услови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Feb 2023 12:10:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png услови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Албин Курти изнесе шест услови за формирање на Заедницата на српски општини https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albin-kurti-iznese-shest-uslovi-za-formirane-na-zaednitsata-na-srpski-opshtini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albin-kurti-iznese-shest-uslovi-za-formirane-na-zaednitsata-na-srpski-opshtini/#respond Thu, 02 Feb 2023 12:10:10 +0000 https://kurir.mk/?p=795171

Премиерот на Приштина, Албин Курти, денеска на седницата на Собранието во Приштина презентираше шест услови за формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО), пренесува „Репортери“. 1. ЗСО мора да биде во согласност со уставот и законите на Косово. 2. ЗСО не може да биде еднонационална, мора да го смени името и да служи само за хоризонтална соработка на општините. 3. Правата на националните малцинства и соодветните заштитни механизми треба да го зајакнат принципот на реципроцитет меѓу, како што наведе, „двете држави“ и да ги земат предвид европските стандарди и модели. 4. Пред формирањето на ЗСО, мора да се изгаснат „нелегалните структури на Србија на север“, како што наведе тој, и да се предаде целото нелегално оружје. 5. ЗСО мора да биде дел од конечниот договор и да се спроведува по, како што вели, „взаемното признавање“. 6. Услов на Курти е претседателот на Србија да ги повлече писмата испратени до највисоките функционери на петте земји членки на ЕУ кои не ја признаваат самопрогласената независност на Косово, во кои бара тие држави да не ја прифатат апликацијата на Приштина за членство во ЕУ, пренесува „Танјуг“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albin-kurti-iznese-shest-uslovi-za-formirane-na-zaednitsata-na-srpski-opshtini/feed/ 0
Шведска сака во НАТО, но има два услови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-saka-vo-nato-no-ima-dva-uslovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-saka-vo-nato-no-ima-dva-uslovi/#respond Sun, 15 May 2022 16:33:46 +0000 https://kurir.mk/?p=677066

Шведските владејачки социјалдемократи најавија поддршка за влезот на земјата во НАТО. Со оглед на тоа што Финска веќе е подготвена да ја поднесе својата апликација, шведската премиерка Магдалена Андерсон најави дека „сега е сосема сигурна дека ќе започне официјална апликација за неколку дена“, пренесува Ројтерс. Но, Шведска не сака нуклеарно оружје во нејзината земја, ниту пак сака постојани бази на НАТО. Шведската министерка за надворешни работи Ен Линде го нарече потегот „историска одлука“. „Руската инвазија на Украина ја влоши безбедносната ситуација за Шведска и Европа како целина“, додаде таа. Војната во Украина, која Москва ја нарекува специјална воена операција, ги поттикна и Шведска и Финска да аплицираат за членство во НАТО. Претходно денеска, финскиот претседател Саули Ниинисто официјално објави дека неговата земја аплицира за членство во НАТО, што е историска промена во неутралната надворешна политичка ориентација на земјата, поттикната од руската инвазија на Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-saka-vo-nato-no-ima-dva-uslovi/feed/ 0
Продолжени правилата – што е потребно за влез во Грција за македонските граѓани ? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzeni-pravilata-shto-e-potrebno-za-vlez-vo-grcija-za-makedonskite-gragjani-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzeni-pravilata-shto-e-potrebno-za-vlez-vo-grcija-za-makedonskite-gragjani-2/#respond Fri, 03 Dec 2021 09:44:17 +0000 https://kurir.mk/?p=603487

