уставни судии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 31 Oct 2022 13:42:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png уставни судии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Новоизбраните уставни судии денеска почнаа со работa https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novoizbranite-ustavni-sudii-deneska-pochnaa-so-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novoizbranite-ustavni-sudii-deneska-pochnaa-so-rabota/#respond Mon, 31 Oct 2022 13:41:02 +0000 https://kurir.mk/?p=753276

Во Уставниот суд денеска почнаа со работа новоизбраните судии Татјана Васиќ Бозаџиева и Фатмир Скендер. Како што информираат од судот, двајцата судии утрово биле примени од претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска и добиле работни материјали за следната седница закажана за 9 ноември. Судиите Бозаџиева и Скендер се запознаа со вработените во службата на Уставниот суд и во наредниот период ќе им бидат распределени предмети за работа. Двајцата новоизбрани уставни судии имаат мандат од девет години. -Уставниот суд и во оваа прилика апелира до пратениците да го почитуваат Уставот и да ги пополнат и останатите три судиски места за да може Судот да функционира во полн капацитет и да одлучува за сите предмети кои се од голема важност за државата и за граѓаните, велат од Судот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novoizbranite-ustavni-sudii-deneska-pochnaa-so-rabota/feed/ 0
Утре ќе се гласа за изборот на Пенов за министер и уставните судии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-kje-se-glasa-za-izborot-na-penov-za-minister-i-ustavnite-sudii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-kje-se-glasa-za-izborot-na-penov-za-minister-i-ustavnite-sudii/#respond Thu, 27 Oct 2022 11:57:17 +0000 https://kurir.mk/?p=751216

Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре во 11:00 часот го закажа продолжението на 88. седница на која се очекува да заврши расправата и да се гласа за избор на Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа, а потоа и на двата предлози за уставни судии. На денешната средба со новинарите, одговарајќи на прашањето дали досега имало ваков случај на незавршена дебата во собраниска комисија да се отвори и да се гласа на пленарна седница, Џафери рече дека за кандидатите за уставни судии се гласа поединечно, но и дека во 2012 година за Буџетот извештајот од комисиската седница го потпишало мнозинството.
Претседателот на Собранието најави и дека оваа 88. седница, на која се и закони поврзани со мерките за справување со енергетската криза, но и законите за здруженија и фондации и за политичките партии, би требало да продолжи од понеделник. Џафери на денешната средба со новинарите информира дека за утре закажал состанок во рамки на процесот „Жан Моне“, но од неговиот Кабинет подоцна соопштија дека состанокот е одложен поради продолжението на 88. седница. Дополнително ќе биде известено кога ќе биде закажан овој состанок, на којшто се разгледува Деловникот за работа на Собранието. Џафери истакна дека на Собранието му е потребен нов Деловник за работа.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-kje-se-glasa-za-izborot-na-penov-za-minister-i-ustavnite-sudii/feed/ 0
Заврши расправата за уставните судии, гласањето ќе биде дополнително закажано https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-raspravata-za-ustavnite-sudii-glasanjeto-kje-bide-dopolnitelno-zakazano/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-raspravata-za-ustavnite-sudii-glasanjeto-kje-bide-dopolnitelno-zakazano/#respond Wed, 19 Oct 2022 20:29:00 +0000 https://kurir.mk/?p=747977

