ургентен центар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 05 Jul 2023 15:10:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ургентен центар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Доктор на Ургентен центар удрен со пластично шише https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/doktor-na-urgenten-tsentar-udren-so-plastichno-shishe/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/doktor-na-urgenten-tsentar-udren-so-plastichno-shishe/#respond Wed, 05 Jul 2023 15:10:59 +0000 https://kurir.mk/?p=853170

На 04.07.2023 во 11:45 часот Н.Б.(42) од Скопје пријавил дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, поточно во Ургентен центар, додека извршувал работни задачи како лекар, едно лице го удрило со пластично шише. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/doktor-na-urgenten-tsentar-udren-so-plastichno-shishe/feed/ 0
НОВИ ДЕТАЛИ: Позната состојбата на три од повредените деца и наставничката https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novi-detali-poznata-sostojbata-na-tri-od-povredenite-detsa-i-nastavnichkata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novi-detali-poznata-sostojbata-na-tri-od-povredenite-detsa-i-nastavnichkata/#respond Wed, 03 May 2023 13:39:38 +0000 https://kurir.mk/?p=830180

Доктор Милика Ашанин од Ургентниот центар во Белград каде се хоспитализирани тројца ученици и наставничката по историја, во изјава за српските медиуми објави нови детали за нивната здравствена состојба. Истакна дека нивната ситуација е подобра. -Од четири оперирани, тројца се завршени и се на интензивно лекување. Двајца ученици се веќе разбудени, а наставничката во моментов се буди. Сите се во стабилна состојба. Во тек е операција на ученикот кој има повреди на градниот кош, вратот и ’рбетниот столб, а во моментов на него се спроведува дополнителна дијагностика, истакна докторот. По однос на ученичката која е со прострелна рана во главата, докторот истакна дека таа е примена во Клиничката болница и е оперирана, но ќе се почека за да се даде изјава за нејзината состојба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novi-detali-poznata-sostojbata-na-tri-od-povredenite-detsa-i-nastavnichkata/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Надвор од функција единствениот ургентен центар за деца на Клиниката за детски болести https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-nadvor-od-funkcija-edinstveniot-urgenten-centar-za-deca-na-klinikata-za-detski-bolesti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-nadvor-od-funkcija-edinstveniot-urgenten-centar-za-deca-na-klinikata-za-detski-bolesti/#respond Tue, 03 Jan 2023 12:00:53 +0000 https://kurir.mk/?p=783481

Единствениот ургентен центар за деца на Клиниката за детски болести повеќе не е во фунција, а тука се третираа најтешките педијатриски случаи од целата држава, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата посочуваат дека тука се хоспитализираа најмлади пациенти за кои е потребна изолација и хоспитализација - деца со тешки инфекции, ургентни состојби во педијатријата, меѓу кои и стрептококен токсичен шок синдром, високо вирулентен сој на стрептокок кој во повеќе земји е со доста летални исходи. За оваа алармантна состојба, здравствени работници реагираат до Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. -Апелираме до здравствените власти за итно преиспитување на одлуката со која е укинат единствениот Детски ургентен центар, отворен токму за оваа фунција со најсовремена опрема, со помош на Турската меѓународна агенција за соработка и развој-ТИКА, а донацијата беше исклучиво за оваа намена - Ургентен детски центар единствен во државата во јавното здравство и ова повеќе не фунционира. Огромен проблем на Детската клиника е и континуираниот одлив на кадар, со акцент на медицински сестри со што се доведува во прашање фунционирањето на оваа здравствена установа каде се третираат најтешките случаи од целата држава, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-nadvor-od-funkcija-edinstveniot-urgenten-centar-za-deca-na-klinikata-za-detski-bolesti/feed/ 0
Нападнат вработен во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/napadnat-vraboten-vo-urgenten-centar-pri-kompleksot-kliniki-majka-tereza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/napadnat-vraboten-vo-urgenten-centar-pri-kompleksot-kliniki-majka-tereza/#respond Sun, 01 Jan 2023 21:30:14 +0000 https://kurir.mk/?p=783069

На 01.01.2023 во 05.30 часот во Полициската станица Центар, С.А.(31) од Сопиште пријавил дека околу 03.50 часот на работното место во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/napadnat-vraboten-vo-urgenten-centar-pri-kompleksot-kliniki-majka-tereza/feed/ 0
Отворен реновираниот Хируршки ургентен центар во склоп на ЈЗУ УК „ТОАРИЛУЦ“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-renoviraniot-hirurshki-urgenten-centar-vo-sklop-na-jzu-uk-toariluc/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-renoviraniot-hirurshki-urgenten-centar-vo-sklop-na-jzu-uk-toariluc/#respond Fri, 29 Jul 2022 12:29:48 +0000 https://kurir.mk/?p=711898

