вакцина Модерна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 03 Nov 2021 09:02:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вакцина Модерна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Србија стигнува вакцината „Модерна“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-stignuva-vakcinata-moderna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-stignuva-vakcinata-moderna/#respond Wed, 03 Nov 2021 09:02:54 +0000 https://kurir.mk/?p=590096

Во Србија денеска стигнува вакцината „Модерна“, најави Јадранка Мирковиќ од Агенцијата за лекови и медицински помагала. Се очекува дека оваа вакцина би можела да биде достапна на пунктовите за вакцинација до крајот на неделата. Таа додаде дека вакцината на „Џонсон и Џонсон“ е во процес на одобрување и повтори дека нема отстапувања од стандардите, прописите и барањата што секоја серија вакцини мора да ги исполнува пред да се најде на пазарот. Мирковиќ наведе и дека проверката што ја поминува вакцината „Спутник в“ не се разликува од проверката на другите вакцини, без разлика што е произведена во Србија. Досега во Србија се дадени близу седум милиони дози вакцини, а имало 1.175 пријави за несакани реакции. – До вчера имавме 1.175 пријави, што е една од шест до седум илјади дадени дози, во зависност од временскиот интервал во кој ги следиме тие статистики – изјави Мирковиќ за РТС. Несаканите реакции, вели таа, обично се оние што се очекуваат и се појавуваат на местото на апликација на вакцината, како што се болка, црвенило, оток, малаксаност, треска и главоболка, а повеќе од 70 проценти од овие реакции поминуваат спонтано.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-stignuva-vakcinata-moderna/feed/ 0
ЕМА ја одобри вакцината Модерна за третата доза https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ema-ja-odobri-vakcinata-moderna-za-tretata-doza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ema-ja-odobri-vakcinata-moderna-za-tretata-doza/#respond Tue, 26 Oct 2021 06:19:39 +0000 https://kurir.mk/?p=585457

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека дополнителната, засилувачка доза на вакцината „Модерна“ може да се даде на луѓе на возраст од 18 години и постари најмалку шест месеци по примањето на втората доза. Тоа е втора вакцина што е одобрена за трета доза во ЕУ. „Третата доза на ’Спикевакс’ беше примена шест до осум месеци откако втората доведе до зголемување на нивото на антитела кај возрасните чии антитела се намалуваа“, објави европскиот медицински регулатор. ЕМА претходно одобри трета доза на „Фајзер/Бионтек“ во октомври и препорача вакцинација со трета доза вакцини од „Фајзер/Бионтек“ или „Модерна“ за луѓе со ослабен имунолошки систем. Земјите-членки на ЕУ одлучуваат дали општата популација треба да ја прими третата доза. Неколку земји започнаа свои кампањи, пред ЕМА да ги објави препораките. Државите презедоа различни пристапи за тоа кој треба да ја прими третата доза. ЕМА додаде дека го следи ризикот од срцеви заболувања и други многу ретки несакани ефекти по добивањето засилена доза. Американските власти одобрија дополнителни дози на „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ema-ja-odobri-vakcinata-moderna-za-tretata-doza/feed/ 0
Вакцината против коронавирусот на Модерна предизвикува силен имунолошки одговор кај деца од шест до 11 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vakcinata-protiv-koronavirusot-na-moderna-predizvikuva-silen-imunoloshki-odgovor-kaj-deca-od-shest-do-11-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vakcinata-protiv-koronavirusot-na-moderna-predizvikuva-silen-imunoloshki-odgovor-kaj-deca-od-shest-do-11-godini/#respond Mon, 25 Oct 2021 15:09:36 +0000 https://kurir.mk/?p=585226

Компанијата Модерна денеска објави позитивни резултати од својата вакцина против Ковид-19 кај деца на возраст од шест до 11 години, кои наскоро ќе ги достави до регулаторните тела во светот за одобрување. Клиничките испитувања спроведени на повеќе од 4.700 деца на таа возраст покажуваат „робустен“ имунолошки одговор во однос на антителата, „поволен безбедносен профил“ и препарат што генерално добро се поднесува, се вели во соопштението на Модерна. Најчестите несакани ефекти се замор, главоболка, температура и болка во раката каде што е примена инјекцијата. – Брзаме да ги доставиме податоците до светските регулаторни агенции, изјави шефот на Модерна, Стефан Бансел. Дозата за деца е приспособена на 50 микрограми, во споредба со 100 микрограми за постарите. Доза од 50 микрограми е избрана и за засилувачка доза на Модерна за постари лица, која неодамна беше одобрена во САД. Овој резултат значи дека наскоро во САД можат да бидат на располагање две вакцини против Ковид-19 за помали деца. Американската агенција за лекови (ФДА) треба утре да се состане за да го разгледа барањето за одобрение за употреба на вакцината на Фајзер за деца на возраст од пет до 11 години. Модерна паралелно спроведува клинички испитувања на уште помали деца меѓу шест месеци и пет години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vakcinata-protiv-koronavirusot-na-moderna-predizvikuva-silen-imunoloshki-odgovor-kaj-deca-od-shest-do-11-godini/feed/ 0
Шведска го продолжи прекинот за употреба на вакцината на Модерна кај младите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-go-prodolzi-prekinot-za-upotreba-na-vakcinata-na-moderna-kaj-mladite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-go-prodolzi-prekinot-za-upotreba-na-vakcinata-na-moderna-kaj-mladite/#respond Thu, 21 Oct 2021 15:54:44 +0000 https://kurir.mk/?p=583287

Шведска ја продолжи паузата за користење на вакцината против Ковид-19 на „Модерна“ кај младите под 30 години, поради ретки несакани ефекти на срцето, објави денеска шведската Агенција за јавно здравје. Агенцијата наведува дека претходно овој месец, откриено е зголемување на бројот на случаи на миокардитис и перикардитис кај млади луѓе и млади возрасни лица вакцинирани со вакцината на „Модерна“ – Спикевакс, па затоа ја прекинаа нејзината употреба за сите родени во 1991 година или подоцна. Агенцијата денеска објави дека прекинот, кој требаше да трае до 1 декември, ќе биде продолжен, а оние што ја примиле првата доза на „Модерна“ ќе ја добијат вакцината „Фајзер“ како втора доза. Речиси 85 проценти од Швеѓаните на возраст над 16 години примиле една доза од вакцината, а 80 проценти примиле две.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-go-prodolzi-prekinot-za-upotreba-na-vakcinata-na-moderna-kaj-mladite/feed/ 0