Претениците во рамки на денешното продолжение на 88-тата седница, кое траеше до доцна вечерва, ја завршија расправата за изборот на судии на Уставниот суд по што заменик-претседателот на Собранието Горан Мисовски најави дека дополнително ќе се закаже седницата на која ќе се гласа. Во собраниската сала се дебатираше за изборот на Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева за членови на Уставниот суд. Во попладневниот дел од денешното продолжение на седницата во салата беа присутни мал број пратеници и главно пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ упатуваа критики за компетентноста на Татјана Васиќ Бозаџиева. – Уставниот суд ќе продолжи да биде партиско собиралиште на членовите на СДСМ и ДУИ. Нема независен уставен суд, ако судиите се зависни, потенцираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Според пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ одлуката со која се избрани уставните судии е незаконска. Посочија на Извештајот на ЕК каде, како што велат, за избор и именување на уставен судија се бара стручност и компетентност, а не изборот да се заснова на политичка основа. Пратениците од владејачкото мнозинство, пак, потенцираа дека ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да функционира судството и зад себе имаат, како што велат, голем криминален багаж. Според нив, целта на ВМРО-ДПМНЕ е да предизвика општа криза во државата, како парламентарна криза, политичка криза и сега сакаат да се предизвикаат и уставна криза. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-raspravata-za-ustavnite-sudii-glasanjeto-kje-bide-dopolnitelno-zakazano/feed/ 0
Пратениците расправаа за изборот на уставни судии, седницата ќе продолжи во 15 часот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenicite-raspravaa-za-izborot-na-ustavni-sudii-sednicata-kje-prodolzi-vo-15-chasot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenicite-raspravaa-za-izborot-na-ustavni-sudii-sednicata-kje-prodolzi-vo-15-chasot/#respond Wed, 19 Oct 2022 12:43:48 +0000 https://kurir.mk/?p=747738

Во Собранието денеска продолжи 88. седница со дебата за избор на Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева за членови на Уставниот суд. Пратеничката Јадранка Поцкова од ВМРО-ДПМНЕ рече дека има лоша постапка за избор на уставни судии, се дава партиски пристап на изборот и кандидатите уште не влезени во Уставен суд, како што рече, веќе партиски се обојуваат. Според неа, не се дава поддршка на квалитетот и капацитетот на кандидатот, туку се дава поддршка на партиски послушници и судии подобни на власта. Таа се осврна на образованието и на работното искуство на кандидатот Фатмир Скендер и рече дека за него нема афери и скандали. Посочи дека нема објавено трудови, книги и стручни трудови, туку само учествувал на стручни обуки на различни теми, нема докторат и затоа неговото место не е во Уставниот суд. Поцкова направи споредба со кандидати за уставни судии кои беа предложени од опозицијата и не добија поддршка од членовите на собраниска Комисија за прашања на изборите и именувањата. Соопшти дека тие се истакнати правници, со докторати, со објавени дела, стручни трудови, книги, кои оставиле печат во правото и во правосудството. Тоа се Славо Климовски, Родна Живковска, Тодор Витларов… Пратеникот Бејџан Иљас од Демократската партија на Турците на Македонија реплицирајќи на Поцкова рече дека и во текот на вчерашниот ден во расправата за Фатмир Скендер како да се сака, како што рече, да се даде впечаток дека кандидатот е анонимен. -Можеби досега не беше во центарот на вниманието на јавноста поради тоа што повеќе бил концентриран да ја врши совесно и професионално должноста. За неговата стручност веројатност треба да ги прашаме граѓаните кои имале потреба од неговата праведност, потенцира Иљас, додавајќи дека се доказ и се важни и оценките на Судскиот совет кои со години не се менувале, а секогаш бил оценуван со оцена „многу добар“. Според пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ одлуката со која се избрани уставните судии е незаконска. Посочија на Извештајот на ЕК каде, како што велат, за избор и именување на уставен судија се бара стручност и компетентност, а не изборот да се заснова на политичка основа. Според нив, секој состав на Уставниот суд е се полош место подобар, нужни се реформи во Уставниот суд, потребни се биографиите на кандидатите, истакнати правници, како и да се дебатира… Пратениците од владејачкото мнозинство, пак, потенцираа дека ВМРО-ДПМНЕ не сакаат добро за државата и демократија, не сакаат да функционира судството и зад себе имаат, како што велат, голем криминален багаж. Според нив, целта на ВМРО-ДПМНЕ е да предизвика општа криза во државата, како парламентарна криза, политичка криза и сега сакаат да се предизвикаат и уставна криза. Мартин Костовски од СДСМ рече дека како парламентарно мнозинство ќе направат се за да дојде до избор на уставни судии и да функционира државата. Енес Ибрахим од Партијата за движење на Турците рече дека ако малку повеќе се следат активностите на турската заедница во земјава и турските медиуми, ќе се знае кој е Фатмир Скендер и порача да не се игнорираат претставниците од турската заедница. Фатмир Скендер, како што рече, не е избран судија од Никола Груевски или од страна на некој друг политичар, тој е избран за судија во 2014 година. Ибрахим истакна дека Фатмир Скендер е правник, судија, активист за човекови права и додаде оти се борел за да се оствари правото за настава на турски јазик во земјава. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски рече дека најголем проблем е тоа што три дена во Собранието не слушнале од пратениците од владејачкото мозинство за постапката за избор на уставните судии. Укажа дека собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата почнала на 7 јуни 2021 година и имало несогласувања за кандидатите за уставни судии, потоа имало застој до 13 август 2022 година или 10 месеци Комисијата не заседаваше, а предлози за уставни судии немаше. -За денеска, во моментов додека го зборувам ова некој да држи прес-конференција во прес-центарот на Собранието и да каже нема да дозволам ВМРО-ДПМНЕ да предизвика уставна криза, рече Мицевски. Ја обвини власта што 10 месеци на допис од Судски совет не се организирала да поднесе барање за уставни судии и што, како што рече, 10 месеци не работевме, не беше свикувана Комисијата од страна на власта, а одговор ќе дадете вие. Според него, власта не сака да слушне за состојбата во судството во целина и додаде оти 92 отсто од граѓаните немаат доверба во судството. Потпретседателот на Собраниетио Горан Мисовски даде пауза за ручек до 15 часот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenicite-raspravaa-za-izborot-na-ustavni-sudii-sednicata-kje-prodolzi-vo-15-chasot/feed/ 0
Николоски: Власта незаконски става на дневен ред точка за избор на уставни судии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-vlasta-nezakonski-stava-na-dneven-red-tochka-za-izbor-na-ustavni-sudii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-vlasta-nezakonski-stava-na-dneven-red-tochka-za-izbor-na-ustavni-sudii/#respond Sun, 16 Oct 2022 19:24:36 +0000 https://kurir.mk/?p=746149

Избор на двајца уставни судии ќе се најде на дневен ред на утрешната собраниска седница. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вечерашното гостување во Сител телевизија истакна дека ова е незаконска одлука бидејќи расправата за именувањето се уште не е завршена во матичната комисија. -Морам да кажам дека ова што сакаат да го направат е печат злоупотреба на службена положба и овластување и карта во еден правец за осудителна пресуда за претседателот на Собранието и за претседателката на комисијата за избори и именување, рече Николоски. Николоски истакна дека власта на дневен ред става избор на двајца уставни судии, во услови кога расправата во рамки на матичната комисија за избори и именување не е завршена и јасно е дека расправата треба да заврши за сите предлози, да се изјасни комисијата кој од тие предлози поддржува и после да оди на пленарна седница. - Ова е невидено во македонскиот парламентаризам и овде не ги штити никаков имунитет. Ние жестоко ќе се спротивставиме, но утре за ова кривично ќе се одговара. Таа точка треба да се избрише целосно затоа што е незаконска. Како и за секое кривично дело ако некој е спремен да го направи го прави, но треба да е спремен за последиците, посочи тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-vlasta-nezakonski-stava-na-dneven-red-tochka-za-izbor-na-ustavni-sudii/feed/ 0
Комисиската расправа за уставните судии продолжува утре https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisiskata-rasprava-za-ustavnite-sudii-prodolzuva-utre/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisiskata-rasprava-za-ustavnite-sudii-prodolzuva-utre/#respond Tue, 04 Oct 2022 13:49:14 +0000 https://kurir.mk/?p=740939

