урнатини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 18 Feb 2023 13:28:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png урнатини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ПОЧИНАЛО ВО АМБУЛАНТНО ВОЗИЛО: 12-годишното дете кое денеска беше извлечено од под урнатините во Турција го загуби животот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochinalo-vo-ambulantno-vozilo-12-godishnoto-dete-koe-deneska-beshe-izvlecheno-od-pod-urnatinite-vo-turtsija-go-zagubi-zhivotot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochinalo-vo-ambulantno-vozilo-12-godishnoto-dete-koe-deneska-beshe-izvlecheno-od-pod-urnatinite-vo-turtsija-go-zagubi-zhivotot/#respond Sat, 18 Feb 2023 13:27:25 +0000 https://kurir.mk/?p=802094

Почина 12-годишното дете кое по 296 часа денес беше извлечено од урнатините во Турција. Како што јави „Ал Џезира“ детето починало во возилото на Итната помош, а неговите родители кои, истотака, беа спасени денес се во стабилна состојба. Според информациите станува збор за петчлено семејство. Спасената брачна двојка имала уште две деца кои за жал, веќе биле починати под урнатините пред да пристигнат спасувачите. Во Сирија и Турција сè уште траат напорите за извлекување на преживеаните од урнатините, но фокусот полека се насочува кон хуманитарната помош. Турската влада посочува дека најмалку 84.000 згради, со повеќе од 332.000 станови, се уништени или оштетени до тој степен што не можат да се користат. Областа во Турција која беше погодена од земјотресот е дом на 14 милиони луѓе, што е 16 отсто од вкупното население. Сè уште нема официјални податоци за бројот на раселените луѓе во Турција, но потпретседателот на земјата рече дека повеќе од еден милион луѓе се во шаторски кампови. Кога станува збор за Сирија, ОН проценуваат дека 5,3 милиони луѓе се бездомници.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochinalo-vo-ambulantno-vozilo-12-godishnoto-dete-koe-deneska-beshe-izvlecheno-od-pod-urnatinite-vo-turtsija-go-zagubi-zhivotot/feed/ 0
Телото на фудбалерот Атсу пронајдено под урнатините во турскиот град Антакија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/teloto-na-fudbalerot-atsu-pronajdeno-pod-urnatinite-vo-turskiot-grad-antakija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/teloto-na-fudbalerot-atsu-pronajdeno-pod-urnatinite-vo-turskiot-grad-antakija/#respond Sat, 18 Feb 2023 10:05:39 +0000 https://kurir.mk/?p=802048

Телото на фудбалерот Кристијан Атсу е пронајдено во урнатините на турскиот град Антакија дванаесет дена по силните земјотреси, пишуваат турските медиуми, повикувајќи се на соопштението на менаџерот Мурат Узунмехмет. Атсу имаше 31 година и беше играч на турскиот прволигаш Хатајспор. Иако неколку часа по земјотресот беше објавено дека тој е пронајден и хоспитализиран, оваа информација два дена подоцна беше демантирана. Ден пред земјотресот, фудбалерот од Гана беше единствениот стрелец во победата на Хатајспор над Касимпас од 1:0. Атсу ја започна кариерата како играч на Порто, од кој беше продаден во Челзи. Како член на Челзи беше на бројни позајмици, а на крајот беше купен од Њукасл и таму остана од 2016 до 2021 година. Тој пристигна во Турција на почетокот на оваа сезона. За репрезентацијата на Гана играше 65 пати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/teloto-na-fudbalerot-atsu-pronajdeno-pod-urnatinite-vo-turskiot-grad-antakija/feed/ 0
Колку долго луѓето можат да преживеат заробени под урнатините? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kolku-dolgo-lugeto-mozhat-da-prezhiveat-zarobeni-pod-urnatinite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kolku-dolgo-lugeto-mozhat-da-prezhiveat-zarobeni-pod-urnatinite/#respond Sat, 11 Feb 2023 11:07:57 +0000 https://kurir.mk/?p=799258

