уверенија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 25 Aug 2022 11:49:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png уверенија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОИК Тетово ги додели уверенијата на новите членовите на советот на Општина Тетово https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/oik-tetovo-gi-dodeli-uverenijata-na-novite-chlenovite-na-sovetot-na-opshtina-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/oik-tetovo-gi-dodeli-uverenijata-na-novite-chlenovite-na-sovetot-na-opshtina-tetovo/#respond Thu, 25 Aug 2022 11:49:34 +0000 https://kurir.mk/?p=723762

Општинската изборна комисија Тетово денеска ги додели уверенијата за новоизбраните советници по вонредните избори за членови на Совет на 20 август. На изборите за членови на Советот на Општина Тетово од 84.071 граѓанин со право на глас, гласале од 29.690 избирачи или 35,31%. -На изборите за членови на Советот на Општина Тетово, Движење Беса има најмногу 12 советници, ДУИ има 11 советници, ВМРО-ДПМНЕ има четири советници, СДСМ двајца и по еден советник имаат ДПА и Алтернатива. Другите кандидатски листи немаат доволно гласови за советници, изјави Назми Даути, секретар на ОИК Тетово. Во изјави за медиумите дел од советниците посочија дека се уште е рано да се зборува за формирање на мнозинство. -Ќе работиме во интерес на граѓаните на Тетово во реализација на програмата и проектите кои ги ветивме на граѓаните. Се надевам дека деновиве ќе се знае мнозинството и мислам дека во законскиот рок ќе го дознаете и мнозинството. Во Тетово опозицијата на централно ниво, победи на локално ниво. Опозицијата го има мнозинството, се надевам дека тоа мнозинство ќе расте и дека нема да имаме кочници од другите политички партии, изјави Ангел Карапетров од ВМРО ДПМНЕ. -Секогаш сме подготвени како политички субјект кој има мнозинство, во сегашниот совет да биде конструктивен и со другите политички партии кои имаат легитимноста. Со другите зборови оние политички партии кои го имаат добиено мнозинството во македонскиот политички блок секогаш ние треба да покажеме конструктивност за да го почитуваме одлуката на народот, изјави Беса Кадриу од Движење Беса. Од советничката група на ДУИ сметаат дека според резултатите ќе бидат опозиција во Советот. -Ќе бидеме една силна опозиција со СДСМ, ДПА и со Алтернатива. На новото мнозинство во Советот на Општината му посакуваме многу успеси во тој случај. Сакам да ве уверам дека ДУИ ќе биде конструктивна политичка сила. Ќе поддржиме сите проекти за доброто на граѓаните и ќе ги поддржиме иницијативите за добро на градот, изјави Лиридон Диша од ДУИ. Советот на Општина Тетово има 31 советник. Според законските прописи од денот на доделување на уверенија има рок од 20 дена да се свика конститутивна седница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/oik-tetovo-gi-dodeli-uverenijata-na-novite-chlenovite-na-sovetot-na-opshtina-tetovo/feed/ 0
ДИК додели уверенијата на шест нови пратеници, ќе ги заменеат оние кои беа избрани за градоначалници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-dodeli-uverenijata-na-shest-novi-pratenici-kje-gi-zameneat-onie-koi-bea-izbrani-za-gradonachalnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-dodeli-uverenijata-na-shest-novi-pratenici-kje-gi-zameneat-onie-koi-bea-izbrani-za-gradonachalnici/#respond Fri, 05 Nov 2021 12:53:52 +0000 https://kurir.mk/?p=591352

Државната изборна комисија денеска им ги издаде уверенијата на шесте нови пратеници во Собранието кои треба да ги заменат пратениците кои беа избрани за градоначалници на завршените локални избори. Откако Собранието го констатира престанокот на мандатот на досегашните пратеници, ДИК со допис ги информирал следните од листите кандидати за пратеници, кои, пак, во законски рок ја известиле Комисијата дека го прифаќаат мандатот за пратеник за остатокот од мандатот. Така на местото на Тимчо Муцунски, кој е избран за нов градоначалник на Општина Аеродром доаѓа Тони Јаревски, на местото на Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ кој стана градоначалник на Општина Бутел доаѓа Зоран Коцевски, а на местото на новиот градоначалник на Штип Иван Јорданов ќе седне Драган Ковачки. Костадин Костадинов, кој е нов градоначалник на Струмица, во собраниските клупи ќе го замени Љубица Спасева, Кирил Пецаков, кој стана градоначалник на Охрид Грација Бакраческа, а Билал Касами, кој на локалните избори беше избран градоначалник на Тетово, ќе го замени Драгољуб Филиповски. Собранието денеска на пленарна седница треба да ги верификува мандатите на новите пратеници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-dodeli-uverenijata-na-shest-novi-pratenici-kje-gi-zameneat-onie-koi-bea-izbrani-za-gradonachalnici/feed/ 0
ФОТО: Тимчо Муцунски и новите советниците во Аеродром ги добија уверенијата за своите мандати https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-timcho-mucunski-i-novite-sovetnicite-vo-aerodrom-gi-dobija-uverenijata-za-svoite-mandati/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-timcho-mucunski-i-novite-sovetnicite-vo-aerodrom-gi-dobija-uverenijata-za-svoite-mandati/#respond Tue, 26 Oct 2021 15:46:38 +0000 https://kurir.mk/?p=585960

Претседателот на Општинската изборна комисија Аеродром, Горан Мојаноски, денеска, 26.10.2021 година, во просториите на Општина Аеродром на Тимчо Муцунски му го врачи уверението за неговиот мандат за градоначалник на Општина Аеродром. Исто така, на денешното свечено примопредавање беа доделени и решенијата на 27-те членови на новиот Совет на Општина Аеродром и тоа од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „Обнова на Македонија“: Дејан Митески, Милка Тримчевска, Стефан Синасдиновски, Љупчо Ацковски, Сузана Павловска, Оливер Миланов, Антонио Петковски, Маријана Столевска-Тасиќ, Станислав Николовски, Лидија Стаменкова, Бошко Петковски, Валерија Анастасова, Васе Канзуров и Елена Мургоска-Митреска од коалицијата предводена од СДСМ „Најдоброто за мојата општина“: Александар Трајановски, Вангелина Мојаноска, Милутин Ристески, Сузана Делева, Томче Ѓуровски, Љупчо Недески, Даниел Самарџиски, Александра Петровска-Николовска, како и од политичката партија Левица: Дарко Масларковски, Горан Костовски, Марија Тодоровска, Кирил Митановски и Благица Сековска. Претседателот на ОИК, Мојаноски, на градоначалникот и на советниците им го честита изборот и им посака успешна четиригодишна работа, изразувајќи увереност дека ќе ги вложат своите знаења и со здружена енергија ќе овозможат Аеродром да стане репер за успешна општина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-timcho-mucunski-i-novite-sovetnicite-vo-aerodrom-gi-dobija-uverenijata-za-svoite-mandati/feed/ 0