Актуелните правила и мерки за влез во Грција, кои важат и за државјаните на Северна Македонија, се непроменети и продолжени за уште една седмица, а и понатаму задолжителен е документ за Ковид-19 и пополнет PLF формулар, јави дописничката на МИА од Атина. Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, веќе е објавена во Службен весник на Грција стапи во сила утрово и важи до следниот петок, 10 декември 2021 година, во шест часот наутро. Документот за Ковид-19, односно сертификат за вакцинација или потврда за прележана болест или негативен ПЦР/рапид тест, заедно со пополнет PLF формулар и понатаму се неопходни за патување во Грција, а невакцинираните и оние кои не прележале, задолжително ќе бидат тестирани при влезот во земјата. Паралелно, речиси истите документи, освен PLF формуларот, задолжителни се и за влез во затворените објекти во Грција, со исклучок на супермаркетите, продавниците за храна, бензинските пумпи и аптеките со оглед на тоа дека мерките во земјата, како за грчките граѓани, важат и за туристите. Нема промени ни во однос на граничните премини, како и досега, за влез од Северна Македонија, отворени се сите и работата 24 часа. Сите посетители „независно од државјанството и начинот на влез во земјата“ имаат четири опции, во однос на документите што треба да ги приложат и се поврзани со Ковид-19, а МИА детално ги пренесува сите правила за патување кај јужниот сосед. Првата опција се однесува на вакцинираните за кои потребно е да имаат сертификат за вакцинација и да се поминати 14 дена од примената втора доза. Сертификатот за вакцинација може да биде на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, издаден од јавна установа и да ги содржи податоците: име и презиме, како што се заведени во пасошот, вид на вакцина и бројот на дози, заедно со датуми кога се примени. Втората можност е со негативен тест: или ПЦР направен во последните 72 часа пред патувањето или антигенски (брз) тест направен 48 часа претходно. И за двете опции, тестирањето треба да биде во одобрена од државата на потекло приватна или државна лабораторија, а потврдата да биде на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, а исто како и за сертификатот, треба да ги содржи и името и презимето на лицето кое патува, онака како што се заведени во пасошот. За оние кои патуваат со негативен тест „независно од државјанството и начинот на влез во земјата, а во Грција пристигнуваат од: Египет, Албанија, Аргентина, Северна Македонија, Бугарија, Бразил, Грузија, Куба, Обединетите Арапски Емирати, Индија, Кина, Либија, Мароко, Пакистан, Русија и Турција“, предуслов за влез е да добијат негативен резултат од задолжителното тестирање со ПЦР/ рапид тест на влезните точки во Грција. Задолжителното тестирање не важи за патниците кои имаат валиден сертификат за вакцинација со поминати 14 дена од втората доза или потврда за прележана болест во изминатите шест месеци. Третата опција се однесува на оние кои прележале Ковид-19 во изминатите шест месеци и може да достават потврда за прележана болест по лабораториско тестирање со ПЦР или антигенски (брз) тест, а сертификатот се издава 30 дена по првиот позитивен резултат и неговата важност е до 180 дена подоцна. Европскиот дигитален Ковид сертификат е четвртата алтернативна можност за влез во Грција. Конкретните обврски за патување важат за лица со наполнети 12 години. Дополнително, за патување, задолжителен е и електронскиот формулар PLF (Passenger Locator Form), што треба да биде пополнет преку интернет страницата https://travel.gov.gr, по што се добива потврда со QR-код и се смета за неопходен документ за влез во Грција. Сите посетители на Грција, независно од земјата на потекло, може да бидат подложени на тестирања, а селекцијата се врши согласно здравствениот алгоритам и со помош на кодот од PLF формуларот. Тестирањата, за вакцинираните и за оние кои прележале Ковид-19 се по случаен избор, а за оние кои патуваат со негативен тест, тестирањето е задолжително. Во случај на позитивен резултат, предвиден е десетдневен карантин во соодветен простор укажан од надлежните органи, а доколку се работи за лица кои 14 дена претходно ја завршиле вакцинацијата, тогаш задолжителната изолација е седум дена. На последниот ден од карантинот, оние кои биле позитивни, без разлика дали се вакцинирани или не, потребно е да направат