узбекистан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 11 Aug 2023 11:50:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png узбекистан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Узбекистан: Судење за смртта на 65 деца, сомневање за поврзаност со сируп против кашлица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzbekistan-sudene-za-smrtta-na-65-detsa-somnevane-za-povrzanost-so-sirup-protiv-kashlitsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzbekistan-sudene-za-smrtta-na-65-detsa-somnevane-za-povrzanost-so-sirup-protiv-kashlitsa/#respond Fri, 11 Aug 2023 11:50:26 +0000 https://kurir.mk/?p=865867

Во Узбекистан денеска почна судење за смртта на 65 деца, кои починаа минатата година од контаминиран сируп против кашлица. Со почетокот на судскиот процес јавноста дозна за значително поголем број на смртни случаи од претходно пријавените. Централноазиската земја претходно соопшти за 20 смртни случаи поврзани со лековите, кои се произведени од индиската фармацевтска компанија Марион Биотек. Меѓу 21 обвинет, сите државјани на Узбекистан, има и поранешни високи функционери кои биле задолжени за лиценцирање увозни лекови и управители на приватна компанија која ги увезувала и дистрибуирала, се вели во соопштението на Врховниот суд на Узбекистан. Обвиненијата против нив вклучуваат даночно затајување, продажба на супстандардни или фалсификувани лекови, злоупотреба на службената положба, фалсификување и поткуп. Индискиот регулатор ја одзеде лиценцата за производство на Марион Биотек, која ги извезуваше сирупите во Узбекистан и уапси некои од нејзините вработени. Правните застапници на Марион Биотек во декември изјавија дека компанијата жали за смртта на децата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzbekistan-sudene-za-smrtta-na-65-detsa-somnevane-za-povrzanost-so-sirup-protiv-kashlitsa/feed/ 0
Османи од Узбекистан ја почнува посетата на Централна Азија како претседавач со ОБСЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-od-uzbekistan-ja-pochnuva-posetata-na-tsentralna-azija-kako-pretsedavach-so-obse/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-od-uzbekistan-ja-pochnuva-posetata-na-tsentralna-azija-kako-pretsedavach-so-obse/#respond Mon, 07 Aug 2023 08:04:06 +0000 https://kurir.mk/?p=864108

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи од утре ја почнува својата посета на Централна Азија. Како што информира Министерството за надворешни работи, во рамки на Претседавањето на Македонија со ОБСЕ, дел од агендата на Османи е посета на Узбекистан и на Казахстан. -Посета на Централна Азија, Османи ќе ја започне од Ташкент, Узбекистан, каде што ќе оствари средби со државниот врв. Предвидени се средби со претседателот Шавкат Мирзијоев. Покрај средба, Османи со министерот за надворешни работи на Узбекистан, Бахтијор Саидов,  ќе има и заедничка прес-конференција. Османи во Ташкент ќе се сретне и со претставници на ОБСЕ Канцеларијата на проектниот координатор во Узбекистан, соопшти МНР. Според програмата, во Ташкент Османи ќе има средба и со Танзила Нарбаева, која претседава со Сенатот на Узбекистан, како и со претставници на граѓанското општество. Од Узбекистан Османи ќе патува во Казахстан каде што, исто така, ќе има средби со официјалните претставници на државата, а ќе ја посети и Програмската канцеларија на ОБСЕ во Астана за, како што наведува МНР, одблиску да се запознае со активностите и проектите што ОБСЕ ги спроведува во Казахстан. Османи ќе се сретне со Касим Јомарт Токајев, претседател на Казахстан, а со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Казахстан, Мурат Нуртлеу, ќе имаат и заедничка прес-конференција. Османи во Астана ќе има средба и со претставници на граѓанските организации. -Регионот на Ценатрална Азија претставува  еден од приоритетите во работата на ОБСЕ, кој се соочува со постојани предизвици, сега засилени и со влијанието од воената агресија од  Руската Федерација против Украина, како и од состојбата во Авганистан. Посетата на Централна Азија претставува реализирање на еден од приоритетите на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023, како и работата на сите теренски мисии на ОБСЕ и поддршка на нивната програмска и проектна соработка со земјите во ЦА, наведува МНР.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-od-uzbekistan-ja-pochnuva-posetata-na-tsentralna-azija-kako-pretsedavach-so-obse/feed/ 0
Шавкат Мирзиоев повторно избран за претседател на Узбекистан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shavkat-mirzioev-povtorno-izbran-za-pretsedatel-na-uzbekistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shavkat-mirzioev-povtorno-izbran-za-pretsedatel-na-uzbekistan/#respond Mon, 10 Jul 2023 07:40:47 +0000 https://kurir.mk/?p=854847

