уставна криза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 07 Oct 2023 12:24:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png уставна криза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски: Зрело е да се седне на лидерска средба за датум за избори, во спротивно постои опасност за уставна криза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-zrelo-e-da-se-sedne-na-liderska-sredba-za-datum-za-izbori-vo-sprotivno-postoi-opasnost-za-ustavna-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-zrelo-e-da-se-sedne-na-liderska-sredba-za-datum-za-izbori-vo-sprotivno-postoi-opasnost-za-ustavna-kriza/#respond Sat, 07 Oct 2023 12:24:41 +0000 https://kurir.mk/?p=886363

Ние за неколку месеци од денеска ќе имаме исклучително два значајни изборни процеси. Едниот се претседателските избори, прв и втор круг, а вториот се парламентарните избори. Мислам дека на неколку месеци пред тие изборни циклуси да нема никаква активност е навистина неодговорно и тоа за првпат можеби се случува на македонската политичка сцена и затоа јас излегов со предлог идеа за лидерска средба. Ги слушнав одговорите од официјалните лица, од Артан Груби и Димитар Ковачевски за тоа што мислат тие за тоа, но еве да бидам попрецизен, кога зборувам за лидерска средба мислам на лидерска средба во формат во кој што ние ќе разговараме за дати за избори бидејќи можеме да влеземе во уставна криза и потоа процесите да бидат уставно предизвикани, а да бидам попрецизен да бидат и неуставни, вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета на Велес во рамките на кампањата ,,Важно е! Од тебе зависат промените" одговори на новинарско прашање за тоа на каков формат мисли кога бара лидерска средба на тема избори. Мицкоски исто така додаде дека, бидејќи луѓето од власта често ги спомнуваат институциите една ваква лидерска средба може да биде организирана и од претседателот на Собранието, Талат Џафери. „Затоа ценам дека на неколку месеци пред избори добро е да се седне на една лидерска средба каде што ќе има претставници од владата, претставници од опозицијата. Еве бидејќи ги спомнуваат институциите ќе им дадам еден предлог. Нека биде организатор Талат Џафери, нека биде тоа и во Парламентот, и таму ќе дојдам да разговараме за можните дати за избори бидејќи во меѓувреме треба и сите ние да сме свесни дека два големи верски празници како што е рамазан и Велигден, а на тие празници им претходат и постови, така што мора да го подготвиме амбиентот за да имаме навистина еден фер изборен процес“, потенцираше Мицккоски и додаде: „Јас очекувам разум, очекувам одговорност барем еднашка и стојам на располагање и ние како коалиција на ВМРО-ДПМНЕ стоиме на располагање за една таква средба“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-zrelo-e-da-se-sedne-na-liderska-sredba-za-datum-za-izbori-vo-sprotivno-postoi-opasnost-za-ustavna-kriza/feed/ 0
Бугарија може да влезе и во уставна криза ако нема Влада по изборите на 11 јули https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-moze-da-vleze-i-vo-ustavna-kriza-ako-nema-vlada-po-izborite-na-11-juli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-moze-da-vleze-i-vo-ustavna-kriza-ako-nema-vlada-po-izborite-na-11-juli/#respond Wed, 05 May 2021 09:35:09 +0000 https://kurir.mk/?p=505816

Доколку не се формира влада по следните избори, Бугарија може да падне во не само политичка, туку и уставна криза. Таква изјава денеска објави бугарскиот претседател Румен Радев откако го доби назад веднаш мандатот за состав на влада од БСП. Тоа е третпат да му биде вратен мандат за состав на влада откако беа одржани парламентарните избори пред еден месец. Тој додаде дека новата ЦИК ќе ја преземе својата улога истовремено со распуштање на парламентот и закажување избори. Радев најави дека ЦИК ќе биде составена идната недела, а указот за назначување на комисијата се очекува на 11 мај. – Во таква ситуација се очекува изборите да се одржат на 11 јули, нагласи Румен Радев.Тој дотогаш ќе назначи привремена влада. Радев го предаде деенска третиот мандат за формирање влада на лидерот на БСП Корнелија Нинова, нбо доби одговор дека – Новите политички субјекти изјавија дека нема да ја поддржуваат нашата влада, дури ни стручно, и немаме објективна можност да формираме кабинет, нагласи Нинова пред да го врати мандатот. Радев поитенцира дека индата недела ќе го распушти сегашниот Парламент. – Во овој парламент, партиите не разговараат едни со други, нема дијалог. Преовладува партиското его и личниот егоизам, желбата да се оди на нови избори и да се добијат повеќе гласови. Партискиот егоизам преовладуваше над разумот, изјави Нинова откако го одби мандатот од Радев. – Формирањето на службен кабинет бара вклучување на почитувани експерти кои, и покрај нивната политичка припадност, се обединети од важна цел – одржување фер избори и управување со земјата во тешки времиња, рече Радев. Тој додаде дека треба да се совладаат последиците од здравствената и економската криза. Радев посочи дека има намера да покани авторитативни експерти од левицата, од кои некои успешно ја исполнија својата мисија во претходната привремена влада што ја назначи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-moze-da-vleze-i-vo-ustavna-kriza-ako-nema-vlada-po-izborite-na-11-juli/feed/ 0