ПЦР тест. Лицата кои патуваат заедно со потврдените случаи, односно блиските контакти на оние кои се позитивни на Ковид-19, имаат можност да се вратат во нивната земја истиот или следниот ден, под услов да добијат два негативни резултати од два теста (ПЦР или рапид) направени во рок од 24 часа и за време на патувањето да носат N95 маска. Во случај лицата кои патуваат заедно со потврдените случаи да останат во земјата, а не се вакцинирани или немаат прележано Ковид-19 во изминатите шест месеци, тогаш треба да бидат во 14-дневна изолација по последниот контакт со позитивното лице, без да се тестираат или седум дена карантин и на седмиот ден да направат ПЦР тест. Доколку блиските контакти се вакцинирани или прележале Ковид-19 во последните шест месеци, тогаш не е потребен карантин, но задолжително се тестираат со ПЦР тест при влезот во земјата. За прекршување на законските мерки и обврски, предвидени се парични казни од 500 и 5.000 евра. За влез во Грција, отворени се сите копнени гранични премини кои работат 24 часа, со исклучок на Мерѕани кон Албанија, што е со работно време од 8 до 20 часот, а од Турција преку Кастањес и Кипи, дозволен е влез на 1500 лица седмично. Од Северна Македонија кај јужниот сосед може да се патува преку Евзони (Богородица), преку Ники (Меџитлија) и Дојран, без никакви ограничувања во однос на бројот на посетители или во однос на работното време. Во одлуката, како што пренесува МИА, посочено е дека туристите, за време на нивниот престој во Грција, мора да ги почитуваат мерките што важат во внатрешноста на земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzeni-pravilata-shto-e-potrebno-za-vlez-vo-grcija-za-makedonskite-gragjani-2/feed/ 0
Што е потребно за влез во Грција? https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shto-e-potrebno-za-vlez-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shto-e-potrebno-za-vlez-vo-grcija/#respond Fri, 24 Sep 2021 12:56:15 +0000 https://kurir.mk/?p=567756

Aктуелните правила за влез во Грција, кои важат и за државјаните на Македонија, односно задолжителен документ за Ковид-19 и пополнет PLF формулар, но и задолжително тестирање на влезните точки за оние кои патуваат со негативен тест, се продолжени за уште една седмица. Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, веќе е објавена во Службен весник на Грција, стапи во сила во 6 часот утрово, а важи до следниот петок 1 октомври. За влез од Македонија во Грција отворени се сите гранични премини, кои работата 24 часа, додека сите посетители „независно од државјанството и начинот на влез во земјата“ исто како и во изминатите четири и пол месеци имаат четири опции, во однос на документите што треба да ги приложат и се поврзани со Ковид-19. Првата опција е целосно да ја имаат завршено вакцинацијата 14 дена пред патувањето и да достават сертификат за вакцинација на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, издаден од јавна установа и да ги содржи податоците: име и презиме, како што се заведени во пасошот, вид на вакцина и бројот на дози, заедно со датуми кога се примени. Втората можност е со негативен тест: или ПЦР направен во последните 72 часа пред патувањето или антигенски (брз) тест направен 48 часа претходно. И за двете опции, тестирањето треба да биде во одобрена од државата на потекло приватна или државна лабораторија, а потврдата да биде на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, а исто како и за сертификатот, треба да ги содржи и името и презимето на лицето кое патува, онака како што се заведени во пасошот. За оние кои патуваат со негативен тест, „независно од државјанството и начинот на влез, а во Грција пристигнуваат од: Египет, Албанија, Аргентина, Македонија, Бугарија, Бразил, Грузија, Куба, Обединетите Арапски Емирати, Индија, Кина, Либија, Мароко, Пакистан, Русија и Турција“, предуслов за влез е да добијат негативен резултат од задолжителното тестирање со ПЦР/ рапид тест на влезните точки во Грција. Задолжителното тестирање не важи за