Од денеска е пуштен во употреба реновираниот Хируршки ургентен центар во склоп на ЈЗУ УК „ТОАРИЛУЦ“ во Скопје, за кој Владата издвои осум милиони денари буџетски средства и средства од донации. Станува збор за целосна реконструкција на 400 метри квадратни на Хируршки ургентен центар. На отворањето присуствуваа вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, министерот за здравство Беким Сали, и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Министерот Сали потенцира дека за првпат после 30 години комплетното се реновираат просториите на Хируршки ургентен центар, а реализирана е и набавка на медицински инвентар и опрема за центарот. -Со ваквите настани одбележуваме унапредување на условите за третман на пациентите кои се посебно значајни за мене како министер за здравство, но и како пациент земајќи предвид дека речиси секој од нас се нашол во ситуација да побара здравствена услуга, тука на Ургентниот центар. Фактот дека во оваа установа имаме комплетна реконструкција на простор на површина од 400 метри квадратни е показател за успешното менаџирање на оваа Клиника, чие раководство и во сензитивни услови на пандемија, успева значително да ги унапреди условите за третман на пациентите и да ја промени сликата и првиот впечаток кој го стекнуваат пациентите при барањето на медицинска помош тука во Ургентниот центар. Конкретно, реновиран е делот во кој се сместени приемното одделение, собата за реанимација, собата за тријажа, операционата сала, асептичната соба, помошните простории и санитарни чворови. За оваа цел се издвоени осум милиони денари буџетски средства и средства од донации, изјави Сали. Директорот на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ Александар Трајановски истакна дека се работи за комплетна реконструкција на простор за првпат после 30 години со површина од 400 метри квадратни. -По целосната реконструкцијата на Клиниката за Ортопедски болести ова е уште еден проект во ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ Скопје кој ја измени комплетно сликата на оваа здравствена установа и ќе понуди нов квалитет на услугите за пациентите кои овде се лекуваат. Во состав на Ургентниот центар има апарат за компјутерска томографија и РГТ апарат, со што пациентите добиваат целосна дијагностика по приемот во болницата. Ургентниот хируршки центар е најголема здравствена установа во земјава која пружа ваков тип на медицински услуги. Годишно 35.000 пациенти се примаат во Ургентниот центар од цела територија на Северна Македонија. Дел од нив се згрижуваат во Ургентниот центар каде им се пружа неопходната медицинска помош, а дел се згрижуваат на останатите клиники за понатамошен третман, изјави Трајановски. Вицепремиерката Грковска пак, оцени дека инвестиции во јавното здравство значат мотивирани здравствени работници, но и задоволни граѓани. – Добриот начин на управување, стратешкиот пристап даваат добри и видливи резултати. Создаваат услови за квалитетни услуги на граѓаните што мора да биде најголем приоритет за сите носители на јавни функции. Со оваа и со сите претходни инвестиции создадена е обновена, модерна и пред се високопрофесионална Клиника, која продолжува да се развива по сите светски стандарди во најдобрите традиции на професионализмот, знаењето и стручноста. Со овие вложувања Владата ја искажува својата цврста решеност да продолжи да инвестира во здравствениот систем, што подразбира поквалитетен живот и подолг животен век на секој граѓанин, изјави таа. На настанот беа доделени и благодарници на УНХЦР, Црвениот крст, како и на една приватна општествено одговорна компанија, кои го поддржаа реновирањето на Ургентниот – хируршки центар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-renoviraniot-hirurshki-urgenten-centar-vo-sklop-na-jzu-uk-toariluc/feed/ 0
Ургентен центар почнува со реновирање: Еве каде ќе се праќаат итните случаи од Скопје, а каде од другите градови при зголемен број пациенти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/urgenten-centar-pochnuva-so-renoviranje-eve-kade-kje-se-prakjaat-itnite-sluchai-od-skopje-a-kade-od-drugite-gradovi-pri-zgolemen-broj-pacienti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/urgenten-centar-pochnuva-so-renoviranje-eve-kade-kje-se-prakjaat-itnite-sluchai-od-skopje-a-kade-od-drugite-gradovi-pri-zgolemen-broj-pacienti/#respond Sat, 30 Apr 2022 17:17:38 +0000 https://kurir.mk/?p=670243

Подготвителните активности за реконструкција на Ургентниот центар и новиот начин на функционирање беа повод за денешната посета на министерот за здравство, Беким Сали на Клиниката за ТОАРИЛУЦ. -Заедно со директорот, д-р Александар Трајановски направивме обиколка на просторот, каде е направено соодветно обележување на патеката на движење со јасно видливи ознаки, како и патеката на движење на возилата на ИМП до главниот влез на хируршките клиники од страната на УК за стоматологија. Во периодот на реновирање, пациентите со итна патологија се примаат во просториите на амбулантниот дел на Клиника за трауматологија, кој времено се преадаптира во Ургентен центар, информира Сали. Согласно планот предвидено е во случај на зголемен број пациенти, за време на реконструктивните зафати во Ургентниот центар сите итни пациенти од Скопје да бидат згрижени во Градската општа болница 8-ми Септември, додека пациентите од другите градови ќе ја добијат соодветната здравствена услуга – хируршки третман во Специјалната болница за хируршки болести Свети Наум Охридски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/urgenten-centar-pochnuva-so-renoviranje-eve-kade-kje-se-prakjaat-itnite-sluchai-od-skopje-a-kade-od-drugite-gradovi-pri-zgolemen-broj-pacienti/feed/ 0
Почина актерка од серијата „Ургентен центар“ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-akterka-od-serijata-urgenten-centar/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-akterka-od-serijata-urgenten-centar/#respond Sat, 30 Apr 2022 15:23:18 +0000 https://kurir.mk/?p=670218

