Урсула фон дер Лејен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 22 Jul 2023 08:59:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Урсула фон дер Лејен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Фон дер Лајен: Градиме обединет континент со еднаквост пред законот и со слобода и демократија за сите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-gradime-obedinet-kontinent-so-ednakvost-pred-zakonot-i-so-sloboda-i-demokratija-za-site/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-gradime-obedinet-kontinent-so-ednakvost-pred-zakonot-i-so-sloboda-i-demokratija-za-site/#respond Sat, 22 Jul 2023 08:59:09 +0000 https://kurir.mk/?p=858901

Изградбата на мир преку почитување на принципот на владеење на правото е правилото на кое се базира обединета Европа, изјави доцна синоќа по европско време претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на цермонијата на која на ЕК и беше врачена Светската награда за мир и слобода, што ја доделува Светската асоцијација на правници. - Кога заврши Втората светска војна, Европа беше разурната и во пепел, а европските земји смртни непријатели. Но, пет од нив решија да простат – не да заборават, туку да простат. Тие и подадоа рака на Германија и на другите под еден услов: да се направи се што е потребно за праведен и траен мир, заснован на владеење на правото, нагласи Фон дер Лајен во обраќањето на церемонијата што се одржа во седиштето на Економскиот и социјален совет на ОН во Њујорк. Во такви услови, нагласи таа, се роди европската идеја, прво како Европска економска заедница, со само шест членки, која денес прерасна во Европската Унија со 28 земји членки. - Приказната за нашата Унија е приказна за демократии, млади и стари, кои заедно се зајакнуваат. Тоа е приказна за преродбата на Германија и Италија по војната. Тоа е приказна за патот на Шпанија, Португалија и Грција од диктатура до демократија. Тоа е приказна за демократската ренесанса по падот на железната завеса. И следното поглавје во оваа приказна се пишува денес – во Украина, Молдавија и Грузија, како и во Западен Балкан. Ова е ветувањето на Европа: Обединет континент, каде сите се еднакви пред законот, со слобода и демократија за сите, истакна претседателката на Европската комисија. Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, таа се осврна и на случувањата во Украина, посочувајќи дека рускиот претседател Владимир Путин ја вратил војната на европскиот континент во која има „градови срамнети со земја, одземени деца од нивните семејства и ладнокрвно убиени цивили“. - Оваа војна е во спротивност со самата основа на Повелбата на Обединетите нации. Таа е насочена против идејата за светски поредок заснован на меѓународното право, каде што сите суверени земји имаат еднакви права, а сите земји би се воздржувале од „употреба на сила против територијалниот интегритет или политичка независност на која било држава“. Ова е наведено во Повелбата на ОН. Затоа Европа стои до Украина онолку долго колку што ќе биде потребно, рече Фон дер Лајен. Според неа, Украина не се бори само за сопствената слобода, туку и за слободата на секоја земја, бидејќи траен мир може да се изгради само врз основа на почитување на меѓународното право. Фон дер Лајен посочи и дека мисијата на ЕУ е да ги штити и промовира основните права во светот кој постојано се менува, се залага за еднаквост меѓу мажите и жените, за гарантирање на слобода за образование и работа и за заштита од насилство. Таа се осврна и на развојот на дигиталните технологии, кои, како што рече, поставија „нови граници на основните права и затоа се потребни нови закони за заштита на „нашите трајни вредности во онлајн светот“. - Европа е предводник на тој пат. Први во светот поставивме правила за дигиталните платформи, а сега истото го правиме и со вештачката интелигенција. Работиме со истомислениците, како Канада и САД, но исто така и со Јапонија, земјите од Латинска Америка и Индија за да развиеме еквивалентни правила со цел технологијата да ги зајакне индивидуалните слободи, а не способноста на државата за контролирање, истакна претседателката на ЕК. Таа додаде и дека основачките договори на Европската Унија гарантираат солидарност меѓу генерациите, но и заложба дека „нашите деца не треба да ја плаќаат цената за нашите постапки“. - Тоа значат дека мора да престанеме да и наштетуваме на нашата планета, да ја зачуваме за нашите деца и внуци. И пред две години, Европа стана првиот континент кој оваа заложба ја претвори во Закон за климата, кој предвидува климатската неутралност во Европа до 2050 година. Целата на законот е да се ставаме во служба на нашата планета, потенцира Фон дер Лајен. Таа потенцира дека Европската комисија се стреми да остане верна на вредности врз кои е изградена ЕУ и обезбеди тие вредности да важат за сите Европејци - мажи и жени, млади и стари, од сите раси, од сите сексуални ориентации и од сите религии. - Ова е убавината на нашата Европска Унија. Ние сме деца на големи правници, од Цицерон до Монтескје. Ние сме наследници на повоената генерација која градеше мир преку владеење на правото. Но, најдобриот дел од нашата историја допрва треба да се пишува. Патот кон посовршена Унија само што започна. Ви благодариме многу повторно за оваа престижна награда. Да живее Европа, додаде Фон дер Лајен. Во образложението на Светскиот правнички конгрес се посочува дека Наградата за мир и слобода и се доделува на Европската комисија поради нејзината посветеност на „промовирање на мирот преку правото и на владеењето на правото“. Светската награда за мир и слобода неформално се смета за еден вид „Нобелова наргада за право“ и таа претставува највисоко признание што го доделува Светската асоцијација на правници. Меѓу досегашните добитници на оваа награда се и некогашниот британски премиер Винстон Черчил, поранешниот јужноафрикански претседател Нелсон Мандела, шпанскиот крал Фелипе Шести, францускиот нобеловец и коавтор на Универзалната декларација за човекови права Рене Касин, поранешната судијка во американскиот Врховен суд, Рут Бадер Гинсбург и екс-колумбискиот претседател Иван Дуке.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-gradime-obedinet-kontinent-so-ednakvost-pred-zakonot-i-so-sloboda-i-demokratija-za-site/feed/ 0
Фон дер Лајен: Украина „несомнено“ ќе се приклучи на европскиот блок https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-ukraina-nesomneno-ke-se-prikluchi-na-evropskiot-blok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-ukraina-nesomneno-ke-se-prikluchi-na-evropskiot-blok/#respond Wed, 21 Jun 2023 14:17:09 +0000 https://kurir.mk/?p=848271

