урнат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 23 Jul 2023 11:50:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png урнат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се урна надвозник во изградба во близина на грчкиот град Патра, во тек спасувачка акција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-urna-nadvoznik-vo-izgradba-vo-blizina-na-grchkiot-grad-patra-vo-tek-spasuvachka-aktsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-urna-nadvoznik-vo-izgradba-vo-blizina-na-grchkiot-grad-patra-vo-tek-spasuvachka-aktsija/#respond Sun, 23 Jul 2023 11:50:32 +0000 https://kurir.mk/?p=859166

Во тек е спасувачка акција на противпожарната служба на Грција во близина на грчкиот град Патра, откако од засега непознати причини, се урнал мост под изградба, а неофицијално под мостот имало луѓе, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, станува збор за надвозник кој од 2021 година е затворен поради поправки, а веројатно постојат повредени и заглавени граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-urna-nadvoznik-vo-izgradba-vo-blizina-na-grchkiot-grad-patra-vo-tek-spasuvachka-aktsija/feed/ 0
Во близина на Москва се урна хеликоптер што го користи Путин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-blizina-na-moskva-se-urna-helikopter-shto-go-koristi-putin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-blizina-na-moskva-se-urna-helikopter-shto-go-koristi-putin/#respond Sat, 28 Jan 2023 21:23:16 +0000 https://kurir.mk/?p=793286

Хеликоптер кој е дел од флотата која ги превезува највисоките руски функционери, вклучително и претседателот Владимир Путин, наводно се урнал при слетувањето во близина на Москва. – Хеликоптер Мил Ми-8 удри во земја при слетување на меѓународниот аеродром Внуково, лоциран во близина на главниот град на Русија, во петокот, објави руската државна новинска агенција Интерфакс. Службата за итни случаи, цитирана од Интерфакс, соопшти дека „според прелиминарните податоци има жртви“, но во исто време цитираа извор од аеродромот кој рече дека во инцидентот нема повредени. Рускиот Телеграм канал на Mash објави слика на која наводно се гледа хеликоптер на кој е прикажан зборот „Русија“ и лопатките на роторот на опашката кои очигледно биле отсечени. „Според нашите информации, станува збор за Mi-8MTV-1, произведен во 2013 година, а изграден за 22 патници“, пишува на каналот. Хеликоптери често го транспортираат Путин низ Русија, дополнувајќи ја неговата флота од Ил-96 и други авиони. Интерфакс соопшти дека тешкото слетување би можело да биде предизвикано од лошо време или дефект на опремата. Украинската новинска агенција Украинска правда објави дека се работи за пилотска грешка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-blizina-na-moskva-se-urna-helikopter-shto-go-koristi-putin/feed/ 0
Едно лице загина по пад на едномоторен авион во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/edno-lice-zagina-po-pad-na-ednomotoren-avion-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/edno-lice-zagina-po-pad-na-ednomotoren-avion-vo-grcija/#respond Wed, 19 Oct 2022 13:16:31 +0000 https://kurir.mk/?p=747752

Едномоторен авион се урна во близина на автопатот Атина- Солун кај градот Тива и во близина на малиот аеродром „Пернери“ што се наоѓа во областа, а пилотот го загуби животот, јави дописничката на МИА од Атина. Според противпожарната служба на Грција, интервенирале осум пожарникари со три возила и било извлечено безживотното тело на едно лице. Засега, причините за несреќата се непознати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/edno-lice-zagina-po-pad-na-ednomotoren-avion-vo-grcija/feed/ 0
Во Грција се урнал украински товарен авион кој летал од Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-se-urnal-ukrainski-tovaren-avion-koj-letal-od-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-se-urnal-ukrainski-tovaren-avion-koj-letal-od-srbija/#respond Sun, 17 Jul 2022 07:10:30 +0000 https://kurir.mk/?p=706389

