v – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 14 Apr 2022 17:58:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png v – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Молдавија забрани истакнување на руските воени симболи „Z“ и „V“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moldavija-zabrani-istaknuvanje-na-ruskite-voeni-simboli-z-i-v/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moldavija-zabrani-istaknuvanje-na-ruskite-voeni-simboli-z-i-v/#respond Thu, 14 Apr 2022 17:54:49 +0000 https://kurir.mk/?p=663193

Молдавскиот Парламент денеска усвои закон со кој се забранува истакнување на руски воени симболи и се предвидуваат казни за прекршителите. Законот забранува истакнување на буквите „Z“ и „V“, кои руските сили ги користат за време на инвазијата врз Украина, како и рускиот воен симбол „Георгиевска лента“ (црно-портокалова лента), пренесува Бета повикувајќи се на руски медиуми. За јавно истакнување на овие симболи во Молдавија е предвидена казна од 250 до 500 долари. Пратениците наведоа дека законот е усвоен во контекст на рускиот напад врз Украина. Пратениците на Блокот на комунисти и социјалисти беа против донесување на Законот, и тие во знак на протест не присуствуваа на гласањето. Проруските граѓани на Молдавија во петокот демонстрираа во Кишињев против усвојувањето на законот, предводени од поранешниот проруски претседател Игор Додон. Додон рече дека на 9 мај ќе излезе на улица со „Георгиевска лента“, „заедно со десетици илјади луѓе кои ќе го прослават Денот на победата над фашизмот“ во Втората светска војна. Лентата е дел од високите воени одликувања што ги доделувале Руската империја и Советскиот Сојуз, а ги доделува и Руската Федерација. Како симбол, тој доби значење во Русија во 2005 година, како одговор на „Портокаловата револуција“ во Украина. Во Русија „Георгиевска лента“ ја носат и граѓани како патриотски симбол и како јавен симбол на поддршка за Владата, а во Украина и балтичките држави Естонија, Летонија и Литванија, лентата се смета за симбол на рускиот национализам и сепаратизам. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moldavija-zabrani-istaknuvanje-na-ruskite-voeni-simboli-z-i-v/feed/ 0