Студ, глад ​​и очај зафатија стотици илјади луѓе кои останаа без покрив над главата по земјотресот во Турција и Сирија, најсмртоносниот во регионот во последните децении. Спасувачите се тркаат со времето, но со секој изминат час се намалуваат шансите да се најдат преживеани под урнатините. Докторката и член на ХГСС Ивон Ланчиќ беше прашана од Index.hr колку долго луѓе можат да преживеат заробени под урнатините. „Не можеме точно да предвидиме колку долго човек може да преживее под урнатините, но можеме да сметаме дека сè зависи првенствено од снабдувањето со кислород. Ако не може да дише, ако нема никаква комуникација со надворешен проток на воздух, ќе се задуши во првите 20 до 60 минути“, вели Ланчиќ, која учествуваше во потрагата по земјотресот во Петриња. Доколку имаат доволно воздух и вода, заробените под урнатините можат да преживеат и до 21 ден. „Ако немаат вода, просекот е три до четири дена. Во просек, луѓето можат да останат без храна 13 до 14 дена, иако најдолгиот забележан период е 21 ден. Тука, секако, зборуваме за здрава и млада личност. Помал процент на преживување во овие ситуации имаат постарите, болните и децата“, рече Ланчиќ. Последните денови од Турција пристигнуваат бројни вести за деца и бебиња кои се пронајдени живи. Десетгодишното момче кое поминало 90 часа под урнатините со својата мајка е спасено во провинцијата Хатај. Исто така во Хатај, седумгодишното девојче Асја Донмез беше спасено по 95 часа и пренесено во болница. „Ваквите вести се поатрактивни, па ги слушаме. Децата се всушност многу почувствителни на вакви ситуации, особено на ниски температури. Децата губат топлина многу побрзо. Површината на главата на детето, која е најчесто изложена, е од 18 до 20 проценти од вкупната површина на телото. Кај возрасните, тоа е околу 9 проценти. Затоа мало дете многу побрзо ја губи топлината“, вели Ланчиќ. Во овие ситуации важна улога играат и резервите на маснотии, кои децата ги имаат помалку, забележува таа. Во текот на ноќта температурите во најпогоденото подрачје од земјотресот се спуштаат под нулата. „Ниските температури не се погодни за стапката на преживување“. Сепак, температурата под урнатините е малку повисока отколку на отворено. Преживеаните бебиња и доенчиња најверојатно мајката ги греела со своето тело“, изјави лекарката. Спасувачите со денови ќе пронаоѓаат преживеани под урнатините, вели Ланчиќ. Посебно оние кои поминаа без повреди. Оние кои се здобиле со некои драстични повреди починале во првите 24 до 48 часа. Оние кои се малку подебели веројатно ќе преживеат подолго од другите, вели Ивон Ланчиќ. Овонеделниот земјотрес е седма најсмртоносна природна катастрофа на векот, со повеќе смртни случаи од цунамито во Јапонија во 2011 година и блиску зад земјотресот во соседен Иран во 2003 година, во кој загинаа 31.000 луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kolku-dolgo-lugeto-mozhat-da-prezhiveat-zarobeni-pod-urnatinite/feed/ 0
Видео кое масовно се споделува: Момче од Сирија заглавено под рушевините објави снимка – „Не знам дали ќе преживеам“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-koe-masovno-se-spodeluva-momche-od-sirija-zaglaveno-pod-rushevinite-objavi-snimka-ne-znam-dali-ke-prezhiveam/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-koe-masovno-se-spodeluva-momche-od-sirija-zaglaveno-pod-rushevinite-objavi-snimka-ne-znam-dali-ke-prezhiveam/#respond Wed, 08 Feb 2023 11:51:15 +0000 https://kurir.mk/?p=797861

Видео снимка на која момче од Сирија заробено под урнатините бара помош, масовно се споделува на социјалните мрежи. -Го снимам ова видео, не знам дали ќе преживеам или ќе умрам. Ако ова видео се сподели, можеби значи дека ќе ме пронајдат, вели момчето. Додава дека никој не можеше да знае низ што поминува, доколку не бил во негова ситуација. -Не можете да го знаете ова чувство ако не сте го доживеале. Ова можат да го разберат само оние кои еднаш биле под рушевини, додава тој посочувајќи дека во зградата во која живеел имало уште три или четири семејства. Повици за помош во позадина на видеото се слушаат и од други луѓе кои се заробени.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-koe-masovno-se-spodeluva-momche-od-sirija-zaglaveno-pod-rushevinite-objavi-snimka-ne-znam-dali-ke-prezhiveam/feed/ 0
ФОТО: Брачен пар од Сараево сака да го посвои бебето родено под урнатините https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-brachen-par-od-saraevo-saka-da-go-posvoi-bebeto-rodeno-pod-urnatinite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-brachen-par-od-saraevo-saka-da-go-posvoi-bebeto-rodeno-pod-urnatinite/#respond Wed, 08 Feb 2023 09:07:14 +0000 https://kurir.mk/?p=797745