Украински товарен авион „Антонов Ан-12“ со осум лица се урнал доцна синоќа во близина на градот Кавала во северна Грција. Сите осум членови на екипажот загинале. Државната телевизија „ЕРТ“ објави дека се работи за авион „Антонов Ан-12“ во сопственост на украинска компанија, кој летал од Србија за Јордан. Авионот полетал од Ниш, Србија и бил на пат за Аман, Јордан кога пилотот пријавил проблеми со моторот и побарал итно слетување на грчкиот аеродром во Кавала, но авионот не успеал да слета и се урнал на околу 40 километри од аеродромот. Авионот за влакно промашил куќи и уништил електрични столбови. Снемало струја во околните села. Патеката на летот на авионот прикажана на веб-страницата „Flightradar24“ покажува дека авионот на компанијата „Меридијан“ стигнал до северниот дел на Егејот во близина на полуостровот Халкидики пред да се сврти и да се упати назад кон Кавала. Пилотот побарал итно слетување поради проблеми со моторот, но сигналот на авионот бил изгубен. Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат дека авионот во пламен брзо се спушта пред да удри во земјата. На местото на настанот и неколку часа по падот на авионот можеле да се слушнат експлозии. Отпадоците се расфрлани во радиус од неколку стотици метри, а просторот е ограден. Голем број пожарникари, брза помош и полиција отидшле во областа пред да се повлечат и да им наредат на новинарите и на присутните веднаш да заминат. Пожарникар за „ЕРТ“ изјави дека чекаат специјалци и дека двајца колеги се пренесени во болница со тешкотии со дишењето. Пожарникарите соопштија дека во гаснењето на пожарот кој избувна по несреќата се ангажирани 15 пожарникари и седум возила. На местото на настанот се испратени повеќе спасувачи. Товарен авион кој превезувал опасен материјал се урна во близина на градот Кавала во североисточна Грција, предизвикувајќи пожар со остар мирис, соопштија локалните власти. На жителите кои живеат во близина, грчката цивилна заштита им порача да ги затвораат прозорците и да не ги вклучуваат клима уредите. Градоначалникот на малиот град Пангео, Филипос Анастасиадис изјави дека авионот „носел опасен материјал, веројатно муниција“. Тој за „ЕРТ“ изјави дека во авионот немало хемиски или нуклеарен материјал. Армијата е на пат кон местото на несреќата, додаде тој. Државните медиуми објавија дека во воздухот има отровни испарувања од палењето на 12 тони товар. На местото на настанот се и воени истражители. Очигледно таму има непозната бела материја, но грчките медиуми јавуваат дека мерните инструменти не покажале ништо алармантно. Тие известуваат и дека ќе биде подигнат дрон со цел да се проучи целата област каде што се разлетале делови од авионот. Откако ќе се утврди дека областа е безбедна, треба да започне истрага.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-se-urnal-ukrainski-tovaren-avion-koj-letal-od-srbija/feed/ 0
Се урна руски авион со воена опрема, загина екипажот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-urna-ruski-avion-so-voena-oprema-zagina-ekipazot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-urna-ruski-avion-so-voena-oprema-zagina-ekipazot/#respond Thu, 24 Feb 2022 20:30:29 +0000 https://kurir.mk/?p=636269

Авион АН 26 се урна во регионот Воронеж, при што загинаа членови на екипажот. Авионот превезувал воена опрема. Според првите информации, причина за падот е дефект на леталото, а на лице место е испратена комисија која ќе спроведе истрага.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-urna-ruski-avion-so-voena-oprema-zagina-ekipazot/feed/ 0
Се сруши руски воен авион – снимен моментот кога се запалил и урнал истиот, има и загинати (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-srushi-ruski-voen-avion-snimen-momentot-koga-se-zapalil-i-urnal-istiot-ima-i-zaginati-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-srushi-ruski-voen-avion-snimen-momentot-koga-se-zapalil-i-urnal-istiot-ima-i-zaginati-video/#respond Tue, 17 Aug 2021 13:34:17 +0000 https://kurir.mk/?p=551678

Рускиот воен авион „Ил-1 12В“ денеска се сруши откако се запалил десниот мотор на авионот, соопшти руската државна компанија УАК, пренесува ТАС. „Според прелиминарна верзија на настаните, десниот мотор на авионот „Ил-1 12В“ се запалил“ соопштија од компанијата. Тие велат дека авионот се срушил при пробен лет. Авионот во пожарот бил целосно уништен и покрај напорите за негово гаснење. Пилотите кои управувале со авионот направиле се што можеле за да ја спречат катастрофата и да го одалечат авионот од населените места, соопштија од компанијата. Тројцата кои биле во авионот се загинати. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-srushi-ruski-voen-avion-snimen-momentot-koga-se-zapalil-i-urnal-istiot-ima-i-zaginati-video/feed/ 0
Пронајдени делови од индонезискиот авион што се урна во Јаванско море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeni-delovi-od-indoneziskiot-avion-shto-se-urna-vo-javansko-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeni-delovi-od-indoneziskiot-avion-shto-se-urna-vo-javansko-more/#respond Sun, 10 Jan 2021 07:59:43 +0000 https://kurir.mk/?p=453276