патниците кои имаат валиден сертификат за вакцинација со поминати 14 дена од втората доза или потврда за прележана болест во изминатите шест месеци. Третата опција се однесува на оние кои прележале Ковид-19 во изминатите шест месеци и може да достават потврда за прележана болест по лабораториско тестирање со ПЦР или антигенски (брз) тест, а сертификатот се издава 30 дена по првиот позитивен тест и неговата важност е до 180 дена подоцна. Документот треба да биде од јавна установа или од лаборатории одобрени од државата на потекло, да ги содржи податоците од пасошот и повторно, може да биде на неколку јазици, односно на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик. Европскиот дигитален Ковид сертификат е четвртата алтернативна можност за влез во Грција. Конкретните обврски за патување важат за лица со наполнети 12 години. Дополнително, за патување, задолжителен е и електронскиот формулар PLF (Passenger Locator Form), кој треба да биде пополнет преку интернет страницата https://travel.gov.gr, по што се добива потврда со QR-код и се смета за неопходен документ за влез во Грција. Сите посетители на Грција, независно од земјата на потекло, може да бидат подложени на тестирања, а селекцијата се врши согласно здравствениот алгоритам и со помош на кодот од PLF формуларот. Тестирањето, веќе е задолжително за патниците кои доаѓаат од Македонија, а патуваат со негативен тест. Оние кои ќе бидат тестирани, ќе треба да ги почекаат резултатите. Ако резултатот е позитивен, предвиден е десетдневен карантин во соодветен простор укажан од надлежните органи, а во случај да се работи за лица кои 14 дена претходно ја завршиле вакцинацијата, тогаш задолжителната изолација е седум дена. На последниот ден од карантинот, оние кои биле позитивни, без разлика дали се вакцинирани или не, потребно е да направат ПЦР тест. Лицата кои патуваат заедно со потврдените случаи, односно блиските контакти на оние кои се позитивни на Ковид-19, имаат можност да се вратат во нивната земја истиот или следниот ден, под услов да добијат два негативни резултати од два теста (ПЦР или рапид) направени во рок од 24 часа и за време на патувањето да носат N95 маска. Во случај лицата кои патуваат заедно со потврдените случаи да останат во земјата, а не се вакцинирани или немаат прележано Ковид-19 во изминатите шест месеци, тогаш треба да бидат во 14-дневна изолација по последниот контакт со позитивното лице, без да се тестираат или седум дена карантин и на седмиот ден да направат ПЦР тест. Доколку блиските контакти се вакцинирани или прележале Ковид-19 во последните шест месеци, тогаш не е потребен карантин, но задолжително се тестираат со ПЦР тест при влезот во земјата. За прекршување на законските мерки и обврски, предвидени се парични казни. За влез во Грција, отворени се сите копнени гранични премини кои работат 24 часа, со исклучок на Мерѕани кон Албанија, што е со работно време од 8 до 20 часот, а од Турција преку Кастањес и Кипи дневно, дозволен е влез на 1.500 лица. Од Македонија кај јужниот сосед може да се патува преку Евзони (Богородица), преку Ники (Меџитлија) и Дојран, без никакви ограничувања во однос на бројот на посетители или во однос на работното време. Во одлуката, посочено е дека туристите, за време на нивниот престој во Грција, мора да ги почитуваат мерките што важат во внатрешноста на земјата]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shto-e-potrebno-za-vlez-vo-grcija/feed/ 0
УТРОВО СТАПИЈА НА СИЛА НОВИТЕ МЕРКИ ВО ГРЦИЈА – ова мора да го имате на ум доколку планирате одмор таму! https://arhiva.kurir.mk/svet/region/utrovo-stapija-na-sila-novite-merki-vo-grcija-ova-mora-da-go-imate-na-um-dokolku-planirate-odmor-tamu-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/utrovo-stapija-na-sila-novite-merki-vo-grcija-ova-mora-da-go-imate-na-um-dokolku-planirate-odmor-tamu-2/#respond Thu, 19 Aug 2021 08:14:47 +0000 https://kurir.mk/?p=552476

