увид – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 15 Sep 2023 11:20:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png увид – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Две пациентки добија увид во истрагата за Онкологија на Обвинителството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-patsientki-dobija-uvid-vo-istragata-za-onkologija-na-obvinitelstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-patsientki-dobija-uvid-vo-istragata-za-onkologija-na-obvinitelstvoto/#respond Fri, 15 Sep 2023 11:20:58 +0000 https://kurir.mk/?p=878345

Она што можам со сигурност да ви го кажам е дека постапката тече, сѐ уште се собираат докази и податоци и сметаме дека се на прав пат. Се уверивме во посветеноста на двете обвинителки одговорни за случајот и очекуваме позитивен исход од целата истрага. Ова го објави на фејсбук Елизабета Ристовска, една од пациентките вклучени во истрагата на Јавното обвинителство за случајот Онкологија. - Добар ден драги соборци и соборки и сите засегнати од случајот Онкологија. Денес за прв пат јас и Катерина Милошева бевме повикани од страна на ОЈО и сме запознаени со предистражната постапка. Ви ветувам дека таму ќе бидеме достојни претставници кои ќе учествуваат активно во целиот процес. Во име на Јавните обвинителки ве замолувам сите кои имате некакви неправилности во лечењето, недобивањето потпис за одреден лек, терапија или сте се соочиле со каков било проблем, кој е поткрепен со факти да ги исконтактирате ОЈО или испратете ми име, презиме и матичен број за да биде покрената истрага и ќе помогне во целокупниот случај, стои во нејзината објава на фејсбук. Дополнува дека мирниот собир секој ден во 19 часот пред ОЈО продолжува. Средбата следува откако Обвинителството информираше дека неформална група пациенти од Клиниката за онкологија доставила список од тројца директни пациенти и еден близок сродник на пациент на Клиниката кои би биле вклучени и би добиле директен увид во сите докази прибрани во текот на постапката. Наводите за злоупотреба на терапијата за рак на Клиниката за онкологија предизвика низа реакции од сите страни. Надлежните уверуваат дека се прибираат докази и се истражуваат наводите за сторени кривични дела, а граѓаните и пациентите организираат протести барајќи одговорност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-patsientki-dobija-uvid-vo-istragata-za-onkologija-na-obvinitelstvoto/feed/ 0
Увид во просториите на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола од Комисјата за спречување на дискриминација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uvid-vo-prostoriite-na-klubot-vancho-mihajlov-vo-bitola-od-komisjata-za-sprechuvanje-na-diskriminacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uvid-vo-prostoriite-na-klubot-vancho-mihajlov-vo-bitola-od-komisjata-za-sprechuvanje-na-diskriminacija/#respond Thu, 04 Aug 2022 13:59:13 +0000 https://kurir.mk/?p=714136

