вагнер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 07 Oct 2023 09:50:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вагнер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Санду: „Вагнер“ подготвува државен удар во Молдавија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sandu-vagner-podgotvuva-drzhaven-udar-vo-moldavija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sandu-vagner-podgotvuva-drzhaven-udar-vo-moldavija/#respond Sat, 07 Oct 2023 09:50:29 +0000 https://kurir.mk/?p=886315

Руската платеничка група „Вагнер“ подготвувала државен удар во Молдавија, изјави шефицата на молдавската држава Маја Санду во интервју за „Фајненшл тајмс“. Според неа, планот вклучувал поткуп на гласачи и предизвикување насилство за време на антивладини протести. - Ситуацијата е навистина драматична и мораме да се браниме, наведе Санду, без да прецизира кога бил планиран обидот за државен удар. Санду посочи дека парите биле тајно испратени од Русија до Молдавија делумно преку курири, а делумно преку банкарски сметки во Дубаи. На почетокот на годината имаше предупредувања за државен удар во Молдавија. Во март, владата во Кишињев соопшти дека уапсила платеник на „Вагнер“. Платеничката група „Вагнер“ долго време се бореше заедно со руската армија во Украина. Поранешниот сопственик на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, подоцна го критикуваше руското воено раководство и во јуни организираше обид за бунт против руските власти, но истиот ден се откажа од своите планови. Два месеци подоцна, авионот на Пригожин се урна за време на летот Москва – Санкт Петербург под неразјаснети околности. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sandu-vagner-podgotvuva-drzhaven-udar-vo-moldavija/feed/ 0
ИСВ: Можно е „Вагнер“ повторно да се претвори во закана за Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/isv-mozhno-e-vagner-povtorno-da-se-pretvori-vo-zakana-za-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/isv-mozhno-e-vagner-povtorno-da-se-pretvori-vo-zakana-za-ukraina/#respond Mon, 02 Oct 2023 12:50:30 +0000 https://kurir.mk/?p=884269

Руската паравоена армија „Вагнер“, која е под контрола на Кремљ, може повторно да стане закана за Украина, се вели во најновата анализа на Американскиот институт за проучување на војната (ИСВ), јави ДПА. Групата „Вагнер“ ќе претставува закана доколку повторно стане ефикасна воена организација или повторно се воспостави како голема, обединета структура со ефективно централизирано раководство управувано од руското Министерство за одбрана, смета американската организација. Не така одамна, Институтот соопшти дека групата не претставувала закана по смртта на нејзиниот водач Евгениј Пригожин во авионска несреќа во август, потсети ДПА. Во моментов не е јасно кој го води „Вагнер“ и каков е точниот статус на групата, но можно е синот на Пригожин Павел да го преземе раководството на дивизиите, наведува Институтот, повикувајќи се на извори блиски до организацијата. Сепак, руското Министерство за одбрана ќе треба да продолжи да и обезбедува оружје, муниција и логистика.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/isv-mozhno-e-vagner-povtorno-da-se-pretvori-vo-zakana-za-ukraina/feed/ 0
ИСВ: Синот на Пригожин сака контрола над „Вагнер“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/isv-sinot-na-prigozhin-saka-kontrola-nad-vagner/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/isv-sinot-na-prigozhin-saka-kontrola-nad-vagner/#respond Mon, 02 Oct 2023 07:45:48 +0000 https://kurir.mk/?p=884037

