урина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 10 Feb 2023 08:10:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png урина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СПАСЕН ПО 94 ЧАСА ПОМИНАТИ ПОД УРНАТИНИТЕ – ја пиев сопствената урина за да преживеам (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spasen-po-94-chasa-pominati-pod-urnatinite-ja-piev-sopstvenata-urina-za-da-prezhiveam-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spasen-po-94-chasa-pominati-pod-urnatinite-ja-piev-sopstvenata-urina-za-da-prezhiveam-video/#respond Fri, 10 Feb 2023 08:10:13 +0000 https://kurir.mk/?p=798751

Тинејџер рано изутринава неповреден е извлечен од урнатините на зграда во турскиот град Газиантеп, четири дена по катастрофалниот земјотрес. Пред зори во Газиантеп, во близина на епицентарот на земјотресот, спасувачите го извлекоа Аднан Мухамед Коркут од подрумот каде што беше заробен од понеделникот. 17-годишникот се насмевна на толпата пријатели и роднини кои го скандираа неговото име, ракоплескаа и плачеа додека го носеа и го ставаа на носилки. „Фала му на Бога што ме спасија“, рече тој, гушкајќи ја мајка си и другите кои се наведнаа да го бакнат и прегрнат. „Ви благодарам на сите“, рече тој. Тинејџерот рекол дека бил принуден да ја пие сопствената урина за да ја задоволи жедта. „Така успеав да преживеам“, рече тој. „Имам син како тебе“, му рекол спасувачот, идентификуван само како Јасемин, откако го прегрнал. „Ви се колнам, не спиев четири дена. Се колнам дека не спиев, се обидував да те извлечам“, додал спасувачот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spasen-po-94-chasa-pominati-pod-urnatinite-ja-piev-sopstvenata-urina-za-da-prezhiveam-video/feed/ 0
Сари: Навивачите на Феенорд нè прскаа со урина https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sari-navivachite-na-feenord-ne-prskaa-so-urina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sari-navivachite-na-feenord-ne-prskaa-so-urina/#respond Fri, 04 Nov 2022 12:59:49 +0000 https://kurir.mk/?p=755775

Лацио беше елиминиран од Лига Европа, односно го освои третото место во групата и ќе продолжи во Конференциската лига на пролет. Тренерот на „небесно-сините“, Маурицио Сари не беше задоволен од натпреварот, при што ги нападна домашните навивачи дека се однесувале непристојно и ги прскале со урина. „Судијата би го изнервирал секој човек со неговото однесување. Да бев претседател на тимот и да можев да одлучувам, воопшто не би играле во Конференциската лига. Пречекот беше катастрофален. Навивачите на Феенорд фрлаа урина кон нас. Тоа беше ужасно“, вели Сари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sari-navivachite-na-feenord-ne-prskaa-so-urina/feed/ 0
Стотици луѓе починаа од лажни информации за коронавирусот: Пиеле и урина од крави https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stotici-lugje-pochinaa-od-lazni-informacii-za-koronavirusot-piele-i-urina-od-kravi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stotici-lugje-pochinaa-od-lazni-informacii-za-koronavirusot-piele-i-urina-od-kravi/#respond Thu, 13 Aug 2020 08:59:08 +0000 https://kurir.mk/?p=390113

Во првите три месеци од оваа година, најмалку 800 луѓе ширум светот починаа поради погрешни информации за коронавирусот, објавија научниците. Според резултатите од студијата објавена во американскиот журнал за тропска медицина и хигиена, околу 5.800 лица се хоспитализирани поради последиците од верувањето на лажните информации на социјалните мрежи, пренесува Би-Би-Си. Многумина умреле затоа што пиеле средства за чистење метанол или алкохол Многумина умреле откако пиеле средства за чистење метанол или алкохол, погрешно верувајќи дека овие производи го штитат или излечиле вирусот. Светската здравствена организација предупреди дека епидемијата на лажни вести или „инфодимија“ поврзана со ковид-19 се шири толку брзо како и самиот вирус, а теориите на заговор, гласини и стигматизација во општеството на болните придонеле за смрт и повреди. Многу жртви следеа совети што наликуваа на веродостоен здравствен совет - како консумирање на големи количини лук и голтање големи количини на витамини како начин за спречување на инфекција, велат авторите на студијата. Други консумирале пијалоци како урина од крави. Ваквото однесување би можело да има сериозни последици по здравјето на овие луѓе, предупредуваат научниците. Научниците заклучуваат дека зависи од меѓународните тела, владите и социјалните мрежи да се борат со епидемијата на лажни информации. Технолошките компании кои управуваат со социјалните мрежи се критикувани дека реагираат бавно и недоволно на проблемот, а законодавните тела исто така се бавни за регулирање на одговорноста за ширење лажни вести. Според студијата спроведена од Би-Би-Си, пронајдени се врски помеѓу дезинформациите за вирусот и нападите, подметнување пожар или смрт. Гласини од интернет во Индија доведоа до напади, во Иран до масовни труења Гласините што се шират на Интернет во Индија доведоа до напади врз жртви или масовни труења во Иран. Телекомуникациските инженери доживеале закани и биле нападнати, а телефонските столбови биле запалени поради теориите на заговор што се ширеле преку Интернет. Социјалните мрежи им овозможиле на измамниците да ја искористат пандемијата со продажба на неефикасни антивирусни агенси, така што луѓето плаќале пари за „чудесни минерални препарати“ и добиле разредено белило. Како што се приближува денот кога ќе се појават на пазарот првите вакцини против коронавирус предизвикани од ковид-19, противниците за вакцинирање би можеле да ги убедат луѓето да не се вакцинираат преку социјалните медиуми. Придобивките од вакцинацијата може да бидат поткопани со дезинформации, предупредуваат лекарите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stotici-lugje-pochinaa-od-lazni-informacii-za-koronavirusot-piele-i-urina-od-kravi/feed/ 0