Вац Ап – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 27 Jul 2022 08:40:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Вац Ап – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 WhatsApp конечно ја доби функцијата која корисниците долго ја чекаа https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/whatsapp-konechno-ja-dobi-funkcijata-koja-korisnicite-dolgo-ja-chekaa/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/whatsapp-konechno-ja-dobi-funkcijata-koja-korisnicite-dolgo-ja-chekaa/#respond Wed, 27 Jul 2022 08:40:10 +0000 https://kurir.mk/?p=710692

Корисниците на WhatsApp, кои сакаат да ја префрлат својата историја на пребарување од Apple iPhone на телефон со Android и обратно, сега конечно ќе можат да го сторат тоа. Мета, која е сопственик на WhatsApp, објави дека ги отстранила сите ограничувачки пречки кои го спречуваа процесот на пренос на податоци во минатото. Најголемиот број корисници на телефони со Android, кои имаат уред Samsung, веќе имаа можност да ги префрлат своите податоци на WhatsApp од iPhone. Сега е овозможено и за телефони со Android од други производители. WhatsApp ја потврди на Twitter можноста за пренос на историјата на разговори од Apple iPhone на телефон со Android и обратно. Апликацијата им ветува на корисниците „слобода да се префрлат на и од нивните претпочитани уреди“. Популарната услуга значително го поедностави процесот на префрлување разговори од платформа на платформа, благодарение на апликацијата Move to iOS достапна за Google Play Store и апликацијата Switch to Android достапна на Apple App Store.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/whatsapp-konechno-ja-dobi-funkcijata-koja-korisnicite-dolgo-ja-chekaa/feed/ 0
Зошто се избришани фајловите со Вац Ап комуникации од телефонот на Боки 13? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoshto-se-izbrishani-fajlovite-so-vac-ap-komunikacii-od-telefonot-na-boki-13/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoshto-se-izbrishani-fajlovite-so-vac-ap-komunikacii-od-telefonot-na-boki-13/#respond Mon, 06 Dec 2021 14:32:46 +0000 https://kurir.mk/?p=604838

