УСАИД – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 19 May 2023 10:12:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png УСАИД – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ​Општина Аеродром потпиша меморандум за соработка со УСАИД за одговорно управување со општинските ресурси https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-potpisha-memorandum-za-sorabotka-so-usaid-za-odgovorno-upravuvane-so-opshtinskite-resursi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-potpisha-memorandum-za-sorabotka-so-usaid-za-odgovorno-upravuvane-so-opshtinskite-resursi/#respond Fri, 19 May 2023 10:12:14 +0000 https://kurir.mk/?p=836294

Во рамките на проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите на општините, Општина Аеродром потпиша меморандум за соработка со кој се обврза на одговорно управување и менаџирање со ресурсите на општината. На настанот присуствуваше секретарот Јулијана Павковска Боцевска која на настанот ја потврди заложбата за создавање ефикасна јавна администрација која одговорно раководи со средствата и ресурсите на општината. Со овој меморандум и понатамошната реализација на проектот Општина Аеродром ја потврдува посветеноста кон унапредување на капацитетите за прибирање на приходите, подобрување на квалитетот на локалните даночни системи, зајакнување на капацитетите на администрацијата и подобрување на менаџментот со јавните средства. Проектот на УСАИД е петгодишен проект кој им помага на државните институции самостојно да управуваат со ресурсите потребни за финансирање на услугите што ги бараат граѓаните. За оваа цел, проектот дава придонес преку нудење експертиза, како и техничка поддршка прилагодена на потребите на секоја партнер општина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-potpisha-memorandum-za-sorabotka-so-usaid-za-odgovorno-upravuvane-so-opshtinskite-resursi/feed/ 0
УСАИД прослави 30 години партнерство со Македонија со културен настан во Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/usaid-proslavi-30-godini-partnerstvo-so-makedonija-so-kulturen-nastan-vo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/usaid-proslavi-30-godini-partnerstvo-so-makedonija-so-kulturen-nastan-vo-bitola/#respond Sun, 06 Nov 2022 13:45:26 +0000 https://kurir.mk/?p=756472

Патувачкиот карван „Инспирирај се за иднината” на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) во Северна Македонија викендов ја посети Битола, каде беа презентирани активности предводени од млади луѓе, ученици, наставници, уметници, претриемачи и други професионалци кои се вклучени во различни програми на УСАИД. Тие јаснo ги манифестираа резултатите од долгогодишнитa работа, а со цел да се создаде средина во која секој ќе може да го оствари својот целосен потенцијал. Од УСАИД наведуваат дека земјоделството е исклучително важно за овој регион, и во таа смисла тие го поддржуваат овој сектор на разни начини. Во 2013 година, УСАИД започна да ги поттикнува земјоделците од Пелагонија да ги зголемат приносите на пченка преку употреба на нова технологија и семиња со висок принос. Во 2014 година, УСАИД помогна во иницирањето на локални акциски групи, како што е Агро Лидер, кои станаа едни од главните двигатели на неодамнешниот земјоделски раст и напредок во регионот, поконкретно во секторот на производство на млеко и млечни производи. Во партнерството со Агро Лидер, фармерите ги подобрија условите на своите фарми и, како резултат на тоа, беа забележани 10 отсто повисоки приноси на млеко и зголемување на приходите за 25 отсто, наведуваат. -УСАИД во моментов работи во овој регион на промовирање на добро владеење, и тој е веќе партнер со општините Битола, Могила, Новаци и Прилеп за да им овозможи потранспарентно да ги мобилизираат и да управуваат со своите финансиски ресурси за да можат да го подобрат животот на своите граѓани преку обезбедување квалитетни услуги. Во оваа активност наскоро ќе земат учество и останатите општини, истакна во неговото обраќање Ерик Мејер, вршителот на должност Амбасадор на САД. Публиката на настанот во Битола можеше да го проследи мотивацискиот говор на Фатма Бајрам Аземовска која го основа СУМНАЛ, здружение за развој на ромската заедница, потоа авангардните креации на средношколците од „Таки Даскало“ од Битола, направени од рециклирани материјали под менторство на младата и истакната дизајнерка Ирина Тошева, а изложени од средношколците од гимназијата „Јосип Броз Тито“. Беше организрана и изложба на фотографии, а настап имаше студентскиот џез-бенд при Музичката академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Кампањата за одбележување на 30-годишнината од партнерство во земјава УСАИД ја започна пред точно еден месец, а Охрид беше првиот од осумте градови кои ги посети патувачкиот карван „Инспирирај се за иднината”. По него следуваа Штип, Тетово, Кавадарци, а во наредните недели караванот продолжува во Струмица, Куманово и Скопје. Целта е да ги мотивира и да ги поттикне младите да се вклучат и активно да учествуваат во градењето одржлива иднина заедно. Како дел од одбележувањето на 30-годишнина, УСАИД во соработка со општините, им овозможуваат на истакнати млади уметници заедно со учениците од средните училишта да креираат серија од осум мурали на темата „Партнерство за подобра иднина“, кои ќе бидат нацртани на видливи места во градовите каде што ќе патува карванот. -Американскиот и македонскиот народ се главниот двигател на партнерството што ќе продолжи и понатаму и чија цел е поддршка на приоритетите на државата, поттикнување на реформите што ѝ помагаат на земјата на нејзиниот пат за членство во ЕУ, промовирање на одговорно лидерство, градење на локално одржлив развој и одржлива иднина. Преку работата на УСАИД, луѓето од селата и градовите може да видат дека нивниот живот се менува на подобро. На тоа патување, многубројни земјоделци, претприемачи, активисти од граѓанското општество, креатори на политики, наставници, жени, млади луѓе и нивните семејства од прва рака ја доживеаја трансформативната енергија на усовршувањето на луѓето преку можности, наведуваат од УСАИД. УСАИД во изминативе три децении, во соработка со македонскиот народ, постигна многу видливи резлултати и ќе продолжи да го поддржува локалниот потенцијал и сите кои одговорно и посветено придонесуваат за подобра иднина, порачуваат од УСАИД.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/usaid-proslavi-30-godini-partnerstvo-so-makedonija-so-kulturen-nastan-vo-bitola/feed/ 0
УСАИД во Штип одбележа 30 години партнерство со земјава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/usaid-vo-shtip-odbeleza-30-godini-partnerstvo-so-zemjava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/usaid-vo-shtip-odbeleza-30-godini-partnerstvo-so-zemjava/#respond Fri, 14 Oct 2022 11:42:53 +0000 https://kurir.mk/?p=745342

