вакцина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 Oct 2023 12:09:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вакцина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бразилски научници направиле ефикасна вакцина против зависност од кокаин, се чека нејзино одобрување https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/brazilski-nauchnitsi-napravile-efikasna-vaktsina-protiv-zavisnost-od-kokain-se-cheka-nejzino-odobruvane/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/brazilski-nauchnitsi-napravile-efikasna-vaktsina-protiv-zavisnost-od-kokain-se-cheka-nejzino-odobruvane/#respond Tue, 31 Oct 2023 12:09:54 +0000 https://kurir.mk/?p=894905

Во револуционерниот чекор во борбата против зависноста од кокаин и крек, бразилските научници претставуваат вакцина со потенцијал за полесно надминување на зависноста, нудејќи нова надеж за оние кои бараат слобода од моќното влијание на тие тешки дроги. Бразилските научници претставиле нов лек за зависноста од кокаин и крек, во облик на вакцина позната како „Calixcoca“. Станува збор за експериментална вакцина, која покажува ветувачки резултати во испитувања на животните, го стимулира имунолошкиот состав да го блокира влијанието на кокаинот и крекот на мозокот и потенцијално го прекинува циклусот на зависност. Зависниците кои го примаат тој лек повеќе не би ги чувствувале еуфоричните ефекти на тие дроги. Психијатарот Фредерико Гарциа, кој го водел тимот на бразилскиот Федерален универзитет Минас Гераис одговорен за вакцината, истакнал дека тоа ќе биде прв вакцина да се користи за лекување од кокаин, ако го одобрат регулаторните тела. Проектот неодамна обезбедил главна награда од 500.000 евра на доделувањата на наградите „Euro Health Innovation“ за латиноамериканска медицина, кој го спонзорира фармацевстката компанија „Eurofarma“. „Calixcoca“ делува така што кај пациентот создава антитела кои се врзуваат за молекулите на кокаинот во крвотокот, правејќи ги преголеми да влезат во мозочниот центар за наградување, каде кокаинот обично предизвикува задоволство со кревање на нивото на допаминот. За разлика од претходните обиди во САД, каде клиничките испитувања не покажале значајни резултати, „Calixcoca“ покажала ефикасност во тестирањето на животни и покажала минимални нуспојави. Истражувачите дури и откриле дека вакцината може да ги заштити фетусите на стаорците од влијанието на кокаинот, што укажува на негова потенцијална употреба во заштитата на неродените деца на бремените зависнички. Сепак не е универзален лек за зависност Вакцината моментално се наоѓа во завршна фаза на испитување, која ќе вклучува тестирање на луѓе. Иако „Calixcoca“ претставува значаен напредок во лекувањето на зависноста од тешки дроги, тоа сепак не е универзален лек за се. Неговата точна целна група ќе биде одредена со клинички испитувања, а наменет е за зависници кои закрепнуваат од зависност и кои настојуваат да ја одржат апстиненцијата. Моментално не постои регистриран третман за зависност од кокаин и крек. За разлика од многу вакцини, „Calixcoca“ е синтетизирана со помош на лабораториски дизајнирани хемиски соединенија, со што се намалуваат трошоците за производство и се елиминира потребата од складирање на студено. Важно е да се нагласи дека, иако вакцината носи надеж, дека нема да биде единствено решение за сите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/brazilski-nauchnitsi-napravile-efikasna-vaktsina-protiv-zavisnost-od-kokain-se-cheka-nejzino-odobruvane/feed/ 0
Неделава почнува вакцинацијата против сезонски грип, пристигнати 60.000 дози за бесплатна вакцинација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedelava-pochnuva-vaktsinatsijata-protiv-sezonski-grip-pristignati-60-000-dozi-za-besplatna-vaktsinatsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedelava-pochnuva-vaktsinatsijata-protiv-sezonski-grip-pristignati-60-000-dozi-za-besplatna-vaktsinatsija/#respond Mon, 23 Oct 2023 09:42:44 +0000 https://kurir.mk/?p=892128

