урнати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 11 Jun 2020 07:30:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png урнати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 САД: Демонстранти уриваа статуи на Колумбо и Џеферсон Дејвис (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-demonstranti-urivaa-statui-na-kolumbo-i-dzeferson-dejvis-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-demonstranti-urivaa-statui-na-kolumbo-i-dzeferson-dejvis-video/#respond Thu, 11 Jun 2020 07:30:37 +0000 https://kurir.mk/?p=356437

Статуи на Кристофер Колумбо и поранешниот претседател на Конфедеративните Американски Држави, Џеферсон Дејвис беа урнати за време на протестите против расизмот и полициската бруталност во сојузните држави Минесота, Вирџинија и Масачусетс. Искршена е главата од статуа на Христофер Колумбо во Бостон, соопшти полицијата синоќа, по повици на демонстранти за отстранување на статуи кои се знак на сеќавање на колонизатори и робовладетели, што ги зафаќаат САД по протестите против расизмот. Статуа на Колумбо, исто така, беше вандализирана во центарот на Мајами, а друга беше отстранета и фрлена во езеро во неделата во Ричмонд, Вирџинија. Демонстрантите со помош на јажиња ја урнаа бронзената статуа на Колумбо во градот Сент Пол во Минесота. Демонстрантите наведоа дека според нив, Колумбо е симбол на геноцид врз Индијанците. Додадоа дека неколкупати се обиделе да ја отстранат статуата преку политички процес, но не успеале. Државните патролни војници, со шлемови што го обезбедуваа комплексот Капитол во Минесота, стоеја на оддалеченост, и не се обидоа да ги запрат демонстрантите, кои подоцна го прославија уривањето на статуата пеејќи индијански песни. Сличен инцидент се случи во Ричмонд, каде демонстрантите ја урнаа статуата на претседателот на Конфедерацијата Џеферсон Дејвис. Минатата недела гувернерот на Вирџинија нареди отстранување на статуа на еден од хероите на Конфедерацијата, генерал Роберт Лиј. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-demonstranti-urivaa-statui-na-kolumbo-i-dzeferson-dejvis-video/feed/ 0