уставност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 08 Jul 2020 09:23:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png уставност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уставен суд ќе ја оценува уставноста и законитоста на повеќе уредби со законска сила https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustaven-sud-kje-ja-ocenuva-ustavnosta-i-zakonitosta-na-povekje-uredbi-so-zakonska-sila/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustaven-sud-kje-ja-ocenuva-ustavnosta-i-zakonitosta-na-povekje-uredbi-so-zakonska-sila/#respond Wed, 08 Jul 2020 09:22:01 +0000 https://kurir.mk/?p=371532

Уставниот суд на Република Македонија денеска ќе одржи седница на чиј дневен ред се повеќе иницијативи за оценување на уставноста и законитоста на неколку уредби со законска сила и одлуката за утврдување на постоење на вонредна состојба. На дневен ред на 24-тата седница на Уставен суд се 16 точки, од кои прва е иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Член 353 став 5 од Кривичниот законик, кој предвидува казна затвор од минимум пет години за функционери кои го оштетиле буџетот со јавни набавки. Од Уставниот суд за МИА велат, дека ова е една од поинтересните точки за медиумите и дека по завршување на седницата ќе информираат за сите точки на дневен ред. – Уставниот суд еднаш има расправано и одлучувањето беше одложено, велат од Уставниот суд. Уставниот суд оваа иницијатва, под број 106/2018 претходно ја има разгледано на 26-тата седница одржана на 13.11.2019 година. На дневен ред се и уредбите со законска сила за финансиска подршка на граѓаните и вработените лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање домашна платежна картичка намената за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба и уредбата за прашања поврзани со изборниот процес, како и одлуката за утврдување на постоење на вонредна состојба од 16 мај 2020 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustaven-sud-kje-ja-ocenuva-ustavnosta-i-zakonitosta-na-povekje-uredbi-so-zakonska-sila/feed/ 0