уставно име – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 04 Nov 2021 11:41:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png уставно име – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Штипските советници од ВМРО ДПМНЕ ќе го чекаат заклучокот од инспекцискиот надзор https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shtipskite-sovetnici-od-vmro-dpmne-kje-go-chekaat-zakluchokot-od-inspekciskiot-nadzor/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shtipskite-sovetnici-od-vmro-dpmne-kje-go-chekaat-zakluchokot-od-inspekciskiot-nadzor/#respond Thu, 04 Nov 2021 11:41:10 +0000 https://kurir.mk/?p=590740

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Советот на Општина Штип го чека инспекцискиот надзор од Министерството за локална самоуправа, откако синоќа министерот за локална самоуправа Горан Милевски го најави за општините Штип и Аеродром, за дадените свечени изјави со Република Македонија, а не со уставното име Република Северна Македонија. Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Душко Иванов за МИА вели дека од решението на инспекцискиот надозр ќе знаат што понатаму да преземат. Доколку свечената изјава која ја дадоа 13 советници на ВМРО ДПМНЕ и еден советник на Левица се прогласат за невалидни, ништовни, како и изборот на претседателот на Советот на општината, кој е извршен по дадената заклетва, во тој случај, тие ќе се жалат пред Управниот суд. Иванов посочи дека ќе го почекаат надзорот, по што ќе се произнесат. Инспекцискиот надзор до претпладневните часови не е пристигнат во Општина Штип, тврдат од општинските служби. Советниците на СДСМ кои ја напуштија конститутивната седница се на став дека Уставот е прекршен и заклетвата, како и одлуките по неа се невалидни и тие ќе го чекаат официјалното правно толкување за овој случај. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shtipskite-sovetnici-od-vmro-dpmne-kje-go-chekaat-zakluchokot-od-inspekciskiot-nadzor/feed/ 0
Советниците на СДСМ во Штип ја напуштија денешната седница бидејќи наместо Северна пишувало само Република Македонија https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sovetnicite-na-sdsm-vo-shtip-ja-napushtija-deneshnata-sednica-bidejkji-namesto-severna-pishuvalo-samo-republika-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sovetnicite-na-sdsm-vo-shtip-ja-napushtija-deneshnata-sednica-bidejkji-namesto-severna-pishuvalo-samo-republika-makedonija/#respond Mon, 01 Nov 2021 16:27:50 +0000 https://kurir.mk/?p=589371

Свечена конститутивна седница на Советот на Општина Штип денеска имаа само 13 советници на ВМРО-ДПМНЕ и еден на Левица, додека деветмината советниците од опозициската СДСМ ја напуштија седницата. На првата седница мнозинството и опозицијата ги скара писмената свечена изјава, на којашто наместо да стои уставното име на државата Република Северна Македонија, стоеше Република Македонија. Маријана Рогожарска-Поповска, советник од СДСМ истакна дека не треба да се оди против Уставот и побара правно толкување од службите. Откако мнозинството советници на ВМРО-ДПМНЕ им го одбија барањето тие ја напуштија седницата. Свечена изјава дадоа 13 советници на ВМРО ДПМНЕ и еден на Левица, онака какошто службите им ги подготвиле со Република Македонија. Мнозинството советници без присуство на опозицијата денеска за претседател на Советот на Општина Штип ја избираа Весна Карагунова-Кожинкова. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sovetnicite-na-sdsm-vo-shtip-ja-napushtija-deneshnata-sednica-bidejkji-namesto-severna-pishuvalo-samo-republika-makedonija/feed/ 0
Како неприфатливото „или име, или НАТО“, за Шекеринска стана прифатливо кога дојде на власт https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kako-neprifatlivoto-ili-ime-ili-nato-za-shekerinska-stana-prifatlivo-koga-dojde-na-vlast/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kako-neprifatlivoto-ili-ime-ili-nato-za-shekerinska-stana-prifatlivo-koga-dojde-na-vlast/#respond Thu, 12 Nov 2020 11:11:06 +0000 https://kurir.mk/?p=428476

Денови, а можеби и часови ја делат Македонија од бугарско вето или датум за почеток на преговори со Европската Унија. Бугарија ги постави своите црвени линии, а тоа е дека од Македонија бара јасни гаранции за историјата, јазикот и македонското малцинство во Пиринска Македонија, но и самостојната употреба на името Македонија. И додека СДСМ од една страна ја убедува јавноста дека ќе ги заштити македонскиот идентитет и јазик, од друга страна без јасни позиции преговара наспроти бугарските црвени линии, кои се поставени со Декларација изгласана во бугарскиот Парламент. Ваква ситуација од СДСМ видовме и претходно во преговорите со Грција, кога го менуваа уставното име Република Македонија. Пред да го направат тоа, со години изиграваа патриоти пред граѓаните, велејќи дека уставното име не треба да се менува по ниедна цена, дури ни по услов за влез во НАТО. Тоа беше ставот и на актуелната заменичка претседателка на СДСМ и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска која влезот во НАТО сега го потенцира и каде треба и каде не треба. Во 2008 година, два месеци, пред Македонија да добие вето во Букурешт за влез во НАТО од страна на Грција, токму Шекеринска како тогашен лидер на СДСМ бараше владата на ВМРО-ДПМНЕ да обезбеди влез во алијансата без да биде доведено уставното име во прашање. Владата и Република Македонија имаат обврска да обезбедат покана за НАТО, а притоа да не биде доведено во прашање уставното име на државата, изјави Шекеринска како претседателка на СДСМ на 13 февруари во 2008 година. Таа продолжи дека апсолутно е неприфатливо да се поставува прашањето име или НАТО. Потоа, Шекеринска дури побара од Владата да излезе со чиста позиција и да не се нарушат позициите за името. Но, што се случи кога Шекеринска и СДСМ дојдоа на власт. Видовме се спротивно од тоа што го зборуваа пред јавноста. Токму СДСМ ги доведе државата и граѓаните пред свршен чин „или име или НАТО“. Тоа беше и референдумското прашање кое гласеше „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“ Референдумот иако неуспешен затоа што граѓаните го бојкотираа несогласувајќи се со промената на името, СДСМ отиде чекор подалеку и преку свои методи, кои цел живот ќе ги паметиме, по секоја цена го промени уставното име Република Македонија. Одеднаш неприфатливото за Шекеринска и СДСМ стана прифатливо. Ги нарушија македонските позиции и го променија името. Затоа и не треба сега да им се верува кога преговараат со Бугарија, служејќи се со истите изјави и и методи како во спорот со Грција. И сега како тогаш слушаме дека е неприфатливо откажување од македонскиот идентитет и јазик, дека е неприфатливо откажување од јазикот. Но и покрај таквите изјави исто како и за името, продолжуваат да преговараат се додека не дојде новиот свршен чин „или или“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kako-neprifatlivoto-ili-ime-ili-nato-za-shekerinska-stana-prifatlivo-koga-dojde-na-vlast/feed/ 0
Промената на уставното име е главната разлика меѓу Скопје и Атина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promenata-na-ustavnoto-ime-e-glavnata-razlika-megju-skopje-i-atina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promenata-na-ustavnoto-ime-e-glavnata-razlika-megju-skopje-i-atina/#respond Tue, 08 May 2018 08:05:48 +0000 https://kurir.mk/?p=51356