Актуелниот претседател на Узбекистан Шавкат Мирзиоев победи на претседателските избори одржани во неделата, соопшти денеска тамошната изборна комисија. Според првичните резултати, Мирзиоев добил 87,05 отсто од гласовите, додека одѕивот на гласачите бил околу 80 отсто. Како што пренесуваат странските агенции, немаше дилема за победата на Мирзиоев на изборите, кој беше во трка со уште тројца кандидати, непознати за пошироката јавност. Предвремените претседателски избори Мирзиоев ги распиша по референдумот за измена на Уставот одржан на 30 април. Мирзиоев за првпат беше избран во 2016 година, а беше реизбран во 2021 година без вистинска конкуренција, како што тогаш посочија меѓународните набљудувачи. Претседателот на Узбекистан (65), по професија земјоделски инженер, се претстави како реформатор кој може да ја води својата земја на патот на развојот и отворањето. Уставната промена се однесува на времетраењето на претседателскиот мандат кој беше пет години, а сега е седум години. Според новиот Устав, Мирзиоев ќе може да се кандидира за функцијата уште двапати, што теоретски би значело дека тој би можел да остане на власт до 2037 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shavkat-mirzioev-povtorno-izbran-za-pretsedatel-na-uzbekistan/feed/ 0
Во Узбекистан почнува самитот на Шангајската организација за соработка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-uzbekistan-pochnuva-samitot-na-shangajskata-organizacija-za-sorabotka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-uzbekistan-pochnuva-samitot-na-shangajskata-organizacija-za-sorabotka/#respond Thu, 15 Sep 2022 08:16:04 +0000 https://kurir.mk/?p=733066

Првпат од почетокот на руската инвазија врз Украина денеска ќе се сретнат претседателите на Кина и Русија, Си Џинпинг и Владимир Путин и тоа на самитот на Шангајската организација за соработка, што се одржува во Самарканд во Узбекистан. Руски официјални лица најавија дека состанокот, што ќе се одржи на маргините на самитот, ќе биде искористен за детална анализа за војната во Украина. Кина изрази поддршка за Путин во конфликтот, препишувајќи им ја вината на САД и НАТО. На самитот во Самарканд ќе присуствуваат и претседателите на Турција и Иран, Реџеп Тајип Ердоган и Ебрахим Раиси, како и индискиот премиер Нарендра Моди. Станува збор за прв состанок на лидерите на Шангајската организација за соработка лице в лице од 2019 година. Се очекуваат неколку билатерални средби и влез на Иран во евроазискиот политички, трговски и безбедносен блок. Членки на организацијата се Кина, Русија, Индија, Казахстан, Киргистан, Пакистан, Таџикистан и Узбекистан. Досега Иран имаше статус на набљудувач, како Белорусија и Монголија. За земји партнери на Шангајската организација за соработка се сметаат Ерменија, Азербејџан, Камбоџа, Непал, Шри Ланка, Турција. Узбекистанската Владата посебно соопшти дека Путин е на пат кон Самарканд и ќе се сретне со лидерите на Иран, Киргистан, Пакистан, Туркменистан и на Узбекистан. Рускиот претседател утре треба да се сретне со лидерите на Азербејџан, Индија и на Турција, се наведува во соопштението. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-uzbekistan-pochnuva-samitot-na-shangajskata-organizacija-za-sorabotka/feed/ 0
Во немирите во Узбекистан загинаа 18 луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nemirite-vo-uzbekistan-zaginaa-18-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nemirite-vo-uzbekistan-zaginaa-18-lugje/#respond Mon, 04 Jul 2022 09:20:52 +0000 https://kurir.mk/?p=699528

Обвинителството на Узбекистан денеска соопшти дека во немирите во автономната покраина Каракалпакстан изминатата недела убиени се 18 лица. Узбекистанската национална гарда денеска соопшти дека 243 луѓе побарале медицинска помош по немирите во Каракалпакстан, што избија минатата недела по најавата дека ќе се намали автономијата на покраината. По немирите приведени се 516 демонстранти. Поради немирите узбекистанскиот претседател Шавкат Мирзијојев вчера воведе вонредна состојба во покраината, што е во сила до 2 август и го отфрли усвојувањето на уставните измени. Како што е наведено во документот, неопходно е да се формира команда на територијата на Каракалпакстан, на чело со командантот на Националната гарда Рустам Џајев. За периодот на вонредната состојба, претседателот, исто така, нареди да се зајакне заштитата на јавниот ред во Каракалпакстан, особено важните и категоризирани објекти, да се воведат ограничувања на слободата на движење, вклучително и на возилата, да се обезбеди проверка на документите, лични претреси, како и да се ограничи влез и излез од Каракалпакстан. Забрането е организирање и одржување мирни собири, забавни, спортски и други јавни настани, како и продажба на оружје и муниција. Истовремено, наредил привремено одземање на оружје и муниција од физички лица. Каракалпакстан е широк, доминантно пустински регион во северозападниот дел на Узбекистан и е дом на Каракалпаците, посебна етничка малцинска група со свој јазик. Според актуелниот Устав на Узбекистан, Каракалпакстан е суверена република со право на отцепување преку одржување референдум. Но, според новата верзија на уставот, за што  Узбекистанците ќе се изјаснат на референдум, не се споменува суверенитетот на Каракалпакстан или неговото право на отцепување. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nemirite-vo-uzbekistan-zaginaa-18-lugje/feed/ 0
Узбекистан целосно ја затвори границата со Авганистан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzbekistan-celosno-ja-zatvori-granicata-so-avganistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzbekistan-celosno-ja-zatvori-granicata-so-avganistan/#respond Mon, 30 Aug 2021 17:39:32 +0000 https://kurir.mk/?p=556895