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека ниту малку „не се сомнева“ дека Украина еден ден ќе се приклучи на Европската унија. „Украинците ни кажуваат, кога ја замислуваат својата иднина, го гледаат европското знаме како се вее над нивните градови. Не се сомневам дека Украина ќе биде дел од нашата Унија“, рече Фон дер Лајен во Лондон на конференцијата за обнова на Украина. Фон дер Лајен, исто така, тврди дека Киев ја забрзал својата програма за реформи со „импресивна брзина и одлучност“. На истата конференција, германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, изјави дека обновата на Украина мора да биде поблиску поврзана со процесот на пристапување во ЕУ. „Меѓутоа, пред сè, долгорочно гледано, сакаме да помогнеме во поставувањето на темелите за просперитетна украинска економија способна за иднината преку процесот на пристапување во ЕУ“, рече Бербок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-ukraina-nesomneno-ke-se-prikluchi-na-evropskiot-blok/feed/ 0
ЕК предлага ревизија на буџетот на ЕУ заради Украина и миграцијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-predlaga-revizija-na-budhetot-na-eu-zaradi-ukraina-i-migratsijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-predlaga-revizija-na-budhetot-na-eu-zaradi-ukraina-i-migratsijata/#respond Tue, 20 Jun 2023 13:10:32 +0000 https://kurir.mk/?p=847841

Европската комисија денеска предложи буџетот на ЕУ да се ревидира за да се задоволат потребите на Украина, за управување со миграцијата и да се одржи конкурентноста на економијата. Планирано е во следните четири години за Украина да бидат наменети 50 милијарди евра, најави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Таа појасни дека средствата доделени на Киев ќе бидат обезбедени неповратно и во форма на заеми. Фон дер Лејен истакна дека овие трошоци не биле вклучени во буџетот при неговото изготвување. „Далеку сме од условите под кои беше договорен повеќегодишниот буџет на ЕУ до 2027 година“, рече претседателката на ЕК. Според неа, Комисијата веќе морала да пренасочи суми од кохезивните фондови за да ги обезбеди како помош за земјите што ги примиле украинските бегалци. „Досега Украина има добиено 30 милијарди евра помош“, додаде Фон дер Лајен. Таа повика и да се обезбедат 15 милијарди евра за заштита на надворешните граници на ЕУ и за земјите од кои доаѓаат мигрантите. Фон дер Лајен рече дека пакетот помош ќе обезбеди перспектива и сигурност на украинските партнери на Унијата. Најавата доаѓа пред меѓународната конференција во Лондон оваа недела, чија цел е да се соберат дополнителни средства за обнова на земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-predlaga-revizija-na-budhetot-na-eu-zaradi-ukraina-i-migratsijata/feed/ 0
Говорот за состојбата на Унијата се најавува како сложен за Урсула фон дер Лејен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/govorot-za-sostojbata-na-unijata-se-najavuva-kako-slozen-za-ursula-fon-der-lejen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/govorot-za-sostojbata-na-unijata-se-najavuva-kako-slozen-za-ursula-fon-der-lejen/#respond Wed, 14 Sep 2022 07:38:55 +0000 https://kurir.mk/?p=732515

