уривање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 11 Sep 2023 08:02:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png уривање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уривањето на куќата на Мерилин Монро привремено запрено https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/urivaneto-na-kukata-na-merilin-monro-privremeno-zapreno/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/urivaneto-na-kukata-na-merilin-monro-privremeno-zapreno/#respond Mon, 11 Sep 2023 08:02:45 +0000 https://kurir.mk/?p=876837

По одлука во Градскиот совет на Лос Анџелес, следи привремено одложување на уривањето на домот на американската уметница Мерилин Монро во Брентвуд - луксузен дел од Лос Анџелес. Советничката Трејси Парк побрза да го спаси последното живеалиште на славната русокоса откако во средата дозна дека сопствениците - креативната интернет-страна „Глори оф д Сноу траст“ (Glory of the Snow Trust), побарале дозвола да ја урне култното здание во шпански колонијален стил, објави „Лос Анџелес тајмс“. - Јас и мојот тим веднаш тргнавме во акција... Но, за жал, Секторот за градежништво и безбедност издаде дозвола за уривање пред мојот тим и јас да можеме целосно да интервенираме и да го решиме ова прашање, рече Парк непосредно пред седницата на Градското собрание во петокот. Таа одржа говор најавувајќи предлог за разгледување на статусот на домот на американската пејачка и глумица како историски споменик на културата. - Денеска сум тука со вас како чувар на областа во којашто се наоѓа последната резиденција на Мерилин Монро. Денеска сум тука и како бранител на богатата историја и наследство на нашиот град, рече Парк. Предлогот претставен пред Советот бара итен почеток на разгледување домот да биде прогласен за историски и културен споменик. Натаму се наведува дека со тоа нема да му се одземат никакви права на сопственикот на куќата, но оти треба да се проценат историските и културните вредности на имотот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/urivaneto-na-kukata-na-merilin-monro-privremeno-zapreno/feed/ 0
Уапсени три лица поради наводен заговор за уривање на германската Влада https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapseni-tri-litsa-poradi-navoden-zagovor-za-urivane-na-germanskata-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapseni-tri-litsa-poradi-navoden-zagovor-za-urivane-na-germanskata-vlada/#respond Tue, 23 May 2023 11:00:42 +0000 https://kurir.mk/?p=837851

Германското федерално обвинителство денеска соопшти дека полицијата уапсила уште тројца осомничени екстремни десничарски екстремисти поврзани со наводниот заговор на движењето Рајхсбургер, или движењето Граѓани на Рајхот, за соборување на германската влада. Тројцата осомничени беа приведени синоќа во југозападната покраина Баден-Виртемберг. Обвинетите се осомничени за членство во терористичка организација, се наведува во соопштението на Федералното обвинителство. Во декември, полицијата приведе 25 лица, меѓу кои и самопрогласен принц, пензиониран падобранец и поранешен судија, кои беа обвинети за заговор за насилно соборување на владата. Властите соопштија дека трите лица кои беа уапсени вчера биле на различни поврзани со осомничените за наводниот обид за државен удар. Германските безбедносни агенции спречија неколку заговори во последниве години од мали групи поврзани со движењето Граѓани на Рајхот, обвинети за планирање напади врз критична инфраструктура, владини претставници, па дури и на националниот парламент. Шефот на германската разузнавачка агенција, Томас Халденванг, вчера предупреди на порасто на антивладиниот екстремизам. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapseni-tri-litsa-poradi-navoden-zagovor-za-urivane-na-germanskata-vlada/feed/ 0
Властите на западни земји урнаа платформа за купување и продавање податоци на милиони луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vlastite-na-zapadni-zemji-urnaa-platforma-za-kupuvanje-i-prodavanje-podatoci-na-milioni-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vlastite-na-zapadni-zemji-urnaa-platforma-za-kupuvanje-i-prodavanje-podatoci-na-milioni-lugje/#respond Tue, 12 Apr 2022 19:49:25 +0000 https://kurir.mk/?p=662144

