уста – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 21 Oct 2022 20:41:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png уста – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зошто не треба да го бакнувате вашето куче во уста? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zoshto-ne-treba-da-go-baknuvate-vasheto-kuche-vo-usta/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zoshto-ne-treba-da-go-baknuvate-vasheto-kuche-vo-usta/#respond Fri, 21 Oct 2022 20:41:59 +0000 https://kurir.mk/?p=748589

Медицински асистент на ТикТок сподели зошто никогаш не треба да го бакнувате вашето куче во уста. Тиктокер зад профилот @medexplained2you објасни како бакнувањето куче во уста може да предизвика сериозни компликации по здравјето на луѓето. - Доколку го бакнувате вашето куче во уста, време е да престанете. Всушност, поради тоа би можеле да ги изгубите екстремитетите, вели тој во видеото кое е прегледано 2,3 милиони пати. Тој додаде дека бактеријата може да се пренесе од куче на човек и да предизвика некои прилично непријатни проблеми.
- Ова е сериозна болест која може да предизвика широко распространета системска инфекција, септичен шок, па дури и гангрена, во зависност од тоа колку брзо напредува и кога ќе биде дијагностицирана. Ампутацијата може да стане единствениот третман. Зошто да не ја избегнете целата таа неволја и едноставно да престанете да го бакнувате вашето куче , што изгледа како лесно решение, рече тој, а со него се согласува и американскиот Центар за контрола на болести. - Ретко, бактеријата Capnocytophaga може да се прошири на луѓето преку каснувања, гребаници или близок контакт со куче или мачка и може да предизвика болест, вклучително и сепса. Повеќето луѓе кои биле во контакт со куче или мачка не се разболуваат. Луѓето со ослабен имунитет системите кои имаат потешкотии во борбата против инфекции, имаат поголем ризик да се разболат, стои на нивната веб-страница. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zoshto-ne-treba-da-go-baknuvate-vasheto-kuche-vo-usta/feed/ 0
„Тик-ток“ трендот со лепење на устата, опасен по здравјето https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/tik-tok-trendot-so-lepenje-na-ustata-opasen-po-zdravjeto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/tik-tok-trendot-so-lepenje-na-ustata-opasen-po-zdravjeto/#respond Tue, 16 Aug 2022 11:48:54 +0000 https://kurir.mk/?p=719292

Нов тренд на „Тик-ток“ што вклучува лепење на устата ноќе за да се поттикне дишење со носот при спиењето, е оценет како опасен по здравјето. Хаштагот „#mouthtaping“ („лепење на устата“ на англиски) има 24 милиони прегледи на интернет-платформата и вклучува серија видеа во кои корисниците демонстрираат лепење на усните во обид да го поттикнат дишењето со носот за време на спиењето. – Целта е да дишете низ нос додека спиете, а не преку уста… Тоа овозможува подобра орална хигиена, помалку сува уста и помалку ‘рчење, објаснува еден корисник. Сепак, има малку научни истражувања за придобивките од лепењето на устата и стручњаците брзо ги отфрлија овие лаички тврдењата на „Тик-ток“. Британската фондација за сон откри дека несаканите последици од лепењето на устата може да вклучуваат иритација на или околу усната и нарушување на спиењето поради отежнато дишење преку нос. И д-р Џејмс Вилсон рече дека придобивките од дишењето со носот не се вредни за опасноста од затнувањето на устата. – За жал, лепењето на устата е екстремен начин да се поттикне дишењето со носот што има сериозни здравствени ризици… Во тој случај, лепењето уста ќе го влоши Вашето здравје и може да придонесе за посериозни проблеми како што се срцеви заболувања, хронична опструктивна белодробна болест и мозочен удар, особено ако се применува додека страдате од апнеја при спиење, изјави тој за „Њусвик“. Опасностите може да бидат особено високи за оние со апнеја при спиење, што е состојба кога дишење престанува и почнува за време на спиењето. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/tik-tok-trendot-so-lepenje-na-ustata-opasen-po-zdravjeto/feed/ 0
Овие симптоми мора да ги сфатите сериозно: Ако ви трне јазикот, ИТНО одете на лекар! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-simptomi-mora-da-gi-sfatite-seriozno-ako-vi-trne-jazikot-itno-odete-na-lekar/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-simptomi-mora-da-gi-sfatite-seriozno-ako-vi-trne-jazikot-itno-odete-na-lekar/#respond Mon, 11 Jul 2022 13:14:07 +0000 https://kurir.mk/?p=703335

