Урсула фон дел Лајен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 15 Nov 2022 08:03:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Урсула фон дел Лајен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Фон дер Лајен ја обвини Русија дека гори гас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-ja-obvini-rusija-deka-gori-gas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-ja-obvini-rusija-deka-gori-gas/#respond Tue, 15 Nov 2022 08:03:20 +0000 https://kurir.mk/?p=760707

Русија е позаинтересирана да го користи својот гас како оружје – дури и ако тоа значи да го уништи наместо да го продаде – како одговор на западните санкции против нејзината инвазија врз Украина, обвини денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен. Москва ја прекина испораката на гас за ЕУ претходно оваа година како одмазда за санкциите воведени поради инвазијата врз Украина. – Гледаме дека Русија го гори својот гас наместо да го продава, рече фон дер Лајен за време на првата сесија на годишниот самит на групата водечки светски економии во Индонезија, пренесе ДПА. Руското однесување „создаваше недостиг на глобалните енергетски пазари и предизвикуваше вртоглаво раст на цените“, рече претседателката на ЕК. Затоа, ЕУ го поддржа воведувањето на ограничување на цената на нафтата, додаде таа, нагласувајќи дека тоа ќе биде од корист и за земјите со низок и среден приход. – Но, нашиот најдобар одговор на ситуацијата е да ја забрзаме транзицијата кон чисти форми на енергија, додаде фон дер Лајен. Ова беше „единствениот одговор и на енергетската и на климатската криза“, а нуди и огромни можности за другите региони во светот. Според неа, Европа во следните пет години за таа цел би инвестирала најмалку 4 милијарди евра (4,1 милијарди долари) во обновливи извори на енергија како што е водородот. Ова, исто така, ќе поттикне огромни приватни инвестиции, рече таа. Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој исто така присуствува на самитот на Г20 на индонезискиот остров Бали, исто така ја нападна Русија, според учесниците на првата сесија на самитот, обвинувајќи ја Москва дека ја инструментализирала енергијата како оружје, со негативни ефекти врз економијата кои не се чувствуваат само во Европа туку и во светот. Г20 е група водечки светски економии кои редовно се состануваат за да разговараат за клучни глобални прашања, оваа година во услови на невидени тензии поради руската инвазија врз Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-ja-obvini-rusija-deka-gori-gas/feed/ 0
Повторно „северномакедонци/северномакедонски“ во речникот на Фон дер Лајен и ЕК, Османи вели да сме коректни и да не замеруваме на лапсусот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-severnomakedonci-severnomakedonski-vo-rechnikot-na-fon-der-lajen-i-ek-osmani-veli-da-sme-korektni-i-da-ne-zameruvame-na-lapsusot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-severnomakedonci-severnomakedonski-vo-rechnikot-na-fon-der-lajen-i-ek-osmani-veli-da-sme-korektni-i-da-ne-zameruvame-na-lapsusot/#respond Fri, 28 Oct 2022 09:46:56 +0000 https://kurir.mk/?p=751693

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на вчерашната прес-конференција во Владата која ја одржа заедно со премиерот Димитар Ковачевски не’ нарече „северномакедонци“. Ковачевски премолче и продолжи со прес-конференцијата, а денеска шефот на македонската дипломатија Бујар Османи во одбрана на фон дер Лајен. Вели, било лапсус и не треба да има реакција. Во одговор на новинарско прашање на денешниот брифинг истакна дека треба да бидеме коректни и да нема реакција на изјавата на претседателката на Европската Комисиј. Вели дека таа била коректна за време на целата прес-конференција што ја одржа во Скопје во однос на јазикот и другите идентитетски атрибути. – Да имате фокус на претседател на Европска Комисија, на Влада на најголемата економија во светот. Да доаѓа секој месец во една мала држава, нешто што го посакуваат големите држави во Европската Унија, да ја имаат Фон дер Лајен во нивните земји и да покаже таков интерес. Да има такви прес-конференции по однос на тоа што нас ни е важно, во однос на тоа дека јазикот станува еден од службените јазици, дека припаѓаме таму и да направи еден лапсус од тоа да создадете анимозитет кон тој интерес што го покажува, а не знам дали ќе го имаме постојано, истакна Османи. Во текот на вчерашниот ден со реакција излезе и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој побара извинување доколку се работи за намерна употреба на терминот. -Доколку ословувањето на Урсула Фон дер Лајен, како „северномакедонци“ беше ненамерна грешка очекував барем тие до неа да ја коригираат. Доколку пак е намерно тогаш е страшно и очекувам денес да се извини, вели Мицкоски. За потсетување ова не е првпат да се случи ваков лапсус, како што го нарекува Османи. Во јули годинава таа беше во посета на Македонија каде оставри средба со претседателот на државата Стево Пендаровски и премиерот Ковачевски, а имаше и обраќање во законодавниот дом. Најавувајќи ги овие средби на својот Твитер профил, Европската комисија чиј претседател е Фон дер Лајен, напиша дека таа ќе се сретне со „северномакедонскиот“ претседател и ќе се обрати пред „северномакедонскиот“ парламент. Набрзо потоа твитот беше избршан и објавен корегиран. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-severnomakedonci-severnomakedonski-vo-rechnikot-na-fon-der-lajen-i-ek-osmani-veli-da-sme-korektni-i-da-ne-zameruvame-na-lapsusot/feed/ 0
Фон дер Лајен утре ќе ја посети БиХ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/fon-der-lajen-utre-kje-ja-poseti-bih/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/fon-der-lajen-utre-kje-ja-poseti-bih/#respond Thu, 27 Oct 2022 11:04:53 +0000 https://kurir.mk/?p=751173

