устав – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 13 Oct 2023 07:04:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png устав – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски: Под овие услови ниту сега, ниту во иднина нема да се согласиме Бугарите да влезат во Уставот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-pod-ovie-uslovi-nitu-sega-nitu-vo-idnina-nema-da-se-soglasime-bugarite-da-vlezat-vo-ustavot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-pod-ovie-uslovi-nitu-sega-nitu-vo-idnina-nema-da-se-soglasime-bugarite-da-vlezat-vo-ustavot/#respond Fri, 13 Oct 2023 07:04:57 +0000 https://kurir.mk/?p=888334

Утрово претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во утринската емисија на радио „Лидер“ нагласи уште еднаш дека под овие услови ниту сега, ниту во иднина ВМРО-ДПМНЕ нема да се согласи Бугарите да влезат во Уставот. „Додека сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ и доколку не дојде до промена на условите, без разлика дали ВМРО-ДПМНЕ ја води Владата или не ја води Владата нема да се случат промени. Ви реков од принципиелни причини“, истакна Мицкоски. Мицкоски додаде дека досега Бугарија нема покажано добра волја кон Македонија. „Што е тоа што ќе покаже Бугарија како знак на добра волја дека навистина во иднина нема да има било каква било каква опструкција кон Македонија. Што е тоа што Бугарија го покажа и го манифестираше? Јас од таму не гледам сигнали освен тоа што молчат“, рече Мицкоски. „Јас не знам друга држава која имала билатерален спор во Преговарачка рамка“, нагласи Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-pod-ovie-uslovi-nitu-sega-nitu-vo-idnina-nema-da-se-soglasime-bugarite-da-vlezat-vo-ustavot/feed/ 0
Ахмети: Да ги внесеме Бугарите во Уставот, со зачленувањето во ЕУ се отвора преспектива https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahmeti-da-gi-vneseme-bugarite-vo-ustavot-so-zachlenuvaneto-vo-eu-se-otvora-prespektiva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahmeti-da-gi-vneseme-bugarite-vo-ustavot-so-zachlenuvaneto-vo-eu-se-otvora-prespektiva/#respond Sun, 17 Sep 2023 16:13:22 +0000 https://kurir.mk/?p=878838

Претседателот на ДУИ Али Ахмети порачува дека прашањето за уставните измени бара сериозен пристап и повикува да се внесат Бугарите во Уставот со цел продолжување на евроинтеграцискиот процес. -Уставните измени се сериозно прашање. Има сериозни разлики со опозицијата. Ова прашање бара сериозен пристап. Се работи за иднината на државата. Видете, уставните измени се историска можност за Македонците, ако се вистински патриоти ќе гласаат ЗА. Ова го имам кажано на сите политички партии, вели Ахмети во интервју за ТВ21. Како што пренесува телевизијата во објава на делови од интервјуто, што ќе биде објавено вечер, Ахмети додава дека „на состанок пред неколку години, каде бил присутен и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, им кажал за острата реторика на националистичките партии во Бугарија“. -Јас сум бил на неколку средби во Софија, националистичките партии ми велеа – „всичко Блгари, нема македонски народ“, и да ви кажам искрено оваа нивна реторика ме вознемири, и ова бараше сериозно да се следи и анализира. Ова им го кажав на меѓународните претставници дека националистиките партии во Бугарија имаат остра реторика и тоа е сериозен проблем кој може во идинина да ни направи уште поголем проблем. Еве го проблемот денес. Затоа, да ги внесеме Бугарите во уставот. Тоа е за доброто на државата. Да одиме напред и да не се враќаме назад. Ни бегаат луѓето надвор од државата, бегаат Македонци, Албанци, сите бегаат затоа што не гледаат иднина. Со зачленувањето во ЕУ, се отвора преспектива, вели Ахмети.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahmeti-da-gi-vneseme-bugarite-vo-ustavot-so-zachlenuvaneto-vo-eu-se-otvora-prespektiva/feed/ 0
Силјановска Давкова: Македонија е една од ретките земји каде Уставот не се смета за најсуверено прашање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-davkova-makedonija-e-edna-od-retkite-zemji-kade-ustavot-ne-se-smeta-za-najsuvereno-prashane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-davkova-makedonija-e-edna-od-retkite-zemji-kade-ustavot-ne-se-smeta-za-najsuvereno-prashane/#respond Tue, 12 Sep 2023 16:50:40 +0000 https://kurir.mk/?p=877361

Гордана Силјановска Давкова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „За или против“ зборуваше за доаѓањето на претставници на меѓународна заедница во Mакедонија каде посочи дека тоа е загрижувачко затоа што нема посуверено прашање од Уставот. -Сигурно како професор по уставно право ме загрижува посетата на голем број меѓународни претставници, зошто нема посуверено прашање од Уставот, впрочем Уставот е не само закон над законите, највисокиот правен акт туку своевидна општествена повелба и се разбира кога се пишува Устав се тргнува од што, секогаш првиот или вториот член е суверенитетот, извира од граѓаните и им припаѓа ним. Всушност и во актите на ЕУ, во договорот за ЕУ, убаво пишува дека ЕУ ќе ги почитува не само традицијата, историјата, националниот и културниот идентитет на народите, туку и дигнитетот и интегритетот на луѓето, но исто така и политичките и уставните структури, рече таа. Силјановска Давкова во своето гостување потсети дека многу земји членки на ЕУ воопшто не интервенирале во своите устави дури и по влегувањето во ЕУ. -Само да потсетам дека многу земји членки на ЕУ воопшто не интервенирале во своите устави дури и по влегувањето во ЕУ. Јас би сакала ние да интервенираме како Словенија, како Хрватска и да дадеме предност на европското право токму во сферата на владеењето на правото. Ако го отворите италјанскиот Устав или холандскиот ниту