Многу е важно навреме да се открие болеста Често се случувало кога ќе почувствуваме промена во устата, прво да не одиме на лекар, туку на стоматолог. Ова е огромна грешка, бидејќи на овој начин телото може да нѐ предупреди и да укаже на сериозна болест. Експертите од клиниката во Кливленд велат дека постојат неколку симптоми кои укажуваат дека нашето здравје е загрозено и дека сигнализираат дека во нашето тело се развива опасна болест. Вкочанетоста во устата може да укажува на рак на усната шуплина, истакнуваат тие. Покрај овој симптом, може да има и други знаци кои предупредуваат дека треба итно да посетиме онколог, Еве и кои се: болка во устата; крварење во устата кое не се лекува и трае повеќе од две недели; делови од устата кои се побледи од вообичаеното; оток или задебелување на образот што не поминува; постојано чувство дека нешто е „заглавено“ во грлото или промена на гласот што трае повеќе од две недели; оток на вратот кој не поминува повеќе од две недели. Брајан Беркли, доктор од Клиниката во Кливленд ја објасни причината за овие симптоми: – Постојано гледаме пациенти кај кои иритацијата околу забите се развива во сквамозен (епителен) карцином, кој може да предизвика проблеми и до една година пред да се преземат некои чекори и да се постави дијагноза – вели тој. Иако малигнитет никогаш не се безопасни и треба што побрзо да се започне со лекување, д-р Брајан вели дека има и добри вести кога станува збор за овој вид на рак: Добрата вест е дека кога ќе се откријат рано, овие видови на рак се многу излечиви.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-simptomi-mora-da-gi-sfatite-seriozno-ako-vi-trne-jazikot-itno-odete-na-lekar/feed/ 0
Оваа жена ја има најголемата уста во светот, луѓето не им веруваат на своите очи кога ќе ја видат https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ovaa-zena-ja-ima-najgolemata-usta-vo-svetot-lugjeto-ne-im-veruvaat-na-svoite-ochi-koga-kje-ja-vidat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ovaa-zena-ja-ima-najgolemata-usta-vo-svetot-lugjeto-ne-im-veruvaat-na-svoite-ochi-koga-kje-ja-vidat/#respond Sun, 01 Aug 2021 20:10:23 +0000 https://kurir.mk/?p=544887

Американката Саманта Рамсдел го собори Гинисовиот рекорд за најголема женска уста во светот. Како што беше објавено на официјалната веб-страница на Гинисовата книга на рекорди, нејзината уста е широка дури 6,52 сантиметри, пренесува „CNN“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ovaa-zena-ja-ima-najgolemata-usta-vo-svetot-lugjeto-ne-im-veruvaat-na-svoite-ochi-koga-kje-ja-vidat/feed/ 0
Од денес задолжително носењето на заштитна опрема за покривање на носот и устата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-denes-zadolzitelno-nosenjeto-na-zashtitna-oprema-za-pokrivanje-na-nosot-i-ustata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-denes-zadolzitelno-nosenjeto-na-zashtitna-oprema-za-pokrivanje-na-nosot-i-ustata/#respond Thu, 23 Apr 2020 07:49:06 +0000 https://kurir.mk/?p=335933

За заштита од коронавирусот на населението од денес за сите граѓани започнува да важи уредбата на Владата за носење на лична заштитна опрема за носот и устата и која може да биде: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, памучна марама или шал, бандана и слично. Физичката прекривка на носот и устата кај сите граѓани ќе овозможи прекин на преносот на вирусот. Задолжително е носењето на заштитна опрема за покривање на носот и устата во сите јавни затворени простори како што се средства за јавен превоз, маркети, банки, пошти, амбуланти, болници, институции, како и на отворени простори каде што нема можноста за одржување на дистанца од два метри помеѓу граѓаните како што се пазари,отворени трговски центри, тесни улици, автобуски постојки и слично. Уредбата за задолжително носење на на заштитна опрема за покривање на носот и устата се донесува заедно со уредбата за намалување на ограничувањето на мерките и е клучна во превенцијата од ширењето на вирусот. За личната и колективна заштита може да се користи маска или прекривка на устата и на носот кои целосно ги покриваат устата и носот. Почитувањето на оваа мерка од страна на сите граѓани, на цела територија на Република Македонија е исклучително важно заради заштита на сопственото здравје, здравјето на своите најблиски и колективното здравје, зошто само со заштита може да се спречи значајното зголемување на бројот на ново дијагностицирани пациенти. Носењето на заштитна опрема за покривање на носот и устата не е задолжително при престој во домот, во сопствен двор или тераса, при спортување, возење велосипед или прошетка на отворен простор со одржување дистанца поголема од два метри. Носењето на на заштитна опрема за покривање на носот и устата мора да биде проследено со зголемена хигиена на раце и граѓаните мора да се многу внимателни како се става, а како се вади прекривката како се манипулира заради тоа што и нечисти раце во надворешна средина при манипулацијата може да предизвикаат инфекција. Важно е редовно да се одржува хигиена на прекривката на носот и устата, односно да се пере и пегла прекривката за повеќекратна употреба по секое носење, а маските за еднократна употреба да се отстрануваат правилно во затворени кеси во отпад. Министерството за здравство апелира до сите граѓани целосно и без искулчок да ја почитуваат мерката за носење на на заштитна опрема за покривање на носот и устата, задолжително често и темелно миење на раце со сапун и вода или средства за дезинфекција, одржување на физичка дистанца од два метри секогаш кога тоа е возможно. Одговорноста за заштитата на сопственото здравје, здравјето на најблиските и јавното здравје е на секој граѓанин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-denes-zadolzitelno-nosenjeto-na-zashtitna-oprema-za-pokrivanje-na-nosot-i-ustata/feed/ 0