успесение на мајка богородица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 25 Aug 2022 13:31:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png успесение на мајка богородица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Таа е единствена што ги простува гревовите, но доколку жените го направат ова – една работа особено не треба да заборавите на големиот празник кој ни доаѓа! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/taa-e-edinstvena-shto-gi-prostuva-grevovite-no-dokolku-zenite-go-napravat-ova-edna-rabota-osobeno-ne-treba-da-zaboravite-na-golemiot-praznik-koj-ni-doagja/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/taa-e-edinstvena-shto-gi-prostuva-grevovite-no-dokolku-zenite-go-napravat-ova-edna-rabota-osobeno-ne-treba-da-zaboravite-na-golemiot-praznik-koj-ni-doagja/#respond Thu, 25 Aug 2022 14:06:37 +0000 https://kurir.mk/?p=723853

Успението на Пресвета Богородица е еден од најголемите христијански празници. Овој празник е сеќавањето на Богородица, а верниците го слават на 28-ми август (или по стариот календар на 15-ти), кога завршува постот што трае 14 дена. Успението на Пресвета Богородица е денот кога Богородица се вознезе на небото и својот дух го предаде во рацете на Спасителот. Легендата вели дека Богородица живеела 60 години, според некои извори 72, дека го надживеала својот син, и како сведок на многу славни настани, ја продолжила својата мисија. Во Библијата нема информации за крајот на земниот живот на Мајката Божја. Според традицијата и списите, кои немаат свет карактер, се верува дека Богородица живеела во Ерусалим до крајот на својот живот, по смртта и воскресението Христово, опкружена со вниманието на апостолите и првата христијанска заедница. Самиот збор успение значи заспивање, поинаку кажано, не се слави с мртта, туку вознесувањето на Богородица во небесните живеалишта. Веднаш по нејзиното заспивање, таа е земена на небото во Христовите прегратки, вознесена е заедно со телото и станува прв и најголем застапник на луѓето пред Бога. Симболиката на овој голем празник е да не се плашиме од смртта, бидејќи таа е само премин од еден живот во друг. Народот верува дека Богородица е заштитничка на леунките и на жените им помага при породувањето. Исто така и жените кои немаат деца веруваат дека со милоста на Света Богородица ќе добијат рожба, поради што ги посетуваат нејзините цркви, изведуваат некои обичаи, се молат и принесуваат дарови. Телото на Богородица било положено во гробот во Гетсиманската Градина и врз отворот бил ставен голем камен. Три дена апостолите пееле псалми, а од воздухот се слушало пеењето на ангелите. На иконите, овој празник обично е претставен со иконографија на креветот на кој лежи Богородица со прекрстени раце на градите. Од двете страни на креветот има свеќници со запалени свеќи. Пред нозете на Богородица, Св. Петар согорува темјан, светиот апостол Павле и светиот апостол Јован се покрај нејзината глава, а другите апостоли се покрај креветот. Присутни се и големите христијански писатели Свети Дионисиј Ареопагит, Иротеј и Тимотеј кои го држат Евангелието, а има и жени кои плачат. Над Богородица е Христос кој ја држи душата на Богородица во форма на дете, опкружен со светлина и ангели. Бидејќи на празникот му претходи двонеделен пост, на 28-ми август, особено жените одат на причест бидејќи овој ден се смета за празник на жените и мајките. Како светица, мајка и сопруга, таа е единствената што ја разбира душата на секоја жена. Луѓето сметаат дека Успението на Пресвета Богородица ја разбира женската мисла, болка и страдање. Бидејќи Богородица ја разбира женската мака, се смета дека оваа светица простува за гревовите. Во некои области се верува дека во периодот помеѓу Мала и Голема Богородица, најдобро е да се соберат лековити билки кои третираат разни болести. На овој празник се принесуваат дарови за здравје пред големата икона, а се зема и светена вода. На овој ден, жените, не треба да работат некоја тешка физичка работа, да не се оптоваруваат во текот на денот и да имаат чисти мисли. Исто така се препорачува да не започнувате некоја нова работа на овој ден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/taa-e-edinstvena-shto-gi-prostuva-grevovite-no-dokolku-zenite-go-napravat-ova-edna-rabota-osobeno-ne-treba-da-zaboravite-na-golemiot-praznik-koj-ni-doagja/feed/ 0