еден збор нема да прочитате за ЕУ, или ако го отворите естонскиот ќе видите дека има нејасна одредба. Но многу членки на ЕУ како Словачка како Полска кај прашањето за суверенитет дури ја имаат вечната клаузула, непроменливоста, кажа пратеничката. Таа додаде дека Република Македонија е една од ретките земја каде Уставот не го смета за најсуверено прашање. -Јас не велам дека во ера на глобализација или во ера на евроинтеграција дека суверенитетот е неограничен денеска, но факт е дека најголемиот број од државите особено оној од Централна и Источна Европа Уставот го сметаат за најсуверено прашање. Тоа не е така кај нас и ова не е прв пат, ова е веќе серија врзана со договорите, ние сме ретка земја, Кипар можеби е другата и се разбира Босна и Херцеговина каде што дури и во преамбулата се повикува на договори, додаде таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-davkova-makedonija-e-edna-od-retkite-zemji-kade-ustavot-ne-se-smeta-za-najsuvereno-prashane/feed/ 0
Мицкоски: Форсирањето на уставните измени под бугарски диктат им се удри од ѕид бидејќи немаат 80 пратеници, решение се предвремени избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-forsiraneto-na-ustavnite-izmeni-pod-bugarski-diktat-im-se-udri-od-zid-bidejki-nemaat-80-pratenitsi-reshenie-se-predvremeni-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-forsiraneto-na-ustavnite-izmeni-pod-bugarski-diktat-im-se-udri-od-zid-bidejki-nemaat-80-pratenitsi-reshenie-se-predvremeni-izbori/#respond Sat, 26 Aug 2023 13:54:27 +0000 https://kurir.mk/?p=871200

Единствената политика која што ја форсираше изминатиот период, а тоа се уставните измени под бугарски диктат се удрија во ѕид и тоа јасно го видовте од гласањето на дневниот ред дека немаат 80 пратеници. И кога видоа дека немаат 80 пратеници, и кога беше исцрпена дебатата на начин на кој што му доликува на Талат Џафери дивјачки ја прекина седницата и сега не закажува продолжение, кршејќи го Деловникот за работа на Собранието, што сам по себе претставува кривично дело, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ денеска одговарајќи на новинарско прашање зошто вели дека владата нема легитимитет. Мицкоски нагласи дека доколку власта верува дека ова е исправна политика која ја водат и ако имаат легитимитет, тогаш на седница ќе ја стават точката за уставни измени, па да се виде каков ќе биде резултатот. Затоа ние ги повикуваме, ако веруваат дека ова беше исправна политика, и ако имаат барем малку кредибилитет да ја стават на следната седница на парламент, па да видиме каков ќе биде резултатот, вели претседателот Мицкоски. Не постои ниту една друга политика која би била сврзана точка и оправдување оваа влада да остане ден повеќе. Да ја спасиме и Македонија и граѓаните неколку месеци и затоа повикуваме на предвремени парламентарни избори што ќе се случат оваа есен, дециден е тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-forsiraneto-na-ustavnite-izmeni-pod-bugarski-diktat-im-se-udri-od-zid-bidejki-nemaat-80-pratenitsi-reshenie-se-predvremeni-izbori/feed/ 0
Милошоски: По следните избори ќе побараме од сите партии и пратеници да потпишат изјава дека го почитуваат Уставот на Македонија и нејзиниот територијален интегритет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-po-slednite-izbori-ke-pobarame-od-site-partii-i-pratenitsi-da-potpishat-izjava-deka-go-pochituvaat-ustavot-na-makedonija-i-nejziniot-teritorijalen-integritet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-po-slednite-izbori-ke-pobarame-od-site-partii-i-pratenitsi-da-potpishat-izjava-deka-go-pochituvaat-ustavot-na-makedonija-i-nejziniot-teritorijalen-integritet/#respond Fri, 25 Aug 2023 18:07:44 +0000 https://kurir.mk/?p=871003

ВМРО-ДПМНЕ е партија која е сигурна дека на следните избори ќе има мнозинство и ќе има мандат да ја формира владата. Имаме желба да соработуваме со опозиционите партии, затоа што смена на власта значи смена на целата власт, не само на еден дел. Но, исто така ќе побараме од сите политички партии и пратеници согласно Уставот да си потпишат изјава и да дадат заклетва дека го почитуваат Уставот на Македонија и нејзиниот територијален интегритет, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски за „Тема на денот“ во Дневникот на Сител. Милошоски нагласи дека самата бројка што ќе ја добие ВМРО-ДПМНЕ на изборите ќе биде доволно убедлива за сите коалициони партнери да се фокусираат на програмата. - Најголемиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат граѓаните на следните избори. Сметам дека голем дел од граѓаните без разлика на етничка припадност, станаа свесни дека животниот стандард и квалитетот на живот изминативе 6 години со власта на СДС и ДУИ опаѓа, рече тој. Милошоски посочи дека со оваа власт ефективноста на институциите е драматично намален и дека до пред 7-8 месеци сметавме дека Зоран Заев е најлошиот можен премиер, но Ковачевски му е сериозна конкуренција, прави посериозни грешки. - Македонската влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе биде репрезентативна во секоја смисла, ќе го претставува најголемиот дел од народот и сите кои ќе добијат легитимитет. Кадровскиот состав на владата ќе биде со луѓе кои имаат спремност и капацитет да се вклучат во рестартот кој е потребен, изјави Милошоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-po-slednite-izbori-ke-pobarame-od-site-partii-i-pratenitsi-da-potpishat-izjava-deka-go-pochituvaat-ustavot-na-makedonija-i-nejziniot-teritorijalen-integritet/feed/ 0
Власта бара поддршка за уставните измени, опозицијата не отстапува од ставот за избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-bara-poddrshka-za-ustavnite-izmeni-opozitsijata-ne-otstapuva-od-stavot-za-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-bara-poddrshka-za-ustavnite-izmeni-opozitsijata-ne-otstapuva-od-stavot-za-izbori/#respond Thu, 24 Aug 2023 06:01:45 +0000 https://kurir.mk/?p=870272