Актуелната претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лајен пред европратениците ќе поднесе извештај за состојбата на Унијата, во моментот кога европскиот континент минува низ голема криза, јавувда дописникот на МИА. Амбицијата е несомнено претерана: да се одржи говор за состојбата на Унијата во Европскиот парламент на американски начин. Во Соединетите Американски Држави, овој говор, за време на кој претседателот секоја година го подготвува билансот на својата акција пред Конгресот и го презентира својот патоказ за остатокот од годината, е врвна точка во американскиот демократски живот. На ниво на Европската унија, да бидеме искрени, пишува францускиот портал Слалт, говорот на претседателката или претседателот на Европската комисија пред европратениците останува доверлив секоја година, следен само од евро-гиковите и професионалците за европски прашања. Сепак, оваа среда, Урсула фон дер Лајен, актуелната претседателка на Европската комисија, ќе дојде да поднесе извештај до Европскиот парламент, директно избран од граѓаните на ЕУ и кој гласа европски закони со земјите-членки кои се состануваат во Советот на Европската унија. Воведен со Договорот од Лисабон од 2010 година, оваа европска верзија на обраќањето за состојбата на Унијата оваа година ќе се емитува во живо од Франс24 и Франсинфо, што е голем чекор напред во покривањето на европските вести, сè уште скромно во Франција. На Урсула фон дер Лајен нема да и биде лесно да го привлечи обичниот европски граѓанин. Таа ќе зборува наизменично на германски, француски и англиски, а говорот ќе биде преведен на 23 јазици на ЕУ и на украински. Јазична пристрасност што нема да ја зајакне нејзината харизма. И потценување е да се каже дека и недостига. „Најчесто кога зборува, е ладно, е крајно рамно. Нема невербален, никаков гест“, жали Михаел Малхербе, автор на блогот „Дешифрирање на европската комуникација“. „Нема грубост, ниту на страната на личноста, ниту на страната на заложбите и позите што таа ги зазема“. Мора да се каже дека Урсула Фон дер Лајен има вештина да биде ставена во сенка. Прво од нејзините европски комесари. Французинот Тиери Бретон ги монополизира телевизорите, без разлика дали станува збор за европската стратегија за вакцини во екот на кризата Ковид-19, регулирањето на дигиталните гиганти или дури неодамна енергетската криза. И ако Европскиот зелен пакт остане голем проект на претседателката, оваа стратегија за борба против климатските промени го има лицето и на харизматичниот европски комесар задолжен за досието, Холанѓанецот Франс Тимерманс. Урсула фон дер Лајен потоа е ставена во сенка од земјите-членки. Планот за закрепнување по Ковид од 750 милијарди евра инјектирани во европските економии во форма на заеми и помош за државите на ЕУ, изготвен и предводен од Европската комисија, ќе влезе во историјата како резултат на договорот меѓу Франција и Германија во корист на заеднички европски долг. Покрај тоа, кога таа пристигна на чело во 2019 година, за време на говорот во Европскиот парламент, претседателката сакаше „геополитичка“ комисија, но навистина земјите-членки го диктирираат „ла“ што се однесува до надворешните работи. Пакетите за санкции против Русија од почетокот на војната започната против Украина во февруари минатата година, пред портите на Европската унија, не би биле можни без договорот на Дваесет и седумте. Оружјето испорачано од Европејците за Украина се купува на ниво на земја-членка. И поради недостаток на заедничка одбрана, Европската унија продолжува да зависи од својот американски сојузник, како што покажаа неодамнешните