Ескпратеничката Весна Бендевска, сегашен член на Комисијата за заштита и спречување на дискриминација, денес изврши увид во бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола. Таа рече дека увидот е по претставка на Здружение на граѓани кое го пријавело Клубот за дискриминација, но не откри кое однесување е пријавено за дискриминирачко. „Ова е увид согласно член 29 од Закон за спречување и заштита од дискриминација. Работиме на претставка поднесена од Здружение на граѓани со оправдан интерес. Должни сме да ја сослушате и другата страна. Овој пат дојдовме на најавен увид од пред една недела во просториите на потенцијалниот дискриминатор, како што наведува во поднесената претставка. Комисијата не дава и не прејудицира наводи. Ќе се произнесе штом претставката заврши. Има уште неколку институции што ќе мора да ги посетиме, да пријавиме документи , потоа мислењето ќе го објавиме пред јавноста и ќе биде јавно достапно на веб-страницата’, рече Бендевска. За време на увидот во клубот имаше само една полицајка, а присутен беше и бугарскиот конзул во Битола Димитар Иванов. Од бугарскиот клуб не сакаа да дадат официјална изјава, само рекоа дека увидот бил коректен и извршен врз просториите. Во внатрешноста на клубот поставени се портрети од Ванчо Михајлов, Тодор Александров, Владо Черноземски, Мара Бунева и други контроверзни историски личности, но и на македонските војводи Гоце Делчев и Даме Груев. На еден од ѕидовите врамен е и извадок од текст на Михајлов во кој се негира постоењето на македонската нација. Во него пишува „Можеме да се гордееме, бидејќи знамињата на ВМРО и Илинден беа и остануваат човекови права и слободи. Значи, залудни се сите напори на маскираната македонска „нација’’ да го лаже светот’’. Бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ беше отворен на 16 април годинава во присуство на поранешниот бугарски премиер Кирил Петков и други претставници од бугарскиот државен врз. Од отворањето тој ја бранува јавноста зашто го носи името на Михајлов кого македонскиот народ го препознава за соработник на фашистите во Втората светска војна. Па, влезната врата на клубот ја опожари познатиот пејач Ламбе Алабаковски. Клубот изгорената влезна врата ја замени со нова, но на неа го нема натписот од порано „Клуб Ванчо Михајлов ВМРО“, остана само светлечката реклама со името на Културниот центар Иван Михајлов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uvid-vo-prostoriite-na-klubot-vancho-mihajlov-vo-bitola-od-komisjata-za-sprechuvanje-na-diskriminacija/feed/ 0
Извршен увид на локацијата каде беше опожарено возило на пратеник од Прилеп https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izvrshen-uvid-na-lokacijata-kade-beshe-opozareno-vozilo-na-pratenik-od-prilep/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izvrshen-uvid-na-lokacijata-kade-beshe-opozareno-vozilo-na-pratenik-od-prilep/#respond Wed, 20 Jul 2022 09:12:39 +0000 https://kurir.mk/?p=707781

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп изврши увид на лице место на локацијата каде во текот на ноќта беше опожарен автомобил во сопственост на пратеник во Собранието. Како што информираат од Јавното обвинителство, по наредба на јавниот обвинител биле подигнати траги од лице место, кои ќе се вештачат со цел да се утврдат причините за инцидентот. Јавниот обвинител издал и наредби за обезбедување на евентуални снимки од видео надзорот на околните објекти во критичниот момент на опожарување на возилото.​ Утрово членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки објави дека било опожарено возило на пратеник од оваа партија. Потоа, СДСМ излезе со соопштение со осуда на палењето на возилото на пратеникот и побара надлежните институции да го расчистат случајот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izvrshen-uvid-na-lokacijata-kade-beshe-opozareno-vozilo-na-pratenik-od-prilep/feed/ 0
Вкупно 14.921 лице извршиле увид во избирачкиот список https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vkupno-14-921-lice-izvrshile-uvid-vo-izbirachkiot-spisok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vkupno-14-921-lice-izvrshile-uvid-vo-izbirachkiot-spisok/#respond Fri, 10 Sep 2021 11:35:55 +0000 https://kurir.mk/?p=561962

Вкупно 14.921 лица извршиле увид во избирачкиот список, заклучно со вчера до кога беше рокот за проверка, информираат денеска од Државната изборна комисија. – Во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, вкупно 14.921 лица се провериле во избирачкиот список, поднесени се вкупно 281 барања за запишување во избирачкиот список, 99 барање за бришење на податоците од избирачкиот список и 74 барања за измена на податоците во избирачкиот список, се вели во соопштението од ДИК. До Државната изборна комисија, исто така, на е-маил адресата [email protected] се поднесени вкупно 114 барања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vkupno-14-921-lice-izvrshile-uvid-vo-izbirachkiot-spisok/feed/ 0
Утре завршува увидот во Избирачкиот список, досега се провериле 13.502 лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-zavrshuva-uvidot-vo-izbirachkiot-spisok-dosega-se-proverile-13-502-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-zavrshuva-uvidot-vo-izbirachkiot-spisok-dosega-se-proverile-13-502-lica/#respond Wed, 08 Sep 2021 13:02:51 +0000 https://kurir.mk/?p=561014

