уставен судија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 11 Apr 2023 13:40:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png уставен судија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Новоизбраната уставна судијка Елизабета Дуковска денеска почна со работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novoizbranata-ustavna-sudijka-elizabeta-dukovska-deneska-pochna-so-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novoizbranata-ustavna-sudijka-elizabeta-dukovska-deneska-pochna-so-rabota/#respond Tue, 11 Apr 2023 13:40:24 +0000 https://kurir.mk/?p=822887

Денеска во Уставниот суд со работа почна новоизбраната судијка Елизабета Дуковска. Од Судот информираат дека таа утрово била примена од претседателката Добрила Кацарска, доби работен материјал за седницата која ќе се одржи на 12 април 2023 година. Дуковска се запозна и со вработените во службата на Уставниот суд и во следниот период ќе добие предмети за работа кои ќе ги води како судија-известител. Мандатот на судијката Елизабета Дуковска во Уставниот суд е девет години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novoizbranata-ustavna-sudijka-elizabeta-dukovska-deneska-pochna-so-rabota/feed/ 0
Предлог законот за амнестија на осудените од 27 април пред пратениците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlog-zakonot-za-amnestija-na-osudenite-od-27-april-pred-pratenitsite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlog-zakonot-za-amnestija-na-osudenite-od-27-april-pred-pratenitsite/#respond Thu, 16 Mar 2023 07:18:31 +0000 https://kurir.mk/?p=812502

Предлогот за избор на судијата Елизабета Дуковска од Апелацискиот суд Скопје за судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија е на дневен ред на денешната 106. собраниска седница. Дуковска е предлог на Судскиот совет на Република Северна Македонија за нова уставна судијка. Таа е судијка од 2004 година, работела во двата основни суда во Скопје како стечаен судија, а од 2009 суди во скопска Апелација како граѓански судија во трговски оддел. На дневен ред на денешната седница се и Предлог законот за амнестија на лицата осудени за настаните од 27 април 2017 година, како и Предлог законот за амнестија, двата по скратена постапка. Пред пратениците се и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување, како и Предлог законот за дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, и двата по скратена постапка. Меѓу другите точки се и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, Предлог законот за ратификација на измените и дополнувањата на Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и Украина, Предлог-одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина (јули 2023-јануари 2024), како и Предлог-одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „EUTM RCA“ во Централноафриканската Република, како и Предлог на закон за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија, по скратена постапка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlog-zakonot-za-amnestija-na-osudenite-od-27-april-pred-pratenitsite/feed/ 0
Продолжение на комисиската расправа за предлогот јавниот обвинител Јовески да биде уставен судија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhenie-na-komisiskata-rasprava-za-predlogot-javniot-obvinitel-joveski-da-bide-ustaven-sudija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhenie-na-komisiskata-rasprava-za-predlogot-javniot-obvinitel-joveski-da-bide-ustaven-sudija/#respond Tue, 07 Mar 2023 07:19:54 +0000 https://kurir.mk/?p=808918

Во Собранието за денеска е закажана седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата која треба да ја продолжи дебатата за утврдување на Предлогот за избор на судии во Уставниот суд. Членовите на Комисијата треба да продолжат со расправата за предлогот јавниот обвинител Љубомир Јовески да биде уставен судија. На крајот на октомври минатата година Собранието ги избра судијата од Апелацискиот суд во Скопје, Фатмир Скендер и советникот за граѓанско законодавство, Татјана Васиќ-Бозаџиева за нови уставни судии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhenie-na-komisiskata-rasprava-za-predlogot-javniot-obvinitel-joveski-da-bide-ustaven-sudija/feed/ 0