Безбедносните агенции од неколку западни земји ја уништија онлајн платформата што се користи за купување и продавање на хакирани и украдени лични податоци на милиони луѓе, соопштија денеска официјални лица. Властите соопштија дека на сајтот Рејдфорумс (RaidForums) се продадени стотици чувствителни податоци, вклучувајќи броеви на кредитни картички и социјално осигурување и информации за банкарски сметки, кои биле хакирани или украдени од жртвите. Основачот и главен администратор на платформата, 21-годишниот Диего Сантос Коељо од Португалија, беше уапсен во јануари во Велика Британија. САД бараат негова екстрадиција. Веб-страницата Reidforums, основана во 2015 година, нудеше посебен пристап и функции на оние кои беа подготвени да платат членарина, а на платформата беа објавувани упатства за тоа како да извршат незаконски дејствија, велат официјалните лица. Во акцијата за уривање на платформата учествуваа агенции од САД, Велика Британија, ЕУ, Германија, Шведска и Португалија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vlastite-na-zapadni-zemji-urnaa-platforma-za-kupuvanje-i-prodavanje-podatoci-na-milioni-lugje/feed/ 0
Детали за дронот кој што се урна во Загреб: Бил со тежина од 6 тона и се движел 700 километри на час https://arhiva.kurir.mk/svet/region/detali-za-dronot-koj-shto-se-urna-vo-zagreb-bil-so-tezina-od-6-tona-i-se-dvizel-700-kilometri-na-chas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/detali-za-dronot-koj-shto-se-urna-vo-zagreb-bil-so-tezina-od-6-tona-i-se-dvizel-700-kilometri-na-chas/#respond Fri, 11 Mar 2022 14:41:53 +0000 https://kurir.mk/?p=645544

Хрватските радарски системи го регистрирале и следеле беспилотното летало што се урна во Загреб, од неговиот влез од Унгарија околу 22 часот и 57 минути се до падот. Тоа се движело со брзина од 700 километри на час и во хрватскиот воздушен простор било седум минути, изјави денеска на вонредна прес-конференција хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ. Прашан зошто немало реакција кога леталото бил забележано на радарите, Баножиќ одговорил со прашање „што реално би можеле да направат за седум минути“. - Мораме да ги споредиме сигналите на радарските системи, дали требало да се издаде предупредување или се работи за собирање податоци, изјави Баножиќ. Началникот на Генералштабот на хрватските вооружени сили, адмирал Роберт Храњ изјави дека авионите МИГ не биле подигнати кога леталото било забележано на радарот. - Инцидентот е сериозен. Дознавме многу, но во тек е интензивна истрага, изјави Храњ. Прашан за шпекулациите дека леталото било вооружено, Храњ рече дека „првите информации не ја поддржуваат таа теза“. - Интегрираната воздушна и ракетна одбрана на НАТО ја следеше патеката на летот на објектот што на крајот се урна во Загреб, изајви за „Вечерњи лист“ претставник на Алијансата. Хрватската контрола на летање, објави дека леталото немало транспондер (уред за комуникација) и затоа не бил детектиран со секундарни радари што се користат за контрола на цивилни летови. Станува збор за беспилотно летало со тежина од шест тони и опсег од 1.000 километри, кое било користено од вооружените сили на СССР во 70-тите и 80-тите на минатиот век, но истрагата треба да покаже кој го користел. Советникот на министерот за одбрана на Украина, Маркијан Лубкјивски денеска за загрепски „Јутарњи лист“ изјави дека авионот што паднал во паркот во Загреб не е украински и дека очекува официјално соопштение од украинското Министерство за надворешни работи во соработка со Генералштабот на украинската армија. Руската амбасада во Хрватска, коментирајќи го падот на леталот за „Индекс“, соопшти дека руските сили немаат такви беспилотни летала во својот арсенал од 1991 година, односно, од распадот на Советскиот Сојуз.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/detali-za-dronot-koj-shto-se-urna-vo-zagreb-bil-so-tezina-od-6-tona-i-se-dvizel-700-kilometri-na-chas/feed/ 0
Срушена дивоградба на улица “Борис Трајковски” https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/srushena-divogradba-na-ulica-boris-trajkovski/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/srushena-divogradba-na-ulica-boris-trajkovski/#respond Fri, 24 Dec 2021 14:16:40 +0000 https://kurir.mk/?p=612731

