в.д. директор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 10 Mar 2022 13:02:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png в.д. директор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Христовски: Во целост ги отфрлам сите клевети и обвинувања, полека но сигурно завршува политичката династија наречена Демократски сојуз во ЈП Градски Паркинг-Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcija-na-v-d-direktorot-na-jp-gradski-parking-na-soopshtenieto-od-ds/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcija-na-v-d-direktorot-na-jp-gradski-parking-na-soopshtenieto-od-ds/#respond Thu, 10 Mar 2022 12:26:14 +0000 https://kurir.mk/?p=644743

На ден 08.03.2022 година, политичката партија Демократски Сојуз во јавноста излезе со соопштение во кое се искажани клевети на мое лично име и на сметка на ЈП Градски Паркинг. Од таа причина, како в.д. Директор на претпријатието должен сум да реагирам, демантирам и коментирам. Имено, во целост ги отфрлам сите клевети и обвинувања, а обидот за навреда и ниското ниво на комуникација изразено преку ова општење со јавноста, од страна на една политичка партија говори за самите нив. Верувам дека се свесни дури и кога не ја говорат вистината, но во исто време, до некаде можам и да ја разберам нивната фрустрација, страв и срам од се што излезе во јавност за работењето на ова претпријатие во минатото. Обвинувањата и клеветите можеби ќе продолжат, но граѓаните, а и вработените во претпријатието ќе ценат и судат. Ја разбирам нервозата кај одредени политички структури кои сакајќи да го закочат преструктуирањето на претпријатието, неговото враќање на градот и граѓаните од рацете на личните интереси на поединци и структури, наоѓаат маана и критикуваат се и сешто, но Градски Паркинг им припаѓа на скопјани. Едно е сигурно, ова претпријатие и вработените во него, никогаш повеќе нема да финансираат, промовораат и заштитуваат политичка партија. Нема да се злоупотребуваат средствата и опремата за лични и партиски цели. Нема да се повластуваат со бесплатен и резервиран паркинг политички и други видови на моќници. Новото раководство обезбеди позитивна работна клима и визија за развој. Сето тоа мотивираше голем број на професионалци во претпријатието да бидат гласни, да стават стоп на политичкиот непрофесионализам и конечно да се стави ред во ЈП Градски Паркинг- Скопје. На крајот, слободно можам да кажам дека полека но сигурно завршува политичката династија наречена Демократски сојуз во ЈП Градски Паркинг- Скопје, а кој губи има право да се лути. Соопштение ДС в.д. Директор Бојан Христовски]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcija-na-v-d-direktorot-na-jp-gradski-parking-na-soopshtenieto-od-ds/feed/ 0
Бојан Христовски е новиот в.д. директор на ЈП Градски Паркинг https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/bojan-hristovski-e-noviot-v-d-direktor-na-jp-gradski-parking/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/bojan-hristovski-e-noviot-v-d-direktor-na-jp-gradski-parking/#respond Thu, 13 Jan 2022 11:03:56 +0000 https://kurir.mk/?p=618836

Бојан Христовски именуван за в.д. директор на ЈП „Градски Паркинг“. Тој е магистер на науки на факултетот за безбедност, при Универзитетот „Св. Климент Охридски“, а во својата струка има поминато повеќе меѓународни обуки. Христовски од 2006 година има работно искуство во Министерството за внатрешни работи, каде бил на повеќе на раководни позиции. Досегашниот директор на ЈП „Градски паркинг“ Филип Пасху има нова работна позиција во Градот Скопје, поради која повеќе нема да ја извршува функцијата директор на ова јавно претпријатие.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/bojan-hristovski-e-noviot-v-d-direktor-na-jp-gradski-parking/feed/ 0
„Еуркомпозит“ со в. д. директор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eurkompozit-so-v-d-direktor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eurkompozit-so-v-d-direktor/#respond Mon, 23 Apr 2018 13:17:45 +0000 https://kurir.mk/?p=44905

Прилепската фабрика „Еурокомпозит“ доби вршител на должноста директор, а синдикатот на компанијата протестите ги стави во мирување до четврток до кога е најавено вработените да добијат плата. Гоце Јагуриноски, вршителот на должноста директор на „Еурокомпозит“  изјави дека е назначен од Управниот одбор до одржувањето на акционерското собрание во втората половина на мај. Дотогаш тој ќе биде потписник на сметката и ќе може да се исплати плата. - Од Управниот одбор сум назначен за вршител на должноста директор до одржувањето на акционерското собрание и до изборот на нов директор, по 21 мај. Ќе бидам потписник на сметката и да се исплати плата на вработените. Покрај тоа, ќе се следи и проблематиката која ја работи компанијата, заедно со производството и  извозот. Разговарав со синдикатот и вработените кои сакаат прво да добијат плата, па да работат. ветувањето е до четврток да се исплати плата, па да продолжи процесот на работа. Прифатено е протестите да се стават во мирување до четврток, рече Јагуриноски кој беше дел од вработените кои штрајкуваа. Според Јагуриноски постои надеж да се реши состојбата за шест месеци до кога е договорено со владата да се најде стратегиски инвеститор. <- Остануваат уште четири месеци и јас сакам да бидам оптимист за решението за компанијата. Едно од најбитните прашања за вработените е да се исплати заостанатото за пензискиот стаж. Во фабриката има само еден договор, склучен со МВР од пред три години. Според тоа, треба да се сработи и да се испорача. Малку има работа и во цивилното производство, вели Јагуриноски. За Јагуриноски решение треба да се бара во два правца. - Едното е склучување договори со двете министерства, МО и МВР, да ги опслужува, а другото, да се намали бројот на вработените како технолошки вишок, а останатите да бидат сервис за потребите на институциите, смета Јагуриноски. Синдикатот на „Еуркомпозит“ потврдува дека протестите се во мирување до четврток и ако не се исплати плата, в петок продолжуваат соп блокади на патиштата. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eurkompozit-so-v-d-direktor/feed/ 0
Боби Мојсоски назначен за в.д. директор на Идризово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bobi-mojsoski-naznachen-za-v-d-direktor-na-idrizovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bobi-mojsoski-naznachen-za-v-d-direktor-na-idrizovo/#respond Fri, 13 Apr 2018 10:17:24 +0000 https://kurir.mk/?p=40076

Боби Мојсоски е назначен в.д. директор на Казнено-поправната установа Идризово. Мојсоски е назначен на последната владина седница. Тој доаѓа на местото на Антонио Димов, кој на оваа позиција беше назначен во февруари годинава. Димов останува на функцијата се додека назначувањето на неговиот наследник Мојсоски не биде објавен во Службен весник. Боби Мојсоски досега беше директор на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија. Мојсоски доаѓа од Кичево. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bobi-mojsoski-naznachen-za-v-d-direktor-na-idrizovo/feed/ 0