услуги – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 01 Sep 2023 08:01:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png услуги – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поскапуваат дел од поштенските услуги https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poskapuvaat-del-od-poshtenskite-uslugi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poskapuvaat-del-od-poshtenskite-uslugi/#respond Fri, 01 Sep 2023 08:01:42 +0000 https://kurir.mk/?p=873338

Нови цени на поштенските услуги во меѓународниот поштенски сообраќај се во сила од денеска. Новите цени се однесуваат за писмата, поштенските картички, печатените работи и малите пакети. За стандардизираното писмо, поштенската услуга ќе чини 42 денари, а исто толку ќе чини и за поштенската картичка. Поштенската услуга за нестандардизираното писмо до 20 грама во соседните држави и во земјите од Европа, кои се во втора зона, од септември ќе биде 42 денари, а за останатите држави од Европа, кои се во трета зона, како и за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 45 денари. За препорачаните писма, ќе се доплаќа 139 денари како дополнителна цена која ќе се додава на цената за основната услуга. Кај малите пакети до 100 грама, доколку се праќаат во соседните држави и во земјите од Европа од втора зона ќе се плаќа поштенска услуга од 105 денари, а за останатите европски држави кои се во трета зона, како и за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 120 денари. За најголемите пакети од 1000 до 2000 грама, цената на поштенската услуга за соседните држави и за Европа, втора зона, ќе биде 1.115 денари, додека за останатите европски држави, Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот ќе биде 1.285 денари. За печатени книги, весници и списанија до 20 грама, поштенската услуга за соседните држави и Европа, втора зона, ќе биде 37 денари, а за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 39 денари. За пратка со печатени книги, весници и списанија кои тежат од 1000 до 2000 грама, ќе се плаќа поштенска услуга од 1.112 денари за соседните држави и Европа, втора зона, додека за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави во светот 1.265 денари... За авионски превоз за писмо, поштенска картичка, печатени работи, мали пакети и секограми (сите видови печатени работи за слепи) за Австралија и Нов Заланд и за останатите земји во светот, цената ќе биде по 6 денари за секои 10 грама тежина на пратката, која ќе се пресметува како дополнителна цена и ќе се додава на цената за основната услуга. За земјите од Европа, цената за оваа услуга останува четири денари на секои 10 грама тежина на пратката. Потребата од зголемување на цените, како што стои во образложението од Агенцијата за пошти, е оправдано од неколку причини - некои од постојните цени на основните и дополнителните услуги во меѓународниот сообраќај како писмо и поштенска картичка се во примена повеќе од 20 години, додека цените на нестандардизираното писмо, печатени работи и мали пакети, препорачано ракување и ракување со писмо, не се сменети шест години, а трошоците за нивно обезбедување се зголемени. Во образложението се наведува и дека вака зголемените цени на поштенските услуги се меѓу пониските во регионот и дека се во рамки на просекот со земјите од регионот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poskapuvaat-del-od-poshtenskite-uslugi/feed/ 0
Цените на услугите на Катастар зголемени до 30 проценти, директорот вели дека се на реално ниво https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cenite-na-uslugite-na-katastar-zgolemeni-do-30-procenti-direktorot-veli-deka-se-na-realno-nivo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cenite-na-uslugite-na-katastar-zgolemeni-do-30-procenti-direktorot-veli-deka-se-na-realno-nivo/#respond Tue, 29 Nov 2022 12:07:35 +0000 https://kurir.mk/?p=768196

Цените на услугите на Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) во просек се зголемени за 25 до 30 проценти со стапувањето во сила на новите тарифници. Причина за поскапувањето е сублимирањето на услугите од петте тарифници во два, како и зголемените трошоци за електрична енергија и за одржување на катастарските ИКТ системи, информираше денеска на прес-конференција директорот на АКН, Борис Тунџев. Тој ги отфрли како неточни тврдењата на претседателот на Комората на геодетски друштва, Никола Рибаровски за „енормен раст на цените на катастарските услуги“ и посочи дека има зголемување за одредени производи, за одредени намалувања, а дел се останати на исто ниво. – Со новиот тарифен модел, поединечните цени на податоци од геодетско-катастарскиот информациски систем и надоместот за впишување во Катастарот на недвижности, не се енормно зголемени. Напротив, тоа се цени кои се на ниво на реално направените трошоци за нормално функционирање и одржување на електронските системи, кои се од исклучителна важност, рече Тунџев. Тој најави дека доколку дојде до стабилизирање на енергетската криза, односно намалување на цената на електричната енергија и другите фактори кои имаат влијание на трошоците, Агенцијата ќе направи анализа и ќе излезе со свое видување во однос на потребата од корекција на цените на услугите. На брифингот за новинари сакаше да присуствува и претседателот на Комората Рибароски, што не му беше дозволено со образложение дека настанот е за информирање на медиумите, а тој може да побара прием за разговор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cenite-na-uslugite-na-katastar-zgolemeni-do-30-procenti-direktorot-veli-deka-se-na-realno-nivo/feed/ 0
Нови услуги на шалтерите на Пошта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/novi-uslugi-na-shalterite-na-poshta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/novi-uslugi-na-shalterite-na-poshta/#respond Wed, 28 Jul 2021 09:52:44 +0000 https://kurir.mk/?p=542976

АД „Пошта на Северна Македонија“ денеска соопшти дека согласно потпишаниот договор со Халк Банка, покрај постоечките услуги, на нивните шалтери може да се извршуваат нови услуги. Почнувајќи од вчера, 27 јули 2021, на нивните шалтери може да се извршувате следните услуги: уплата со уплатница (обр. ПП10) за физички лица, исплата на пензија на физички лица резиденти со налог за исплата на готовина (обр. ПП40), единствено за исплата на пензија од трансакциска сметка на физички лица-резиденти кои пензијата ја примаат на трансакциска сметка во Халк Банка АД Скопје. Може да се изврши пренос на средства од една на друга сметка со налог за пренос на средства (обр. ПП30), безготовинско плаќање на јавни давачки (од сметката на клиентот кон трезорска сметка со налог за плаќање на јавни приходи (обр. ПП50), безготовинско префрлање на средства од налогодавачот кон повеќе примачи (обр.ПП53). Досега на шалтерите на единиците на поштенска мрежа на цела територија на државата можеше да се изврши уплата на режиски трошоци, уплата на дневен пазар од правни лица, уплата на јавни давачки со образец ПП 50.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/novi-uslugi-na-shalterite-na-poshta/feed/ 0