Синот на Евгениј Пригожин, 25-годишниот Павел Пригожин, презема чекори за да ја преземе командата со групата „Вагнер“, објави Институтот за проучување на војната, објави Скај њуз. Тој преговара со руската национална гарда Росгвардија во врска со повторното вклучување на оваа платеничка организација во борбите во Украина, пренесува ИСВ, повикувајќи се на профил на Телеграм поврзан со групата. Тие цитираа извор од „Вагнер“ кој извести дека преговорите меѓу Павел Пригожин и Националната гарда вклучиле паравоена група која го задржала своето име, симболи, идеологија, команданти и управување.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/isv-sinot-na-prigozhin-saka-kontrola-nad-vagner/feed/ 0
Неофицијални тврдења на приштинските медиуми: Напаѓачите на северот на Косово се членови на Вагнер https://arhiva.kurir.mk/svet/region/neofitsijalni-tvrdena-na-prishtinskite-mediumi-napagachite-na-severot-na-kosovo-se-chlenovi-na-vagner/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/neofitsijalni-tvrdena-na-prishtinskite-mediumi-napagachite-na-severot-na-kosovo-se-chlenovi-na-vagner/#respond Sun, 24 Sep 2023 15:22:51 +0000 https://kurir.mk/?p=881288

Косовската полиција соопшти дека, според досегашните информации, убиен е еден од напаѓачите кои се судрија со нејзините припадници во селото Бањска. Полицијата на својот официјален профил на Фејсбук објави дека ситуацијата на северот на Косово, во селото Бањска, се уште е тензична и дека, како што се наведува, криминални групи одвреме-навреме со огнено оружје ги напаѓаат полициските единици на терен. „Полициските единици, согласно ситуацијата и опасноста од спорадични напади на криминални групи, во одбрана на себе и на граѓаните од областа, беа принудени да реагираат на криминални групи, каде според досегашните информации, еден од напаѓачите се убиени“, се вели во соопштението. Од полицијата на Косово се наведува дека значителен број професионални напаѓачи се маскирани и облечени во различни униформи, дека се вооружени со тешко оружје, пиштоли и имаат оклопно возило. Приштинските медиуми, повикувајќи се на свои извори, јавуваат дека во нападот врз припадниците на косовската полиција загинале четворица напаѓачи, а не е исклучена можноста напаѓачите да биле членови на „Вагнер групата“, но агенцијата Бета не може да ја потврди оваа информација од институциите на Косово. Косовскиот премиер Албин Курти на прес-конференција прикажа снимка од луѓе вооружени со тешко оружје, кои со шест возила без регистарски таблички и едно оклопно возило, во маскирни униформи, влегле во манастирот Бањска каде се уште се присутни. Тој рече дека биле опколени од припадници на специјалните сили на косовската полиција и ги повикал да се предадат. Непосредно пред соопштението на косовскиот премиер, Рашко-призренската епархија соопшти дека група вооружени, маскирани лица со оклопно возило влегле во манастирот Бањска, при што ја скршиле заклучената манастирска капија. На обвинувањата на Приштина, одговори претседателот на Народното собрание Владимир Орлиќ кој изјави дека Курти „веднаш прв побрзал да ги обвини Србите“, а попладне се очекува да разговара и со претседателот на Србија Александар Вучиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/neofitsijalni-tvrdena-na-prishtinskite-mediumi-napagachite-na-severot-na-kosovo-se-chlenovi-na-vagner/feed/ 0
Норвешката полиција го уапси поранешениот командант на „Вагнер“, се обидел илегално да премине во Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/norveshkata-politsija-go-uapsi-poranesheniot-komandant-na-vagner-se-obidel-ilegalno-da-premine-vo-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/norveshkata-politsija-go-uapsi-poranesheniot-komandant-na-vagner-se-obidel-ilegalno-da-premine-vo-rusija/#respond Sat, 23 Sep 2023 20:20:21 +0000 https://kurir.mk/?p=881108

