вакцина спутник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Oct 2021 14:31:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вакцина спутник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕМА нема да ја одобри вакцината Спутник В оваа година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ema-nema-da-ja-odobri-vakcinata-sputnik-v-ovaa-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ema-nema-da-ja-odobri-vakcinata-sputnik-v-ovaa-godina/#respond Thu, 21 Oct 2021 14:31:06 +0000 https://kurir.mk/?p=583256

Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе донесе одлука за одобрување на Спутник В, руска вакцина против коронавирусот, најрано во првиот квартал од 2022 година, бидејќи се уште нема доволно податоци, изјави денеска извор кој е запознаен со тоа прашање. – Одлуката на ЕМА до крајот на годината сега е целосно невозможна, истакна изворот. Доколку бараните податоци стигнат до крајот на ноември, „тогаш регулаторите би можеле да донесат одлука во првиот квартал од следната година“, додаде изворот кој сакаше да остане анонимен. ЕМА започна официјално тестирање на руската вакцина во март. Претходно се очекуваше дека ќе ја одобри вакцината Спутник В во мај или јуни. Резултатите од третата фаза на клинички испитувања објавени во февруари во медицинското списание Lancet покажаа дека вакцината е речиси 92 процента ефикасна. Русија подоцна објави дека е 83 отсто ефикасна против делта сојот на коронавирус. Вакцината веќе се користи во Русија и е одобрена во повеќе од 70 земји. Изворот нагласи дека нема причина за сомнеж во нејзината ефикасност или безбедност. Институтот Гамалеја при руското Министерство за здравство, го разви лекот и спроведе клинички истражувања, а суверениот руски фонд РДИФ е задолжен за неговата продажба. Алексеј Кузнецов, помошник министер за здравство на Русија, истакна дека Министерството моментно ја финализира документацијата потребна за ЕМА и со европската агенција ги разгледува датумите за посети на капацитетите кои треба да се случат подоцна оваа година. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи го процесот на ЕМА за одобрување на Спутник В, истакна дека двете страни имаат технолошки несогласувања околу комплетноста на доставените документи и информации. – Зборуваме само за технички формалности кои ќе се решат, нагласи Песков. Изворот откри дека ЕМА побарала подетални информации за производството на вакцината, како што се активните состојки и начинот на полнење на дозите. Бавното темпо на процесот на одобрување е удар за Москва, која се надева дека со одобрување од страна на регулаторот, ќе ја направи Спутник В поконкурентна со вакцините на американските компании „Фајзер“ и „Модерна“, кои доминираат на светскиот пазар. Европското одобрување ќе им помогне и на руските државјани кои сакаат да патуваат во Европа, која засега ги признава само вакцините одобрени од ЕМА и Светската здравствена организација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ema-nema-da-ja-odobri-vakcinata-sputnik-v-ovaa-godina/feed/ 0
Спутник В се тестира на деца од 12 до 17 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sputnik-v-se-testira-na-deca-od-12-do-17-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sputnik-v-se-testira-na-deca-od-12-do-17-godini/#respond Mon, 05 Jul 2021 16:59:42 +0000 https://kurir.mk/?p=532370

Градските власти во Москва денеска соопштија дека почнало тестирање на вакцината Спутник В против коронавирусот врз деца на возраст од 12 до 17 години. Заменик-градоначалничката Анастасија Ракова рече дека биле ангажирани 100 доброволци, кои не биле заразени со вирусот и немаат здравствени проблеми што би ги спречиле да бидат вакцинирани. Ракова рече дека децата ќе добијат помала доза од вакцината во споредба со возрасните. Русија се соочува со зголемување на бројот на заразени лица, а прва доза вакцина промиле 23 милиони луѓе, што е малку повеќе од 15 проценти од популацијата. Минатиот месец, бројот на нови случаи на коронавирус беше двојно зголемен, од 9.000 на ден во почетокот на јуни на 24.000 оваа недела. Според официјалните податоци, денеска се регистрирани повеќе од 24.000 нови случаи, а во последните 24 часа од Ковид-19 починале 654 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sputnik-v-se-testira-na-deca-od-12-do-17-godini/feed/ 0
Почна производството на Спутник во спреј- оваа верзија на вакцина е помалку ефикасна, но побезбедна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochna-proizvodstvoto-na-sputnik-vo-sprej-ovaa-verzija-na-vakcina-e-pomalku-efikasna-no-pobezbedna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochna-proizvodstvoto-na-sputnik-vo-sprej-ovaa-verzija-na-vakcina-e-pomalku-efikasna-no-pobezbedna/#respond Fri, 26 Feb 2021 21:14:14 +0000 https://kurir.mk/?p=474583

Назалната верзија на вакцината Спутник В исто така ќе биде двокомпонентна, но во форма на спреј и ќе ја даваат само лекари, изјави заменик-градоначалничката на Москва за социјален развој, Анастасија Ракова. – Тоа е истата двокомпонентна вакцина Спутник В, само што во кутијата ќе има и специјален спреј. Пациентите нема да можат сами да го користат, без оглед на тоа што неговата употреба е едноставна. Само медицински професионалец ќе може да го вбризга. Ќе се применува двапати, рече Ракова. Таа објасни дека оваа верзија на вакцината формира локален имунитет, таа е помалку ефикасна, но е побезбедна. Овој лек ќе биде погоден за оние на кои не им се препорачува вакцина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochna-proizvodstvoto-na-sputnik-vo-sprej-ovaa-verzija-na-vakcina-e-pomalku-efikasna-no-pobezbedna/feed/ 0