Продолжува справувањето со урбанистичкиот хаос во општина Кисела Вода. Утрово, беше срушена уште една дивоградба, овојпат на улицата “Борис Трајковски”. Непознат сторител, без да поседува одобрение за градба, на оваа локација поставил армирано-бетонскa плоча. -Денес стопиравме изградба на уште еден нелегален објект, уште еден обид да се прекрши законот и законските процедури. Како што најавив, нашите жители ќе видат еден нов начин на управување со општината, ќе видат што значи нетолеранција на беззаконие и казна за криминалот. Законот постои за да се почитува и ќе важи поеднакво за сите. Никој не е и нема да биде над него-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/srushena-divogradba-na-ulica-boris-trajkovski/feed/ 0
Почна уривањето на нелегалните објекти на најатрактивните плажи во Охрид https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochna-urivanjeto-na-nelegalnite-objekti-na-najatraktivnite-plazi-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochna-urivanjeto-na-nelegalnite-objekti-na-najatraktivnite-plazi-vo-ohrid/#respond Wed, 09 Jun 2021 10:30:32 +0000 https://kurir.mk/?p=520917

Под силно полициско обезбедување денеска почна најавуваната акција за отстранување на нелегалните градби и урбана опрема од плажите во градското подрачје на Охрид. За почеток се отстранува и демонитира платформата во езерото пред „Куба Либре“, една од најатрактивне плажи и локации на исотчниот брег на Охридското Езеро. Акцијата беше очекувана со оглед што уште пред една седмица во близина на неколкуте плажи зад мостот на Студенчишкиот канал кај Охрид беше распоредена механизација, а вчера сите објекти во тој дел беа искучени од системот за нанпојување со елњектрична енергија. Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески неодамна најави дрка ќе се отстрануваат сите нелегални објекти и градби од сите плажи на кои им се истечените договорите за концесија, вклучувајчќи ги и петте што влегуваат во опфатот на ГУП-от.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochna-urivanjeto-na-nelegalnite-objekti-na-najatraktivnite-plazi-vo-ohrid/feed/ 0
Руски хеликоптер се урна во Курскиот залив – има мртви https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-helikopter-se-urna-vo-kurskiot-zaliv-ima-mrtvi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-helikopter-se-urna-vo-kurskiot-zaliv-ima-mrtvi/#respond Thu, 25 Mar 2021 20:25:29 +0000 https://kurir.mk/?p=487878

Најмалку едно лице загина, а две се повредени при пад на хеликоптер КА-32 во заливот Курск во Русија, пренесуваат светските медиуми. Како што пренесува „Спутник“, несреќата се случила во близина на Калининград, а станува збор за хеликоптер на Министерството за вонредни состојби. - За време на тренинг летот изгубивме контакт со екипажот на авионите К-32. Системот 112 доби информација за падот на хеликоптерот во водите на Курскиот залив, на пет километри од градот Полеск - се наведува во соопштението на Министерството за вонредни состојби. Според портпаролот на тој оддел, три лица биле во хеликоптерот за време на несреќата, а истрагата за инцидентот е во тек.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-helikopter-se-urna-vo-kurskiot-zaliv-ima-mrtvi/feed/ 0
Авионот на Сривиџаја ер се урнал во заливот кај Џакарта, потврди индонезискиот министер за транспорт https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avionot-na-srividzaja-er-se-urnal-vo-zalivot-kaj-dzakarta-potvrdi-indoneziskiot-minister-za-transport/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avionot-na-srividzaja-er-se-urnal-vo-zalivot-kaj-dzakarta-potvrdi-indoneziskiot-minister-za-transport/#respond Sat, 09 Jan 2021 13:39:15 +0000 https://kurir.mk/?p=453122

Индонезискиот министер за транспорт Буди Карја Сумади потврди дека авионот на „Сривиџаја ер“, со повеќе од 60 лица, се урна денеска во заливот кај Џакарта. Тој рече дека авионот паднал близу остров во заливот. Противпожарната служба на Џакарта објави на Твитер дека се пронајдени некои делови во заливот и дека се трага по исчезнатиот авион. Авионот полетал од Џакарта кон градот Понтијанак на островот Борнео и наскоро по полетувањето изгубил контакт со контролата на летање. Локалните медиуми јавија дека во авионот „Боинг 737-500“ имало 56 патници и шест членови на екипажот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avionot-na-srividzaja-er-se-urnal-vo-zalivot-kaj-dzakarta-potvrdi-indoneziskiot-minister-za-transport/feed/ 0
Партијата на Пацоли ќе го поддржи уривањето на владата на Хоти https://arhiva.kurir.mk/svet/region/partijata-na-pacoli-kje-go-poddrzi-urivanjeto-na-vladata-na-hoti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/partijata-na-pacoli-kje-go-poddrzi-urivanjeto-na-vladata-na-hoti/#respond Fri, 11 Dec 2020 07:43:26 +0000 https://kurir.mk/?p=441825