Телефонот на Бојан Јовановски алијас Боки13 беше и сеуште е тема која отвара многу легитимни прашања. Одбраната на Бојан Јовановски во текот на судската постапка за случајот Рекет повеќе пати го бараше телефонот на обвинетиот Јовановски да им биде даден на вештачење и селектирање на докази кои произлегуваат од содржината на истиот, но судијата Васка Николовска Масевска која е патем и во блиска роднинска врска (класичен пример на непотизам) со претседателот на кривичен суд Иван Џолев не дозволи на одбраната на Јовановски да го добијат телефонот на вештачење и да бидат презентирани доказите од истиот. Од денеска дистанца јасно е зошто судијката која го судеше Рекет не го дозволи барањето на одбраната и на тој начин брутално ги прекрши правата на одбраната во смисла на начелото на еднаквост на оружјата на сите страни во постапката и начелото на фер баланс на судењето. Од денескна перспектива може да се заклучи дека судскиот процес за Рекет се одвиваше и повеќе од брзо со набиена агенда се со цел да се заврши со пресуда без да бидат одговорени главните прашања за кои и стручната и општата јавност остана без одговори. Обвинителката Вилма Русковска конфузно и нејасно даваше различни одговори каде завршиле парите од фамозната торба Луи Витон. Во едно ТВ гостување кажа дека Јовановски ги потрошил на гардероба, веќе во друго интервју кажа дека Јовановски ги потрошил за сега згаснатата 1ТВ бидејки телевизијата била скапа играчка, за на крајот во трето интервју да одговори дека поминал подолг временски период и дека не знае каде завршиле парите?! Овие загрозувачки изјави на Русковска отвораат сомнеж за целата кривично правна постапка, за многубројните незаконитости во самиот судски процес, а особено во прилог на ова доаѓа фактот дека по брза постапка се пресуди "делото без телото"! После повеќе од две години на одбраната на Јовановски и беше дадена форензичка копија од телефонот како би извршиле анализа и вештачење и повторно се случи "нешто да фали". Нашата редакција го контактираше правниот тим на Јовановски од каде ни одговорија дека ќе ги искористат сите правни и институционални механизми за да биде повратена целата содржина од телефонот на нивниот клиент, додавајки дека изминатите денови до судот е доставен стручен извештај од страна на вештото лице кое го работи телефонот на Јовановски со целосно образложение што содржи форензичката копија, а што недостасува во истата, па во контекст на тоа адвокатот Дуковски додава дека судот е должен да ја обезбеди целата содржина бидејќи токму од доказите во телефонот на Јовановски ќе произлезат нови решавачки факти за утврдување на вистината како и за Рекет, така и за случајот Меѓународен сојуз кој е во судска сесија. Дуковски додава дека од оваа дистанца откако ги прегледал дел содржините кои се достапни на хард дискот, јасно му е зошто не бил даден телефонот во Рекет и дека многу високо профилни лица има од што да стравуваат. Дуковски: Се поставува прашањето зошто баш недостасува клучната комуникација од платформата Вац Ап на која Јовановски имал комуникација со Зоран Заев, неговиот брат Вице Заев, братучедот Трајце Заев, министерот Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска, Фросина Ременски, Александар Кирацовски, Стефан Богоев, обвинителката Вилма Русковска, други обвинители и судии, директори на јавни установи... Во телефонот на мојот клиент има 317.000 фотографии и над 10-ци милиони фајлови, меѓу фотографиите има скрин шот од Вац Ап платформата, а за да има такви скрин шот фотографии морало и да има комуникација, така нели? Но и повеќе од јасно е дека на точно одредени структури не им одговара овие докази да излезат во јавност, бидејки тоа ќе значи морална, но и кривична одговорност на повеќе лица. Дуковски додава дека вештачењето на телефонот на Јовановски, кој досега не бил вештачен од страна на обвинителството претставува нов несоборлив доказ кој највисокиот суд во државата треба да го земе во обзир и во смисла на императивните одредби од ЗКП да овозможи нова судска постапка каде ќе има фер баланс и еднаквост на орудијата и на крајот законита пресуда со точно утврдена фактичка состојба за кривично правниот настан согласно законот за кривична постапка. Јовановски пред судот до Републичкиот обвинител Јовевски неколку пати бараше изземање на Вилма Русковска поради сомневање за непристрасност. Добро упатени извори велат дека токму од содржината на телефонот ќе се види дека Русковска комуницирала со Јовановски и споделувала информации со него кои според закон морале да бидат тајни. Да потсетиме дека и самиот Јовановски пред судот истакна дека Русковска му кажувала доверливи информации, меѓу другото кажа дека ден однапред пред да биде донесена пресудата од страна на судијката Кацарска му ги напишала во порака пресудите за обвинетите во случајот 27-ми Април. Како можела Вилма Русковска однапред да ги знае пресудите? Дали е ова доказ спрегата помеѓу обвинителите и судиите и нарачаните судски пресуди?! Од сето ова може да се заклучи дека лицето на правдата не е обелено, останува да видиме кој ќе биде следниот потег во овој судско- политички шах, каде досега само пиуните ги изгубија своите глави. На ред се повисоките фигури, шахот е долга игра, но на крајот секогаш следува шах - мат, а јавноста и правдољубивите граѓани овој пат очекуваат вистината и правдата да го зададат шах- матот во име на владеењето на правото и правната држава. Следното закажано рочиште за случајот Меѓународен сојуз е на 09.12.2021 четврток, каде ќе се дознае одлуката во врска со доказите од телефонот на Јовановски на судијката Софче Гаврилова Ефремова која го води предметот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoshto-se-izbrishani-fajlovite-so-vac-ap-komunikacii-od-telefonot-na-boki-13/feed/ 0
Социјалните мрежи паднаа, корисниците реагираа: Сега е откриена причината за тоа https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/socijalnite-mrezi-padnaa-korisnicite-reagiraa-sega-e-otkriena-prichinata-za-toa/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/socijalnite-mrezi-padnaa-korisnicite-reagiraa-sega-e-otkriena-prichinata-za-toa/#respond Fri, 05 Jul 2019 20:34:37 +0000 https://kurir.mk/?p=215862

Инстаграм, Фејсбук и Вац Ап паднаа и голем број корисници останаа без нивните услуги. Во тие моменти, ќе признаете, сфативме колку сме зависни од социјалните мрежи. Од социјалните мрежи излегоа со соопштение во кое наведоа што бил проблемот и како истиот во најбрзо време бил решен. Корисниците на услугите на компанијата констатираа дека не можат да испраќаат и да добиваат фотографии, видео-клипови и други фајлови на ФБ, Ватсап и на Инстаграм. -За време на рутинска операција за поддршка е создаден проблем од наша страна, и тоа е причина што некои корисници не можеа да ги користат целосно нашите платформи, соопштија од ФБ. Тие не дадоа коментар дали ќе вратат пари на компании кои се рекламираат за времето додека постоеле техничките проблеми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/socijalnite-mrezi-padnaa-korisnicite-reagiraa-sega-e-otkriena-prichinata-za-toa/feed/ 0