Заклучно со вторник, 7 септември, вкупно 13.502 лица се провериле во Избирачкиот список, поднесени се вкупно 122 барања за запишување во Избирачкиот список, 31 барање за бришење на податоците од Избирачкиот список и 39 барања за измена на податоците во Избирачкиот список. Исто така, до Државната изборна комисија, на е-маил адресата [email protected] се поднесени вкупно 73 барања. Постапката за јавен увид во Избирачкиот список завршува утре на полноќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-zavrshuva-uvidot-vo-izbirachkiot-spisok-dosega-se-proverile-13-502-lica/feed/ 0
„Ауди“ излета од патот Берово-Струмица, повредени четири лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/audi-izleta-od-patot-berovo-strumica-povredeni-chetiri-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/audi-izleta-od-patot-berovo-strumica-povredeni-chetiri-lica/#respond Mon, 06 Sep 2021 09:44:19 +0000 https://kurir.mk/?p=560040 Четири лица се повредени откако автомобил „Ауди“ со струмички регистарски ознаки излета од патот Берово-Струмица.

Несреќата, информира МВР се случила вчера вечерта во 20:40 часот.

-Во незгодата возачот И.Г.(39) од Радово и тројца сопатници Н.С.(37) од с.Просениково, М.А.(39) од Струмица и В.М.(37) од с.Добрејци, се здобиле со повреди констатирани во Медицинскиот центар Струмица, велат од полицијата.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Берово.

]]>
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/audi-izleta-od-patot-berovo-strumica-povredeni-chetiri-lica/feed/ 0
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ: Увид во Избирачкиот список до четврток на полноќ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lokalni-izbori-uvid-vo-izbirachkiot-spisok-do-chetvrtok-na-polnokj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lokalni-izbori-uvid-vo-izbirachkiot-spisok-do-chetvrtok-na-polnokj/#respond Mon, 06 Sep 2021 06:14:56 +0000 https://kurir.mk/?p=559872

До четврток на полноќ граѓаните ќе можат да ги проверат своите податоци за Избирачкиот список, а до сабота на полноќ (11 септември) се поднесуваат кандидатурите за учество на локалните избори закажани за 17 октомври. Учесниците на изборите ги објавуваат и последните кандидати што ќе ги претставуваат, а веќе подолго време се одвива неофицијална кампања со средби со граѓани и на социјалните мрежи. Во Избирачкиот список до саботата се провериле вкупно 12128 лица, соопшти Државната изборна комисија. Дотогаш се поднесени се вкупно 47 барања за запишување во избирачкиот список, 28 барање за бришење на податоците од избирачкиот список и 22 барања за измена на податоците во избирачкиот список. Исто така, до Државната изборна комисија, на е-маил адресата [email protected] се поднесени вкупно 42 барања. Граѓаните може да ги проверат своите податоци во подрачните единици и канцеларии на ДИК, како и електронски преку нивната веб-страна. Избирачкиот список потоа се доставува до политичките партии, а во него треба да бидат внесени и податоци од МВР за лица кои имаат барања за нови лични карти, од Управата за санкции и од МТСП за лицата во старските домови. Избирачкиот список се заклучува најдоцна до 24 септември, а треба да биде потпишан најдоцна на 1 октомври. Своите кандидатури партиите и независните кандидати треба да ги достават до општинските изборни комисии до 11 септември на полноќ. Изборната кампања за првиот круг од локалните избори започнува на 27 септември и ќе трае до 15 окотомври на полноќ. На овие избори првпат во земјата ќе се користат терминали за вчитување на отисоци од прсти. Првите 200 пристигнаа во земјава, а ДИК треба да започне со обука за нивно користење. Компанијата „Дермалог“ сите терминали треба да ги достави во земјата до 1 октомври.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lokalni-izbori-uvid-vo-izbirachkiot-spisok-do-chetvrtok-na-polnokj/feed/ 0
Близу 4.000 лица до вчера направиле увид во Избирачкиот список https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/blizu-4-000-lica-do-vchera-napravile-uvid-vo-izbirachkiot-spisok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/blizu-4-000-lica-do-vchera-napravile-uvid-vo-izbirachkiot-spisok/#respond Thu, 26 Aug 2021 10:59:43 +0000 https://kurir.mk/?p=555222