апликации на Финска и Шведска за членство во НАТО. Под овие услови, тешко е да се биде сила на инкарнација. „Кога таа рече дека Украина е дел од „европското семејство“, кое ѝ овозможило да стане глава на домаќинство, таа брзо беше преформулирана. Таа беше потсетена дека земјите-членки беа тие кои одлучуваа за проширувањето на Унијата“, потсетува Михаел Малхербе. „Сепак, треба да му се даде повеќе месо на европскиот проект“. Поминувајќи низ европските училишта во Брисел, ќерка на европски службеник, Урсула фон дер Лајен се чини дека задржала премногу германско влијание од нејзината кариера во владите на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел. Таа ја нема европската длабочина на Жан-Клод Јункер, нејзиниот претходник, кој помина многу години во бриселските кругови. И епизодата #софагат, која ја виде огорчена од протоколот што не и предвидуваше место за време на посетата со нејзиниот колега и ривал, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, на турскиот претседател Ердоган, можеше да биде проследена со силна феминистичка посветеност, но ништо слично. -Во нејзината порака има нецелосност и недостиг од еманципација, продолжува комуникаторот Михаел Малхербе, за разлика од друга претседателка, Роберта Мецола, претседателка на Европскиот парламент, која сака да каже дека целата своја кариера ја поминала во Брисел и го гради наративот на исполнета европска политичарка. Денес, претседателката Урсула фон дер Лајен ќе го одржи својот среднорочен говор. Несомнено најважното нешто сега кога војната се врати на европскиот континент, дека либералните демократии никогаш не биле толку загрозени и што Европската унија минува низ сериозна енергетска криза. -Таа најави геополитичка комисија, сега е време тоа да се докаже, рече европскиот пратеник, Рафаел Глуксман. -Јавната поддршка за Украина и околу санкциите против рускиот режим се намалува. Наидуваме на кревки, ранливи општества. Потребна ни е Европската комисија да го потврди лидерството и да ни објасни зошто се потребни овие санкции, зошто ни е потребна оваа политика на цврстина во однос на Владимир Путин и пред се како ќе ја пребродиме зимата, дека тој нема недостаток и дека напорите што се бараат од граѓаните се правично распределени, додава тој. Притисната да дејствува по енергетското прашање од страна на Шарл Мишел, Урсула фон дер Лајен мораше да ги открие своите предлози без да го чека водечкиот говор на 14 септември: план за намалување на потрошувачката на енергија, „солидарен придонес“ од компаниите во нафта и гас, прераспределба на суперпрофитите на одредени производители на електрична енергија… Се расправа за пакет мерки. Но, вистинската пресвртница би била одвојувањето на цените на бензинот од другите извори на енергија. Последниве придонесуваат за драстично зголемување на сметките на Европејците откако гасот стана оружје со коешто Владимир Путин се служеше против Европската унија; сепак, се повеќе држави го бараат тоа од Европската комисија. Во кутиите, сепак, останува да се допрецизира големата реформа и ништо не кажува дека ќе биде објавено оваа среда. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/govorot-za-sostojbata-na-unijata-se-najavuva-kako-slozen-za-ursula-fon-der-lejen/feed/ 0
Пендаровски ќе има средба со претседателката на Европската Комисија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-kje-ima-sredba-so-pretsedatelkata-na-evropskata-komisija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-kje-ima-sredba-so-pretsedatelkata-na-evropskata-komisija/#respond Wed, 13 Jul 2022 13:05:14 +0000 https://kurir.mk/?p=704523