Се комбинираат политичките потези во контекст на уставните измени со цел да се убеди опозицијата да ги поддржи. Актуелната политичка ситуација во земјата се смета дека е причина за дводневната посета на заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар на Скопје кој ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Димитар Ковачевски, како и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. За вицепремиерот Бојан Маричиќ постојат два начини како да се дојде до уставни измени, а индикатор за обезбедената подршка ќе биде, како што вели, закажувањето на продолжението на собраниската седница за уставни измени. ВМРО-ДПМНЕ, пак, повторува дека нема да се премисли и дека бара избори без техничка влада до крајот на годината. Доаѓањето на Ескобар на Скопје се случува по започнувањето на собраниската процедура за усвојување на уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот како услов за земјава да ја одржи втората меѓувладина седница и да ги продолжи преговорите со Европската Унија. Засега во Парламентот нема 80 гласови за поддршка на уставните измени, а според вицепремиерот Бојан Маричиќ тие во моментот имаат поддршка од 72-73 пратеници. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за посетата на Ескобар вели дека добредојден е секој добронамерен соговорник и секој кој сака да ги слушне аргументите на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. -Како и секоја друга посета. Изминатиот период имавме многу посети од високи странски претставници. Ќе ги слушнеме аргументите од таа страна, ќе ги кажеме нашите аргументи, отприлика содржината на тој состанок се наѕира, ја знаеме што е, така што секој добронамерен сдоговорник е добредојден, секој кој сака да ги слушне аргументите на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и на народот е добредојден. Тоа што сега власта се обидува посетата на Ескобар да ја претстави, условно кажано, како дипломатски булдожер којшто тука е повикан од Владата за да врши тортура и притисок, е веќе слабост на овие криминалци во Владата. Тортура и притисок во 21-от век веќе никој не врши, а и да вршат тогаш одбрале погрешни соговорници, рече Мицкоски, на новинарско прашање при посетата на Велес. Според Мицкоски, за неколку месеци ќе има нова Влада и нова реалност, а власта, како што оцени, треба да прифати предвремени парламентарни избори затоа што не можат да го испорачаат тоа за што презеле обврска надвор од легитимитетот. Во коментар на изјавата на американската амбасадорка Анџела Агелер дека граѓаните треба да им дадат до знаење на политичарите дека тие сакаат да бидат дел од ЕУ, Мицкоски рече дека се согласува „со изјавата на амбасадорката и оти граѓаните се тие што се суверен во оваа држава и тие треба на избори што би се случиле час поскоро да излезат и да кажат -Да за Европската унија, но и да го одберат решението како до тоа Да до ЕУ“. -ВМРО-ДПМНЕ има свое решение, го кажавме тоа јавно, СДСМ има свое решение, претпоставувам и други политички партии ќе излезат на тие избори со свое решение. Граѓаните на тие избори ќе го гласаат и ќе го кажат својот став час поскоро бидејќи секој ден повеќе значи ден изгубен повеќе за Македонија, изјави Мицкоски. Мицкоски завчера во обраќање во Кичево кажа дека има обиди од Европа и од светот да ја скршат ВМРО-ДПМНЕ и нивните пратеници да гласаат за уставни измени. Исто така кажа и дека само доколку еден пратеник од неговата партија гласа за уставни измени тој ќе си поднесе оставка. За вицепремиерот Бојан Маричиќ постојат два начини како да се дојде до уставни измени: ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија да одлучи да даде поддршка под одредени услови за кои беше разговарано пред два месеци на лидерската средба и вториот начин е дел од пратениците да одлучат да гласаат, како што имавме случај пред пет години. -Ние ќе работиме на двете нивоа, сметам дека не е невозможно, напротив мислам дека е возможно. Мислам дека имаме доволно време и простор за да дојдеме до решение. Ќе повторам, прашањето е премногу важно за да му се земе кусур на кого било доколку го смени мислењето за одредено време, рече Маричиќ. Според него, изборите не можат ништо да променат по ова прашање. Напротив, вели Маричиќ, може само да го искористат ова прашање и да биде прашање кое што ќе доминира во кампањата за после тоа да биде изговор дека ВМРО-ДПМНЕ не може да гласа за уставните измени бидејќи во кампањата ветиле дека нема да гласаат под бугарски диктат. -И потоа да влеземе во една заблуда дека е возможно да добиеме подобар договор и да чекаме уште десет години, рече Маричиќ. Вицепремиерот вели дека прво треба да се гласа за уставни измени, па потоа да се оди на избори. Тоа е, посочи, логично. Маричиќ на прес-конференција по повод промоцијата на кампањата „Еу за сите“ рече дека владејачкото мнозинство има 72-73 гласа за уставни измени, потенцирајќи дека се работи на тоа да се достигне потребното мнозинство. Затоа кога ќе се гласаат уставните измени, најави, самото закажување на продолжението на пленарната седница ќе биде индикатор за тоа. -Седницата ќе биде повторно закажана кога ќе се создадат услови. Ние во меѓувреме работиме и ќе работиме на создавање на услови за успешно гласање во Собранието. Моментот кога ќе биде закажана седницата ќе биде индикатор дека сме приближени до потребното мнозинство. Во моментот по она што се декларираше иако гласањето заврши на 70, мислам дека поддршката оди и до 72-73 пратеници. Меѓутоа ова беше гласање за дневен ред, да не заборавиме, не беше гласање за уставните амандмани, рече Маричиќ. Според него, возможно е да се комплетира процесот на уставните измени. Опозицијата, додава тој, само купува повеќе време и испраќа пораки преку кои се оправдува за блокирањето на процесот за членство и нема намера ниту сега ниту после избори да гласа за уставни измени. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој беше во посета на Куманово рече дека и во наредниот период ќе продолжат низ дијалог, низ политичка активност да бараат начин за да бидат донесени уставните измени кои се неопходни за земјава да го продолжи евроинтеграцискиот процес. -Посакувам час поскоро да ги завршиме сите овие активности и Република Северна Македонија да продолжи напред на патот кон европските интеграции заради тоа што ако застанеме на овој пат, многу години чекање како што се чекаше досега има негативен ефект исклучиво врз граѓаните и врз државата, а не врз политичарите, рече Спасовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-bara-poddrshka-za-ustavnite-izmeni-opozitsijata-ne-otstapuva-od-stavot-za-izbori/feed/ 0
Уставот досега менуван осум пати со 36 амандмански интервенции https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustavot-dosega-menuvan-osum-pati-so-36-amandmanski-interventsii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustavot-dosega-menuvan-osum-pati-so-36-amandmanski-interventsii/#respond Fri, 18 Aug 2023 06:25:31 +0000 https://kurir.mk/?p=868208

Македонскиот Устав како највисок правен акт на државата е донесен на 17 ноември 1991 година и досега има претрпено осум измени со 36 амандмани. Токму денеска во собраниска процедура влегува предлогот на Владата за нова деветта измена на Уставот, со која се предвидува во Преамбулата да се внесат и бугарскиот, хрватскиот, црногорскиот, словенечкиот, еврејскиот и египќанскиот народ. Уставот последен пат беше променет на 11 јануари 2019 година кога Собранието со 81 глас „за“, ниту еден против и воздржан,  ги изгласа четирите амандмани за менување на уставното име од Република Македонија во Република Северна Македонија по стапување во сила на Договорот од Преспа што беше потпишан со Република Грција на 17 јуни 2018 година. Република Северна Македонија денеска одбележува 30 години од донесувањето на првиот Устав по прогласувањето на независноста. Претходно, измени на Уставот беа направени и во 1992, 1998, 2001, 2003, 2005, 2009 и во 2011 година. Првите измени на Уставот се усвоени на 6 јануари 1992 година со донесување на Амандманите I и II. Со нив се утврдува дека државата нема територијални претензии кон соседните држави и нема да се меша во суверените права и внатрешните работи на други држави. На 1 јули 1998 година е усвоен Амандманот III, по иницијатива на Врховниот суд и со него е поместен рокот за максималното времетраење на притворот до подигнување на обвинение, од 90 на 180 дена од денот на притворувањето. Пратениците на седница на Собранието на 16 ноември 2001 година ги усвоија амандманите IV, V, VI, VII, VIII, IX, X, XI, XII, XIII, XIV, XV, XVI, XVII и XVIII. Овие амандмани се донесени како обврска од Охридскиот рамковен договор. Заменета е Преамбулата на Уставот која е напишана во еден став. На сосема нов начин е уредено прашањето на примената на службениот јазик и неговото писмо на целата територија на државата и во единиците на локалната самоуправа. Воведена е нова темелна вредност во уставниот поредок на државата односно соодветна и правична застапеност на граѓаните од другите заедници во органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа. Проширена е листата на верските заедници утврдена во Уставот од 1991 година. Регулирани се правата на етничките малцинства. Гарантирана е заштитата, унапредувањето и збогатувањето на историското и уметничкото богатство на државата и на сите заедници во неа. Предвидено е дека за закони кои директно ги засегаат културата, употребата на јазиците, образованието, личните документи и употребата на симболите, Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во државата. Регулиран е начинот на избор (двојно мнозинство) и надлежностите на Народниот правобранител. Воведен е Комитетот за односи меѓу заедниците кој го основа Собранието и утврден е неговиот состав. Уредена е застапеноста на припадниците на малцинските заедници во Републичкиот судски совет, Уставниот суд и Советот за безбедност. Уредено е прашењето на донесувањето на законите од областа на локалната самоуправа (двојно мнозинство гласови), како и надлежностите на единиците на локалната самоуправа. Регулирана е постапката за донесување на одлуката за измена на Уставот на Република Македонија. Според последниот амандман, Преамбулата, членовите за локалната самоуправа, членот 131, односно одлуката за пристапување кон измена на Уставот, како и членовите со кои се регулираат темелните вредности, правото на еднаквост, како и правата на малцинските заедници и одлуката за додавање нова одредба, која се однесува на предметот на тие одредби или членови, не можат да се променат без двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, во кое мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија. На 26 декември 2003 година пратениците го усвоија амандманот XIX со кој се уредува отстапување од неповредливоста на тајноста на сите други облици на комуникација, а не само на писмата, како што е утврдено со Уставот од 1991 година. Утврдено е дека отстапувањето се врши врз основа на одлука на суд, под услови и постапка утврдени со закон, а поради точно наведени причини. Амандманите XX, XXI, XXII, XXIII, XXIV, XXV, XXVI, XXVII, XXVIII, XXIX И XXX Собранието ги усвои на седницата одржана на 7 декември 2005 година. Тие се однесуваат на реформите на судскиот систем, односно на