Министерството за надворешни работи на Узбекистан соопшти дека границата со Авганистан е целосно затворена и дека не е можно да се премине контролниот пункт Термез. „За да се обезбеди безбедност, узбекистанско-авганистанската граница во моментов е целосно затворена и нема копнен премин преку контролниот пункт Термез“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи, додавајќи дека не се планира отворање на пунковите во блиска иднина. Министерството за надворешни работи потсетува дека во текот на изминатите 12 дена, Узбекистан им помогна на голем број земји во извршувањето хуманитарни операции за евакуација на нивните луѓе од Авганистан, кои пристигнаа и го напуштија Узбекистан со авиони. „Министерството за надворешни работи повторува дека Република Узбекистан не прифаќа авганистански бегалци на нејзина територија, обезбедува помош при транзит, што предвидува строго ограничен престој во земјата. Повторуваме дека узбекистанската земја е цврсто посветена на одржувањето традиционално пријателски и добрососедски односи со Авганистан. и принципите за немешање во внатрешните работи на соседната земја“, се наведува во соопштението на Министерството. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzbekistan-celosno-ja-zatvori-granicata-so-avganistan/feed/ 0
СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ИЗБЕГААТ: Над Узбекистан урнат авганистански воен авион, пилотите го преживеале падот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-obidele-da-izbegaat-nad-uzbekistan-urnat-avganistanski-voen-avion-pilotite-go-preziveale-padot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-obidele-da-izbegaat-nad-uzbekistan-urnat-avganistanski-voen-avion-pilotite-go-preziveale-padot/#respond Mon, 16 Aug 2021 14:24:36 +0000 https://kurir.mk/?p=551284

Министерството за одбрана на Узбекистан потврди дека собори авганистански воен авион. Министерството прво објави дека авганистански воен авион се урнал во регионот Сурксондарио, а потоа дообјасни дека авионот е урнат бидејќи се обидел да влезе во узбекистанскиот воздушен простор без дозвола. Двајца авганистански пилоти ја преживеале несреќата, но биле повредени и пренесени во болница, објавија руските медиуми. Се верува дека тие се обиделе да побегнат од Авганистан откако престолнината на земјата беше преземена од талибанците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-obidele-da-izbegaat-nad-uzbekistan-urnat-avganistanski-voen-avion-pilotite-go-preziveale-padot/feed/ 0
Фудбалер нападна судија со застрашувачки карате потег, навивачите му се придружија (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fudbaler-napadna-sudija-so-zastrashuvachki-karate-poteg-navivachite-mu-se-pridruzija-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fudbaler-napadna-sudija-so-zastrashuvachki-karate-poteg-navivachite-mu-se-pridruzija-video/#respond Thu, 03 Dec 2020 14:46:10 +0000 https://kurir.mk/?p=438220

Шокантни сцени доаѓаат од Узбекистан каде е нападнат главниот судија. На натпреварот од втората узбекистанска лига помеѓу големите ривали Нефчи Фаргон и Турон на кој имаше и трето полувреме. Натпреварот завшри со победи на гостите од 0:1, но натпреварот го одбележа масовната тепачка и нападот на главниот судија. Домашните навивачи не можеа да поднесат пораз и опстанок во втората лига, а еден домашен фудбалер виновникот за тоа го виде во главниот судија, удирајќи го со застрашувачки карате потег. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fudbaler-napadna-sudija-so-zastrashuvachki-karate-poteg-navivachite-mu-se-pridruzija-video/feed/ 0
УЖАС ВО ЛУНА ПАРК: Огромна атракција полна со луѓе се скрши како сламка, загина млада девојка (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/uzas-vo-luna-park-ogromna-atrakcija-polna-so-lugje-se-skrshi-kako-slamka-zagina-mlada-devojka-voznemiruvachko-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/uzas-vo-luna-park-ogromna-atrakcija-polna-so-lugje-se-skrshi-kako-slamka-zagina-mlada-devojka-voznemiruvachko-video/#respond Sat, 29 Jun 2019 13:09:13 +0000 https://kurir.mk/?p=213915

Страшна несреќа се случи во забавен парк во Узбекистан. За време на возењето на оваа атракција во забавниот парк во градот Јизак загина 19 годишна девојка. Атракцијата која вртеше десетици луѓе во еден момент попушти и се скрши, по што падна на земја од голема висина. По несреќата М.Х загинала на лице место, а не е познато дали некој од посетителите е повреден од високиот пад. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/uzas-vo-luna-park-ogromna-atrakcija-polna-so-lugje-se-skrshi-kako-slamka-zagina-mlada-devojka-voznemiruvachko-video/feed/ 0