Досегашните правила за влез во Грција, кои важат и за државјаните на Македонија, а се однесуваат на документ поврзан со ковид-19 и пополнет PLF формулар, продолжени се до 27 август 2021 година, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на ковид-19″, што е веќе објавена во Службен весник на Грција, а утрово стапи во сила, Македонија и понатаму е на листата трети земји за кои не важи забраната за влез во Грција, отворени се сите копнени гранични премини, а за патување кај јужниот сосед потребен е сертификат за вакцинација или негативен ПЦР/рапид тест или потврда за прележан вирус, заедно со пополнет PLF формулар. Како и досега, сите посетители, „независно од државјанството и начинот на влез во земјата“ имаат четири опции во однос на документите што треба да ги приложат и се поврзани со ковид-19, а МИА детално ги пренесува сите предуслови за патување во Грција. Првата опција е целосно да ја имаат завршено вакцинацијата 14 дена пред патувањето и да достават сертификат за вакцинација на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, издаден од јавна установа и да ги содржи податоците: име и презиме, како што се заведени во пасошот, вид на вакцина и бројот на дози, заедно со датуми кога се примени. Втората можност е со негативен тест: или ПЦР направен во последните 72 часа пред патувањето или антигенски (брз) тест направен 48 часа претходно. И за двете опции, тестирањето треба да биде во одобрена од државата на потекло приватна или државна лабораторија, а потврдата да биде на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, а исто како и за сертификатот, треба да ги содржи и името и презимето на лицето кое патува, онака како што се заведени во пасошот. Третата опција се однесува на оние кои прележале ковид-19 во изминатите шест месеци и може да достават потврда за прележана болест по лабораториско тестирање со ПЦР или антигенски (брз) тест, а сертификатот се издава 30 дена по првиот позитивен тест и неговата важност е до 180 дена подоцна. Документот треба да биде од јавна установа или од лаборатории одобрени од државата на потекло, да ги содржи податоците од пасошот и повторно, може да биде на неколку јазици, односно на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик. Европскиот дигитален ковид-сертификат е четвртата алтернативна можност за влез во Грција. Конкретните обврски за патување важат за лица со наполнети 12 години. Согласно новата одлука, како што јавува МИА, промени има за „посетителите на Грција, независно од државјанството и начинот на влез во земјата”, кои доаѓаат од Египет, Албанија, Аргентина, Бразил, Грузија, Куба, САД Обединетите Арапски Емирати, Индија, Кина, Либија, Мароко, Русија и Турција и за да влезат во Грција потребно е да добијат негативен резултат на задолжителното тестирање со ПЦР или брз тест на влезните точки во земјата. Од задолжителното тестирање, исклучок има за оние кои се вакцинирани или имаат прележано ковид-19. Дополнително, за патување, задолжителен е и електронскиот формулар PLF (Passenger Locator Form), кој треба да биде пополнет преку интернет страницата https://travel.gov.gr пред поаѓањето, по што се добива потврда со QR-код и се смета за неопходен документ за влез во Грција. Сите посетители на Грција, независно од земјата на потекло, може да бидат подложени на тестирања, а селекцијата се врши согласно здравствениот алгоритам и со помош на кодот од PLF формуларот. Доколку бидат тестирани, ќе треба да ги почекаат резултатите. Ако резултатот е позитивен, предвиден е десетдневен карантин, а во случај да се работи за лица кои 14 дена претходно ја завршиле вакцинацијата, тогаш задолжителната изолација е седум дена. На последниот ден од карантинот, оние кои биле позитивни, без разлика дали се вакцинирани или не, потребно е да направат ПЦР тест. Во однос на лицата што патуваат заедно со потврдените случаи, односно блиските контакти на оние кои се позитивни на ковид-19, кимаат можност да се вратат во нивната земја истиот или следниот ден, под услов добијат два негативни резултати од два теста (ПЦР или рапид) направени во текот на 24 