Прекината комисиската расправа за избор на Љубомир Јовески за уставен судија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prekinata-komisiskata-rasprava-za-izbor-na-lubomir-joveski-za-ustaven-sudija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prekinata-komisiskata-rasprava-za-izbor-na-lubomir-joveski-za-ustaven-sudija/#respond Wed, 01 Feb 2023 18:47:54 +0000 https://kurir.mk/?p=794862

Претседателката на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, Марија Георгиевска попладнево ја прекина седницата на која се расправа за предлогот државниот обвинител Љубомир Јовески да стане уставен судија, а за продолжението на оваа седница, како што рече, пратениците ќе бидат известени од собраниските служби. Во попладневниот дел од седницата имаше процедурални забелешки од пратениците на ВМРО – ДПМНЕ. Тие побараа да се прекине седницата и да ги добијат стенограмските забелешки од изјавата на претседателката на Комисијата Марија Георгиевска дадена во однос на интерпелацијата поднесена против неа, а се однесува на нејзиниот Извештај до претседателот на Собранието со кој побара кандидатите Татјана Васиќ Бојаџиев и Фатмир Скендер да бидат издвоени и Собранието да гласа за нив, по што тие беа избрани за уставни судии. Во процедурално обраќање, пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Драган Ковачки истакна дека е беспредметно продолжувањето на оваа Комисија, посебно за оваа точка. Побара да се прекине седницата се до момент на завршување на постапката во Пленумот. -Оваа точка треба да биде прекината. Оваа седница треба да биде прекината. Да ги ислушате аргументите што ги кажуваме. Да видите и да се уверите дека процедурата е прекршена. Да дозволите Пленумот да утврди дали процедурата е прекршена, па после ако Пленумот утврди дека не е прекршена процедурата, вие можете да продолжите. Меѓутоа, тука имате можеби и злоупотреба на службената должност. Можеби ќе треба да се процесира и понатаму. Јас тоа не го знам. Не сум истражен орган. Можеби ќе се доведеме во таква ситуација. И пак ќе го повторуваме истото дело од почеток. Тоа е дополнителна одговорност. Тука се кршат најмногу во оваа Собрание. Во моментов, мислам дека треба да ја прекинете седницата се до момент на завршување на постапката во Пленумот, затоа што сте направиле прекршок, според мене, сме поднеле интерпелација и таа треба да се заврши, па дури тогаш може да се размислува за тоа дали ќе одиме понатаму или не со изборот на овој катастрофален предлог од еден од колегите од владејачкото мнозинство, рече Ковачки. Претседателката на Комисијата, Марија Георгиевска одговарајќи му на Ковачки рече дека треба да продолжат со работата по оваа седница. -Придадовте звук на вашето говорење дека овде како да водиме судска постапка. Јас мислам дека сме колеги – пратеници и колегите – пратеници пристапуваат согласно своите убедувања за прекршување или непрекршување или било какво нарушување на правилата, односно на Деловникот на оваа Собрание. Вие ова неможете да го третирате како предмет и демек вие сега овде ќе не третирате како осуденик. Призвукот на вашиот говор беше таков. Не смееме да си дозволиме да даваме призвук дека заради одредена сугестија, односно барање на пратеничка група дека се нарушил Деловникот, дека треба да се става сомнеж на било кој пратеник, дека не може да продолжи со работа. Треба да продолжиме со работа по седницата, рече таа. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во процедурална забелешка упати барање до пратеникот Велковски, доколку може по Деловникот да го повлече предлогот за Љубомир Јовески или тој самиот со писмено известување до Собранието да се повлече од изборот за нов уставен судија. Тој смета дека тоа што се случува во Комисијата не е само кршење на Деловникот, туку е еклатантен пример дека само за одредени избран претседатели на одредени собраниски комисии, Деловникот може да важи или да не важи по потреба како што се толкува од личноста која што ја води Комисијата и тоа за мене е апсолутно недозволиво. --Тоа доведува до недоверба во целата постапка за избор на уставни судии. Нашите кандидати кои не добија поддршка се професори кои ги напишале сите учебници по уставно право во Република Македонија. И сега, не се квалитетни професорите кои