Министерството за здравство (МЗ) информира дека неделава почнува вакцинацијата против сезонски грип. Во државата се пристигнати 60 000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип наменети за бесплатна вакцинација. Според МЗ, граѓаните од ризичните групи кои се пријавиле за вакцинација преку веб страницата vakcinacija.mk, во следните денови преку смс порака ќе добијат известување за точниот датум, час и место за вакцинирање. Со бесплатната вакцинација ќе бидат опфатени: стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и лицата вработени во установи за социјална заштита на стари лица. -Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи, наведува Министерството и додава дека граѓаните кои спаѓаат во ризичните групи може да го искажат својот интерес преку пополнување на апликацијата на следниот линк: https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu?fbclid=IwAR06BSDGCR0NaKR8bJrWJ-mw1sDpmHFpJ5mOPTmZPSqzyiG8CNDddsSMmeM.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedelava-pochnuva-vaktsinatsijata-protiv-sezonski-grip-pristignati-60-000-dozi-za-besplatna-vaktsinatsija/feed/ 0
Пакистан: Акција за вакцинација на 44 милиони деца против полио вирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pakistan-aktsija-za-vaktsinatsija-na-44-milioni-detsa-protiv-polio-virusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pakistan-aktsija-za-vaktsinatsija-na-44-milioni-detsa-protiv-polio-virusot/#respond Mon, 02 Oct 2023 13:02:29 +0000 https://kurir.mk/?p=884281

Пакистан денеска ја почна својата втора национална кампања против полио вирусот во обид да се вакцинираат 44 милиони деца на возраст под пет години за да се искорени детската парализа. Привремениот премиер Анварул ул Хак Какар почна петдневна кампања за вакцинација и во телевизиско обраќање ги повика родителите да соработуваат со 350.000 здравствени работници кои одат од врата до врата и даваат вакцини на децата. Кампањата се одвива под силно обезбедување. Владата ги ангажираше полицајците и безбедносните сили за да ја осигура безбедноста на работниците кои вршат вакцинација. Здравствените работници и полицијата задолжена за нивна заштита беа нападнати за време на претходните кампањи против детска парализа, за кои екстремистите лажно тврдеа дека се заговор на Запад за стерилизирање деца. Пакистан и соседниот Авганистан се единствените две земји во светот каде детската парализа продолжува да го загрозува здравјето и благосостојбата на децата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pakistan-aktsija-za-vaktsinatsija-na-44-milioni-detsa-protiv-polio-virusot/feed/ 0
ВИДЕО: Доделена Нобеловата награда за медицина: добитниците развија вакцина против ковид https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-dodelena-nobelovata-nagrada-za-meditsina-dobitnitsite-razvija-vaktsina-protiv-kovid/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-dodelena-nobelovata-nagrada-za-meditsina-dobitnitsite-razvija-vaktsina-protiv-kovid/#respond Mon, 02 Oct 2023 10:13:47 +0000 https://kurir.mk/?p=884159

Добитници на овогодинешната Нобелова награда за физиологија и медицина се Каталин Карико и Дру Вајсман. Американски научник и унгарски биохемичар добија награда за нивниот придонес во развојот на mRNA вакцина против ковид, објави порталот Н1. Инаку, 113 Нобелови награди се доделени за физиологија и медицина од 1901 година, откако се доделува наградата. Најмладиот лауреат бил Фредерик Г.Бантинг, кој на само 32 години ја добил оваа награда за откривање на инсулин (1923 година), додека најстар бил тогаш 87-годишниот Пејтон Ројс. Тој беше награден во 1966 година за откривање на вируси кои предизвикуваат тумор, пренесува Н1.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-dodelena-nobelovata-nagrada-za-meditsina-dobitnitsite-razvija-vaktsina-protiv-kovid/feed/ 0
За родителите да не платат казна, лажно пријавиле дека детето им е вакцинирано – ќе одговара вработена во болница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/za-roditelite-da-ne-platat-kazna-lazhno-prijavile-deka-deteto-im-e-vaktsinirano-ke-odgovara-vrabotena-vo-bolnitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/za-roditelite-da-ne-platat-kazna-lazhno-prijavile-deka-deteto-im-e-vaktsinirano-ke-odgovara-vrabotena-vo-bolnitsa/#respond Wed, 27 Sep 2023 15:22:36 +0000 https://kurir.mk/?p=882372

