уставни амандмани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Jul 2020 16:43:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png уставни амандмани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стапија во сила новите уставни амандмани во Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stapija-vo-sila-novite-ustavni-amandmani-vo-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stapija-vo-sila-novite-ustavni-amandmani-vo-rusija/#respond Sat, 04 Jul 2020 16:43:52 +0000 https://kurir.mk/?p=369012

Денеска во Русија во сила стапија измените на Уставот што беа усвоени на референдумот, со што претседателот Владимир Путин има можност да се кандидира за уште два шестгодишни мандати и да остане на власт до 2036 година. Путин вчера го потпиша извршниот налог за поставување на 4 јули како датум на влегување во сила на амандманите, за кои на референдумот гласаа речиси 78 проценти од гласачите, а исходот од гласањето Кремљ го оцени како „триумф“. Освен што новиот Устав сега на Путин ќе му овозможи уште два мандата, до 2036 година, тој на сите поранешни руски претседатели им дава и имунитет од гонење. Според новиот устав, исто така, бракот е дефиниран како заедница меѓу маж и жена, свое место во него доби и рускиот јазик, а се споменува и „вербата на Русите во Бога“, иако земјата останува секуларна држава. Забрането е руска територија да и се даде на други земји, што аналитичарите ја поврзуваат со анексијата на Крим. Промените го оневозможуваат најголемиот противник на рускиот претседател, опозиционерот Алексеј Навални, да се кандидира за највисока политичка функција во следните 15 години, забележува Хина, затоа што секој претседателски кандидат мора да живее во Русија најмалку 25 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stapija-vo-sila-novite-ustavni-amandmani-vo-rusija/feed/ 0
Додека пред Влада народот протестира, во Владата се расправа за нацрт-уставните амандмани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-pred-vlada-narodot-protestira-vo-vladata-se-rasprava-za-nacrt-ustavnite-amandmani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-pred-vlada-narodot-protestira-vo-vladata-se-rasprava-za-nacrt-ustavnite-amandmani/#respond Wed, 05 Dec 2018 17:00:08 +0000 https://kurir.mk/?p=136184

Првата од петте јавни расправи за четирите нацрт-уставни амандмани започна денеска во Владата, која по пет дена ќе треба да достави извештај до Собранието, а потоа претседателот на Собранието Талат Џафери за 30 дена да закаже пленарна седница на која ќе биде потребно двотретинско мнозинство за усвојување на уставните измени. Владата соопшти дека организира серија јавни дискусии со експертската јавност и граѓаните во врска со нацрт-амандманите за измена на Уставот, „со цел инклузивност во историскиот процес за обезбедување на авропската и атлантсакта иднина на Македонија. На денешната прва јавна дискусија ќе говорат премиерот Зоран Заев и универзитетските професори Владо Поповски и Љубомир Фрчковски. Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски изјави дека дебатите за уставните измени се отворени и јавни и оти секој може да учествува и да го каже својот став.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-pred-vlada-narodot-protestira-vo-vladata-se-rasprava-za-nacrt-ustavnite-amandmani/feed/ 0
Владата работи на уставните амандмани, се уште не се знае кога ќе стасаат во Собрание https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-raboti-na-ustavnite-amandmani-se-ushte-ne-se-znae-koga-kje-stasaat-vo-sobranie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-raboti-na-ustavnite-amandmani-se-ushte-ne-se-znae-koga-kje-stasaat-vo-sobranie/#respond Wed, 24 Oct 2018 11:34:19 +0000 https://kurir.mk/?p=118862

Владата интензивно работи на изготвување на уставните амандмани, за да се скратат роковите колку што е можно, но засега нема точен датум кога би можело тие да бидат испратени во собраниска процедура. Целиот процес, посочуваат оттаму, ќе биде целосно инклузивен и транспарентен. – Веќе се работи интензивно на подготовката на уставните амандмани, но во моментов точен и прецизен датум кога ќе бидат завршени немаме. Но, како што знаете, сакаме да ги скратиме роковите колку што е можно и амандманите да влезат во собраниска процедура што поскоро, рече владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната редовна прес-конференција во Владата. Се разбира, додаде владиниот портпарол, процесот ќе биде целосно инклузивен и сите пратеници во Собранието на Република Македонија ќе учествуваат во нивната финална изработка. – Дополнително ќе биде вклучена и јавноста што значи дека кога ќе има некој готов нацрт или предлог ќе биде доставен до Собранието на кој ќе дадат импут и пратениците, а јавноста ќе биде целосно информирана, потенцира Бошњаковски. На новинарско прашање, Бошњаковски се соврана и на повикот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкосски да се даде амнестија за сите осомничени за случувањата за 27 април. – Минатата недела во Собранието бевме сведоци на расправата околу отпочнување на процесот за уставните амандмани. Зборовите кои беа кажани во македонското Собранието и од премиерот Заев и од пратеници беа помирување и национално обединување. Македонија е правна држава, така што тоа што следува пред нас е како во рамките на Собранието ќе започне процесот на помирување во однос на настаните од 27 април. Во овој момент тоа би бил одговорот ќе видиме што ќе се случува поматаму во Собранието на Република Македонија, рече Бошњаковски. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-raboti-na-ustavnite-amandmani-se-ushte-ne-se-znae-koga-kje-stasaat-vo-sobranie/feed/ 0