што ги пишувале учебниците од кои што самите овие што вие ги изгласавте за уставни судии учеле, туку се квалитетни овие кои што сега ние ќе треба да ги бираме и за овој господин за кој што десет часа во оваа Комисија се читаа скандали во неговото работење. Сега треба да му се возврати за неговиот ангажман и вие ќе треба да пишувате извештаи за кои што нема да бидат напишани во формата во која што се напишани, истакна Стојановски. Претседателката на Комисијата, Георгиевска рече дека мора да го исправи Стојаноски, бидејќи она што е доставено до Пленумот не се работи за извештај, туку за известување за состојбата по однос на она што се случува по изборот за уставни судии во оваа Комисија и тоа се предлог-одлуки за име и презиме каде што мнозинството членови или заменици во Комисијата се изјасниле „за“ или „против“. Не се работи за извештај, туку предлог-одлуки со констатирано како е завршена расправата, кога е гласано, што е гласано, за кого се продолжува расправата итн. Тоа не е извештај, туку известување до Пленумот, рече Георгиевска, по што ја прекина работата по денешната седница.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prekinata-komisiskata-rasprava-za-izbor-na-lubomir-joveski-za-ustaven-sudija/feed/ 0
Продолжува комисиската расправа за предлогот Јовески да биде уставен судија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhuva-komisiskata-rasprava-za-predlogot-joveski-da-bide-ustaven-sudija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhuva-komisiskata-rasprava-za-predlogot-joveski-da-bide-ustaven-sudija/#respond Tue, 31 Jan 2023 06:27:11 +0000 https://kurir.mk/?p=793956

Во собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да продолжи дебатата предлогот јавниот обвинител Љубомир Јовески да биде уставен судија. Според информациите од Собранието, останати за збор се уште дваесетина пратеници, главно од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Двајца од предложените Татјана Васиќ Бозаџиева и Фатмир Скендер, кои го поминаа комисискиот филтер, станаа уставни судии откако Собранието во октомври гласаше. Претседателката на Комисијата Марија Георгиевска со издвоено мислење испратено до претседателот на Собранието тогаш предложи пленумот да гласа за овие кандидати за да не се доведеме во ситуација на уставна криза, бидејќи Судот беше без доволен број уставни судии. За опозицијата ова беше преседан што не смееше да се случи, бидејќи дебатата за сите кандидати треба да заврши па пленумот да гласа. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на комисиските расправа со долги говори од повеќе часови го одолговлекуваше изборот на уставните судии, а според пратеници од владејачкото мнозинство, тоа веројатно ќе биде така и денеска, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ е против Јовески да биде уставен судија. На Комисијата за прашања на изборите и именувањата имаше девет предлози за уставни судии, три од владејачкото мнозинство и шест од опозицијата. Освен овие тројца, беа предложени и професорката Родна Живковска, пензионираниот професор Саво Климовски, шефот на Вишото обвинителство Штип, Тодор Витларов, охридскиот обвинител Воислав Димоски, управната судијка од Битола, Весна Јовановска и пензионираниот гостиварски судија Бранко Секулоски. Во меѓувреме во пензија замина уште и уставната судијка Вангелина Маркудова, така што Собранието треба да започне постапка за избор на уште еден уставен судија. Минатата недела од Уставниот суд повторно упатија апел до Собранието да се изберат тројца судии, со цел Судот непречено да функционира како што е предвидено со Уставот. – Останува апелот до Собранието и до Судскиот совет, кој треба да предложи еден од судиите, тоа да го сторат што побрзо, изјави портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска. Таа потсети дека од 7 декември минатата година Судот функционира со шест од предвидени девет судии, поради завршување на мандатот на судијката Вангелина Маркудова. – За да се донесе одлука на Судот потребни се најмалку пет гласа „за“. Судот е колективно тело, каде секој судија има право на свое мислење кое може да биде различно од она што го кажуваат неговте колеги. Тоа значи дека многу често се соочуваме со ситуација предлозите да не добиваат мнозинство затоа што на пример се случува тројца судии да гласаат„за“, додека тројца да не се согласуваат со тој предлог, или четворица го поддржуваат предлогот, а двајца се против, појасни Беловска. Уставниот суд го сочинуваат девет судии. Претседателот го избира Судот од редот на судиите за време од три години, без право на повторен избор. Судиите ги избира Собранието со мандат од девет години без право на реизбор. Судиите на Уставниот суд се избираат од редот на истакнати правници.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhuva-komisiskata-rasprava-za-predlogot-joveski-da-bide-ustaven-sudija/feed/ 0