УСАИД ја спроведува кампањата за одбележување на 30-годишнината од партнерството во земјава. Штип е вториот од 8-те градови кои ги посети патувачкиот карван „Инспирирај се за иднината”, со активности предводени од млади луѓе, ученици, наставници, уметници, претриемачи и други професионалци кои се вклучени во различни програми на УСАИД за да се покажат резултатите од долгогодишните работа во партнерство со Северна Македонија, а со цел заеднички да создадеме средина во која секој ќе може да го оствари својот целосен потенцијал. Нивните програми беа насочени кон унапредување на децентрализацијата, промовирање на судските реформи, транспарентно владеење и иницирање решенија за е-влада, посочи претставничката на Канцеларијата на УСАИД во земјава, Џери Дајбл. -Ја зајакнавме конкурентноста на економијата, ги охрабривме странските инвестиции во македонски компании, помогнавме да се отворат работни места и ги зајакнавме претприемништвото и започнувањето бизнис. Исто така ја промовиравме и енергетската ефикасност, ја намаливме потрошувачката на енергија и помогнавме да се креираат политики за усогласување со регулативите на ЕУ. Дополнително, го зајакнавме образовниот систем, и тоа почнувајќи од основното училиште, па сè до универзитетското образование, рече Дајбл. Публиката можеше да го проследи возбудливиот мотивациски говор на млада активистка Сандра Ташкова, потоа авангардните креации на средношколците од „Димитар Мирасчиев“ од Штип, кои беа направени од рециклирани материјали под менторство на истакнатата дизајнерка Ирина Тошева, а изложени од средношколците од „Славчо Стојменски“, потоа изложбата на фотографии и исклучително впечатливиот концерт на студентскиот џез-бенд при Музичката академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. По Штип, караванот ќе патува во Тетово, Битола, Кавадарци, Куманово, Струмица и Скопје. Посетителите во секој од градовите ќе можат да слушнат мотивациски говори на тема „Партнерството е сила“ од млади лидери и нивните лични предизвици и достигнувања, да проследат модна ревија „Рециклирана убавина“, чии креатори се средношколци од текстилните училишта во земјава, потоа да ја погледнат изложбата „Живот поминат заедно“ и да ги проследат изведба на студентите по музика, инспирирани од американскиот џез и македонските народни традиции. Целта на овој караван е да ги мотивира и да ги поттикне младите да се вклучат и активно да учествуваат во градењето одржлива иднина заедно.Како дел од одбележувањето на оваа 30-годишнина, УСАИД во соработка со општините, ќе им овозможи на истакнати млади уметници заедно со учениците од средните училишта да креираат серија од осум мурали на темата „Партнерство за подобра иднина“, кои ќе бидат нацртани на видливи места во градовите каде што ќе патува карванот. Американскиот и македонскиот народ се главниот двигател на партнерството што ќе продолжи и понатаму и чија цел е поддршка на приоритетите на Северна Македонија, поттикнување на реформите што ѝ помагаат на земјата на нејзиниот пат за членство во ЕУ, промовирање на одговорно лидерство, градење на локално одржлив развој и одржлива иднина. Преку работата на УСАИД, луѓето од селата и градовите може да видат дека нивниот живот се менува на подобро. На тоа патување, многубројни земјоделци, претприемачи, активисти од граѓанското општество, креатори на политики, наставници, жени, млади луѓе и нивните семејства од прва рака ја доживеаја трансформативната енергија на еманципирањето на луѓето со можности. УСАИД во изминативе три децении, во соработка со македонскиот народ, постигна многу видливи резлултати и ќе продолжи да го поддржува локалниот потенцијал и сите кои одговорно и посветено придонесуваат за подобра иднина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/usaid-vo-shtip-odbeleza-30-godini-partnerstvo-so-zemjava/feed/ 0
Директорката на УСАИД, Пауер во посета на Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorkata-na-usaid-pauer-vo-poseta-na-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorkata-na-usaid-pauer-vo-poseta-na-ukraina/#respond Thu, 06 Oct 2022 12:18:28 +0000 https://kurir.mk/?p=741909

