успешни млади – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 25 Nov 2022 12:56:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png успешни млади – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-pendarovski-go-dodeli-priznanieto-uspeshni-mladi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-pendarovski-go-dodeli-priznanieto-uspeshni-mladi/#respond Fri, 25 Nov 2022 12:56:11 +0000 https://kurir.mk/?p=766483

Претседателот Стево Пендаровски, на церемонија во Кабинетот на претседателот, денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2021 година. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. Во категоријата „Најдобар млад научник во општествени науки“ носител на признанието е д-р Виктор Стојкоски, додека за Најдобар млад научник во хуманистичките науки e избран м-р Иван Антоновски. За најдобар млад научник во природно-математички и технички науки е избран д-р Андреј Ристески, а за Најдобра млада научничка во медицински науки е избрана д-р Гордана Георгиева. Во категоријата „Млад талент“ носители на признанието се Македон Димитровски, ученик во трето одделение во основното училиште „Лирија“ од Тетово и средношколецот Алексиј Тасиќ. Признание за постигнат особен успех и за афирмација на инклузијата доби Нина Костовска, додека за најдобра млада уметничка е избрана Наталија Теодосиева. Во своето обраќање на церемонијата претседателот Пендаровски рече дека како припадници на новата генерација македонски интелектуалци, овие млади луѓе се дел од креативното малцинство кое има потенцијал да направи значајни пробиви во своите области. „Овие успешни млади луѓе се позитивен пример за нивните врсници, но и за генерациите што допрва доаѓаат. Нивниот пат до успехот не е ни малку лесен, бидејќи бара време и посветеност во континуитет. И затоа од државата мора да биде соодветно награден и вреднуван. Имено, токму тоа е главната цел на признанието „Успешни млади“ – да ја поттикне научната, истражувачката и креативната работа на младите“, рече претседателот Пендаровски. „Но, со ова признание сакаме да постигнеме уште нешто, не помалку вредно – а, тоа е да го намалиме иселувањето на младите, образовани луѓе“, рече претседателот Пендаровски, повикувајќи државата да им овозможи на сите млади таленти еднакви можности да напредуваат, и да ги препознава и наградува најуспешните меѓу нив. „Само така ќе можеме да ја вратиме довербата кај младите дека можат да успеат и тука, во нивната татковина со својот талент, со својот вложен труд и постигнати резултати“, рече претседателот Пендаровски. Признанието „Успешни млади“ се доделува по трет пат за резултати постигнати во изминатата календарска година во областа на општествените, природно-математичките и техничките, хуманистичките и на медицинските науки, на млади со значајни достигнувања во уметничките и во културните практики, како и во категориите млади иноватори, таленти и успешни млади со попреченост.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-pendarovski-go-dodeli-priznanieto-uspeshni-mladi/feed/ 0
Рокот за доставување пријави за признанието „Успешни млади“ продолжен до 14 октомври 2022 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rokot-za-dostavuvanje-prijavi-za-priznanieto-uspeshni-mladi-prodolzen-do-14-oktomvri-2022-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rokot-za-dostavuvanje-prijavi-za-priznanieto-uspeshni-mladi-prodolzen-do-14-oktomvri-2022-godina/#respond Tue, 27 Sep 2022 11:32:18 +0000 https://kurir.mk/?p=737928

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија го продолжи рокот за доставување пријави за признанието „Успешни млади“ за 2021 година до 14 октомври 2022 година. Признанието се доделува во насока на вреднување на трудот и знаењето на младите, како една од политиките за намалување на одливот на млади луѓе од нашата земја, како и за создавање на перспективи за младите и успешни кадри.  Признанието е поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите, за резултати постигнати во текот на 2021 година, во следните осум категории:  1. Најдобар/а млад/а научник/чка во општествените науки; 2. Најдобар/а млад/а научник/чка во хуманистичките науки; 3. Најдобар/а млад/а научник/чка во природно-математичките и техничките науки; 4. Најдобар/а млад/а научник/чка во медицинските науки; 5. Најдобар/а млад/а иноватор/ка; 6. Млад талент (за ученици и ученички од средните училишта); 7. Признание за постигнат особен успех и за афирмација на инклузијата (за млади со попреченост); 8. Најдобар/а млад/а уметник/чка.  Јавниот повик ги опфаќа сите лица што заклучно со 2021 година навршуваат 35 години, а кои постигнале значајни резултати во соодветната категорија, освен за шестата категорија (млад талент) за која можат да се пријават само ученици и ученички од средните училишта.  Јавниот повик во којшто детално се наведени условите и начинот за доставување на пријавите е достапен на веб-страницата на Претседателот на Република Северна Македонија на:  македонски јазик: https://bit.ly/3UFwUqd албански јазик: https://bit.ly/3RhfZYd англиски јазик: https://bit.ly/3LLa38u Препознавајќи ги социо-економските предуслови на поединците како значаен фактор во пристапот и можностите за образование и професионален напредок, со овој повик особено ги охрабруваме сите млади кои припаѓаат на ранливи категории да поднесат апликации за признанието „Успешни млади”.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rokot-za-dostavuvanje-prijavi-za-priznanieto-uspeshni-mladi-prodolzen-do-14-oktomvri-2022-godina/feed/ 0
Објавен Јавниот повик за признанието „Успешни млади“ за 2021 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-javniot-povik-za-priznanieto-uspeshni-mladi-za-2021-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-javniot-povik-za-priznanieto-uspeshni-mladi-za-2021-godina/#respond Thu, 04 Aug 2022 07:54:42 +0000 https://kurir.mk/?p=713868

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија продолжува со имплементација на проектот „Успешни млади“, признание кое што се доделува во насока на вреднување на трудот и знаењето на младите, како една од политиките за намалување на одливот на млади луѓе од нашата земја, како и за создавање на перспективи за младите и успешни кадри. Јавниот повик за доставување пријави за признанието „Успешни млади“ за 2021 година е отворен од денеска и ќе трае до 30 септември 2022 година. Признанието е поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите, за резултати постигнати во текот на 2021 година, во следните осум категории: 1.      Најдобар/а  млад/а научник/чка во општествените науки; 2.     Најдобар/а млад/а научник/чка во хуманистичките науки; 3.     Најдобар/а млад/а научник/чка во природно-математичките и техничките науки; 4.     Најдобар/а  млад/а  научник/чка во медицинските науки; 5.     Најдобар/а млад/а иноватор/ка; 6.     Млад талент (за ученици и ученички од средните училишта); 7.     Признание за постигнат особен успех и за афирмација на инклузијата (за млади со попреченост); 8.     Најдобар/а млад/а уметник/чка. Јавниот повик ги опфаќа сите лица што заклучно со 2021 година навршуваат 35 години, а кои постигнале значајни резултати во соодветната категорија, освен за шестата категорија (млад талент) за која можат да се пријават само ученици и ученички од средните училишта. Јавниот повик во којшто детално се наведени условите и начинот за доставување на пријавите е достапен на веб-страницата на Претседателот на Република Северна Македонија на: македонски јазик:  https://bit.ly/3SCvWu3 албански јазик:  https://bit.ly/3zYebhr англиски јазик:  https://bit.ly/3BGcHtf Препознавајќи ги социо-економските предуслови на поединците како значаен фактор во пристапот и можностите за образование и професионален напредок, со овој повик особено ги охрабруваме сите млади кои припаѓаат на ранливи категории да поднесат апликации за признанието „Успешни млади”.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-javniot-povik-za-priznanieto-uspeshni-mladi-za-2021-godina/feed/ 0