На длабочина од 23 метри во Јаванско море, нуркачите денеска пронајдоа делови од индонезискиот Боинг 737-500, кој се урна вчера непосредно по полетувањето од аеродромот во Џакарта со 62 патници и членови на екипажот. „Сигурни сме дека нуркачите ја испитуваат локацијата каде авионот падна во морето“, рече шефот на службата за цивилно воздухопловство, Хади Тиџханто, додавајќи дека се пронајдени скршени делови од авионот, посмртни останки и облека. Пресвртна точка во потрагата по авионот на компанијата Сривиџаја на летот 182 беше кога сонар од воен брод откри сигнал од локаторот на авионот на место за кое претходно се сомневаше дека е местото на несреќата. Сепак, сè уште не е познато ништо за причините за падот на авионот, а се претпоставува дека нема преживеани. – Сакам да изразам длабоко сочувство во името на сите индонезиски граѓани за оваа трагедија. Се молиме да најдеме некој што преживеал, рече претседателот на Индонезија, Џоко Видодо. Несреќата најпрво ја пријавиле рибари кои ловеле во водите на Јаванско море и кои вчера околу 14,30 часот најпрво ја слушнале експлозијата, а потоа виделе голема воден столб и бран како се движат кон нив. Властите веднаш отворија два кризни центри, еден на аеродромот во Џакарта и еден во пристаништето, а претседателот на авиокомпанијата Сривиџаја изјави дека авионот, стар 26 години, бил технички исправен и дека летот доцнел поради лошите временски услови, а не поради проблеми со исправноста на леталото. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeni-delovi-od-indoneziskiot-avion-shto-se-urna-vo-javansko-more/feed/ 0
Се урна патнички авион близу Џакарта, најмалку 50 загинати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-urna-patnichki-avion-blizu-dzakarta-najmalku-50-zaginati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-urna-patnichki-avion-blizu-dzakarta-najmalku-50-zaginati/#respond Sat, 09 Jan 2021 11:51:35 +0000 https://kurir.mk/?p=453090

Повеќе од 50 патници загинаа во авионска несреќа близу Џакарта, јавија локалните медиуми. Авион на авиокомпанијата Сривиџава ер се урна неколку минути по полетувањето од аеродромот во Џакарта. Авионот се урнал од висина од околу три километри за помалку од една минута. Станува збор за авион Боинг 737-500, а властите најавија дополнителни информации за несреќата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-urna-patnichki-avion-blizu-dzakarta-najmalku-50-zaginati/feed/ 0
Најмалку 13 жртви при уривање на ресторан во Кина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-13-zrtvi-pri-urivanje-na-restoran-vo-kina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-13-zrtvi-pri-urivanje-na-restoran-vo-kina/#respond Sat, 29 Aug 2020 14:00:04 +0000 https://kurir.mk/?p=396640

Најмалку 13 лица загинаа откако се урна двокатен ресторан за време на собир што се одржал во него претпладнево, јавија кинеските медиуми. Државната кинеска телевизија ЦТВ на социјалните мрежи објави дека, покрај 13 мртви, од под урнатините биле извлечени уште 30 лица, меѓу кои четворица со сериозни повреди. Несреќата се случила во округот Чангфен во провинцијата Шанкси, околу 630 километри југозападно од Пекинг. Причината за несреќата сè уште не е позната.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-13-zrtvi-pri-urivanje-na-restoran-vo-kina/feed/ 0
Се урна глечерот Туртемањ во кантонот Вале-Швајцарија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-urna-glecherot-turtemanj-vo-kantonot-vale-shvajcarija-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-urna-glecherot-turtemanj-vo-kantonot-vale-shvajcarija-2/#respond Fri, 14 Aug 2020 13:07:45 +0000 https://kurir.mk/?p=390798

Во Швајцарија, на Алпите, долниот дел на глечерот Туртемањ се одвои од горниот дел. Настан, кој треба да предупреди уште еднаш за последиците од глобалното затоплување, јави дописникот на МИА. Предупредување беше дадено најрво од друг алпски глечер, оној на Плапинцио, кој се наоѓа во масивот на Мон-Блан, на француско-италијанската граница. Сепак, рушењето на глечерот се случи во Швајцарија, поточно на глечерот Тортемањ, во кантонот Вале, кој делумно пропадна. Лавина на парчиња мраз, снимена од сведоци на тажниот спектакл. Глечерот стануваше потенок од година на година, и се закануваше да се урне. Сега е готово. Долниот дел на глечерот Туртемањ се одвои од горниот дел. Настан, кој според специјалистите треба да предупреди уште еднаш за последиците од глобалното затоплување. Сепак, ова не е изолирана катастрофа и уште еднаш ги доведе во прашање човековите активности и нивните влијанија врз природата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-urna-glecherot-turtemanj-vo-kantonot-vale-shvajcarija-2/feed/ 0