часа и да носат маска Н95 додека патуваат. Во случај лицата кои патуваат заедно со потврдените случаи да останат во земјата, а не се вакцинирани или немаат прележано Ковид-19 во изминатите шест месеци, тогаш треба да бидат во 14-дневна изолација по последниот контакт со позитивното лице, без да се тестираат или седум дена карантин и на седмиот ден да направат ПЦР тест. Доколку блиските контакти се вакцинирани или прележале ковид-19 во изминатите шест месеци, тогаш не е потребен карантин, но задолжително се тестираат со ПЦР тест при влезот во земјата. За прекршување на законските мерки и обврски, предвидени се парични казни од 500 до 5000 евра. За влез во Грција, отворени се сите копнени гранични премини кои работат 24 часа, со исклучок на Мерѕани кон Албанија, што е со работно време од 8 до 20 часот, а за влез од Турција преку Кастаниес и Кипи дневно, дозволен е влез на 1500 лица. Од Северна Македонија кај јужниот сосед може да се патува преку Евзони (Богородица), преку Ники (Меџитлија) и Дојран, без никакви ограничувања во однос на бројот на посетители или во однос на работното време. На листата држави за кои важи исклучокот од забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, освен Северна Македонија, дозволено е патување и за државјаните на Сан Марино, Азербејџан, Андора, Австралија, Албанија, Босна и Херцеговина, Ватикан, Ерменија, Обединетите Арапски Емирати, САД, Велика Британија, Јапонија, Јордан, Израел, Канада, Катар, Кина, Косово, Кувајт, Белорусија, Либан, Црна Гора, Молдавија, Монако, Бахреин, Брунеј, Нов Зеланд, Јужна Кореа, Украина, Русија, Саудиска Арабија, Србија, Сингапур и Турција. Во одлуката, како што пренесува МИА, посочено е дека туристите, за време на нивниот престој во Грција, мора да ги почитуваат мерките што важат и за Грците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/utrovo-stapija-na-sila-novite-merki-vo-grcija-ova-mora-da-go-imate-na-um-dokolku-planirate-odmor-tamu-2/feed/ 0
Работа во субстандардни услови, зградата на Социјално како локација за снимање на хорор филм (ФОТО СТОРИЈА КУРИР) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabota-vo-substandardni-uslovi-zgradata-na-socijalno-kako-lokacija-za-snimanje-na-horor-film-foto-storija-kurir/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabota-vo-substandardni-uslovi-zgradata-na-socijalno-kako-lokacija-za-snimanje-na-horor-film-foto-storija-kurir/#respond Thu, 20 May 2021 08:10:09 +0000 https://kurir.mk/?p=512624

ФЗОМ попознато како „Социјално“ чии раководител е Жаклина Стаменкова работи во мизерни услови. Без средства за дезинфекција на влезот, без почитување на препораките за дистанца и со само двајца членови на обезбедувањето кое не контролира кој влегува и кој излегува од зградата функционира едно од најпосетуваните институции во Скопје. Социјални случаи, сопственици на фирми, обични граѓани… дневно во оваа зграда влегуваат над стотина вработени, а приближно толку и работат. Читатели на КУРИР биле сведоци на оваа грозна глетка. Тие испратија фотографии до нашата редакција, покажувајќи ни со што се соочиле кога влегле во оваа зграда. Велат единствената работа која е исправна во таа зграда е што на самиот влез ви мерат температура, останатото можете да го видите од сликите. Распаднати подови, канти преполни со ѓубре кое патем како што велат стоело и по една недела, никој не го чистел, столици, хартија, инвалидски колички стојат во кругот на зградата како да е депонија. Но, најгрозните фотографии се оние од тоалетите, е тие се приказна за себе, за тоалетите во зградата никој не се грижи, вработените се доведени во ситуација кога мораат да одат во тоалет полно со фекалии, во сите тоалети хигиената е на најниско можно ниво. Имено, оваа ситуација не е од вчера, оваа ситуација била со години, па оттука се поставува прашањето, зошто одговорните молчат? Дали онаа која треба да се грижи за најранливите, прави субстандардни услови за своите вработени? Фотографиите кои ги добивме од нашите читатели се навистина мизерни, а глетката делува како во таа зграда да се снима хорор филм. Дали со ваквиот третман на вработените во ФЗОМ и нивните подрачни единици,  ја покажува неспособност на власта? ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabota-vo-substandardni-uslovi-zgradata-na-socijalno-kako-lokacija-za-snimanje-na-horor-film-foto-storija-kurir/feed/ 0