промената на организацијата на судскиот систем, изборот на судии и јавни обвинители. Укинат е имунитетот на министрите, а се задржува само имунитетот на претседателот на Владата со тоа што за одземање на неговиот имунитет одлучува Собранието, а не Владата како што предвидуваше Уставот од 1991 година. На собраниската седница одржана на 9 јануари 2009 година е усвоен Амандманот XXXI на Уставот со кој е утврден цензусот за избор на претседателот на Републиката во вториот изборен круг (ќе биде избран оној кандидат кој ќе добие мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку на избори излегле повеќе од четириесет проценти од вкупниот број избирачи во Републиката). Амандманот XXXII на Уставот е усвоен на собраниската седница на 12 април 2011 година, а се однесува на неможноста на одземање на државјанството на државјанин на Република Македонија, односно на неможноста истиот да биде протеран од државата. Државјанин на Република Македонија не може да биде предаден на друга држава, освен врз основа на ратификуван меѓународен договор и со одлука на суд. Последните уставни измени беа направени на 11 јануари 2019 година кога во законодавниот дом беа усвоени амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV, XXXVI на Уставот кои стапија во сила со влегувањето во сила на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО од Првата страна на Конечната спогодба. Со нив се менува името на државата од „Република Македонија“ во „Република Северна Македонија“, се прават промени во Преамбулата, се гарантира суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави и грижата за дијаспората. Постапка за измена на Уставот  Постапката за измена на Уставот поминува низ три фази. Во првата фаза, Собранието со двотретинско мнозинство, носи одлука за пристапување кон измена на Уставот. Втората е фаза на утврдување на нацрт-амандманите и за тоа е доволно мнозинство од вкупниот број пратеници или 61 глас. Третата финална фаза е усвојување на амандманите и за тоа повторно е неопходно двотретинско мнозинство или најмалку 80 гласа. Предлог за пристапување кон измена на Уставот можат да поднесат: Претседателот на Републиката, Владата на Република Северна Македонија, најмалку 30 пратеници во Собранието на Република Северна Македонија и 150.000 граѓани. По поднесување на предлогот, потребно е да се донесе Одлука за пристапување кон измена на Уставот. Одлуката ја донесува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, односно со најмалку 80 гласа. Бидејќи се работи за промена на Преамбулата, потребно е да има и т.н. Бадентерово мнозинство, односно за неа да гласаат и најмалку 21 од 40-те пратеници кои не се припадници на мнозинската македонска заедница. Ако одлуката за пристапување кон измени на Уставот биде усвоена од Собранието, иницијативата се враќа до Владата, која треба да го подготви текстот на нацрт- амандманите на Уставот со образложение. Вака подготвениот текст се доставува до претседателот на Собранието, кој го проследува до пратениците и до шефот на државата најдоцна 30 дена пред одржувањето на собраниската седница на чиј дневен ред ќе се најде иницијативата. Амандмани може да се поднесат само за она што е предмет на измените на Уставот и тоа право го имаат секој пратеник, работно тело и Владата како предлагач до најдоцна осум дена пред седницата на Собранието. Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, го утврдува нацртот на амандманот на Уставот. По ова, следува јавна расправа која не може да биде подолга од 30 дена. Потоа, Владата поднесува предлог-амандмани до Собранието, кои треба да бидат прифатени од Комисијата за уставни прашања, која потоа доставува извештај со дополнет предлог на текстот на собраниската седница. Секој пратеник може да поднесе амандман на текстот. Текстот на предлог-амандманите се усвојува со 61 глас. Конечната одлука за промена на највисокиот правен акт – Уставот, се носи со двотретинско мнозинство од вкупниот број пратеници односно со најмалку 80 гласа. Пракса на уставни измени во други земји во Европа Уставните измени односно реформи се сложен и долг процес. Понекогаш  измените се неопходни и сосема суштински заради подобрување на демократското владеење или прилагодување на политичките, економските и социјалните трансформации. Сепак, имајќи го предвид фактот дека основањето на државите се впишува во самиот устав, измената на овој значаен документ е прашање од голема важност. -Во некои европски држави уставните измени се толку чести што се случуваат скоро секоја година, а во други пак се многу ретки. Во Австрија измените на Уставот на годишно ниво варираат од еден до шест пати (со исклучок на годините кога немало воопшто ниту една измена). Швајцарскиот и белгискиот устав, исто така, се менуваат доста често, а во грузискиот устав има повеќе од триесет измени,  покажува компаративното истражување на Парламентарниот институт. Во други држави, пак, како што стои во истражувањето, уставните измени се многу ретки. -Во Шведска, Актот за сукцесија кој е дел од четирите фундаментални закони на Уставот е сменет само еднаш. Во Романија немало воопшто никакви измени од 2003 година. Шпанскиот устав пак има претрпено само две измени. Уставот на Полска, исто така, од 1997 година е изменет само два пати. Во Финска, Уставот е изменет четири пати од неговото влегување во сила од 2000 година. Бугарскиот устав е изменет само пет пати од 1991 година. Грчкиот устав пак од 1975 година има претрпено четири ревизии. Уставот на Литванија од 1992 година е изменет 10 пати, се наведува во истражувањето. -Прашањето за уставните измени се наоѓа во сржта на уставната теорија и пракса. Конституционализмот имплицира дека фундаменталните правила за ефективно остварување на државната власт и заштитата на индивидуалните човекови права треба да бидат стабилни и предвидливи, а не да се предмет на чести измени, се вели во истражувањето на Парламентарниот институт и се посочува дека ова е клучно кога се зборува за легитимноста на уставниот систем.  МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustavot-dosega-menuvan-osum-pati-so-36-amandmanski-interventsii/feed/ 0