Во тек е постапката за јавен увид во Избирачкиот список и истата ќе трае до 9 септември 2021 година, информираат од Државната изборна комисија. -Заклучно со вчерашниот ден вкупно 3910 лица се провериле во Избирачкиот список, поднесени се девет барања за запишување во Избирачкиот список, 12 барање за бришење на податоците од Избирачкиот список и три барања за измена на податоците во Избирачкиот список, се наведува во соопштението од ДИК. До Државната изборна комисија, на е-маил адресата [email protected] се поднесени вкупно 14 барања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/blizu-4-000-lica-do-vchera-napravile-uvid-vo-izbirachkiot-spisok/feed/ 0
Од денеска почнува увидот во Избирачкиот список, се интензивираат подготовките за локалните избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-pochnuva-uvidot-vo-izbirachkiot-spisok-se-intenziviraat-podgotovkite-za-lokalnite-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-pochnuva-uvidot-vo-izbirachkiot-spisok-se-intenziviraat-podgotovkite-za-lokalnite-izbori/#respond Sat, 21 Aug 2021 07:27:30 +0000 https://kurir.mk/?p=553242

Јавниот увид на Избирачкиот список за локалните изборите почнува денеска и ќе трае до 9 септември. Државната изборна комисија (ДИК) од денеска на увид ја става новата состојба на податоци на Избирачкиот список, што ќе се користи на денот на изборите. Граѓаните своите податоци во Избирачкиот список можат да ги проверат преку веб-страната на ДИК – www.sec.mk или на https://izbirackispisok.gov.mk/, или во нивните канцеларии и подрачни единици. До 9 септември граѓаните барањето за запишување, бришење или дополнување во Избирачкиот список треба да го достават писмено до подрачните единици или канцеларии на ДИК или електронски да се обратат до Комисијата и притоа да достават соодветни докази. Рокот за заклучување на Избирачкиот список со сите промени, како од граѓаните така и од политичките партии е 24 септември, додека Избирачкиот список финално треба да биде потпишан до 1 октомври. Од 16 август, кога започна собирањето потписи за независни листи до вчера се собрани потписи за четири независни кандидатски листи, а рокот истекува на 30 август во 24 часот. Во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија се собрани потписи за листата на кандидати за советници за Општина Центар, со носителот Јана Белчева – Андреевска, советничката листа за општина Кавадарци со Петар Камчевски, советничката листа за општина Росоман со Ристо Сакалиев и советничката листа за општина Кочани со носителот Аки Акиев. Собирањето потписи продолжува за Ана Петровска, кандидат за градоначалник на Град Скопје, за Васко Костов, кандидат за градоначалник на општина Карпош, Зоран Лазаровски-Паљо, кандидат за градоначалник на општина Битола, Дејан Велиновски, кандидат за градоначалник на општина Македонска Каменица, Сенат Усеиноски, кандидат за градоначалник на општина Охрид и за Слободан Даневски, кандидат за градоначалник на општина Свети Николе. Продолжува собирањето потписи и за советничките листи за општина Могила, со носителот Борче Бучиновски, за Сејдо Селиов и листа на кандидати за членови на совет на општина Виница, за советничката листа за општина Чешиново-Облешево со носителот Франческо Наоков. Граѓаните можат да ја дадат својата поддршка и за Милош Стаменковиќ и листа на кандидати за членови на совет на општина Куманово, за советничката листа за општина Охрид со носителот Арбен Демироски, за советничката листа за општина Охрид со носителот Антонио Наумовски и советничката листа за Охрид со носителот  Стевче Стевоски. Поддршка за учество на претстојните локални избори граѓаните можат да им дадат и на советничката листа за општина Свети Николе со носителот Ристе