Хелсиншки комитет: Итно да се создадат услови за образование и на децата со попреченост https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/helsinshki-komitet-itno-da-se-sozdadat-uslovi-za-obrazovanie-i-na-decata-so-poprechenost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/helsinshki-komitet-itno-da-se-sozdadat-uslovi-za-obrazovanie-i-na-decata-so-poprechenost/#respond Fri, 14 Aug 2020 09:39:54 +0000 https://kurir.mk/?p=390649

Хелсиншкиот комитет апелира надлежните итно да создадат услови за образование и на децата со попреченост кои во услови на пандемија се соочени со големи предизвици во наставата зашто платформите за учење на далечина во нашата земја, кои го заменија редовното образование, ги исклучуваат најголемиот дел од овие деца. Од Хелсиншки посочуваат на укажувањето од Обединетите нации од опасност од зголемена ексклузија на децата со попреченост во процесот на образование како резултат на кризата. Се проценува дека децата со попреченост ќе имаат најмалку корист од примената на алтернативните решенија за учење на далечина, на што се надоврзува недостигот од поддршка во домот, непристапноста до интернет, непостоењето пристапен софтвер и наставни материјали. – Со новиот Закон за основно образование, кој беше донесен пред точно една година и започна со примена во учебната 2019/2020 година, основното образование беше институционално, кадровски и содржински организирано да овозможи инклузија на сите деца во редовното образование. Меѓутоа, новата учебна година започнува за две седмици, а сè уште не се донесени сите подзаконски акти кои требаше да обезбедат соодветна имплементација на Законот и инклузија на децата со посебни образовни потреби во образовниот процес од секој аспект. Дополнително, состојбата на пандемија само ги потенцираше бројните недостатоци во имплементацијата на Законот, за кои во неколку наврати алармираше и Хелсиншкиот комитет. Имајќи предвид дека се уште не е објавен оглас за избор на образовни асистенти, право кое во текот на претходната учебна година можеа да го користат само мал број деца од сите оние кои имаа потреба, постојат индиции дека и со почетокот на новата учебна година децата со попреченост нема да бидат во можност да го користат ова право, наведува Хелсиншкиот комитет. Според препораките од Посебниот извештај на Народниот правобранител за предизвиците, проблемите и предностите на реализираната онлајн-настава за учениците со попреченост во посебните основни и средни училишта, кој беше објавен пред четири дена, наставата за ученици со попреченост е најдобро да се изведува со физичко присуство на учениците во училиште, под директно водство од страна на наставниците и стручните лица, од причина што училиштето располага со потребните наставни, едукативно-дидактички материјали, средства, опрема и технички услови кои се неопходни за стекнување на знаења и вештини кај учениците, како и за нивниот целокупен сестран развој. – На прагот на новата учебна година, сè уште голем дел од учениците немаат пристап до интернет и компјутерска опрема, а немаат пристап ниту до соодветни наставни материјали за реализирање онлајн-настава, кои се од особена важност за децата со попреченост. Оттука, Хелсиншкиот комитет за човекови права апелира до сите релевантни институции при донесувањето на одлуката за изборот на модалитетот на работа на училиштата во новата учебна година, да ги земат предвид и потребите на децата со попреченост односно да обезбедат соодветни услови за нивно непречено вклучување во образовниот процес. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/helsinshki-komitet-itno-da-se-sozdadat-uslovi-za-obrazovanie-i-na-decata-so-poprechenost/feed/ 0
