урнат хеликоптер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 28 Sep 2023 09:21:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png урнат хеликоптер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се урна хеликоптер на грчкиот остров Евија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-urna-helikopter-na-grchkiot-ostrov-evija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-urna-helikopter-na-grchkiot-ostrov-evija/#respond Thu, 28 Sep 2023 09:21:09 +0000 https://kurir.mk/?p=882660

Приватен хеликоптер, според првичните неофицијални информации, претпладнево се урна во морето во северниот дел на грчкиот остров Евија, подрачјето што од вчера е зафатено од невремето „Илиас“, јави дописничката на МИА од Атина. Хеликоптерот од местото Мантуди на Евија полетал кон Волос, меѓутоа кусо по полетувањето се загубила комуникацијата, се изгубил од радар и започнала спасувачката акција од воздух, копно и море. Падот на хеликоптерот го потврди градоначалникот на Мантуди, Георгиос Цапурниотис, говорејќи за државната телевизија ЕРТ, додека пак, според видеата објавени на социјалните мрежи, хеликоптерот паднал во море. Засега не постојат информации за бројот на патници, а спасувачката акција е во тек.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-urna-helikopter-na-grchkiot-ostrov-evija/feed/ 0
Се урна хеликоптер во Калифорнија, четири лица загинаа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-urna-helikopter-vo-kalifornija-chetiri-lica-zaginaa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-urna-helikopter-vo-kalifornija-chetiri-lica-zaginaa/#respond Mon, 02 Aug 2021 12:48:25 +0000 https://kurir.mk/?p=545092

Во хеликоптерска несреќа во Колуса, Калифорнија загинаа четири лица, јавија американски медиуми. Во соопштението на Федералната управа за авијација (ФАА) се наведува дека хеликоптер Робинсон Р66 се урнал во 13 часот и 15 минути по локално време во Колуса, северно од Сакраменто. Од канцеларијата на шерифот на Колуса за локалната телевизија КХТВ изјавија дека четири лица загинале на самото место, а нивниот идентитет не е соопштен. Несреќата ќе ја испитаат ФАА и Националната агенција за безбедност во сообраќајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-urna-helikopter-vo-kalifornija-chetiri-lica-zaginaa/feed/ 0
Продолжува потрагата по вториот пилот од урнатиот воен хеликоптер во Хрватска https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzuva-potragata-po-vtoriot-pilot-od-urnatiot-voen-helikopter-vo-hrvatska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzuva-potragata-po-vtoriot-pilot-od-urnatiot-voen-helikopter-vo-hrvatska/#respond Tue, 28 Jan 2020 08:20:24 +0000 https://kurir.mk/?p=295570

Потрагата по вториот пилот на воениот хеликоптер кој се урна вчера на хрватскиот остров Зларин, во Јадранско Море, траеше цела ноќ, а ќе продолжи и во текот на денот. Претходно, во текот на вчерашниот ден беше пронајдено едно тело, кого спасувачите околу пладне го извлекле од морето. Во потрагата беа вклучени седум бродови и хеликоптер, а во вечерните часови и подморница на Хрватската воена морнарица, како и оперативните служби на Министерството за внатрешни работи. До падот на хеликоптерот Kiowa ОХ-58  дојде за време на тренажен лет, кој почнал околу 10.30 часот. Хеликоптерот се урна половина час по полетувањето. Хрватското Министерство за одбрана вчера соопшти дека се преземаат сите мерки и активности со цел пронаоѓање и спасување на екипажот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzuva-potragata-po-vtoriot-pilot-od-urnatiot-voen-helikopter-vo-hrvatska/feed/ 0
Ова е хеликоптерот на Коби од кој остана само пепел: Од еден детаљ внатре во него ќе ви се заледи крвта (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ova-e-helikopterot-na-kobi-od-koj-ostana-samo-pepel-od-eden-detalj-vnatre-vo-nego-kje-vi-se-zaledi-krvta-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ova-e-helikopterot-na-kobi-od-koj-ostana-samo-pepel-od-eden-detalj-vnatre-vo-nego-kje-vi-se-zaledi-krvta-foto/#respond Mon, 27 Jan 2020 14:09:19 +0000 https://kurir.mk/?p=295318

Светот денеска втор ден е во шок и неверување по големата трагедија која се случи вчера рано утрото по американско локално време. Имено легендарниот кошаркар Коби Брајант животот го загуби заедно со својата 13 годишна ќерка и седум други лица во страшна хеликоптерска несреќа. Оние фотографии кои денеска го обиколија светот се од пеплосаниот хеликоптер во кои се превезувале деветте загинати лица, но се појавија и фотографии од истиот како изгледал во минатото.   Станува збор за хеликоптерот од марката „Сикорски С-76“ во чија сопственост бил на славниот кошаркар и со истиот патувал со години. Овие фотографии од кошаркарот со хеликоптерот се направени во 2016 година и на истите Брајант се подготвуваше за неговиот последен натпревар во кариерата за Лејкерс.   Инаку фановите на големо коментираат за контроверзниот пад на хеликоптерот особено откако ги видоа деталите во неговата внатрешност и пилотската кабина која поседува речиси се ново и најмодерно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ova-e-helikopterot-na-kobi-od-koj-ostana-samo-pepel-od-eden-detalj-vnatre-vo-nego-kje-vi-se-zaledi-krvta-foto/feed/ 0
Пронајдени шест тела во урнат хеликоптер на Хаваи, се трага по седмиот патник https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeni-shest-tela-vo-urnat-helikopter-na-havai-se-traga-po-sedmiot-patnik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeni-shest-tela-vo-urnat-helikopter-na-havai-se-traga-po-sedmiot-patnik/#respond Sat, 28 Dec 2019 09:09:05 +0000 https://kurir.mk/?p=283269

Телата на шест лица се пронајдени во остатоците од хеликоптерот што се урна на хавајскиот остров Кауаи, соопштија локалните власти. – По потрагата по хеликоптерот што не се врати од обиколка на островот во четвртокот, во остатоците се пронајдени шест тела, додека по седмиот патник се уште се трага, рекоа официјални претставници додавајќи дека е малку веројатно да има преживеани. Луѓето чии тела се пронајдени сè уште не се идентификувани. Потрагата по хеликоптерот, во кој се наоѓале пилот и шест патници кои биле членови на две семејства, почна во четвртокот вечерта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeni-shest-tela-vo-urnat-helikopter-na-havai-se-traga-po-sedmiot-patnik/feed/ 0
Јужнокорејски хеликоптер со седум лица се урна во море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juznokorejski-helikopter-so-sedum-lica-se-urna-vo-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juznokorejski-helikopter-so-sedum-lica-se-urna-vo-more/#respond Fri, 01 Nov 2019 06:40:08 +0000 https://kurir.mk/?p=258640

Јужнокорејски противпожарен хеликоптер со седум лица во него се урнал во морето кај островот Докдо, изјави претставник на противпожарната служба. Британските медиуми пренесуваат дека јужнокорејската Крајбрежна стража и приватни бродови го пребаруваат брегот каде паднал хеликоптерот во потрага по евентуално преживеани, а Министерството за одбрана испратило бродови, авиони и нуркачи да помогнат во спасувањето. Хеликоптерот превезувал еден пациент до болница на јужнокорејскиот брег. Се урнал набрзо по полетувањето од островот Докдо. Островот е еден од малите острови врз кои претензии покажуваат и Јужна Кореја и Јапонија, но областа ја контролира Сеул со малубројна крајбрежна стража.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juznokorejski-helikopter-so-sedum-lica-se-urna-vo-more/feed/ 0