mk/?p=510699

Американскиот претседател Џо Бајден укина серија одлуки донесени од неговиот претходник во Белата куќа, Доналд Трамп, вклучително и декрет за забрана за влез на имигранти во САД кои не можат да си дозволат здравствено осигурување. „Мојата администрација е посветена на обезбедување квалитетно, достапно здравствено осигурување на луѓето во САД, вклучително и на државјани кои не се од САД“, рече Бајден по повлекувањето одлуки. Бајден исто така ја поништи одлуката во врска со судско гонење и казнување вандали кои ги оштетуваа спомениците, што Трамп ја донесе минатата година за време на немирите кога беа урнати статуите по смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен од полицаец. Меѓу уредбите што се повлечени е и онаа што се однесува на подигање на бисти на одредени американски историски личности што ги избра Трамп. Бајден, меѓу другите, ја укина уредбата насочена кон „цензурирање“ на социјалните мрежи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-ukina-nekolku-uredbi-doneseni-vo-vreme-na-tramp/feed/ 0
Бајден веднаш ќе потпише 17 извршни наредби со кои ќе се укинат уредби на Трамп https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-vednash-kje-potpishe-17-izvrshni-naredbi-so-koi-kje-se-ukinat-uredbi-na-tramp/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-vednash-kje-potpishe-17-izvrshni-naredbi-so-koi-kje-se-ukinat-uredbi-na-tramp/#respond Wed, 20 Jan 2021 13:23:45 +0000 https://kurir.mk/?p=457547

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, планира да ја почне својата нова администрација денеска попладне со први наредби за враќање на САД во Парискиот договор за климата и Светската здравствена организација, изјавија соработници на новоизбраниот американски претседател. Бајден ќе потпише 17 извршни наредби неколку часа откако ќе положи заклетва како американски претседател. – Со тоа ќе се ослободи од политиката на претседателот Доналд Трамп и ќе постави нови насоки за имиграцијата, животната средина, борбата против Ковид-19 и економијата, наведоа соработниците на Бајден. Со потезите од првиот ден, тој ќе стави крај на многу нападнатата забрана на Трамп за посетители од муслимански земји и ќе ја запре изградбата на ѕидот на границата меѓу САД и Мексико за спречување на илегалната имиграција. Тој исто така ќе постави мандат за носење маски на федерални имоти за да се запре ширењето на Ковид-19; ќе врати заштити на природните резервати отстранети од Трамп; и ќе бара замрзнување на иселувањата и заштита на милиони луѓе со хипотеки кои беа погодени од пандемијата на коронавирусот. Тој исто така планира да испрати предлог-закон до Конгресот за обнова на имиграциската политика и да им даде на милиони мигранти без документи кои живеат во земјата пат до државјанство што администрацијата на Трамп го оспоруваше. Бајден „ќе преземе акција – не само за да ги поправи најголемите штети на администрацијата на Трамп – туку и да почне да ја движи нашата земја напред“, се вели во изјавата на соработниците. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-vednash-kje-potpishe-17-izvrshni-naredbi-so-koi-kje-se-ukinat-uredbi-na-tramp/feed/ 0
Уставен суд ќе ја оценува уставноста и законитоста на повеќе уредби со законска сила https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustaven-sud-kje-ja-ocenuva-ustavnosta-i-zakonitosta-na-povekje-uredbi-so-zakonska-sila/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustaven-sud-kje-ja-ocenuva-ustavnosta-i-zakonitosta-na-povekje-uredbi-so-zakonska-sila/#respond Wed, 08 Jul 2020 09:22:01 +0000 https://kurir.mk/?p=371532

Уставниот суд на Република Македонија денеска ќе одржи седница на чиј дневен ред се повеќе иницијативи за оценување на уставноста и законитоста на неколку уредби со законска сила и одлуката за утврдување на постоење на вонредна состојба. На дневен ред на 24-тата седница на Уставен суд се 16 точки, од кои прва е иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Член 353 став 5 од Кривичниот законик, кој предвидува казна затвор од минимум пет години за функционери кои го оштетиле буџетот со јавни набавки. Од Уставниот суд за МИА велат, дека ова е една од поинтересните точки за медиумите и дека по завршување на седницата ќе информираат за сите точки на дневен ред. – Уставниот суд еднаш има расправано и одлучувањето беше одложено, велат од Уставниот суд. Уставниот суд оваа иницијатва, под број 106/2018 претходно ја има разгледано на 26-тата седница одржана на 13.11.2019 година. На дневен ред се и уредбите со законска сила за финансиска подршка на граѓаните и вработените лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање домашна платежна картичка намената за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба и уредбата за прашања поврзани со изборниот процес, како и одлуката за утврдување на постоење на вонредна состојба од 16 мај 2020 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustaven-sud-kje-ja-ocenuva-ustavnosta-i-zakonitosta-na-povekje-uredbi-so-zakonska-sila/feed/ 0
Мисајловски: Во услови кога граѓаните се ограничени, многу компании се затворени не треба често да се менуваат уредбите на Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-vo-uslovi-koga-gragjanite-se-ogranicheni-mnogu-kompanii-se-zatvoreni-ne-treba-chesto-da-se-menuvaat-uredbite-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-vo-uslovi-koga-gragjanite-se-ogranicheni-mnogu-kompanii-se-zatvoreni-ne-treba-chesto-da-se-menuvaat-uredbite-na-vladata/#respond Wed, 06 May 2020 19:20:06 +0000 https://kurir.mk/?p=342674