Еве што се верува дека ќе им се случи денеска на жените ако се напијат вода со ронка боја од иконата на Богородица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-shto-se-veruva-deka-kje-im-se-sluchi-deneska-na-zenite-ako-se-napijat-voda-so-ronka-boja-od-ikonata-na-bogorodica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-shto-se-veruva-deka-kje-im-se-sluchi-deneska-na-zenite-ako-se-napijat-voda-so-ronka-boja-od-ikonata-na-bogorodica/#respond Sat, 28 Aug 2021 09:34:46 +0000 https://kurir.mk/?p=555908

Меѓу дванаесетте големи христијански празници спаѓа и празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот попознат како Голема Богородица. Поради големиот култ што го има мајката Божја меѓу верниците, овој празник се празнува многу свечено со големи народни собири. Именден празнуваат: Марија, Мара, Марена, Марица, Марјан, Маријана… Празникот Успение на Пресвета Богородица меѓу народот познат како Голема Богородица се празнува на 28 август според новиот (односно на 15 август според стариот) календар. За подостоинствено празнување на овој празник му претходи двенеделен пост што започнува на 14/1 август, односно на празникот Св. седум маченици Макавејски. Иако култот на Пресвета Богородица имал значајно место во христијанскиот свет уште од најстари времиња, сепак, празникот на нејзиното успение не се празнувал од почетокот. Во почетокот се празнувал празникот Собор на пресвета Богородица, веднаш по Божик, а подоцна од овој општ празник на мајката Божја како и другите нејзини празници се одделил и празникот на нејзиното Успение. Низ цела етничка Македонија во манастирите или црквите што го носат името на Пресвета Богородица на празникот Мала Богородица се одржуваат масовни народни собири. Така е крај манастирот во Матка крај Скопје, кај црквата во центарот на Скопје, во Лешочкиот манастир крај Тетово, во Берово, и на повеќе други места. Се верува дека ако на овој празник жените се напијат вода со ронка боја од иконата на Богородица, тоа ќе им помогне да излечат многу болести, како и неплодност. Денеска не треба ни да се работи физичка работа, ниту пак да се работи во домот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-shto-se-veruva-deka-kje-im-se-sluchi-deneska-na-zenite-ako-se-napijat-voda-so-ronka-boja-od-ikonata-na-bogorodica/feed/ 0
Честитка од претседателот Пендаровски по повод Успение на Пресвета Богородица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-pretsedatelot-pendarovski-po-povod-uspenie-na-presveta-bogorodica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-pretsedatelot-pendarovski-po-povod-uspenie-na-presveta-bogorodica/#respond Sat, 28 Aug 2021 07:28:19 +0000 https://kurir.mk/?p=555867

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до сите верници од православна вероисповед во Република Северна Македонија. -Почитувани сограѓани од православна вероисповед, нека ни е честит големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.  Посакувам, празникот да го минеме пред се во добро здравје, исполнети со љубов, радост и среќа, наведува Пендаровски. Претседателот воедно изразува жалење што, како и минатата година, празникот и овој пат ќе мораме да чествуваме во изменети околности, почитувајќи ги сите правила и препораки за заштита од КОВИД. -Соочувајќи се со пикот на четвртиот бран да бидеме одговорни и дисциплинирани. Да им даруваме љубов на ближните, имајќи особена почит за родителите, а разбирање и прифаќање за децата. Да не дозволиме ништо да ја разниша нашата вера и оптимизам и да ги сочуваме своите вредности и верувања без разлика на тешкотиите со кои се соочуваме. Сплотени да продолжиме да делиме милост и разбирање, отворајќи ги срцата за сите. Нека ни е честит празникот и за многу години, пишува претседателот Пендаровски во честитката по повод Успение на Пресвета Богородица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-pretsedatelot-pendarovski-po-povod-uspenie-na-presveta-bogorodica/feed/ 0