Судскиот совет на наредната седница ќе предложи член на Уставниот суд од редот на судиите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudskiot-sovet-na-narednata-sednica-kje-predlozi-chlen-na-ustavniot-sud-od-redot-na-sudiite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudskiot-sovet-na-narednata-sednica-kje-predlozi-chlen-na-ustavniot-sud-od-redot-na-sudiite/#respond Wed, 19 Oct 2022 10:13:37 +0000 https://kurir.mk/?p=747592

До наредната седница ќе дадеме предлог за уставен судија од редот на судиите, информираше денеска претседателката на Судскиот совет Павлина Црвенковска на годишната конференција во рамки на Програмата за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Република Северна Македонија (2021-2026) во организација на женевскиот Центар за управување со безбедносниот сектор (ДЦАФ). – Судскиот совет нема никакви надлежности во процедурата за избор на судии додека таа трае во Собрание. Единствена надлежност на Судскиот совет е од редот на судиите да предложи судија на Уставниот суд. Добивме допис од претседателката на Уставниот суд минатата недела и во најкраток можен рок, мислам дека и наредната седница, може да се случи да дадеме предлог од редот на судиите, појасни Црвенковска. Претседателката на Судскиот совет во коментар за Извештајот на Европската комисија во однос на судството, рече дека го цени како добар и позитивен кој ги нотира и позитивните работи кои се случуваат во рамките на судството, но и дека ги нотира и негативните работи. – За Судскиот совет можам да кажам дека е добар и првпат Советот ја применува методологијата за квалитативно оценување на судиите, кое е основа за објективно оценување, а кое е основа и за еден објективен критериум при изборот на судии во повисок суд. Во тек е примената на методологијата, факт е дека малку се одолговлекува целата постапка, а се одолговлекува бидејќи самата методологија предвидува повеќе фази во кој што се врши оценувањето за на крај да се дојде до една реална, објективна ранг листа од која од сега па натаму ќе се избираат судиите во повисок суд, нагласи Црвенковска. На добар пат сме, рече таа, да се врати довербата на граѓаните во судскиот систем, но, според неа, тоа е долг процес кој не може преку ноќ да ја смени довербата. – Со сите чекори што ги правиме придонесуваме да се врати довербата во судството, додаде Црвенковска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudskiot-sovet-na-narednata-sednica-kje-predlozi-chlen-na-ustavniot-sud-od-redot-na-sudiite/feed/ 0
Продолжува комисиската расправа за кандидатурата на Јовески за уставен судија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-komisiskata-rasprava-za-kandidaturata-na-joveski-za-ustaven-sudija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-komisiskata-rasprava-za-kandidaturata-na-joveski-za-ustaven-sudija/#respond Wed, 05 Oct 2022 05:08:46 +0000 https://kurir.mk/?p=741144

Во Собранието денеска треба да продолжи седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на која се дискутира за кандидатурата за уставен судија на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, предложен од страна на владејачките партии. На претходните седници, членовите на оваа Комисија дадоа поддршка на кандидатите Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство и на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје, Фатмир Скендер, и двајцата предложени од СДСМ. Од предложените шест кандидати за уставни судии на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ниту еден не доби поддршка. Партијата ги предложи Саво Климовски, универзитетски професор, Тодор Витларов, вработен во Вишото јавно обвинителство во Штип, судијата во пензија Бранко Секуловски, Воислав Димовски, доскорешен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид и судијката од Управниот суд, Весна Јовановска и професорка Родна Живковска. Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав. Од предвидените девет члена, на четворица им е истечен мандатот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-komisiskata-rasprava-za-kandidaturata-na-joveski-za-ustaven-sudija/feed/ 0