Владо Мисајловски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во своето вклучување во вестите на Канал 5 посочи дека во период на пандемија, кога многу граѓани се ограничени, кога многу фирми се затворени не треба да се донесува Уредба за продавање на земјиште и ниту пак да се менуваат толку често Уредбите, бидејќи на крајот од денот трпат граѓаните и економијата. Оваа влада, оваа техничка влада со самото прогласување на вонредната ситуација тие треба да се грижат сите овие одлуки што ќе поминат на влада да бидат во врска со овој случај на пандемија. Се што ќе носат, сите мерки треба да бидат во согласност како да им се помогне на граѓаните, бидејќи сепак ова е техничка влада, појасни Мисајловски. Мисајловски додаде дека и општините продаваат земјиште тоа е синџир на кој треба да се внимава, но пред избори тоа е забрането, а за сето ова треба да се произнесе и Антикорупциската комисија, дали во овој период сите овие продажби на земјишта се неопходни, дали сега треба да се прават. Цената и продажбата на земјиште треба да биде во целосна транспарентност, за секој еден кој што е заинтересиран да може да се пријави. Но во услови сега каде што многу граѓани се ограничени, каде што многу компании се затворени и немаат можност да работат, навистина не знам зашто постојано секоја недела се менуваат Уредбите на Владата. Па по една недела гледате дека погрешиле нешто, па потоа пак менуваат и така во круг. И на крајот од денот за жал трпи обичниот граѓанин и целата економија, истакна Мисајловски. Мисајловски потсети кога тој бил министер се менувал Законот за градење. И тој закон многу пати бил предмет на измена, но секогаш било во интерес на градбите и на економијата, никогаш за нешто друго. И секогаш кога треба да има поголема економија, каде што треба да се развиваат нови капитални инвестиции, проекти во Македонија тој закон односно закон за градење е подложен на менување. Но се рабзира дека треба да биде во интерес на граѓаните, нагласи Мисајловски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-vo-uslovi-koga-gragjanite-se-ogranicheni-mnogu-kompanii-se-zatvoreni-ne-treba-chesto-da-se-menuvaat-uredbite-na-vladata/feed/ 0
Транспаренси Интернешнел Македонија: Овие неколку уредби со законска сила содржат ризик од корупција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/transparensi-interneshnel-makedonija-ovie-nekolku-uredbi-so-zakonska-sila-sodrzat-rizik-od-korupcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/transparensi-interneshnel-makedonija-ovie-nekolku-uredbi-so-zakonska-sila-sodrzat-rizik-od-korupcija/#respond Mon, 27 Apr 2020 12:02:52 +0000 https://kurir.mk/?p=338022

Транспаренси Интернешнел Македонија ги следи и анализира уредбите со законска сила донесени од Владата на Р.Македонија од аспект на ризик од корупција. Во овие рамки, а од почетокот на прогласената вонредна состојба, од ТИМ истакнуваат дека се издвоени неколку уредби за кои укажуваат дека во себе содржат ризик од корупција, што ќе се има во предвид при натамошно следење на нивното спроведување. Станува збор за Уредбата со законска сила за примена на законот за заштита на наслението од заразни болести во време на вонредна состојба, Уредбата со законска сила за јавно обвинителски службеници, истражителите и другите вработени во јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите и за финансирање на јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите. Трета е Уредбата со законска сила за интервентна набавка на респираторни машини за време на вонредна состојба – предност при изборот им се дава на оние понудувачи кои најбрзо ќе достават респираторни машини кои ја исполнуваа спецификацијата, а четврта е Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на уредбата со законска сила за примена на законот за внатрешни работи за време на вонредна состојба. -Следењето на спроведувањето на овие уредби ќе се одвива преку барање за слободен пристап до информации од јавен карактер. При тоа, укажуваме и бараме од сите надлежни органи и институции навреме самите да објавуваат редовни и ажурирани информации за постапувањата во врска со овие уредби, да се изготвуваат редовни извештаи кои ќе бидат објавени на веб страната на Владата и на надлежните органи. Исто така бараме Владата да обезбеди навремено постапување по барањата за пристап до информации од јавен карактер, затоа што во овој период истото се одвива со големи задоцнувања, соопштија од Транспаренси. Дополнително, од таму велат дека во интерес на градење на доверба од граѓаните во однос на располагање со буџетот и другата финансиска и нефинансиска помош добиена во услови на оваа вонредна состојба, бараат Владата претходно да ги објавува политиките за прераспределба на буџетски средства како износот, количината и распределбата и сите донации кои се добиени од било кој извор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/transparensi-interneshnel-makedonija-ovie-nekolku-uredbi-so-zakonska-sila-sodrzat-rizik-od-korupcija/feed/ 0