Светот го обиколи веста дека бебе е родено под урнатините во Сирија, по разорниот земјотрес. Видео снимката од моментот кога спасувачите го пренесуваат штотуку роденото бебе на сигурно ги преплави социјалните мрежи. Станува збор за девојче, кое е пренесено во болница и е здраво. Порталот Аваз, пишува дека нивната редакција била контактирана од млад брачен пар од Сараево кој сака да го посвои девојчето. Мајката на бебето почина, а тоа нема други преживеани членови од семејството. -Ве молиме да ни помогнете, да дојдете до ова дете и да му пружиме бескрајна љубов и утеха. Објавете вест, да се знае дека во Сараево постојат двајца млади луѓе кои немаат свои деца, а кои би сакале да го посвојат ова бебе и да му ја пружат сета љубов на светот, со солзи изјавила младата жена за Аваз.  

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-brachen-par-od-saraevo-saka-da-go-posvoi-bebeto-rodeno-pod-urnatinite/feed/ 0
ЧУДО ВО СИРИСКИОТ ГРАД АЛЕПО: Жена се породила под урнатините – бебето живо и здраво, но мајката не го преживеала земјотресот (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chudo-vo-siriskiot-grad-alepo-zhena-se-porodila-pod-urnatinite-bebeto-zhivo-i-zdravo-no-majkata-ne-go-prezhiveala-zemjotresot-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chudo-vo-siriskiot-grad-alepo-zhena-se-porodila-pod-urnatinite-bebeto-zhivo-i-zdravo-no-majkata-ne-go-prezhiveala-zemjotresot-video/#respond Mon, 06 Feb 2023 19:55:27 +0000 https://kurir.mk/?p=796969

И покрај тешката ситуација во која се наоѓа градот, во целата несреќе во Алепо се случи чудо. Имено, жена под урнатините на свет донела ждраво бебе, но за жал истата не го преживеала резорниот земјотрес. На видеото во продолжение се гледа моментот како еден маж го носи штотолку роденото бебенце на потребната прва помош.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chudo-vo-siriskiot-grad-alepo-zhena-se-porodila-pod-urnatinite-bebeto-zhivo-i-zdravo-no-majkata-ne-go-prezhiveala-zemjotresot-video/feed/ 0
ШЕСТГОДИШНО МОМЧЕ СПАСЕНО ВО ИНДОНЕЗИЈА: Цели два дена било заглавено во урнатините по земјотресот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shestgodishno-momche-spaseno-vo-indonezija-celi-dva-dena-bilo-zaglaveno-vo-urnatinite-po-zemjotresot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shestgodishno-momche-spaseno-vo-indonezija-celi-dva-dena-bilo-zaglaveno-vo-urnatinite-po-zemjotresot/#respond Wed, 23 Nov 2022 11:24:31 +0000 https://kurir.mk/?p=765324

Шестгодишно момче беше спасено од урнатините два дена по земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтер што ја погоди Западна Јава, при што загинаа најмалку 268 луѓе, изјави денеска пожарникар вклучен во спасувањето. – Момчето Азја утрово беше пронајдено живо под урнатините на куќа во селото Нагрек во областа Цианџур , околу 40 часа по земјотресот, изјави пожарникарот Аман Ријанто. „Тој сè уште дишеше. Му благодарам на Господ што беше жив, веднаш доби медицинска помош“, рече тој. Меѓу загинатите во земјотресот има и многу деца кои по училиштето посетувале часови по веронаука во џамиите, соопштија официјални лица. Според Националната агенција за управување со катастрофи, околу 150 лица во Цианџур се уште се водат како исчезнати. Повеќе од 1.000 луѓе се повредени, а 58.000 се раселени. Земјотресот предизвика лизгање на земјиштето кое затрупа куќи и луѓе. Повеќе од 2.300 згради и домови се оштетени во земјотресот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shestgodishno-momche-spaseno-vo-indonezija-celi-dva-dena-bilo-zaglaveno-vo-urnatinite-po-zemjotresot/feed/ 0
Почна уривањето на оштетените згради во Петриња https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochna-urivanjeto-na-oshtetenite-zgradi-vo-petrinja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochna-urivanjeto-na-oshtetenite-zgradi-vo-petrinja/#respond Thu, 31 Dec 2020 13:21:52 +0000 https://kurir.mk/?p=450704