Во Собранието утре треба да продолжи седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата за кандидатурата за уставен судија на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, предложен од страна на владејачките партии. Членовите на Комисијата, по објавената пауза попладнево не продолжија со работа, а продолжението на седницата е закажано за утре во девет часот. Во претпладневниот дел, претседателката на Комисијата, Марија Георгиевска даде пауза по настаната тензична ситуација откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски побара збор за процедурално. Георгиевска не му даде збор, со образложение дека тој не е член или заменик член на Комисијата и нема право на процедурално. Потоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ реагираа со повици со повисок тон до Георгиевска дека им го скратува правото на збор што беше негирано од нејзина страна со барање да се стави некаков ред. Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во дискусијата наведоа дека „не може еден човек кој што не реагирал на повеќе од 300 скандали за корупција и криминал во оваа држава да има дигнитет и да биде воопшто предложен како кандидат за уставен судија“. Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска побара да и се даде збор повторно на пратеничката Бети Стаменковска да продолжи со обраќањето таму каде што застана кога била прекината по 10-часовно обраќање за завршување на нужни потреби. Георгиевска и одговори дека пратеничката Стаменковска го напуштила своето место кога говорела и таа седницата ја затворила бидејќи не дала никаква пауза. – Ние ќе се бориме тој да не биде уставен судија. А, исто така, ќе се бориме и претходно изгласаната Тања Васиќ Бозаџиева за која што не знаеме дали воопшто знае каде се наоѓаат судовите. Исто така, да ве предомислиме нејзе да не ја гласате ако дојде воопшто моментот да се гласа на пленарна седница. Таа личност да не ја гласате, рече Ласовска. Таа побара да се повлечат сите предлози и како што рече заедно со стручната фела по МЕРИТ систем да се изберат луѓе кои ќе го претстават Уставниот суд. Георгиевска рече дека ако смета дека предлозите треба да се повлечат, тогаш да се повлечат, но потсети дека предлозите се дадени од страна на пратениците и од опозицијата и од парламентарното мнозинство и е право на овој Пленум, односно на оваа работно тело да дискутира по истите без разлика од кого се предложени. – Вашата сугестија дека треба да се размислува за промена, еве апсолутно и јас мислам дека треба да има промени, заради тоа што мислам дека доколку има измени околу изборот на уставни судии, тоа ќе даде голем придонес кон демократскиот процес во државата. Меѓутоа, сметам дека на таков начин граѓаните ќе имаат доверба во институциите кои што имаат најголема одговорност во оваа држава, рече Георгиевска. На претходните седници членовите на оваа Комисија дадоа поддршка на кандидатите Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство и на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје, Фатмир Скендер, и двајцата предложени од СДСМ. Од предложените шест кандидати за уставни судии на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ниту еден не доби поддршка. Партијата ги предложи Саво Климовски, универзитетски професор, Тодор Витларов, вработен во Вишото јавно обвинителство во Штип, судијата во пензија Бранко Секуловски, Воислав Димовски, доскорешен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид и судијката од Управниот суд, Весна Јовановска и професорка Родна Живковска. Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав. Од предвидените девет члена, на четворица им е истечен мандатот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisiskata-rasprava-za-ustavnite-sudii-prodolzuva-utre/feed/ 0
Предлогот за избор на уставни судии на седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlogot-za-izbor-na-ustavni-sudii-na-sednica-na-komisijata-za-prashanja-na-izborite-i-imenuvanjata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlogot-za-izbor-na-ustavni-sudii-na-sednica-na-komisijata-za-prashanja-na-izborite-i-imenuvanjata/#respond Tue, 04 Oct 2022 05:41:01 +0000 https://kurir.mk/?p=740676

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска две седници ќе одржи Комисијата за прашања на изборите и именувањата. На првата 20 -та седница, Комисијата треба да ја утврди Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември”. По завршување на оваа седница закажано е продолжението на 13-та седница на која членовите на Комисијата треба да дискутираат по Предлогот за избор на судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlogot-za-izbor-na-ustavni-sudii-na-sednica-na-komisijata-za-prashanja-na-izborite-i-imenuvanjata/feed/ 0