Андонов, советничката листа за општина Велес со носителот Гарп Немиш, советничката листа за општина Гази Баба и носителот Дејан Димитровски, за советничката листа за општина Карпош и носителот Невена Горгиевска, листа на кандидати за членови на совет на општина Карпош и за Драгана Велковска и листата на кандидати за членови на Совет на Град Скопје. Подрачните одделенија и канцеларии на ДИК работат секој ден од 8 до 20 часот. На 27, 28 и 29 август ќе работат до 21 часот, а на 30 август до 24 часот. ДИК ги интензивира подготовките за изборите, а на последната седница се донесени неколку нови упатства за изборите и програми за едукација. На 25 август се очекува да пристигнат првите 250 апарати за вчитување на отисоци од прсти и системот што ќе се употребуваат првпат на овие локални избори во Македонија. Во меѓувреме, партиите постепено ги објавуваат кандидатите за градоначалници и носители на советничките листи. Владејачката СДСМ и коалицијата најавија дека најдоцна до 24 август (вторник) ќе објават дел од кандидатите за градоначалници. ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на уште 19 кандидати за градоначалници, меѓу другото, за Куманово каде партијата ќе ја претставува актерот Тони Михајловски, за скопската општина Ѓорче Петров доктор Александар Стојковски, за Бутел Дарко Костовски, за општина Македонски Брод е Жарко Ристески, за Свети Николе е Дејан Владев… ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците и Алтернатива исто така најавија соработка на локалните избори. ЛДП и ДОМ за прв кандидат за градоначалник го најавија  бизнисменот Виктор Петков. Кандидатските листи за локалните избори треба да бидат поднесени до Општинските изборни комисии најдоцна до 11 септември на полноќ, а треба да бидат потврдени најдоцна до 18 септември од ОИК и огласени. Иборната кампања за првиот круг започнува на 27 септември на полноќ и завршува на 15 октомври на полноќ. Изборите, што повторно ќе се одржат со протоколи за заштита од ширење на Ковид-19, се закажани за 17 октомври. Вториот круг од изборите треба да се одрже 30 октомври.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-pochnuva-uvidot-vo-izbirachkiot-spisok-se-intenziviraat-podgotovkite-za-lokalnite-izbori/feed/ 0
МВР се уште не може да потврди дали има жртва во пожарот во Старо Нагоричане https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-se-ushte-ne-moze-da-potvrdi-dali-ima-zrtva-vo-pozarot-vo-staro-nagorichane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-se-ushte-ne-moze-da-potvrdi-dali-ima-zrtva-vo-pozarot-vo-staro-nagorichane/#respond Thu, 05 Aug 2021 07:21:42 +0000 https://kurir.mk/?p=546457

Се уште нема официјална потврда од Министерството за внатрешни работи за тоа дали во Македонија има прва жртва од пожарите кои беснеат низ земјата. Според информациите кои Курир утринава ги доби од МВР, полициските екипи се уште не можат да извршат увид. Од МВР велат дека нивните екипи се на терен, но моменталните услови не дозволуваат да влезат во опожарената куќа и утврдат дали внатре има тело. Очекуваат дека во текот на денот објектот ќе биде доволно оладен за да можат да влезат и да започнат со увидот. До тогаш Министерството не може да даде официјална потврда за жртва. Како што вчера објавија медиумите, жената обидувајќи се да се засолни од оганот се заклучила во куќата и не успеала да се извлече. – Стојанка беше во собата. Не можев да и помогнам. Имаше животинки, ништо не остана. Никој не помогна. Кога се изгоре, тогаш дојдоа. Немам сега за ништо, за леб, вода, апчиња, изјави Борис кој живеел со Стојанка, пренесува ТВ24. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-se-ushte-ne-moze-da-potvrdi-dali-ima-zrtva-vo-pozarot-vo-staro-nagorichane/feed/ 0