Претседателот Стево Пендаровски ќе ја прими претседателката на Европската Комисија.

Средбата меѓу Пендаровски и  Урсула Фон дер Лејен ќе одржи утре, 14-ти јули 2022 година, четврток.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-kje-ima-sredba-so-pretsedatelkata-na-evropskata-komisija/feed/ 0
Фон дер Лајен: Сакаме да ја поддржиме Украина на нејзиниот европски пат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-sakame-da-ja-poddrzime-ukraina-na-nejziniot-evropski-pat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-sakame-da-ja-poddrzime-ukraina-na-nejziniot-evropski-pat/#respond Sat, 11 Jun 2022 15:26:56 +0000 https://kurir.mk/?p=689618

Шефицата на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен денеска во Киев вети дека следната недела ќе пристигне одговорот од Брисел на амбициите на Украина да се кандидира за членство во Европската унија (ЕУ). -Сакаме да ја поддржиме Украина на нејзиниот европски пат, рече Урсула фон дер Лајен на кратката прес-конференција по разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски, додека на истокот од земјата продолжуваат борбите, откако на 24 февруари Русија ја почна инвазија врз Украина. Претседателката на ЕК кажа дека денешните разговори ќе овозможат проценката на европските амбиции на Украина да биде завршена до крајот на следната недела. Според неа, украинските власти „направиле многу“ во врска со кандидатурата, но има „уште многу повеќе да се направи“, особено во борбата против корупцијата. Иако многу земји, главно во источна Европа, го поддржуваат членството на Украина, некои земји изразија одредени резерви, а тука пред сите се Холандија, Данска, Германија и Франција. За време на нејзината претходна посета на Киев, на 8 април, Фон дер Лајен порача дека Украина има европска иднина. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-sakame-da-ja-poddrzime-ukraina-na-nejziniot-evropski-pat/feed/ 0
Урсула фон дер Лајен: ЕК даде зелено светло за бугарскиот план за закрепнување https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ursula-fon-der-lajen-ek-dade-zeleno-svetlo-za-bugarskiot-plan-za-zakrepnuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ursula-fon-der-lajen-ek-dade-zeleno-svetlo-za-bugarskiot-plan-za-zakrepnuvanje/#respond Thu, 07 Apr 2022 08:07:14 +0000 https://kurir.mk/?p=659531

Европската комисија го одобри бугарскиот план за закрепнување и одржливост, изјави претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен во зградата на бугарската Влада за време на заедничката прес-конференција со премиерот Кирил Петков, на која беше претставен документот. Според неа, бугарскиот план е исклучителен, бидејќи речиси 60 отсто од него е за поддршка на зелената транзиција. Фон дер Лајен рече дека за ЕК е важно Бугарија да биде со ЕУ во оваа насока. Според неа, планот исполнува многу услови. По позитивната оценка за бугарскиот план, Урсула фон дер Лајен на премиерот Кирил Петков му врачи почесна плакета. Тој соопшти дека Планот претставува 10 отсто од бугарската економија бидејќи предвидува инвестиции наспроти реформите во различни сектори. Овој план е остварлив, иновативен и реално ќе обезбеди модернизација на Бугарија, според Петков, тој и овозможува на земјата да обезбеди енергетска безбедност и да ги користи најновите технологии, да го отклучи потенцијалот на геотермалните извори, да користи минерална вода за енергија, како и да се реформира судството, и да се зајакне контролата врз јавниот обвинител на државата со назначување на судија кој ќе биде привремен обвинител, комисијата за конфискација на незаконски стекнат имот да се реформира и да почне со работа, како и да се модернизира бугарската железница и ќе се инвестира во образование, истражување и модернизација. Планот вклучува 57 инвестиции и 47 реформи во 12 различни области кои треба да се спроведат до 2026 година. Бугарија ќе добие над 12 милијарди и 500 милиони лева (6.250 милијарди евра) од европско финансирање. Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен се заблагодари на бугарската Влада за помошта на украинските граѓани кои бараат засолниште од војната. Повеќе од 70.000 бегалци од Украина се во Бугарија по руската инвазија врз нивната земја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ursula-fon-der-lajen-ek-dade-zeleno-svetlo-za-bugarskiot-plan-za-zakrepnuvanje/feed/ 0
Фон дер Лајен: ЕУ нема да дозволи Полска да ги доведе во ризик нашите вредности https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-eu-nema-da-dozvoli-polska-da-gi-dovede-vo-rizik-nashite-vrednosti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-eu-nema-da-dozvoli-polska-da-gi-dovede-vo-rizik-nashite-vrednosti/#respond Tue, 19 Oct 2021 08:56:56 +0000 https://kurir.mk/?p=581852