Тошковски: Сите предложени кандидати за Уставни судии од страна на ВМРО-ДПМНЕ се професионалци во својата работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toshkovski-site-predlozeni-kandidati-za-ustavni-sudii-od-strana-na-vmro-dpmne-se-profesionalci-vo-svojata-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toshkovski-site-predlozeni-kandidati-za-ustavni-sudii-od-strana-na-vmro-dpmne-se-profesionalci-vo-svojata-rabota/#respond Sat, 24 Sep 2022 08:03:21 +0000 https://kurir.mk/?p=736819

„Од власта не можат да сфатат дека во ВМРО-ДПМНЕ има демократски капацитет, има доволно критична маса која што може да даде предлог еден, два, три и така натака, меѓутоа сите оние предлози кои што ги предложи ВМРО-ДПМНЕ за Уставен судија во најмала рака се пет пати поквалитетни од сите заедно тројцата кои што ги предложи како кандидати СДСМ“, истакна Панче Тошковски, правник и претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ во вчерашното гостување во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ на Алфа телевизија. Тошковски додаде дека предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за Уставни судии не се поврзани со партијата. „Факт е дека професорот Саво Климовски не е дел од ВМРО-ДПМНЕ ниту пак бил дел од ВМРО-ДПМНЕ. Факт е ниту Вишиот обвинител Тодор Витларов, ниту пак Војо Димоски се дел од политичката структура“, појасни Тошковски. Тој посочи дека факт е дека сите предложени кандидати за Уставни судии од страна на ВМРО-ДПМНЕ се професионалци во својата работа, а тоа власта не може да го оспори.  Вели дека токму предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за Уставни судии заслужуваат најмногу да бидат дел од Уставниот суд. „Факт е неспорен земајќи ја во предвид Кацарска, земајќи ја в предвид претседателката на Судскиот совет, земајќи ги в предвид буквално сите оние во најголем дел околу 95% функционерите кои што се ставени во овој мандат истите се наградени за одредена послушност која што ја извршиле спрема оваа власт. Не може некој судија кој што пред шест месеци се констатира дека постапува неуставно да го избереш за претседател на Уставен суд. Кај го има тоа“, запраша Тошковски. Тој дури рече дека сите оние кои што не се послушници на власта се казнети. „Уставен суд е многу добар пример за наградени послушници, според власта кој слуша ќе заврши како Уставен судија, а кој не ги слуша желбата на власта ќе добие кривична пријава. Власта пораката што ја упатува особено на младите е ако слушате без оглед на вашите квалитети и ако се потчинувате, и ако продавате национални интереси, ако затворате луѓе во притвор без законски основи, ако постапувате во целост како што ќе ви каже власта тогаш добивате награда. А, ако критикувате или пак не слушате тогаш добивате казна“, нагласи Тошковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toshkovski-site-predlozeni-kandidati-za-ustavni-sudii-od-strana-na-vmro-dpmne-se-profesionalci-vo-svojata-rabota/feed/ 0
Прекината комисиската расправа за кандидатите за уставни судии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prekinata-komisiskata-rasprava-za-kandidatite-za-ustavni-sudii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prekinata-komisiskata-rasprava-za-kandidatite-za-ustavni-sudii/#respond Wed, 14 Sep 2022 09:05:05 +0000 https://kurir.mk/?p=732562

Собраниската Комисија за прашања на избори и именувања денеска ја прекина седницата, на која треба да продолжи расправата за кандидатурата за уставен судија на Љубомир Јовески, актуелниот републички јавен обвинител. Седницата беше прекината по барање на заменик координаторката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ, која треба да оди на координација. На почетокот на денешната седница, пратениците од опозицијата упатија критика до претседателката на Комисијата Марија Георгиевска, поради тоа што по најавената пауза од 15 минути, вчерашната седница воопшто не продолжи со работата. -Имаше неколку сесии 15-то продолжение на оваа седница во текот на вчерашниот ден. После 17 часот, кога колешката Благица Ласоска заврши процедурално, нашата престедателка не извести дека ќе