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Ј.(51) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавената, раководител на служба  во Јавна здравствена установа во Куманово, искористувајќи ја својата службена положба и овластување изготвила потврда на име на дете, каде во вакцинален статус навела дека детето има прележано варичела. Од друга страна, лекарите немале податоци за здравствената состојба на детето, врз чија основа би можеле да издадат потврда, со цел да се избегне казна за родителот чие дете не било вакцинирано.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/za-roditelite-da-ne-platat-kazna-lazhno-prijavile-deka-deteto-im-e-vaktsinirano-ke-odgovara-vrabotena-vo-bolnitsa/feed/ 0
ЕК одобри употреба на уште една адаптирана вакцина против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-odobri-upotreba-na-ushte-edna-adaptirana-vaktsina-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-odobri-upotreba-na-ushte-edna-adaptirana-vaktsina-protiv-kovid-19/#respond Fri, 15 Sep 2023 11:36:08 +0000 https://kurir.mk/?p=878361

Европската комисија денеска одобри употреба на адаптираната вакцина против корона вирусот „Спајквакс Икс-Бе-Бе.1.5“ („Spikevax XBB.1.5“) за есенските кампањи за вакцинација во земјите членки на ЕУ. Како што соопшти Еврокомисијата, станува збор за трета адаптација на оваа вакцина на производителот „Модерна“ со цел да одговори на новите варијанти на Ковид-19. Претходно, на 1 септември, Европската комисија ја одобри употребата во есенската кампања за вакцинација против Ковид-19 и на новата адаптирана вакцина на „Бионтек-Фајзер“, „Комирнати Икс-Бе-Бе.1.5“ („Comirnaty XBB.1.5“). Во врска со денешното одобрување на новата вакцина, еврокомесарката за здравство и безбедност на храната, Стела Киријакидес истакна дека вакцинацијата останува најефикасна алатка против вирусите на Ковид-19 и сезонскиот грип кои се очекува да циркулираат оваа есен и зима. - Ги охрабрувам засегнатите, особено оние на возраст од над 60 години, лицата со ослабен имунолошки систем и хронично болните, што е можно поскоро да примат засилена доза со најновите ажурирани вакцини кои ги таргетираат варијантите што моментално се шират. Сите ние треба да продолжиме да бидеме будни и да си помагаме меѓусебно за да се заштитиме, истакна Киријакидес. Одлуката за одобрување на вакцината „Спајквакс Икс-Бе-Бе.1.5“ следи по евалуацијата од страна на Европската агенција за лекови (ЕМА), спроведена согласно механизмот за забрзана проценка. Одобрувањето е извршено по забрзана постапка со цел земјите членки да можат навреме да ја набават и да се подготват за претстојните кампањи за вакцинација, посочува ЕК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-odobri-upotreba-na-ushte-edna-adaptirana-vaktsina-protiv-kovid-19/feed/ 0
Белгија ќе уништи околу осум милиони дози од вакцината против Ковид https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-ke-unishti-okolu-osum-milioni-dozi-od-vaktsinata-protiv-kovid/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-ke-unishti-okolu-osum-milioni-dozi-od-vaktsinata-protiv-kovid/#respond Mon, 19 Jun 2023 09:15:15 +0000 https://kurir.mk/?p=847315

Во Белгија ќе бидат уништени околу осум милиони дози од вакцините против Ковид-19 на „Модерна“ и „Фајзер“, објавија локалните медиуми, цитирајќи изјава на министерот за здравство Франк Ванденбрук. Земјата располага со 15,3 милиони дози, но на некои од нив им истекува рокот, а други повеќе не дејствуваат на новите соеви на вирусот. Се додава дека за да се добијат нови дози, земјата мора да ослободи простор во ладилниците. -Уништувањето ќе се случи во најскоро време, објасни министерот.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-ke-unishti-okolu-osum-milioni-dozi-od-vaktsinata-protiv-kovid/feed/ 0
„Eдно заразено дете можe да зарази нови 12-18“: Д-р Даниловски апелира на вакцинација да не дојде до епидемија на морбили https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edno-zarazeno-dete-mozhe-da-zarazi-novi-12-18-d-r-danilovski-apelira-na-vaktsinatsija-da-ne-dojde-do-epidemija-na-morbili/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edno-zarazeno-dete-mozhe-da-zarazi-novi-12-18-d-r-danilovski-apelira-na-vaktsinatsija-da-ne-dojde-do-epidemija-na-morbili/#respond Tue, 21 Feb 2023 08:30:29 +0000 https://kurir.mk/?p=803011