Во Петриња, хрватскиот град – најтешко погоден од земјотресот со јачина од 6,2 степени по Рихтеровата скала, почна уривањето на оштетените згради од потресот. Најмалку 50 згради во центарот на Петриња мора да се урнат, бидејќи претставуваат опасност за безбедноста на граѓаните. Во меѓувреме, тлото не се смирува, регистрирани се нови вторични потреси, а властите прават проценка на материјалната штета. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochna-urivanjeto-na-oshtetenite-zgradi-vo-petrinja/feed/ 0
Идентификуван бомбашот од Нешвил, неговите останки најдени во урнатините https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/identifikuvan-bombashot-od-neshvil-negovite-ostanki-najdeni-vo-urnatinite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/identifikuvan-bombashot-od-neshvil-negovite-ostanki-najdeni-vo-urnatinite/#respond Mon, 28 Dec 2020 06:35:28 +0000 https://kurir.mk/?p=449196

Безбедносните служби на САД го идентификуваа бомбашот кој ја активира експлозивната направа поставена во кампинг возило во центарот на Нешвил, Тенеси – се работи за Ентони Варнер (67) кој загинал во инцидентот. Експлозијата одекна во раните утрински часови на празникот Божиќ, при што беа уништени повеќе објекти, тројца случајни минувачи беа повредени. Истражителите ги споредија човечките останки најдени на местото на настанот со ДНК-то од Вернер, потврдувајќи ја верзијата дека тој се кренал во воздух со бомба поставена во своето кампинг комбе. Безбедносните органи сега го утврдуваат мотивот. Истражители од Федералното биро за истраги (ФБИ) работеа на случајот и ги собираа расфрланите парчиња и останки на местото на настанот. ДНК-то од Вернер тие го добија од домот на осомничениот околу 16 километри југоисточно од местот на експлозијата, што бил лоциран после „стотици дојави“. Соседите потврдиле дека пред неколку месеци виделе слично кампинг возило паркирано пред неговата куќа. Возилото што експлодира во петокот било поставено покрај базна станица на мобилниот оператор „Еј-ти енд ти“, со што интернет и мобилните врски во центар на Нешвил сеуште се прекинати или ослабени. Градот е потресен од овој терористички чин. Американските весници пренесуваат изјави од соседи и роднини кои го опишуваат Вернер како повлечен и осамен човек кој претходно работел како компјутерски специјалист. Полицијата во петокот рано изутрина одговори на дојави за пукотници во близина на паркирано кампинг комбе на Втора авенија-север, од возилото ечел глас преку разглас со порака за поставена бомба и дека може да детонира. Експлозијата одекна во неколку блока, кршејќи прозори и уништивајќи фасади, неколку автомобили се запалија, делумно се урна и една зграда. Според службите, ако комбето експлодирало во текот на денот, а не во раните утрински часови, и без предупредување, со што полицијата имаше време да го расчисти теренот, тогаш последиците би биле трагични, со многу жртви. Вака, покрај разнесениот бомбаш, беа повредени само тројца случајни минувачи, а полесно беа повреднеини и тројца полицајци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/identifikuvan-bombashot-od-neshvil-negovite-ostanki-najdeni-vo-urnatinite/feed/ 0
ВИДЕО: Чудо во Турција – По 65 часа поминати под урнатините, спасено 3 годишно девојче https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-chudo-vo-turcija-po-65-chasa-pominati-pod-urnatinite-spaseno-3-godishno-devojche/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-chudo-vo-turcija-po-65-chasa-pominati-pod-urnatinite-spaseno-3-godishno-devojche/#respond Mon, 02 Nov 2020 08:55:13 +0000 https://kurir.mk/?p=423567

Од под урнатините на една зграда во Измир спасувачките екипи извлекоа три годишно девојче, соопштија турски официјални лица. Три дена по разорниот земјотрес кој погоди западни делови од Турција и делови во Грција, бројот на жртвите порасна на 81, а спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преживеани од под урнатините на осумте згради во Измир. На снимките кои кружат на Интернет прикажано е како спасувачите ја извлекуваат 3 годишната Елиф и ја пренесуваат до амбулатното возило. Девојчето по име Елиф Перинчек е извадена од под урнатините речиси 65 часа по земјотресот, таа е 106 лице кое е спасено од под урнатините и однесено во болница. Мајката на Елиф, Сехер Дерели Перинчек, нејзините 10-годишни братче и сестричка близнаци Езел и Елзем Перинчек, како и нејзиното седумгодишно братче Умут Перинчек, беа спасени од урнатините 23 часа по земјотресот. Сепак, Умут го загуби својот живот, додека нејзината мајка и братчето и сестричката се на лекување. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-chudo-vo-turcija-po-65-chasa-pominati-pod-urnatinite-spaseno-3-godishno-devojche/feed/ 0