Седница во Собранието за уставните измени, власта и опозицијата со непроменети ставови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednitsa-vo-sobranieto-za-ustavnite-izmeni-vlasta-i-opozitsijata-so-nepromeneti-stavovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednitsa-vo-sobranieto-za-ustavnite-izmeni-vlasta-i-opozitsijata-so-nepromeneti-stavovi/#respond Fri, 18 Aug 2023 05:59:07 +0000 https://kurir.mk/?p=868202

Во Собранието денеска треба да почне 123. пленарна седница на која единствена точка на дневен ред е Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Северна Македонија. Седницата е закажана за 11 часот. Согласно Деловникот за работа на Собранието, дебатата трае најмногу десет работни дена и доколку е така треба да заврши на 31 август. Пратеник во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 30 минути. Претставникот на предлагачот во претресот може да говори повеќе пати но, не повеќе од 30 минути вкупно. Одлуката за пристапување кон измена на Уставот, Собранието ја носи со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници односно со 80 гласови. Власта и опозицијата остануваат на своите ставови. За СДСМ, уставните измени се императив за граѓаните и избор меѓу „европска Македонија“ или изолација на државата, додека опозициската ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот да не поддржи измени на Уставот во ваков формат под, како што велат, бугарски диктат и бараат предвремени избори. Премиерот Димитар Ковачевски вчера порача дека двотретинското мнозинство е потребно за продолжување на европските интеграции на државата, а не за опстанок на Владата. Избори, според премиерот, во овој момент не се решение. -Осумдесет пратеници се потребни за глас за европска Македонија. На Владата и се потребни 61 пратеник за да може полноправно да одлучува и да работи до изборот на следната влада. Двотретинското мнозинство во Собранието за овие уставни измени е императив за секој граѓанин во државата, рече Ковачевски по посетата на компанијата „Дата Мастерс“. Дебатата во Собранието, според Ковачевски, е добра можност граѓаните да се уверат дека се работи за процес за остварување на втората стратешка цел на државата, а тоа се евроинтеграциите. Што побрзо го направиме тој процес, вели Ковачевски, толку побргу ќе станеме членка на ЕУ. Повтори дека за прв пат ветото не доаѓа однадвор, туку може да дојде од внатре. Според него, сите 120 пратеници треба да покажат државничко однесување и да бидат на ниво на задачата за да овозможат подобра иднина за граѓаните. - Пред нас се храбри и тешки одлуки, сите 120 пратеници треба да покажат државничко однесување, да бидат на ниво на задачата и да донесат одлука со која ќе се овозможи подобра иднина, за идните генерации, за нас, за нашите деца, напиша синоќа Ковачевски на „Фејсбук“ по средбата со американската амбасадорка Анџела Агелер. И вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ упати порача дека ако навистина сакаме да ја оствариме целта – до 2030 година полноправно членство во ЕУ, сега е време тоа да се покаже на дело. Според Маричиќ, сега не е време за популизам. Блокадите од опозицијата на државата, вели тој, ѝ носат изолација, неизвесност и отвораат простор за влијанија на трети страни. - Бегањето од носење државнички одлуки и неучествување во најважниот национален процес само го отежнува и забавува прогресот на државата и нè оддалечува од европската перспектива. Доколку не стане проактивна опозицијата и не даде поддршка за уставните надополнувања исходот е јасен, тука застануваме и повторно заглавуваме во чекалната на ЕУ. А тоа не носи добро никому и не треба да биде ова цел на никој, поради било кои причини а најмалку политички, истакна Маричиќ. Земјата, како што посочи, сега е во фаза кога членството во ЕУ е на дофат и тоа до крајот на декадата, шанса која не се пропушта. -Сега треба да е целта на сите да останеме на европскиот пат и да ја впишеме Северна Македонија во новиот пакет за проширување во којшто ќе бидат Украина, Молдавија, Грузија и држави од Западен Балкан. Затоа уставните измени мора да се случат до крајот на ноември, да останеме во процесот и да обезбедиме континуитет на преговорите со ЕУ. Колку подолго сме надвор од процесот, толку полошо за економијата, за целокупната клима во државата и толку повеќе млади ќе ја напуштаат државата. Тоа понатаму ќе ја слабее довербата во институциите и ќе биде закана за стабилноста и просперитетот на државата, а тоа сум сигурен дека никој не го посакува и затоа верувам дека ќе успееме да ги завршиме заеднички обврските кои ги имаме на патот до членството во ЕУ, вели Маричиќ. Министерот за надворешни работи Бујар Османи упати отворено писмо до пратениците во кое порача дека од нивната одлука ќе зависи дали земјата ќе ги продолжи преговорите со ЕУ или ќе ги запре на подолг рок без гаранција за успех. - Во петок Вие ќе одлучувате за европската иднина на Северна Македонија, определба за која работиме и работеа сите Влади во изминатите 30 години. Од Вас ќе зависи дали со прифаќање на промената на Уставот ќе ги продолжиме разговорите по поглавјата за членство во Унијата или ќе запреме во преговорите на подолг рок, до некоја нова шанса, без никаква гаранција за успех, поттикнувајќи го процесот на „пасошизација“ на граѓаните кои бараат европска иднина за себе, истакна Османи. Уверува дека идентитетските и историските прашања не се дел од преговорите. -Најодговорно тврдам дека историските и идентитетските прашања не се дел од патоказите и одредниците од кои зависи отворањето и затворањето на поглавјата. Со оваа промена на Уставот, ние само ќе ја зајакнеме нашата меѓународна положба и ќе ја зголемиме меѓународната поддршка за нашите цели. Низ преговорите, шансите да продолжиме да ја промовираме и унапредуваме македонската национална посебност, историја и култура ќе бидат значително подобри и зајакнати, наведува шефот на дипломатијата, нагласи Османи. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ повторија уставни измени нема да има. Најавија дека ќе учествуваат на пленарната седница, а пред нејзиното одржување, како што вчера изјави лидерот на партијата Хирстијан Мицкоски, ќе одржат координација. - Уште при усвојувањето на дневниот ред, мнозинството, односно Владата на СДСМ и ДУИ ќе види дека нема двотретинско мнозинство за да го бутка овој процес. Очекувам дека нема да има дополнителна политичка гимнастика и единствена легитимна тема ќе биде одржување на предвремени парламентарни избори, изјави Мицкоски. Според Мицкоски, дури и да бидат Бугарите дел од Преамбулата и да добиеме гаранции за идентитет, сепак, Протоколот и Билатералниот договор се опасност за дополнителни пречки во иднина, односно дополнително вето, дополнителен идентитетски и историски интервенционизам. Претседателите на Алтернатива, Движењето Беса, и Демократското движење, Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити вчера, пак, на заедничка прес-конференција побараа итно да се стави на гласање потребата од промена на Уставот и заедно со тоа да се стават и амандманите за, како што рекоа, измена на 20 проценти за албанскиот јазик, како и амандманот против застареност на случаите за политичка корупција. Доколку на краток рок не се обезбеди потребното мнозинство за гласање на првата фаза од уставните измени, според лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, ќе биде јасно дека овој парламентарен состав нема капацитет да ги деблокира преговорите за ЕУ интеграција и ќе повикаат да се гласа за распуштање на Парламентот и распишување на предвремените избори. Претседателот на Собранието Талат Џафери во интервју за МИА на почетокот на месецов изјави дека по завршување на претресот, гласањето за потребата за уставни измени може да биде одложено, а ако нема услови, воопшто и да не се случи. -Седницата на 18-ти август ќе се отвори и ќе се усвои дневниот ред како што е постапката, затоа е потребно присуството од 61 пратеник, а за гласање минимум една третина од вкупниот број. Тоа е општ принцип и секако се отвора дискусија, дебата, се повикува според процедурата да се отвори дебата. Што ќе биде, како ќе биде, не можам да кажам сега оти не можам да предвидам. Но, обврска ми е да имам испланирано десет работни дена да може да работи Собранието доколку има пријавено за збор за толку, значи максимумот за да трае дебатата е десет дена. Десеттиот ден завршува дебатата без оглед дали останале уште говорници или не, појасни Џафери. Тој рече и дека доколку нема двотретинско мнозинство, гласањето може да биде одложено, но и дека тоа може и да не се случи, со што постапката за уставни измени завршува. На 25 јули се одржа седница на собраниската Комисија за уставни прашања на која беа изгласани два заклучоци и тоа за пристапување кон измена на Уставот и за подготвување на нацрт- амандманите за измена на Уставот, доколку биде прифатена потребата за негова измена на седницата на 18 август. Двата заклучоци беа донесени со десет гласа „за“ и со седум гласови „против“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednitsa-vo-sobranieto-za-ustavnite-izmeni-vlasta-i-opozitsijata-so-nepromeneti-stavovi/feed/ 0
СДСМ продолжува да ги турка уставните измени, ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа бугарски диктат и останува на македонската агенда https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-prodolzhuva-da-gi-turka-ustavnite-izmeni-vmro-dpmne-ne-prifaka-bugarski-diktat-i-ostanuva-na-makedonskata-agenda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-prodolzhuva-da-gi-turka-ustavnite-izmeni-vmro-dpmne-ne-prifaka-bugarski-diktat-i-ostanuva-na-makedonskata-agenda/#respond Sat, 29 Jul 2023 08:13:36 +0000 https://kurir.mk/?p=861365

Потребата за носење на уставните измени пред неколку дена го мина комисискиот филтер, познат е и датумот за пленараната седница, предлогот е јавен и достапен за сите, но и покрај обидите и апелите на власта, опозицијата останува на својот став против уставни измени со барање за избори. Сепак, Владата не се откажува од можноста тие да бидат донесени односно во Собранието да се стаса до 80 гласови „за“. Премиерот Димитар Ковачевски вчера изјави дека откако ќе заврши скринингот и откако ќе бидат направени уставните амандмани, што се два одвоени процеси „тогаш веднаш утредента се закажува втората меѓувладина конференција на која што се отвораат поглавјата од првиот кластер – фундаменти“. -И затоа го кажавме тој датум – дали ќе биде ноември, дали ќе биде 1 декември, 15 декември тоа е работа на реално она што ќе се одвива во Брисел. А тоа што се одвива во Брисел е секогаш јавно достапно, низ директен пренос, а сега преку многу јасни соопштенија од страна на сите тимови коишто таму одат, рече Ковачевски. На прашањето што ќе се случи ако до 30 ноември не се спроведат уставните измени, Ковачевски рече дека ако се донесат на пример во февруари идната година, тогаш и ќе се одржи и меѓувладината конференција. Уставните измени, според него, се работа, која можат да ја завршат само македонските политичари, без разлика на која политичка партија припаѓаат. Премиерот вели дека според дискурсот во јавната комуникација нема ниту една забелешка на уставните амандмани, бидејќи не задираат во ниту едно идентитетско прашање. -Се работи за техничка измена на Уставот во која што покрај постојните делови од народи кои се дел од нашата Преамбула се додаваат делови од други народи кои досега не биле дел од Преамбулата, меѓутоа биле наведени под „други“ во самата Преамбула и со тоа практично се демантираат сите оние невистини, лаги, хистерија кои се ширеа во текот на изминатата година во однос на тоа дека во Македонија ќе се случела бугаризација, асимилација итн. Гледате дека тоа веќе не постои во јавниот дискурс, освен од неколку платени руски ботови, т.