УТМС – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 23 Feb 2023 17:19:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png УТМС – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хуманитарниот конвој на УТМС пристигна во Турција! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/humanitarniot-konvoj-na-utms-pristigna-vo-turtsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/humanitarniot-konvoj-na-utms-pristigna-vo-turtsija/#respond Thu, 23 Feb 2023 17:19:50 +0000 https://kurir.mk/?p=804285

Хуманитарниот конвој на Универзитетот за туризам и менаџмент вчера пристигна во Истанбул, Турција. Денеска, во координација со Амбасадата на Република Турција, хуманитарната помош што ја превезуваше конвојот ѝ беше предадена на АФАД, агенцијата за управување со кризи на турското Министерство за внатрешни работи. Ова тело на турската влада е одговорно хуманитарната помош што пристига во моментов во Турција од целиот свет да дојде до преживеаните во областите зафатени од катастрофалниот земјотрес што ја погодија земјата на 6 февруари годинава, а во кој, според официјалните бројки, загинаа околу 41.000 луѓе. Конвојот на УТМС, високообразовна и општествено одговорна установа, вчера, на иницијатива на ректорот проф. д-р Аце Миленковски, се упати кон Турција. Дел од вработените од Универзитетот, а во име на целиот колектив и во име на студентите на УТМС, сесрдно се нафатија да ја испорачаат лично, хуманитарната помош што ја обезбеди Универзитетот за настраданите во земјотресот, а која се состои од храна, пијалаци и ќебиња со вредност од над 1,5 милиони денари. Посакаа, со своето директно присуство, да ја изразат својата солидарност со народот на Турција во овие тешки мигови за нацијата. Писмо на жалење за катастрофата што ја погоди Турција упати и ректорот Миленковски веднаш по несреќните настани на 6 февруари годинава. „Нашиот народ стои рамо до рамо со турскиот народ. Спремни сме да помогнеме на секаков начин, како Универзитет, но пред сѐ како луѓе“, истакна ректорот Миленковски во своето јавно писмо упатено до турскиот народ на денот на катастрофата. Вчера и денеска, неговиот тим ја покажа оваа посветеност на дело, во Истанбул, рамо до рамо со турскиот народ. Колективот на УТМС ѝ посакува брзо закрепнување на турската нација, изразувајќи надеж дека ваква катастрофа никогаш повеќе нема никому да се случи! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/humanitarniot-konvoj-na-utms-pristigna-vo-turtsija/feed/ 0
По повод 8 Март, Меѓународниот ден на жените, УТМС организира еднодневен Форум за женско лидерство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-povod-8-mart-megunarodniot-den-na-zhenite-utms-organizira-ednodneven-forum-za-zhensko-liderstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-povod-8-mart-megunarodniot-den-na-zhenite-utms-organizira-ednodneven-forum-za-zhensko-liderstvo/#respond Mon, 20 Feb 2023 13:39:41 +0000 https://kurir.mk/?p=802729

По повод 8 Март, Меѓународниот ден на жените, Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје, организира еднодневен Форум за женско лидерство, кој ќе се одржи на 6 март 2023 година, со почеток во 11:00 часот, во просториите на Универзитетот. Поканетите панелистки, истакнати лидерки во сите сфери на јавниот и на деловниот општествен живот во државата, ќе ги споделат своите искуства и успешни приказни со присутните гости. На шесте панели организирани во рамките на Форумот, тие ќе дискутираат за жените и за нивната улога во дипломатијата и меѓународните односи, жените како двигателки на бизнисот, жените во образованието, жените во медиумите и жените како лидерки во културата и во уметноста. Присутните ќе ги поздрават ректорот на Универзитетот, проф. д-р Аце Миленковски и генералната секретарка проф. д-р Јана Илиева. Меѓу панелистките, учеството веќе го потврдија претставнички на дипломатскиот кор во државата, истакнати бизнисменки и потврдени лидерки во сите општествени сфери од јавниот живот во државата. Тимот на УТМС ве очекува на 6 март 2023 година, во 11:00 часот во своите простории, преку Форумот за женско лидерство на достоинствен начин да им оддадеме заедно почит на сите жени-лидерки што низ историјата и денеска придонесувале и придонесуваат кон развојот на општествата според принципот на еднаков пристап до можностите за сите!
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-povod-8-mart-megunarodniot-den-na-zhenite-utms-organizira-ednodneven-forum-za-zhensko-liderstvo/feed/ 0
Мицкоски во посета на УТМС https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vo-poseta-na-utms/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vo-poseta-na-utms/#respond Tue, 25 Dec 2018 18:53:30 +0000 https://kurir.mk/?p=145047