Норвешката полиција го уапси поранешниот командант на руската платеничка група „Вагнер“, Андреј Медведев, под сомнение дека се обидел да се врати во Русија со илегално преминување на границата. Тој побара азил во Норвешка на почетокот на оваа година, изјави неговиот адвокат. Андреј Медведев, кој избега од Русија во јануари преку нејзината арктичка граница со Норвешка, рече дека бил застрелан од руски граничари додека бегал, наведувајќи дека зборувал и за учество во борбите во Украина како дел од групата „Вагнер“. Норвешката полиција во соопштението соопшти дека маж на возраст од дваесет години бил приведен поради обид за илегално преминување на руската граница, но не го навела неговото име. Преминувањето на границата со Русија е дозволено само на одредени места. Сепак, апсењето на Медведев е резултат на недоразбирање, изјави неговиот норвешки адвокат Бринјулф Риснес за Ројтерс, тврдејќи дека Медведев сакал да го најде местото каде што влегол во Норвешка во јануари и бил запрен во такси и немал намера да ја премине границата со Русија воопшто. По пристигнувањето во Норвешка, Медведев рече дека побарал азил бидејќи се плашел за својот живот откако бил сведок на убиствата и малтретирањето на затворениците во Русија, донесени од фронтот во Украина. Неговото бегство во јануари го привлече вниманието на светските медиуми како во тоа време редок пример за некој кој пребегнал во западна земја тврдејќи дека се борел за Русија како платеник во Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/norveshkata-politsija-go-uapsi-poranesheniot-komandant-na-vagner-se-obidel-ilegalno-da-premine-vo-rusija/feed/ 0
(ВИДЕО) Авион на „Вагнер“ се урна во Мали? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-avion-na-vagner-se-urna-vo-mali/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-avion-na-vagner-se-urna-vo-mali/#respond Sat, 23 Sep 2023 16:09:26 +0000 https://kurir.mk/?p=881069

Транспортен авион поврзан со „Вагнер“ се урна во Африка еден месец откако шефот на платеничката група Евгениј Пригожин загина во авионска несреќа во близина на Москва. Авион Ил-76 од советски дизајн се урна во Мали, каде што се стационирани војниците на „Вагнер“. Несреќата се случила во близина на аеродромот во Гао, град на првата линија на фронтот на долготрајниот вооружен конфликт во земјата. Снимките кои кружат на интернет го покажуваат урнатиот авион и густ црн чад, за кој се верува дека се урнал по полетувањето. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-avion-na-vagner-se-urna-vo-mali/feed/ 0
Официјално: Пригожин е мртов, потврди анализата и идентификацијата на телата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ofitsijalno-prigozhin-e-mrtov-potvrdi-analizata-i-identifikatsijata-na-telata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ofitsijalno-prigozhin-e-mrtov-potvrdi-analizata-i-identifikatsijata-na-telata/#respond Sun, 27 Aug 2023 11:28:27 +0000 https://kurir.mk/?p=871475

Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин е мртов, е потврдено по генетската анализа на телата пронајдени во авионската несреќа во средата, соопштија денеска руските власти. Истражниот комитет соопшти дека идентитетот на сите 10 жртви е утврден и тие се совпаѓаат со оние на списокот на патници на летот, пишува Би-Би-Си. Приватниот авион на Пригожин се урна северозападно од Москва на 25 август, при што загинаа сите патници во него. Кремљ ги демантираше шпекулациите дека тој е виновен за несреќата. РИА Новости ги наведе и имињата на сите патници: Пригожин Евгениј; Перпустин Сергеј; Макаријан Евгениј; Тотмин Александар; Валери Чекалов; Уткин Дмитриј; Матусеев Николај; командант Левшин Алексеј; копилот Каримов Рустам; стјуардеса Распопова Кристина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ofitsijalno-prigozhin-e-mrtov-potvrdi-analizata-i-identifikatsijata-na-telata/feed/ 0
Десет тела и црната кутија пронајдени на местото на падот на авионот во кој бил Пригожин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/deset-tela-i-tsrnata-kutija-pronajdeni-na-mestoto-na-padot-na-avionot-vo-koj-bil-prigozhin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/deset-tela-i-tsrnata-kutija-pronajdeni-na-mestoto-na-padot-na-avionot-vo-koj-bil-prigozhin/#respond Fri, 25 Aug 2023 18:19:29 +0000 https://kurir.mk/?p=871005