Директорката на американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД), Саманта Пауер денеска пристигна во посета на Украина. Таа е највисокиот американски функционер што ја посетил земјата откако Русија незаконски анектираше четири украински региони. Пауер пристигна во Киев и се сретна со владини претставници и жители на градот. Таа истакна дека САД ќе обезбедат дополнителни 55 милиони долари за поправка на градската инфраструктура за греење и други објекти. Таа, исто така, посети една од киевските населби и училиште погодено од руски ракети. УСАИД соопшти дека САД од февруари и испорачале помош на Украина во висина од 9,89 милијарди долари. Законот потпишан од претседателот Џо Бајден минатата недела обезбедува дополнителна помош од 12,3 милијарди долари за Украина, наменета и за воени потреби и за јавни услуги. Пауер посочи дека Вашингтон има намера да ги ослободи првите 4,5 милијарди долари од тие средства во наредните недели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorkata-na-usaid-pauer-vo-poseta-na-ukraina/feed/ 0
Џери Дајбл е нова претставничка на Канцеларијата на УСАИД во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzeri-dajbl-e-nova-pretstavnichka-na-kancelarijata-na-usaid-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzeri-dajbl-e-nova-pretstavnichka-na-kancelarijata-na-usaid-vo-makedonija/#respond Thu, 28 Jul 2022 12:45:24 +0000 https://kurir.mk/?p=711410

Џери Дајбл е нова претставничка на Канцеларијата на УСАИД во Македонија. Дајбл, како што информираат од Канцеларијата на УСАИД, ќе работи со Владата на Северна Македонија за унапредување на заедничката визија која се надоврзува на 30-годишно партнерство, промовира развој предводен од локално ниво и ги исполнува денешните можности. Ова е прва позиција на Дајбл како претставник во некоја земја. Својата кариера во УСАИД таа ја започнува како здравствен офицер и има водено тимови во Мозамбик, Грузија и Украина, како и во Вашингтон, а последно служи во Работната група на УСАИД за Ковид-19 и во мисијата на УСАИД во Авганистан. Дајбл има магистерски студии по воена оперативна уметност и наука од Школата за напредни воени студии на Армијата на САД и магистер по социјална работа на Универзитетот во Вашингтон. Таа има двојна диплома од Државниот универзитет во Канзас за детски развој и социјална работа. Помошта на УСАИД во Северна Македонија ја поддржува целта на земјата да стане попросперитетно, демократско и инклузивно општество преку програми кои промовираат економски раст и конкурентност; зголемување на младинската ангажираност за намалување на невработеноста и исклученоста; и намалување на корупцијата и поттикнување на одговорност. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzeri-dajbl-e-nova-pretstavnichka-na-kancelarijata-na-usaid-vo-makedonija/feed/ 0
Град Скопје се приклучува во кампањата „МОЈОТ ДАНОК, ЗА МОЈАТА ОПШТИНА!“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-se-prikluchuva-vo-kampanjata-mojot-danok-za-mojata-opshtina/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-se-prikluchuva-vo-kampanjata-mojot-danok-za-mojata-opshtina/#respond Thu, 07 Apr 2022 09:23:12 +0000 https://kurir.mk/?p=659577