Продолжи комисиската расправа за кандидатурата за уставен судија на Љубомир Јовески https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzi-komisiskata-rasprava-za-kandidaturata-za-ustaven-sudija-na-ljubomir-joveski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzi-komisiskata-rasprava-za-kandidaturata-za-ustaven-sudija-na-ljubomir-joveski/#respond Tue, 04 Oct 2022 11:29:05 +0000 https://kurir.mk/?p=740847

Во Собранието денеска почна продолжението на седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на која членовите дискутираат за кандидатурата за уставен судија на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, предложен за уставен судија од страна на владејачките партии. Изминативе денови членовите на оваа Комисија дадоа поддршка на кандидатите Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство и на граѓанскиот судија во Апелацискиот суд во Скопје, Фатмир Скендер, и двајцата предложени од СДСМ. Од предложените шест кандидати за уставни судии на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ниту еден не доби поддршка. Партијата ги предложи Саво Климовски, универзитетски професор, Тодор Витларов, вработен во Вишото јавно обвинителство во Штип, судијата во пензија Бранко Секуловски, Воислав Димовски, доскорешен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид и судијката од Управниот суд, Весна Јовановска и професорка Родна Живковска. Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав. Од предвидените девет члена, на четворица им е истечен мандатот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzi-komisiskata-rasprava-za-kandidaturata-za-ustaven-sudija-na-ljubomir-joveski/feed/ 0
Стаменкоска Трајкоска: Одбивањето на иницијативата за референдум ја направи ситуацијата да Талат Џафери се стави како потенцијален кандидат за Уставен судија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkoska-trajkoska-odbivanjeto-na-inicijativata-za-referendum-ja-napravi-situacijata-da-talat-dzaferi-se-stavi-kako-potencijalen-kandidat-za-ustaven-sudija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkoska-trajkoska-odbivanjeto-na-inicijativata-za-referendum-ja-napravi-situacijata-da-talat-dzaferi-se-stavi-kako-potencijalen-kandidat-za-ustaven-sudija/#respond Tue, 20 Sep 2022 17:53:51 +0000 https://kurir.mk/?p=735372

Не ни очекуваме дека може нешто по различно да се случи од човек кој не ја практикува демократијата, бидејќи тоа е своевидно докажано, вели пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа Телевизија. „Ние реагираме на сите неправилности кои Талат Џафери ги прави во Собранието. Самото одбивање на иницијативата за референдум ја направи ситуацијата да тој се стави како потенцијален кандидат за уставен судија, бидејќи сега веќе ќе им треба и четврт уставен судија да има како кандидат“, рече Стаменкоска Трајкоска. Стаменскоска Трајкоска посочи дека примерот за работењето во Собранието е самиот Талат Џафери. „За жал ако првиот е лажго, корумпиран и потенцијален криминалец итн што очекуваме тогаш останатите какви да бидат. Значи првиот треба да биде за пример личност која ќе даде мотивација на останатите дека професионалност и чесност е карактеристика на сите, но за жал ние немаме таков пример и затоа ни се потребни избори час поскоро“, кажа Стаманкоска Трајкоска. Таа потенцираше дека доколку имавме правна држава немаше да збориме за вакви проблеми. „Ако ние имавме квалитетно Собрание немаше јас да зборувам многу повеќе за лошите предлози на уставни судии кои СДСМ и ДУИ ги даваат во Собранието туку јас ќе зборував како опозиционен пратеник сум помогнала во сверата на образованието. Но тоа е во една идеална ситуација“, додаде Стаменкоска Трајкоска. Таа потенцираше дека тие како опозиција нема да го напуштат Собранието бидејќи тоа е многу лоша опција. „Сега во една ваква хаотична ситуација каде владее криминал и корупција за жал сме приморани да истражуваме, учиме, напаѓаме, да се браниме од криминалот кој може и те како да биде многу поголем доколку ние го напуштиме Собранието како опозиција. Ние како опозиција сме повикани често пати да го напуштиме Собранието, но тоа е една многу лоша опција заради тоа што ако ние го напуштиме Собранието, тогаш Јовески ќе биде и те како набрзина номиниран да биде Уставен судија.