УТРЕ Е ГОЛЕМ ПРАЗНИК: Верниците да појдат во црква, жени и мајки направете една работа на најголемиот женски празник! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-e-golem-praznik-vernicite-da-pojdat-vo-crkva-zeni-i-majki-napravete-edna-rabota-na-najgolemiot-zenski-praznik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-e-golem-praznik-vernicite-da-pojdat-vo-crkva-zeni-i-majki-napravete-edna-rabota-na-najgolemiot-zenski-praznik/#respond Thu, 27 Aug 2020 18:56:15 +0000 https://kurir.mk/?p=396225

Денеска завршија Богородични пости, а утре е голем верски празник за православните христијани. Утре се слави успението на Пресвета Богородица или како што народот го нарекува Голема Богородица. Од повеќето празници посветени на пресвета Богородица овој е еден од најзначајните. Затоа народот овој празник го нарекува уште и Голема Богородица. Во македонските цркви и манастири можат да се сретнат прекрасни претстави на настанот што црквата го слави. Обично се наоѓаат над влезната западна врата на црквата. Инаку, самиот збор успение значи заспивање; поинаку кажано, не се слави смртта, туку вознесувањето на Богородица во небесните живеалишта. Се слави нејзиното заспивање, бидејќи таа не помина низ смртта како враќање на правот на правот. Веднаш по нејзината смрт таа е земена на небото во Христовите прегратки, вознесена е заедно со телото и станува прв и најголем застапник на луѓето пред Бога. Според црковното предание, Богородица го завршува својот живот тивко и мирно без никакви болести и страдања и по смртта на нејзиниот син Господ Исус Христос, таа честопати се молела заедно со апостолите Господ Бог да ја земе нејзината душа и да ја пресели на небото. Доживеала длабока старост. За време на една молитва во Леонската Гора, светиот Архангел Гаврил и’ се јавил и и’ рекол дека за три дни ќе се пресели од овоземниот во небесниот живот. Таа му ја кажала веста на свети апостол Јован, кој, пак, требало да се грижи за неа до крајот на нејзиниот живот. Свети апостол Јован ја објавил веста, која бргу се проширила и сите доаѓале кај Пресвета Богородица да и’ оддадат почит додека се’ уште е жива. Сево ова се случувало во куќата на светиот апостол Јован каде што Богородица му ја предала својата душа на Господ Исус Христос. Била опкружена со голем број ангели и архангели. Се создал шум и голем облак, а пристигнале сите апостоли да и’ оддадат чест. Меѓу нив не бил само светиот апостол Тома, по божја промисла. Тој бил далеку од другите апостоли, бидејќи го проповедал христијанството. Богородица првин легнала на одарот и во тоа време во целосна светлина дошол Господ Исус Христос, а таа станала и рекла: „Душата моја го велича Господа и духот мој се зарадува во него“. Веднаш потоа повторно легнала и заспала. Кога Пресвета Богородица им се јавила на присутните во својот гроб, во нејзина целосна слава и величина, тогаш тие поверувале дека таа од ангелите божји е воздигната од земјата на небото во придружба на голем ангели и архангели, серафими, херувими и светители. Тоа е преминот од земното кон небесното царство, односно од земниот кон вечниот живот. На иконите, овој празник обично се претставува со иконата со креветот на кој лежи Богородица со рацете вкрстени на градите. На обете страни на креветот се наоѓаат свеќници со запалени свеќи. Кај нозете на Пресвета Богородица Св. Петар поткадува со кандило, а над главата се Св. Апостол Павле и Св. Јован Апостол со главата, додека останатите апостоли стојат наоколу. Над Богородица е Христос кој ја држи душата на Богородица во форма на дете, опкружена со светлина и ангели. Бидејќи на празникот му претходи двонеделен пост, на 28 август жените одат на причест, затоа што овој ден се смета како празник за сите жени и мајки. Во некои области, се смета дека во овој период е најдобро да се изберат лековити билки кои третираат разни заболувања, бидејќи најмногу можат да им помогнат на луѓето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-e-golem-praznik-vernicite-da-pojdat-vo-crkva-zeni-i-majki-napravete-edna-rabota-na-najgolemiot-zenski-praznik/feed/ 0