Актерка позната на јавноста по улогата во серијата „Ургентен центар“ (ЕР), Џосара Џинаро починала на 48-годишна возраст по долга и тешка битка со ракот. Ова го потврди нејзиниот сопруг на нејзината официјална страница на Фејсбук. -Со голема тага објавувам дека мојата сопруга Џосара Џинаро почина на 27. април 2022. година. Џосара храбро се бореше со ракот и се врати дома за да биде опкружена со своето семејство. Џосара беше неверојатна сопруга, мајка, уметник и пријателка. Имаше најубава, љубезна душа и не прифаќаше ‘не’ како одговор. Таа и во последните моменти се уште се мачеше. Таа сега почива во мир и ќе биде запаметена засекогаш. Мене, на Лиам и Емрис многу ќе ми недостига, иако знаеме дека таа е во нашите срца и не води на секој чекор, се наведува. Џосара имаше богата и долга холивудска кариера. Таа глумела во различни телевизиски серии како што се „Ургентен центар“, „Judging Amy“, „Strong Medicine“ и други.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-akterka-od-serijata-urgenten-centar/feed/ 0
Се затвора Ургентниот центар на Клинички до јули https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-zatvora-urgentniot-centar-na-klinichki-do-juli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-zatvora-urgentniot-centar-na-klinichki-do-juli/#respond Wed, 27 Apr 2022 09:18:08 +0000 https://kurir.mk/?p=668494

Главниот Ургентен центар во државата од идната недела до јули наместо со пациенти ќе биде полн со градежни работници, објави Сител телевизија. Поради реновирање установата ќе функционира со намален капацитет. Директорот на ТОАРИЛУЦ уверува дека и за време на реновирањето ќе се примаат итните случаи. Влезот за амбуланските возила ќе биде од страната на Стоматологија, а прегледите ќе се вршат во трите амбуланти на Трауматологија. -Апсолутно ќе функционира Ургентниот центар како што функционирал до сега, во помал обем, но сепак ќе бидат згрижени сите пациенти. Така да планираме тоа да трае еден до два месеци и преземени се сите активности за да нема несакани проблеми, изјави Д-р Александар Трајановски, директор на ТОАРИЛУЦ за Сител. Дневно низ Ургентниот центар поминуваат 100-тина пациенти. Тука ги примаат и најголем дел од повредените во разни несреќи од целата држава. Трајановски вели дека и додека трае реновирањето вработените ќе си бидат на работните места, но доколку има наплив на пациенти било договорено тие од внатрешноста ќе ги носат во ГОБ 8 септември, а итните случаи од Скопје во Старата градска болница. -Договорено е доколку има наплив на пациенти да се пренасочат во тие две установи додека трае реновирањето, вели Д-р Трајановски. Веќе две недели затворена е и Инфективната клиника поради темелно чистење, а вработените се на колективен одмор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-zatvora-urgentniot-centar-na-klinichki-do-juli/feed/ 0
Девојка прегазена во Центар, со тешки повреди пренесена во Ургентен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/devojka-pregazena-vo-centar-so-teshki-povredi-prenesena-vo-urgenten/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/devojka-pregazena-vo-centar-so-teshki-povredi-prenesena-vo-urgenten/#respond Sat, 13 Nov 2021 10:51:27 +0000 https://kurir.mk/?p=595001

На 12.11.2021 во 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Димитрие Чуповски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туарег“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.П.(63) од Италија, со постојан престој во Скопје, удрилo во пешакот Т.К.(24) од Скопје. -Во несреќата Т.К се здобила со тешки телесни повреди констатирани во  Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, информира МВР. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/devojka-pregazena-vo-centar-so-teshki-povredi-prenesena-vo-urgenten/feed/ 0
Ранет млад скопјанец: Сакал да оди во викендица, завршил на Ургентен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ranet-mlad-skopjanec-sakal-da-odi-vo-vikendica-zavrshil-na-urgenten/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ranet-mlad-skopjanec-sakal-da-odi-vo-vikendica-zavrshil-na-urgenten/#respond Fri, 22 Oct 2021 14:11:20 +0000 https://kurir.mk/?p=583827

На 22.10.2021 во 00:06 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди во ногата од огнено оружје бил донесен Б.И.(27) од Скопје. Според пријавеното, Б.И. отиштол во својата викенд куќа во с.Кучково со Б.Л. и откако излегол од возилото бил погоден од огнено оружје од страна на непознато лице. За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ranet-mlad-skopjanec-sakal-da-odi-vo-vikendica-zavrshil-na-urgenten/feed/ 0