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, утре ќе ја посети Босна и Херцеговина во рамки на нејзината турнеја низ Западен Балкан, соопшти Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина. Доаѓањето на Фон дер Лајен во БиХ е поврзано со неодамнешната препорака на Европската комисија за доделување кандидатски статус на Босна и Херцеговина, со цел да се нагласи пораката дека иднината на Босна и Херцеговина е во Европската унија, се наведува во соопштението. Се додава дека потпретседателката на Европската комисија ќе се осврне и на енергетската криза и ќе ја „покаже одлучноста на ЕУ да ги поддржи партнерите во справувањето со високите цени на енергијата и долгорочното подобрување на нивната енергетска безбедност“. Фон дер Лајен ќе се сретне со членовите на Претседателството на БиХ, други политички претставници во БиХ, претставници на граѓанското општество, културните институции и бизнис заедницата и свечено ќе го отвори тунелот „Иван“ на „Коридорот 5ц“, се наведува во соопштението. Европската унија инвестираше 23,3 милиони евра во грантови за делницата од патот Тарчин-Иван и за тунелот „Иван“ кон Коњица, што е дел од вкупната грант поддршка од ЕУ од 542 милиони евра за „Коридорот 5ц“. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/fon-der-lajen-utre-kje-ja-poseti-bih/feed/ 0
Фон дер Лајен во посета на Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fon-der-lajen-vo-poseta-na-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fon-der-lajen-vo-poseta-na-skopje/#respond Wed, 26 Oct 2022 05:15:23 +0000 https://kurir.mk/?p=750432