“ кажа Стаменкоска Трајкоска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkoska-trajkoska-odbivanjeto-na-inicijativata-za-referendum-ja-napravi-situacijata-da-talat-dzaferi-se-stavi-kako-potencijalen-kandidat-za-ustaven-sudija/feed/ 0
Седницата на собраниската Комисија за избори на уставни судии продолжи со процедурални забелешки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednicata-na-sobraniskata-komisija-za-izbori-na-ustavni-sudii-prodolzi-so-proceduralni-zabeleshki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednicata-na-sobraniskata-komisija-za-izbori-na-ustavni-sudii-prodolzi-so-proceduralni-zabeleshki/#respond Mon, 19 Sep 2022 09:15:24 +0000 https://kurir.mk/?p=734707

Седницата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата продолжи во тензична атмосфера, откако пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Лидија Петковска со процедурални забелешки обвини дека претседателката на Комисијата, Марија Георгиевска на минатата седница прекршила неколку членови од Деловникот. На тоа Георгиевска образложи оти Комисијата никогаш не го прекршила Деловникот, по што пратениците почнаа да дофрлаат од место. Георгиевска даде пауза, а за продолжението рече оти ќе информира преку службите. Петковска меѓу другото обвини дека е прекршен членот 81 став 2 од Деловникот, според кој претседателот, во случајот Георгиевска, ја прекинува седницата, односно дава пауза по барање на координатор или заменик координатор на пратеничка група кој во текот на денот може само еднаш да побара прекин во траење од еден час, што во петокот не било случај, бидејќи пратеничка 10 часа говорела без право на пауза. Георгиевска, пак, истакна дека доколку пратениците се решиле да говорат маратонски, тогаш треба да бидат и физички и психички подготвени да го издржат напорот. – Во Собранието за овие две години јас не сум видела на ниедно работно тело додека говори кој било пратеник дека во моментот ќе може да излезе, рече Георгиевска. Членовите на собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата треба да ја продолжат расправата за изборот на јавниот обвинител Љубомир Јовески за уставен судија. Пратеничката Петковска нагласи дека Љубомир Јовески нема да стане уставен судија. – Јовески четири години молчел и не правел надзор на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Самиот тој потврдил дека не направил надзор и во други обвинителства заради состојбите со Ковид-19. Си молчи човекот, а чека награда, да стане уставен судија. Борбата против криминалот не подразбира молчење. Да покренеше обвиненија и да имаше расветлување на криминалите ние денес радо ќе ја поддржавме неговата кандидатура за уставен судија, рече Петковска. Членовите на оваа Комисија минатата недела дадоа поддршка на изборот за уставни судии на кандидатите Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство, и на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје, Фатмир Скендер, и двајцата предложени од СДСМ. Од предложените шест кандидати за уставни судии на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ниту еден не доби поддршка. Партијата ги предложи Саво Климовски, универзитетски професор, Тодор Витларов, вработен во Вишото јавно обвинителство во Штип, судијата во пензија Бранко Секуловски, Воислав Димовски, доскорешен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид и судијката од Управниот суд, Весна Јовановска и професорка Родна Живковска. Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав, бидејќи од предвидените девет члена, на четворица им е истечен мандатот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednicata-na-sobraniskata-komisija-za-izbori-na-ustavni-sudii-prodolzi-so-proceduralni-zabeleshki/feed/ 0