И покрај тоа што веќе неколку пати во медиумите имам укажувано на феноменот на „имунолошка амнезија“ кај морбилите, не е на одмет пак да го спомнам. Зошто? Пред сѐ, заради многу нискиот опфат со вакцинација против морбилите. Тој се движи некаде околу 70 проценти за првата доза и околу 80 проценти за втората доза во 2021 година, според податоците на Институтот за јавно здравје. Во 2022 година, ситуацијата сигурно не е подобра, вели имунологот д-р Драган Даниловски, додавајќи дека за да не дојде до епидемија, потребен е опфат од преку 95 проценти, зашто вирусот на морбилите е најзаразниот вирус на планетата (репродукцискиот број, R0, е 12-18, што значи дека едно заразено дете може, во просек, да зарази нови 12-18). -Во ваква ситуација, доволен е еден-единствен случај да навлезе однекаде, за да се соочиме со појава на епидемиско ширење! Во што се состои феноменот на „имунолошка амнезија“? Неодамна, беше откриено дека вирусот на морбилите може да го уништи претходно стекнатиот имунитет со вакцинација или прележување на други заразни болести. Или попрецизно, се уништува имунолошката меморија за сите тие заболувања. Овој феномен е наречен „имунолошка амнезија“, истакнува докторот. Тој потенцира дека откако имунолошкиот систем ќе ги изгуби своите „сеќавања“, тој мора макотрпно повторно да научи сè што знаел некогаш. -Тоа може да потрае и до три години. Во меѓувреме, децата се изложени на ризик од повторно заразување со патогените микроорганизми, кои нивниот организам некогаш знаел да ги препознае, но сега ги „заборавил“. Сите тие инфекции треба повторно да се доживеат, за да се поправи штетата. Се покажало, меѓутоа, дека морбилите не само што го зголемуваат ризикот од разболување, туку и од смртен исход при тие повторени инфекции. Поуката од горниве искази е јасна. Целиот систем на превентивна и примарна здравствена заштита мора итно да се мобилизира и ангажира, опфатот со вакцинација на децата што побрзо да го достигне заштитното ниво од преку 95 проценти, апелира докторот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edno-zarazeno-dete-mozhe-da-zarazi-novi-12-18-d-r-danilovski-apelira-na-vaktsinatsija-da-ne-dojde-do-epidemija-na-morbili/feed/ 0
Регулаторот на ЕУ поддржува двовалентни вакцини за примарна вакцинација против Ковид https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/regulatorot-na-eu-poddrzuva-dvovalentni-vakcini-za-primarna-vakcinacija-protiv-kovid/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/regulatorot-na-eu-poddrzuva-dvovalentni-vakcini-za-primarna-vakcinacija-protiv-kovid/#respond Tue, 06 Dec 2022 18:31:54 +0000 https://kurir.mk/?p=771963

Европската агенција за лекови денеска соопшти дека нејзината работна група за итни случаи заклучила дека двовалентната РНК вакцина против Ковид може да ја користат невакцинирани деца и возрасни. Регулаторот наведува дека овие вакцини се однесуваат на оригиналниот сој, како и на подваријантите Омикрон БA.4 и БA.5. Вакцините од компаниите Фајзер, Бионтек и Модерна моментално се одобрени само како засилувачи во Европската унија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/regulatorot-na-eu-poddrzuva-dvovalentni-vakcini-za-primarna-vakcinacija-protiv-kovid/feed/ 0
Европската комисија даде зелено светло за седмата вакцина против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskata-komisija-dade-zeleno-svetlo-za-sedmata-vakcina-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskata-komisija-dade-zeleno-svetlo-za-sedmata-vakcina-protiv-kovid-19/#respond Fri, 11 Nov 2022 11:54:25 +0000 https://kurir.mk/?p=759130

Европската комисија даде зелено светло за нова вакцина на европскиот пазар, произведено од Санофи и ГСК, јави дописничката на МИА од Брисел. Вакцината на Санофи и ГСК е базирана на протеин и од сега има дозвола за влез на пазарот на ЕУ како бустер доза во борбата против коронавирусот. Европската комисија, врз основа на научното мислење на Европската агенција за лекови (ЕМА), оцени дека оваа седма одобрена вакцина може да се користи како бустер доза кај возрасни лица. ЕМА ја смета вакцината за безбедна, сигурно и квалитетна. Согласно договорот склучен од страна на Европската комисија со фармацевтските компании, земјите членки ќе можат да набават 300 илјади дози од оваа вакцина доколку сакаат. Можат исто така да ги набават за да ги дистрибуираат на земји со низок и среден приход.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskata-komisija-dade-zeleno-svetlo-za-sedmata-vakcina-protiv-kovid-19/feed/ 0