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лaјен денеска попладне ќе пристигне во посета на Република Северна Македонија, со која ќе ја започне нејзината турнеја низ регионот на Западен Балкан. Како што најавија од владиниот Сектор за односи со јавноста, премиерот Димитар Ковачевски заедно со владина делегација ќе ја пречека претседателката на ЕК Фон дер Лајен пред платото на Владата. Во состав на владината делегација предводена од премиерот Ковачевски се заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за економија Крешник Бектеши. Главната порака која ќе ја пренесе претседателката на Европската Комисија, е посветеноста на ЕУ за европската интеграција на регионот, јави дописничката на МИА од Брисел. Нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан е во контекст на војната во Украина и енергетската криза, а целта е да му се пренесе на регионот дека тој е важен за Европската Унија, најави портпаролот Ерик Мамер. – Оваа посета се разбира се одвива во посебен контекст, кој е контекст на последователни кризи, прво ковид, а сега војната во Украина и нејзините последици, рече Мамер. Како што и самата најави минатата недела од Стразбур, еден дел од помошта во областа на енергетската криза ќе биде вклучувањето на земјите од Западен Балкан за заедничко купување енергенси со земјите од ЕУ. Оваа платформа има за цел да ја зајакне соработката меѓу земјите и да ја намали конкурентноста помеѓу државите на енергетскиот пазар. -Пораката е солидарноста на ЕУ со регионот, ангажман преку програми кои имаат за цел да се поттикнат инвестиции и волја да се продолжи да се соработува со целиот регион, рече портпаролот.
Во однос на барањето на Северна Македонија да добие помош од Европската Унија за набавка на струја од Бугарија преку компензација на пазарната цена, Ерик Мамер изјави дека нема информации на оваа тема во овој момент. Портпаролот за енергија на Европската Комисија, Тим Мекфи, за МИА пред неколку дена исто така порача дека за сега ова македонско барање не е на маса во Брисел. Останува да се види дали македонските власти повторно ќе го побараат тоа од фон дер Лајен и дали таа ќе биде во можност да пружа помош. Министерот за надворешни работи Бујар Османи минатата недела најави дека пакет за енергетска поддршка од Европската комисија за регионот во вредност од една милијарда евра ќе биде презентиран неделава во Скопје од претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен. Османи, како што кажа, бил информиран од еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји за финансиски пакет за регионот, во износ од милијарда евра, за ублажување на ефектите од енергетската криза. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пак, најави дека со еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон наскоро ќе го потпишат Договорот за оперативни активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија. -Со овој Договор ќе се овозможи подобра заштита на границите, брзо распоредување на персонал и опрема на ФРОНТЕКС или странски полициски службеници на критични точки на границите, рече Спасовски викендот на прес-конференцијата по Министерската конференција Прашки процес на која присуствуваше и еврокомесарката Јохансон. Тој додаде дека распоредувањето на персонал на ФРОНТЕКС ќе уследи по повеќегодишната реализација на Заедничката операција на јужната граница на Република Северна Македонија, во рамки на која странски полициски службеници од повеќе европски земји и партнери заеднички работат на зачувување на границите и на безбедноста на македонските граѓани, а со тоа и зачувување на границите и безбедноста на државјаните на Европската Унија. После Скопје, Фон дер Лајен ќе отпатува во Приштина и Тирана во четврток, Сараево и Белград во петок и во Подгорица во сабота. Поради посетата на Фон дер Лајен од МВР најавија посебен сообраќаен режим за денеска и утре по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fon-der-lajen-vo-poseta-na-skopje/feed/ 0
Урсула фон дер Лајен очекува Велика Британија и со Лиз Трас да го почитува договорот за Брегзит https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ursula-fon-der-lajen-ochekuva-velika-britanija-i-so-liz-tras-da-go-pochituva-dogovorot-za-bregzit/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ursula-fon-der-lajen-ochekuva-velika-britanija-i-so-liz-tras-da-go-pochituva-dogovorot-za-bregzit/#respond Mon, 05 Sep 2022 16:12:07 +0000 https://kurir.mk/?p=729097

Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека очекува Велика Британија, и за време на мандатот на премиерката Лиз Трас, да ги почитува сите аспекти од договорот за Брегзит. „Заедно се соочуваме со бројни предизвици, од климатските промени до руската инвазија на Украина. Се радувам на конструктивна соработка, со целосно почитување на нашите договори“, напиша Фон дер Лајен во објавата на Твитер. Трас денеска победи на внатрепартиските избори за лидер на Конзервативната партија во трката со поранешниот министер за финансии Риши Сунк. Таа утре треба да стане и премиерка, кога кралицата Елизабета Втора ќе ја повика да формира нова влада, на прием во замокот Балморал во Шкотска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ursula-fon-der-lajen-ochekuva-velika-britanija-i-so-liz-tras-da-go-pochituva-dogovorot-za-bregzit/feed/ 0
Европска комисија: Урсула фон дел Лајен ќе се сретне со „северномакедонскиот претседател“ и ќе се обрати пред „северномакедонскиот парламент“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropska-komisija-ursula-fon-del-lajen-kje-se-sretne-so-severnomakedonskiot-pretsedatel-i-kje-se-obrati-pred-severnomakedonskiot-parlament/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropska-komisija-ursula-fon-del-lajen-kje-se-sretne-so-severnomakedonskiot-pretsedatel-i-kje-se-obrati-pred-severnomakedonskiot-parlament/#respond Wed, 13 Jul 2022 17:22:13 +0000 https://kurir.mk/?p=704675

Европската комисија пред малку објави дека претседателската Урсула фон дел Лајен, утре во Скопје ќе се сретне со, како што стои во објвата на Твитер „северномакедонскиот претседател Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски“. Фон дел Лајен во 13 часот ќе има обраќање во „северномакедонскиот парламент“, стои во твитот објавен од Европската комисија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropska-komisija-ursula-fon-del-lajen-kje-se-sretne-so-severnomakedonskiot-pretsedatel-i-kje-se-obrati-pred-severnomakedonskiot-parlament/feed/ 0