н. аналитичари па и некои политичари, коишто заради финансиски средства мораат да така да зборуваат, истакна Ковачевски. Тој додаде дека дискусиите во однос на уставните амандмани се воделе со сите политички партии и тие биле јавни, со претставници на претседателите и на партиите од опозицијата, коишто ги истакнале своите ставови во однос на истите. Маричиќ, пак, рече дека она што се покажа на дело е дека Владата навистина е подготвена за сериозни и суштински разговори со опозицијата на кој начин да дојдеме до решение за гласање на уставните измени. -Понудивме и политички формат во којшто опозицијата би учествувала во Владата, понудивме и можност за донесување дополнителни гаранции за нашите институции за тоа како да се однесуваат во преговорите, но нашето инсистирање е се да остане во рамките на преговарачката рамка и на возможното. Да не си поставуваме сами себе невозможни услови коишто утре ќе ни бидат проблем да ги исполниме. Затоа е битно, ние сме спремни за дијалог и отворено транспарентно и неформално за секој тип на разговори, а секако странското присуство тука е постојано, рече Маричиќ. Вицепремиерот оцени и дека какво било пролонгирање на уставните измени би било на наша штета. -Не би било добро какво било пролонгирање, тоа би било на наша штета. Значи, не е проблем. Меѓутоа, имајте предвид дека по Нова година ќе започнат процедурите за претседателски избори. Претседателските избори се врзани со рок. Сегашниот мандат на Пендаровски истекува на 12 мај и дотогаш треба да биде избран нов претседател, така што во најмала рака ќе бидеме преокупирани со тоа. Да не заборавиме дека има на почетокот на јуни избори за Европски парламент во ЕУ и едноставно фокусот ќе биде на друго место. Нашата цел е да останеме во фокусот, а тоа е можно само ако ги завршиме нашите обврски до крајот на скринингот и со крајот на оваа година да ги пречекаме одлуките за отворање на кластерот, вели Маричиќ. Тој посочи дека од крајот на август по одморите, се очекува да продолжат посетите на странски државници, за кои вели дека се важни. Како што истакна, има и некои задолжителни формати како што е одржувањето на Брдо-Бриони процесот на претседателите од целиот регион, а за во октомври најави и посета на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен која ќе оствари тура низ регионот. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на прашањето која е македонската агенда за ВМРО - ДПМНЕ, рече дека тоа е борбата против се она што актуелната Влада го промовира и оти „е и ќе остане дел од вистинските европски вредности кои треба сите ние да ги прифатиме“. - Да точно. Тука е во право Димитар Ковачевски кога вели дека европската агенда, според коалицијата ДУИ поддржана од помалиот коалиционен партнер СДСМ, е сосема различна од македонската, која е дел од вистинската европска агенда, изјави Мицкоски. Уште едно предупредување во однос на роковите вчера стаса и од францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер кој изјави дека доколку до крајот на годината не се пристапи кон уставни измени,  Македонија не ќе може да пристапи кон следната фаза за членство во ЕУ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-prodolzhuva-da-gi-turka-ustavnite-izmeni-vmro-dpmne-ne-prifaka-bugarski-diktat-i-ostanuva-na-makedonskata-agenda/feed/ 0
Иницијативата за промена на Уставот пристигната во Собранието, од денес течат роковите за процесуирање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/initsijativata-za-promena-na-ustavot-pristignata-vo-sobranieto-od-denes-techat-rokovite-za-protsesuirane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/initsijativata-za-promena-na-ustavot-pristignata-vo-sobranieto-od-denes-techat-rokovite-za-protsesuirane/#respond Wed, 19 Jul 2023 10:45:59 +0000 https://kurir.mk/?p=858086

Иницијативата за промена на Уставот е пристигната во Собранието и дека од денес течат роковите за процесуирање на истата, се вели во соопштението од собраниската прес-служба за денешната остварена проштална средба на спикерот Талат Џафери со амбасадорот на Република Австрија, Н.Е. Георг Вуцас. -Претседателот Џафери потврди дека инициативата за промена на Уставот е пристигната во Собранието и дека од денес течат роковите за процесуирање на истата. Тој изрази уверување дека доколку има политичка волја, целиот процес ќе може да се заврши до месец ноември оваа година, се посочува во соопштението. Владата вчера попладне го доставила Предлогот за уставни измени до Собранието веднаш по завршувањето на 171. седница на која премиерот и министрите го усвоија Предлогот. -На 171-та седница на Владата, одржана на 18.7.2023 година, точка 48, разгледана е Информација со Предлог за уставни измени, утврден е Предлогот и доставен е до Собранието веднаш по завршувањето на седницата, информираат од Владата за МИА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/initsijativata-za-promena-na-ustavot-pristignata-vo-sobranieto-od-denes-techat-rokovite-za-protsesuirane/feed/ 0