Барселона не се согласува со условите во договорот на Тер Штеген https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/barselona-ne-se-soglasuva-so-uslovite-vo-dogovorot-na-ter-shtegen/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/barselona-ne-se-soglasuva-so-uslovite-vo-dogovorot-na-ter-shtegen/#respond Wed, 05 Aug 2020 11:24:56 +0000 https://kurir.mk/?p=386539

Барселона продолжува со преговорите со голманот Марк-Андре тер Штеген за потпишување нов договор, пренесува „Ел Мундо Депортиво“. Но, засега страните не можат да се договорат за висината на платата на голманот. Тер Штеген очекува да остане во Барселона. Пред тоа, фудбалерот и клубот се согласија дека новиот договор ќе трае пет години. Во последната сезона од шпанската Ла Лига, голманот одигра 36 натпревари, притоа постигнувајќи 36 гола во нив. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/barselona-ne-se-soglasuva-so-uslovite-vo-dogovorot-na-ter-shtegen/feed/ 0
НОВИ УСЛОВИ: ДУИ има 5 главни столба за преговори со албанските партии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-uslovi-dui-ima-5-glavni-stolba-za-pregovori-so-albanskite-partii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-uslovi-dui-ima-5-glavni-stolba-za-pregovori-so-albanskite-partii/#respond Sun, 26 Jul 2020 20:29:03 +0000 https://kurir.mk/?p=381700

По неуспехот на лидерот на ДУИ Али Ахмети да ги собере албанските партии на средба за да се координираат околу нивната идеја за прв Албанец премиер на Македонија, сега Бујар Османи вели дека тие дефинирале 5 столба за преговори меѓу партиите на Албанците. „Многу е важно да се согласиме за оваа албанска платформа во политичката трка која треба да биде постојана за албанската политика: 1.На изборите не се тркаме со повеќе од две листи. 2. Партијата која ќе добие глас повеќе зборува во име на Албанците во другите општини. 3. Партиите и пратениците кои имаат глас помалку, даваат поддршка на првата партија која за стратешките линии ќе зборуваат во името на сите пратеници Албанци, а за дневно политички прашања ќе биде главен коректор. 4. Пратениците на партиите кои не победиле не водат разговори на страна за да ги ослабнат преговарачките позиции на победничката партија (како во 2006). 5. Можност за соработки во разни форми во интерес на граѓаните меѓу албанските политички партии“, истакна Бујар Османи. За време на предизборната кампања ДУИ и коалицијата АА-ААА имаа силни разлики во однос на идејата за премиер Албанец, не за да се спротивстават на идејата туку за да подвлечат дека оваа идеја на ДУИ е само за да привлече повеќе гласови. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети ги покани албанските партии на заедничка средба за да се координираат што по добивањето на 32 мандати од албанските политики партии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-uslovi-dui-ima-5-glavni-stolba-za-pregovori-so-albanskite-partii/feed/ 0
Мисајловски: Нашите деца се иднината на Република Македонија и наша должност е да обезбедиме најдобри услови за тие да останат тука https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-nashite-deca-se-idninata-na-republika-makedonija-i-nasha-dolznost-e-da-obezbedime-najdobri-uslovi-za-tie-da-ostanat-tuka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-nashite-deca-se-idninata-na-republika-makedonija-i-nasha-dolznost-e-da-obezbedime-najdobri-uslovi-za-tie-da-ostanat-tuka/#respond Fri, 10 Jul 2020 09:19:54 +0000 https://kurir.mk/?p=373143

Се обврзуваме на нови 50.000 работни места. Нашите деца се иднината на Република Македонија и наша должност е да обезбедиме најдобри услови за тие да останат тука. Обновата доаѓа!, пишува во својата објава на Фејсбук носителот на листат на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ2 Владо Мисајловски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-nashite-deca-se-idninata-na-republika-makedonija-i-nasha-dolznost-e-da-obezbedime-najdobri-uslovi-za-tie-da-ostanat-tuka/feed/ 0