Урошевац – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 05 Jan 2021 16:34:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Урошевац – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бројот на повредени во експлозијата во ресторан во Урошевац се зголеми на 42 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/region/brojot-na-povredeni-vo-eksplozijata-vo-restoran-vo-uroshevac-se-zgolemi-na-42-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/brojot-na-povredeni-vo-eksplozijata-vo-restoran-vo-uroshevac-se-zgolemi-na-42-lica/#respond Tue, 05 Jan 2021 16:34:55 +0000 https://kurir.mk/?p=452233

Бројот на повредени во денешната експлозија во ресторанот „Вилиџ“ во Урошевац (Феризај) во Косово, се искачи на 42, а меѓу нив има и две малолетни лица, изјави денеска градоначалникот Казим Река. Во изјава за приштинскиот портал Телеграфи тој рече дека 12 повредени лица биле испратени во Ургентниот центар во Приштина, пренесува Танјуг. Експлозијата се случи околу 15 часот и според првичните податоци, се верува дека е предизвикана од плинска боца во ресторанот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/brojot-na-povredeni-vo-eksplozijata-vo-restoran-vo-uroshevac-se-zgolemi-na-42-lica/feed/ 0
Експлозија во кафуле во Урошевац, повредени најмалку 30 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eksplozija-vo-kafule-vo-uroshevac-povredeni-najmalku-30-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eksplozija-vo-kafule-vo-uroshevac-povredeni-najmalku-30-lica/#respond Tue, 05 Jan 2021 15:43:01 +0000 https://kurir.mk/?p=452223

Најмалку 31 лице е повредено во експлозија во кафуле во Урошевац (Феризај), потврди локалниот обвинител Шукри Јашари. Причината за експлозијата е непозната. Меѓу повредените има и две деца. Четири лица се во тешка здравствена состојба. Приштинските медиуми наведуваат дека експлозија на бомба во еден бар во Урошевац повреди 31 лице, од кои две потешко. Според други медиуми, причина за експлозијата е боца со гас. Директорот на болницата во Урошевац, Јетон Зеќири, рече дека 22 лица повредени во експлозијата се згрижени во таа институција, како и дека осуммина се пренесени во клиничкиот центар во Приштина поради сериозноста на повредите. – Четири лица претрпеа сериозни изгореници и се во животна опасност, рече Зеќири. На местото на експлозијата има голем број припадници на полицијата, пожарникари и екипи на Брза помош. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eksplozija-vo-kafule-vo-uroshevac-povredeni-najmalku-30-lica/feed/ 0
Косовските власти ја ставија во карантин цела општина Урошевац https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskite-vlasti-ja-stavija-vo-karantin-cela-opshtina-uroshevac/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskite-vlasti-ja-stavija-vo-karantin-cela-opshtina-uroshevac/#respond Sat, 11 Apr 2020 18:50:52 +0000 https://kurir.mk/?p=330800

Министерството за здравство на Косово одлучи денеска да прогласи карантин на територијата на цела општина Урошевац, поради ширењето на епидемијата на Ковид-19 во таа област, јави дописникот на МИА од Приштина. Одлуката, која министерството попладнево му ја достави на градоначалникот на Урошевац Агим Алиу, е донесена откако во текот на вчерашниот ден во таа општина беа потврдени 18 нови случаи на носители на вирусот. Претходно во Урошевац имаше двајца заразени од новиот коронавирус, додека денеска се очекуваат резултатите од испитување на примероците на 65 лица кои биле во контакт со новите заболени. Од појавата на првите случаи, на 13 март, заклучно со вчерашниот ден, во Косово се регистрирани вкупно 250 заразени. Излекувани се 52 лица кај кои претходно било утврдено присуството на вирусот, а истовремено се забележани и седуммина починати како последица на епидемијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskite-vlasti-ja-stavija-vo-karantin-cela-opshtina-uroshevac/feed/ 0