Десет тела и црната кутија, како и бројни документи на жртвите, кои ќе бидат важни во понатамошниот тек на истрагата, се пронајдени во Тверската област каде се урна авионот во кој се наоѓаше водачот на руската паравоена група „Вагнер“, Евгениј Пригожин. „Во текот на почетните истражни активности, на местото на несреќата се пронајдени тела на десет загинати. Во тек се молекуларни генетски испитувања за да се утврди нивниот идентитет“, објави Рускиот истражен комитет на својот канал на Телеграм, пренесува Руската државна новинска агенција. „Сите можни верзии за тоа што се случи ќе бидат внимателно испитани“, се вели во соопштението. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/deset-tela-i-tsrnata-kutija-pronajdeni-na-mestoto-na-padot-na-avionot-vo-koj-bil-prigozhin/feed/ 0
Путин се огласи по смртта на Пригожин: Беше талентиран бизнисмен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-se-oglasi-po-smrtta-na-prigozhin-beshe-talentiran-biznismen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-se-oglasi-po-smrtta-na-prigozhin-beshe-talentiran-biznismen/#respond Thu, 24 Aug 2023 17:05:25 +0000 https://kurir.mk/?p=870602

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изрази сочувство до семејствата на шефот на платеничката група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, и неговите колеги од урнатиот авион, пренесуваат британските медиуми. Рускиот претседател да го опиша Пригожин како „талентиран бизнисмен“, кого го познава уште од 1990-тите, а за неговата платеничка група „Вагнер“ кажа дека дала значаен придонес во борбата против нацизмот во Украина. -Тоа никогаш нема да го заборавиме, изјави рускиот лидер. Путин додаде дека шефот на Истражниот комитет на Русија го известил за почетокот на истрагата за авионската несреќа во која синоќа загина Пригожин и додаде дека таа ќе се истера до самиот крај. Тој кажа дека Русија ќе разгледа што велат истражителите за несреќата, но дека за дополнителни детали за инцидентот ќе биде потребно време. Неговите коментари доаѓаат 24 часа откако авионот со Пригожин се урна северно од Москва. Пригожин беше меѓу десетте патници и членови на екипажот на приватниот авион што се урна вчера во Русија. Во несреќата нема преживеани, но се уште официјално не е објавено дека меѓу жртвите е и Пригожин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-se-oglasi-po-smrtta-na-prigozhin-beshe-talentiran-biznismen/feed/ 0
Паника во Полска: Вагнер сега ќе ни биде уште поголема опасност https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/panika-vo-polska-vagner-sega-ke-ni-bide-ushte-pogolema-opasnost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/panika-vo-polska-vagner-sega-ke-ni-bide-ushte-pogolema-opasnost/#respond Thu, 24 Aug 2023 13:22:06 +0000 https://kurir.mk/?p=870512

Групата на Вагнер сега ќе претставува уште поголема опасност за Полска, изјави полскиот премиер Матеуш Моравјецки. „Групата на Вагнер е уште посилна од порано, или барем во иста мера ќе се користи како инструмент за провокација, уцена, напади како дел од дестабилизацијата на земјите кои граничат со Русија и Белорусија“, изјави тој за новинарите. Политичарот не сакаше да одговори на прашањето дали смртта на Пригожин во авионската несреќа е случајна или не, пишува Комсомолска правда. Приватен деловен авион „Ембраер“ се урна вчера во регионот Твер. Според руското Министерство за вонредни ситуации, во авионот имало десет лица, меѓу кои и тројца членови на екипажот и сите загинале. Сојузната агенција за воздушен транспорт подоцна објави дека во авионот што се урнал биле Евгениј Пригожин и Дмитриј Уткин, објавувајќи список со имињата на сите патници во авионот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/panika-vo-polska-vagner-sega-ke-ni-bide-ushte-pogolema-opasnost/feed/ 0