Градот Скопје се приклучува во кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“ - До подобри општини, со навремено подмирување на данокот на имот, кој се реализира во соработка со Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). - Проектот има за цел да ја подигне јавната свеста за потребата и придобивките од навременото подмирување на данокот на имот со цел добивање на ефикасни и квалитетни услуги од единиците на локална самоуправа. Со навременото подмирување на данокот на имот, сите ние придонесуваме во за нашата општина да расте, се развива и модернизира. Со плаќањето на данок на имот се зајакнуваат финансиските капацитети на општините и овие средства се користат за капитални инвестиции, како што се изградба на градинки, училишта, комунална инфраструктура, паркови и други јавни добра, стои во соопштението на град Скопје. Од таму велат дека Градот Скопје ги поддржува сите добри иницијативи и проекти кои ќе придонесат за финансиско зајакнување на општините, чија крајна цел е зголемување на квалитетот на услугите кои ги нудиме и подобрување на животот на нашите граѓани. Видеата од кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“ - До подобри општини, со навремено подмирување на данокот на имот можете да ги погледнете на следните интернет врски – - https://www.youtube.com/watch?v=kV46872donQ&t=4s (на македонски јазик) - https://www.youtube.com/watch?v=ODR4_3DNhuw (на албански јазик) Дополнително градот Скопје доставуви пропаганден материјал на македонски и албански јазик.   ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-se-prikluchuva-vo-kampanjata-mojot-danok-za-mojata-opshtina/feed/ 0
Арсовска оствари средба со претставници на проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите на општините https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-ostvari-sredba-so-pretstavnici-na-proektot-na-usaid-za-zajaknuvanje-na-kapacitetite-na-opshtinite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-ostvari-sredba-so-pretstavnici-na-proektot-na-usaid-za-zajaknuvanje-na-kapacitetite-na-opshtinite/#respond Wed, 23 Feb 2022 16:57:03 +0000 https://kurir.mk/?p=635566

Градоначалничката Арсовска денес се сретна со претставниците на проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите на локално ниво, Бардул Марку, Наташа Николовска Станковиќ и Гинка Капитанова, информираат од Град Скопје. Арсовска и претставниците од СРМА разговараа за потенцијална соработка за засилување на капацитетите на градската администрација и за можностите за зголемување на фискалниот капацитет на општините. На средбата се разговараше и за можностите за системско поврзување меѓу општините и други институции со цел размена на информации за даночните обврзници, а претставниците на проектот изразија и интерес за соработка со ЗЕЛС за учество во измените на националната регулатива, се вели во соопштението од градот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-ostvari-sredba-so-pretstavnici-na-proektot-na-usaid-za-zajaknuvanje-na-kapacitetite-na-opshtinite/feed/ 0
Стојкоски: Во соработка со USAID го реализираме проектот за меѓуетничка интеграција, во Ѓорче Петров се слуша гласот на младите https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stojkoski-vo-sorabotka-so-usaid-go-realizirame-proektot-za-megjuetnichka-integracija-vo-gjorche-petrov-se-slusha-glasot-na-mladite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stojkoski-vo-sorabotka-so-usaid-go-realizirame-proektot-za-megjuetnichka-integracija-vo-gjorche-petrov-se-slusha-glasot-na-mladite/#respond Fri, 05 Nov 2021 10:46:57 +0000 https://kurir.mk/?p=591254