Денеска Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Проф. д-р Христијан Мицкоски го посети Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Со ректорот на универзитетот, Проф. д-р Аце Миленковски разменија искуства за високото образование во републиката и се согласија дека на македонското образование му се потребни реформи и нови законски решенија како би се доближило до образовните системи на Европската Унија, Америка и светот воопшто. Видно расположени и задоволни од остварената средба направија обиколка на универзитетските простории каде Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Проф. д-р Христијан Мицкоски се запозна со дел од академскиот кадар на универзитетот.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vo-poseta-na-utms/feed/ 0
УТМС коорганизатор и домаќин на „Образовно рандеву 2018” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utms-koorganizator-i-domakjin-na-obrazovno-randevu-2018/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utms-koorganizator-i-domakjin-na-obrazovno-randevu-2018/#respond Mon, 23 Apr 2018 10:01:33 +0000 https://kurir.mk/?p=44808

Како високо-образовна институција, Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, покрај едукативната и научно-истражувачката дејност, перманентно делува во сегментот на општествено одговорно работење. За таа цел универзитетот има воспоставено долгогодишна соработка со средните училишта во Р. Македонија и им овозможува на учениците, наставниците и директорите да добијат експертска поддршка преку обуки и предавања од професори на универзитетот, но и од еминентни светски експерти. Во интерес на достигнување на заедничката образовна визија и реализирање на мисијата за поддршка и насочување на креативноста и инвентивноста на средношколците со цел подобрување на личните вредности на учениците и нивна подготовка за влез во светот на конкуренцијата преку лидерство, практична работа и учење до градење на успешна кариера, универзитетот  максимално инвестира во промовирање на талентираните и креативните кои ги профилира во идни афирматори на промени за подобар свет. Манифестацијата свечено ја отвори проректорот за настава на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, проф. д-р Мијалче Ѓоргиевски. Во своето обраќање проректорот истакна дека овој настан е значаен за образованието во Р. Македонија и затоа универзитетот го поддржува како коорганизатор и домаќин на натпреварите на најталентираните креативци од средните стручни училишта. Свое обраќање имаше и претседателот на Управниот одбор на МАССУМ, г-дин Благојче Ѓорчевски, кој истакна дека „Образовното рандеву 2018” е настан кој на средношколците им дава можност да ги препознаат вредностите на компетитивноста како значаен фактор за избор на идното образование и градење на успешна кариера. На „Образовното рандеву 2018” учествуваа 43 средни стручни училишта од Р. Македонија кои се натпреваруваа во 18 категории. Покрај натпреварувачкиот тематски дел, средношколците имаа можност да ги претстават своите образовни профили пред академската и деловната заедница, од кои добија информации и препораки за донесување на одлуки за нивното понатамошно образование и кариерен развој. Вториот ден од настанот, по завршување на официјалните натпревари во 18 категории на победниците им беа додели награди. На учениците кои освоија прво место Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје им додели ваучери за студии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utms-koorganizator-i-domakjin-na-obrazovno-randevu-2018/feed/ 0
УТМС домаќин и партнер на „Образовно рандеву 2018“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utms-domakjin-i-partner-na-obrazovno-randevu-2018/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utms-domakjin-i-partner-na-obrazovno-randevu-2018/#respond Thu, 19 Apr 2018 08:18:06 +0000 https://kurir.mk/?p=43014

Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје оваа година е коорганизатор и домаќин на манифестацијата „Образовно рандеву 2018“, проект на Младинската асоцијација на средните стручни училишта во Македонија – МАССУМ. Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје како високообразовна институција покрај едукативната и научно-истражувачката дејност, перманентно делува во сегментот на општествено одговорно работење преку реализирање на заедничката образовна мисија за поддршка и насочување на креативноста и инвентивноста на средношколците со цел подобрување на личните вредности на учениците и нивна подготовка за влез во светот на конкуренцијата. МАССУМ преку проектот Образовно рандеву во изминатите години им овозможува на сите заинтересирани ученици од средните стручни училишта да учествуваат во најразлични активности кои директно влијаат на подобрување на нивните знаења и вештини. Образовното рандеву веќе дванаесет години по ред е најголем образовен настан во Р. Македонија на кој голем број на ученици се натпреваруваат во седумнаесет категории. Покрај натпреварувачкиот тематски дел, образовниот саем како дел од активностите во склоп на Образовното рандеву е исклучителна можност средношколците да ги претстават своите образовни профили пред академската и деловната заедница, а тие пак изворно да ги информираат и да им помогнат при донесување на одлуката за нивното натамошно образование и кариерен развој. Свеченото отварање на „Образовно рандеву 2018“ ќе биде на 20.04.2018 година во 11:00 часот во амфитеатарот на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utms-domakjin-i-partner-na-obrazovno-randevu-2018/feed/ 0