Грчкото барање за промена на уставното име и 17 мај како датум што може да биде клучен за евентуално решение доколку се одржи средба на двајцата премиери во Софија, се двете точки што ги споменуваат весниците „То вима“ и „Катимерини“ во анализите за преговорите меѓу Македонија и Грција, јави дописничката на МИА од Атина. -Грција и Поранешната југословенска Република Македонија остануваат заглавени во прашањето за промена на уставното име на соседната земја, бидејќи во овој момент нивните ставови се движат во различни насоки. Според информациите, Атина инсистира на тоа дека ерга омнес имплементација на новото име (кое како што произлегува од веродостојни извори ќе биде „Горна Македонија“, на словенски, но не и непреведено) треба да се обезбеди со промена на Уставот, пишува „То вима“. То Вима Искусниот новинар додава дека кај македонската страна се создава мислење дека може во Уставот да се додаде еден параграф што ќе гарантира дека името ќе се однесува на секаква меѓународна употреба (мултилатерална или билатерална). Весникот „Катимерини“, пишува дека Македонија има два  аргумента против уставна ревизија. Едниот е чисто политички, поради тоа што владата нема комплетно мнозинство во собранието, а вториот е правен аргумент, затоа што „највисокиот суд на соседната земја, никогаш не пресудил дека меѓународните договори се подредени на Уставот“. - За Атина најважна пречка и натаму останува ерга омнес, што, исто така, е и основната црвена линија на ПЈРМ. За Атина е незамисливо зачувувањето на уставното име (Република Македонија) во било кој облик. Затоа и притиска за употреба на новото име и во внатрешноста на ПЈРМ, пишува „Катимерини“. Искусните новинари од двата грчки весници, во анализите под наслов „Решението во рацете на Ципрас и Заев“ („То вима“) и „Се згуснуваат контактите за решавање на името“ („Катимерини“), пишуваат дека критичен и клучен датум ќе биде 17 мај, кога би можело да се одржи нова средба на Зоран Заев и Алексис Ципрас на маргините на самитот ЕУ- Западен Балкан во Софија. Сѐ води кон тоа дека критичен датум за конечниот тек на преговорите во оваа фаза ќе биде 17 мај, пишува „То вима“ и додава дека двајцата премиери се оние кои ќе донесат политичка одлука за следните чекори. Идеалното сценарио, односно она што би одвело до можен договор меѓу Атина и Скопје, би била средбата меѓу премиерите на Грција и ПЈРМ, Алексис Ципрас и Зоран Заев, бидејќи би значело дека двете страни се подготвени да соопштат некој договор. Во секој случај тие денови во Софија ќе бидат и двајцата лидери, а до тогаш се очекува да се интензивираат и меѓународните притисоци, пишува „Катимерини“. Весникот споменува дека до тогаш ќе се згуснат контактите, со оглед на тоа дека веќе во петок во двајцата министри за надворешни работи ќе остварат средба во рамките на Самитот вишеградската четворка со балканската четворка во Сунио, а следниот ден Никола Димитров и Никос Коѕијас ќе разговараат заедно со медијаторот Метју Нимиц. „То Вима“, го анализира и сценариото доколку не се надминат разликите меѓу двете страни и коментира дека „ниедна страна не сака да биде првата што ќе ги напушти разговорите, бидејќи ќе го носи товарот на одговорноста“. Во случај на ќорсокак и неможност за постигнување договор, весникот пишува дека Атина ќе биде повикана да донесе одредени тешки одлуки, особено на Самитот на ЕУ на крајот од јуни. Тогаш ќе се утврди дали Атина ќе се согласи за доделување датум за отпочнување пристапни преговори на ПЈРМ со ЕУ, во клима која би можела да донесе притисоци, бидејќи Брисел и многу земји членки сакаат итно одново приближување со Западен Балкан, или ќе биде принудена да стави вето, пишува „То вима“ и додава дека на ниво на постојани претставници Атина не била против препораката на комисијата за доделување датум за почеток на преговори. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promenata-na-ustavnoto-ime-e-glavnata-razlika-megju-skopje-i-atina/feed/ 0