Во соработка со USAID - US Agency for International Development го реализираме проектот за меѓуетничка интеграција, во кој преку младинска акција се вклучени ученици од три основни училишта, стои во Фејсбук статусот на градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. Тој напиша дека во Ѓорче Петров се слуша гласот на младите. - Младите ни се важни, а одлуките се носат заеднички. Особена чест и задоволство ми преставува што имав можност да ги слушнам учениците од основните училишта и нивните приоритети. Разговаравме за подигнување на еколошката свест, создавање младински парк и реновирање на постоечките спортски игралишта. Барањата на најмладите сограѓани ќе бидат нашиот темел, а нивните потреби наш мотив да го креираме секојдневието. Приклучете се да го изградиме заедно Ѓорче да стане поубаво место за живеење, додава Стојкоски во својата објава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stojkoski-vo-sorabotka-so-usaid-go-realizirame-proektot-za-megjuetnichka-integracija-vo-gjorche-petrov-se-slusha-glasot-na-mladite/feed/ 0
УНИЦЕФ и УСАИД донираат мобилни станици за миење раце во 15 училишта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/unicef-i-usaid-doniraat-mobilni-stanici-za-mienje-race-vo-15-uchilishta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/unicef-i-usaid-doniraat-mobilni-stanici-za-mienje-race-vo-15-uchilishta/#respond Fri, 20 Aug 2021 05:12:00 +0000 https://kurir.mk/?p=552836

Во пресрет на отворањето на училиштата и подготовките за организирање на наставата со физичко присуство на учениците, претставниците на УНИЦЕФ и УСАИД во земјава, Патриција Ди Џовани и Ерик Јановски, денеска ќе го посетат ОУ „Климент Охридски“ во Драчево – едно од петнаесетте училишта кои добија мобилни станици за миење раце заради подобрување на капацитетите за вода, санитација и хигиена. Најавено е присуство и на министерката за образование и наука Мила Царовска, градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, и претставник на Македонски центар за граѓанско образование – партнер во проектот. –Мобилните станици за миење раце имаат канистери за вода, сапун и крпи за раце. УНИЦЕФ донираше педесет и две станици на 15 училишта, со финансиска помош од УСАИД. Училиштата ги посочија Институтот за јавно здравје и Државниот просветен инспекторат како критични според капацитетите за вода, санитација и хигиена, информира Канцеларијата на УНИЦЕФ. Училиштата се избрани врз основа на наодите од алатката за самопроценка изработена од Институтот за јавно здравје и Државниот просветен инспекторат, со поддршка на УНИЦЕФ. -Оваа алатка ги интегрира напорите за проценка меѓу ИЈЗ и Државниот просветен инспекторат, а ги вклучува препорачаните прашања на СЗО за проценка на капацитетот за вода и санитарно-хигиенски услови. Алатката е достапна за самопроценка на сите училишта, како и на центрите за јавно здравје и просветните инспектори. Покрај тоа, раководството и техничката служба во училиштата добија детална обука за вода, санитарно-хигиенски капацитети и одржување, наведува Канцеларијата на УНИЦЕФ во земјава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/unicef-i-usaid-doniraat-mobilni-stanici-za-mienje-race-vo-15-uchilishta/feed/ 0
Едногодишни грантови за осум организации од УСАИД https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ednogodishni-grantovi-za-osum-organizacii-od-usaid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ednogodishni-grantovi-za-osum-organizacii-od-usaid/#respond Fri, 07 Sep 2018 05:48:03 +0000 https://kurir.mk/?p=97400

Осум организации денеска ќе добијат едногодишни грантови преку Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем за деловна поддршка. Целта на грантовите е подобрување на постоечки и развивање на нови деловни услуги за микро, мали и средни претпријатија (ММСП) во Македонија. Грантовите ќе бидат доделени на Комората на занаетчии – Скопје, Здружението за рурален развој ЛАГ Агро Лидер, МАКАМ-ТРАНС, Македонската асоцијација на метална и електро индустрија (МАМЕИ), Сојузот на стопански комори, Македонското здружение за лифтови, Стопанската комора на североисточна Македонија и Солар Македонија. Дел од услугите за поддршка на ММСП кои ќе се развиваат преку грантовите се обука и развој на работна сила во повеќе сектори, помош во пристапување до финансии, поддршка за поврзување со странски пазари, експерти за за оптимизација на производството, како и многу други. Започнат во 2017 година, Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем работи на зголемување на продуктивноста на микро, малите и средните претпријатија (ММСП).  Работи со деловни здруженија, стопански комори, финансиски институции, тренинг центри и компании кои работат на развивање на нивните синџири на добавување, како и други организации кои нудат услуги за деловна поддршка на ММСП. Проектот исто така работи со финансиски институции на зголемување на финансирањето достапно за ММСП. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ednogodishni-grantovi-za-osum-organizacii-od-usaid/feed/ 0