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен изјави дека Брисел „нема да дозволи“ Полска да ги доведе во ризик вредностите на ЕУ. Во обраќањето пред пратениците во Стразбур, Фон дер Лејен рече дека неодамнешната пресуда на Уставниот суд на Полска претставува закана за основните принципи на блокот. Европската унија е во конфликт со Полска поради одлуката на Варшава да воведе промени во судскиот систем на земјата, што и даваат на владата поголема моќ над судовите. Уставниот суд на Полска неодамна пресуди дека националното законодавство е над она на ЕУ. Унијата го смета овој потег за недемократски, додека владејачката Партија на правото и правдата вели дека промената била неопходна за реформира на неефикасниот систем. Полските лидери испратија порака до ЕУ пред денешното обраќање на премиерот Матеуш Моравијецки пред Европскиот парламент: – Не подлегнуваме на уцени, рече Јарослав Качински, де факто лидер на земјата и водач на владејачката Партија на правото и правдата. Иако Полска и владеењето на правото не се на дневен ред за состанокот на лидерите оваа недела, холандскиот премиер Марк Руте рече дека ќе инсистира на замрзнување на средствата за Полска. Меѓутоа, германската канцеларка Ангела Меркел веќе ги предупреди земјите од ЕУ и Европскиот парламент да не брзаат да ги блокираат средствата за опоравување на Полска. Европскиот парламент, исто така, врши притисок врз претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лејен, да дејствува против Полска, или со блокирање на парите за помош за опоравување поради пандемијата или со воведување нов механизам што ќе го поврзе финансирањето на ЕУ со критериумите за владеење на правото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-eu-nema-da-dozvoli-polska-da-gi-dovede-vo-rizik-nashite-vrednosti/feed/ 0
ЕУ со 510 милиони евра помош за Хрватска за работните места, Заев и Димитров велат не ни треба помош https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eu-so-510-milioni-evra-pomosh-za-hrvatska-za-rabotnite-mesta-zaev-i-dimitrov-velat-ne-ni-treba-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eu-so-510-milioni-evra-pomosh-za-hrvatska-za-rabotnite-mesta-zaev-i-dimitrov-velat-ne-ni-treba-pomosh/#respond Tue, 16 Mar 2021 12:24:46 +0000 https://kurir.mk/?p=483158

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен преку Твитер денеска соопшти дека Хрватска добива поддршка од Европската унија во време на пандемија. Оваа поддршка доаѓа откако претходно речиси цела Европа и регионот меѓу кои Албанија, Србија и Црна Гора добија пари од ЕУ за борба против коронавирусот, додека македонските власти не испратиле конечна апликација, а Заев и Димитров во јавноста тврдеа дека не ни треба нам помош. Хрватска денеска прими 510 милиони евра во облик на позајмица од SURE инструментот за поддршка на фирмите и осигурување на работните места во време на пандемија, пишуваа таа. Во нејзиниот пост претседателката на ЕК вели дека оваа програма нуди и скратено работно време во Хрватска со што ќе ја поддржат земјата со 1 милијарда евра. -Европа е со вас, додаде таа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eu-so-510-milioni-evra-pomosh-za-hrvatska-za-rabotnite-mesta-zaev-i-dimitrov-velat-ne-ni-treba-pomosh/feed/ 0
Фон дер Лајен е во самоизолација, но не е во Брисел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-e-vo-samoizolacija-no-ne-e-vo-brisel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-e-vo-samoizolacija-no-ne-e-vo-brisel/#respond Tue, 20 Oct 2020 13:14:47 +0000 https://kurir.mk/?p=418533

Портпаролот на Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија, призна дека таа ја напуштила Белгија откако одлучила да се самоизолира поради контакт со позитивен на Ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел. Фон дер Лајен минатиот четврток го напушти европскиот самит што се одржуваше во Брисел откако дозна дека била во близок контакт со лице тестирано позитивно на коронавирусот. Нејзината прес служба тогаш информираше дека таа е во самоизолација поради ова, но дека продолжува со работа на дистанца. Нејзиниот портпарол, под притисок на новинарите, денеска призна дека Фон дер Лајен сепак ја напуштила Белгија и покрај тоа што била во контакт со позитивно лице. Портпаролот, Ерик Мамер, инсистира дека нејзиното напуштање на државата не е спротивно на правилата и инструкциите на белгиската влада, затоа што „превентивна самоизолација не исто што и карантин“. – Таа го напушти Брисел за да се стави во самоизолација, не е едноставно да се спроведе самоизолација во зградата Берлемон каде таа живее и работи, рече Мамер. Фон дер Лајен на почетокот на нејзиниот мандат одлучи дека ќе престојува во зградата на Европската Комисија каде се наоѓаат и нејзините канцеларии. Според белгиската новинска агенција, Белга, фон дер Лајен се наоѓа во Германија. Таа оваа недела требаше да оствари физичка средба и со македонскиот премиер, Зоран Заев, но средбата беше откажана поради нејзината самоизолација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-e-vo-samoizolacija-no-ne-e-vo-brisel/feed/ 0