направиме кратка пауза од 15 минути. Во 17.54 часот, од службите на оваа Комисија добивме порака дека ќе продолжиме со работа во 20 часот. Во 19:40 часот добивме нова порака во која сме известени дека ќе продолжиме со работа во 21:30 часот, за да во 20:49 часот ја добиеме последната порака од собраниските служби дека Комисијата денеска ќе продолжи со работа. Се поставува прашање кој ја кочи работата на оваа собраниска Комисија, рече денеска вопроцедурално обраќање пратеничката Дафина Стојановска. Според пратеничката Марија Петрушевска од ВМРО-ДПМНЕ, ситуацијата од вчера покажува оти е погазен Деловникот, Уставот и Етичкиот кодекс. Претседателката на Комисијата, Марија Георгиевска на ова одговори дека не го прекршила Деловникот и оти навремено известила за продолжението на седницата. -Наремено ве известив дека ќе има продолжение на седницата, со цел и со намера да имаат време повеќе колеги да зборуваат, но заради одредени состојби, добивте порака дека седницата продолжува денеска во 9.30. Не сум дозволила на никого од колегите да му биде скратена можноста за реплика или за збор. Досега сум покажала дека соодветно си ја извршувам својата работа, рече Георгиевска. За следното продолжение на седницата, дополнително ќе информираат од матичната Комисија. Инаку, Љубомир Јовески е последниот кандидат за кој треба да расправа Комисијата. Изминативе денови членовите на оваа Комисија дадоа поддршка на кандидатите Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство и на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје, Фатмир Скендер, и двајцата предложени од СДСМ. Од предложените шест кандидати за уставни судии на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ниту еден не доби поддршка. Партијата ги предложи Саво Климовски, универзитетски професор, Тодор Витларов, вработен во Вишото јавно обвинителство во Штип, судијата во пензија Бранко Секуловски, Воислав Димовски, доскорешен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид и судијката од Управниот суд, Весна Јовановска и професорка Родна Живковска. Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав. Од предвидените девет члена, на четворица им е истечен мандатот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prekinata-komisiskata-rasprava-za-kandidatite-za-ustavni-sudii/feed/ 0
Продолжува комисиската расправа за кандидатите за уставни судии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-komisiskata-rasprava-za-kandidatite-za-ustavni-sudii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-komisiskata-rasprava-za-kandidatite-za-ustavni-sudii/#respond Wed, 14 Sep 2022 05:20:55 +0000 https://kurir.mk/?p=732444

Собраниската Комисија за изборите и именувањата денеска ќе одржи седница, на која треба да продолжи расправата за кандидатурата за уставен судија на Љубомир Јовески, актуелниот републички јавен обвинител. На вчерашната седница свое излагање имаа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои оценија дека Јовески непрофесионално ја извршува актуелната функција и работи во интерес на власта и од таа причина, според нив, „не е соодветен за функцијата уставен судија“. По неколкучасовната вчерашна расправа околу 18 часот беше објавена 15-минутна пауза, по која Комисијата не продолжи со работа. Љубомир Јовески е кандидат предложен од СДСМ и е последен за кој расправа Комисијата. Изминативе денови членовите на оваа Комисија дадоа поддршка на кандидатите Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство и на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје, Фатмир Скендер, и двајцата предложени од СДСМ. Од предложените шест кандидати за уставни судии на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ниту еден не доби поддршка. Партијата ги предложи Саво Климовски, универзитетски професор, Тодор Витларов, вработен во Вишото јавно обвинителство во Штип, судијата во пензија Бранко Секуловски, Воислав Димовски, доскорешен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид и судијката од Управниот суд, Весна Јовановска и професорка Родна Живковска. Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав. Од предвидените девет члена, на четворица им е истечен мандатот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-komisiskata-rasprava-za-kandidatite-za-ustavni-sudii/feed/ 0