Партијата Алијанса ново Косово (АКР), на чие чело е поранешниот шеф на државата, а подоцна и на косовската дипломатија, Беџет Пацоли, најави дека ќе го поддржи гласањето во собранието за уривање на владата предводена од Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и нејзиниот премиер Авдулах Хоти, јави дописникот на МИА од Приштина. Наим Мурсели, советник на лидерот на АКР, преку објава на својата страница на Фејсбук, синоќа порача дека Владата на Хоти „веќе ја има изгубено довербата“ и пратениците од неговата партија “ќе го поддржат нејзиното уривање“. АКР има двајца пратеници во 120-членото Собрание на Косово и тие досега ја поддржуваа актуелната влада, додека Мурсели денеска објави нивно заминување во опозиција. – Само една обединета опозиција може да го отвори патот за нови избори во Косово. Оваа влада веќе ја има изгубено довербата и граѓаните со нетрпение очекуваат друг да ја преземе должноста. (…) АКР ќе го поддржи уривањето на оваа влада, напиша советникот на Пацоли. Во врска со полемиките меѓу коалиционите партнери околу изборот на нов шеф на државата, откако досегашниот претседател Хашим Тачи поднесе оставка на функцијата, Мурсели порача дека е јасно оти „ниеден нов претседтел не може да биде избран без опозицијата“. Најголемата косовска опозициска партија, Движењето самоопределување (ВВ) на претходниот премиер Албин Курти, од порано има покренато иницијатива за собирање потписи на републичките пратеници за изгласување недоверба на владата предводена од Хоти, кој ја презеде власта на почетокот на јуни годинава, откако го урна дотогашниот коалиционен партнер Курти. За покренување моција за владата потребни се 40 потписи, а за изгласување недоверба 61 глас на пратениците од 120-члениот косовски Парламент. ВВ има 28 пратеници, така што двајцата пратеници од партијата на Пацоли не се доволни за свикување седница за гласање доверба на кабинетот на Хоти. Втората најголема опозициска партија, Демократската партија на Косово, објави дека нема да ја потпише моцијата за уривање на актуелната влада, но оти ќе гласа за нејзино уривање доколку тоа прашање дојде на дневен ред во Собранието.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/partijata-na-pacoli-kje-go-poddrzi-urivanjeto-na-vladata-na-hoti/feed/ 0
По уривањето на потпорниот ѕид, ВМРО-ДПМНЕ бара мораториум за градба во Црниче и Пржино https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/po-urivanjeto-na-potporniot-dzid-vmro-dpmne-bara-moratorium-za-gradba-vo-crniche-i-przino/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/po-urivanjeto-na-potporniot-dzid-vmro-dpmne-bara-moratorium-za-gradba-vo-crniche-i-przino/#respond Thu, 19 Nov 2020 06:52:01 +0000 https://kurir.mk/?p=431483

Потпорен ѕид на куќа во Пржино во чие непосредно соседство се градат дури четири повеќекатници се урна вчера попладнето. „Падна ѕидот во Пржино! Ова е втор ѕид што падна во Пржино! Браво градоначалник!“ се првите коментари за урнатиот ѕид во Пржино на социјалните мрежи. Граѓаните бараат одговорност за загрозување на безбедноста на граѓаните и нивниот имот во Пржино и бараат премиерот Зоран Заев да ги повика на одговорност оние кој издале одобрение за градба на големи згради на толку мал и пренаселен простор. На повик на граѓаните, вчера на лице место излезе и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Кисела Вода. -Урбаната мафија продолжува со поддршка на локалната власт да го практицира нивното самоволие, од кое за среќа вечерва по паѓањето на потпорниот ѕид нема жртви. Како советничка група бараме вонредна седница на која ќе биде донесен мораториум за градба во Црниче и Пржино, но и ќе запрат и ќе се ревидираат сите сомнителни градби веќе отпочнати изминатиов период, истакна советникот Орце Ѓорѓиевски. Минатата недела граѓаните кои живеат во непосредна близина на градилиштето го блокираа приодот кон парцелата на која, според нив се градат премногу големи објекти кои според својот габарит не одговараат на локацијата, каде доминираат индивидуални куќи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/po-urivanjeto-na-potporniot-dzid-vmro-dpmne-bara-moratorium-za-gradba-vo-crniche-i-przino/feed/ 0