вакцинација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Nov 2023 17:24:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вакцинација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Велес и велешко започна теренската вакцинација на невакцинирани деца од претшколска и школска возраст во рамките на кампањата „Од врата до врата“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-veles-i-veleshko-zapochna-terenskata-vaktsinatsija-na-nevaktsinirani-detsa-od-pretshkolska-i-shkolska-vozrast-vo-ramkite-na-kampanata-od-vrata-do-vrata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-veles-i-veleshko-zapochna-terenskata-vaktsinatsija-na-nevaktsinirani-detsa-od-pretshkolska-i-shkolska-vozrast-vo-ramkite-na-kampanata-od-vrata-do-vrata/#respond Wed, 01 Nov 2023 17:24:52 +0000 https://kurir.mk/?p=895479

Екипа на Службата за превентива на деца и младинци при ЈЗУ Здравствен дом Велес денеска започна со теренска вакцинација за претшколски и школски деца кои не се вакцинирани,а во рамките на кампањата „Од врата до врата“. Децата ќе добиваат вакцини според календарот за вакцинација на деца од претшколска и школска возраст, информира д-р Марина Тодоровска координатор на кампањата за теренска вакцинација од оваа јавна здравствена установа. -Во зависност кое дете ќе го пронајдеме, која вакцина е пропуштена, со таа ќе го вакцинираме. Целта на оваа кампања е да се подигне свеста и разбирањето за важноста на имунизација и придобивките од вакцинација, информира д-р Тодоровска. Таа појасни дека 12 теренски посети во наредните денови ќе извршат пет тима. Од тие пет теренски посети се во Велес, а седум во населените места во Општините Велес, Градско и Чашка. Д-р Тодоровска информира дека семејствата кои ги немаат вакцинирано децата се најмногу од ранливите категории. За нив ќе одржат и едукативни предавања и ќе им ја појаснат предноста од добивањето на вакцината која е многу важна за понатамошно здравје на нивните деца и заштита од многу болести. Кампањата „Од врата до врата“ ја организира Министерството за здравство и Канцеларијата на Светската здравствена организација во Скопје. Воедно д-р Тодоровска информира дека во рамките на овие теренски посети како новина ќе вакцинираат и против сезонски грип. Со тоа нивните екипи на терен ќе можат да ги вакцинираат и сите ранливи категории граѓани, над 65 години возраст, со хронични болести, трудници, деца од шест месеци до шест години. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-veles-i-veleshko-zapochna-terenskata-vaktsinatsija-na-nevaktsinirani-detsa-od-pretshkolska-i-shkolska-vozrast-vo-ramkite-na-kampanata-od-vrata-do-vrata/feed/ 0
Во Струмица дневно се вакцинираат околу 70 граѓани против сезонски грип https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-strumitsa-dnevno-se-vaktsiniraat-okolu-70-gragani-protiv-sezonski-grip/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-strumitsa-dnevno-se-vaktsiniraat-okolu-70-gragani-protiv-sezonski-grip/#respond Tue, 31 Oct 2023 10:38:04 +0000 https://kurir.mk/?p=894849

Во Струмица дневно се вакцинираат околу 70 граѓани против сезонски грип на три пунктови од кои едниот е во Валандово, кој го покрива Центарот за Јавно здравје во Струмица. Од Центарот информираат дека интересот на граѓаните за вакцинирање е ист како лани, а најголем е кај граѓаните на возраст над 65 години. - На располагање имаме 2.600 вакцини од кои 2.400 се за Струмица, а 200 за Валандово. Покрај највозсрасната група граѓани, бесплатна вакцина примаат и хронично болните, бремените жени, здравствените работници и децата од 6 месеци до 5 години, информира директорот Петре Витанов. Покрај интересот за бесплатното вакцинирање, голем интерес има и за комерцијалните вакцини за кои се плаќа 800 денари. Вакцинирањето против сезонски грип во Струмица почна на 25 октомври.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-strumitsa-dnevno-se-vaktsiniraat-okolu-70-gragani-protiv-sezonski-grip/feed/ 0
Вакцинација против сезонски грип од утре, досега пријавени 30.000 граѓани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vaktsinatsija-protiv-sezonski-grip-od-utre-dosega-prijaveni-30-000-gragani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vaktsinatsija-protiv-sezonski-grip-od-utre-dosega-prijaveni-30-000-gragani/#respond Tue, 24 Oct 2023 10:38:17 +0000 https://kurir.mk/?p=892483

Триесет илјади заинтересирани до утринава биле пријавени за вакцина против сезонски грип која почнува утре, потврди за МИА, Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести. -Ќе се вакцинира во сите центри за јавно здравје низ државата. Тоа се вкупно 40 локации низ државата. Во Скопје, во четири пункта за вакцинација. Центар за јавно здравје и поликлиниките Букурешт, Идадија и Бит Пазар. Дополнително во Центар за јавно здравје има уште еден пункт, само за здравствени работници, изјави Петличковски. На располагање се 60.000 дози вакцини. -Вакцинацијата против грип е докажана изминатите години, многу е ефикасна и апсолутно е безбедно и исправно да се изврши вакцинирање, особено кај постарите, малите деца и тие со хронични болести. За разлика од Ковид, каде што вакцинацијата на младите не беше да речеме во прв ред како препорака, за грип, да, за малите деца стои дека се препорачува вакцинација против сезонски грип за педијатриска популација, нагласи Петличковски. Како што информираше за МИА директорот на Институтот за јавно здравје Шабан Мемети утре почнува вакцинацијата протов сезонски грип, а најголем интерес има кај хронично болни и постари и изнемоштени лица. И Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружението на приватни матични лекари, истакнува дека за вакцина против сезонски грип главно се одлучуваат хронично болни и постари лица, изнемоштени. -Луѓето главно веќе се едуцирани и сами си се пријавуваат за вакцина на вакцинација.мк, или имаат помлади блиски околу себе, кои ги прават тоа за нив, изјави Чолакова Дервишова за МИА. На вакцинација се оди доколку човек е здрав, потсетува таа, напоменувајќи дека тоа не се прави со каков било бактериски или вирусен афект. - Заради тоа што сепак се руши имунитетот. Мора прво да се оздрави, па да се оди на вакцина, рече Чолакова Дервишова. Министерството за здравство вчера информираше дека неделава почнува вакцинацијата против сезонски грип и оти во државата се пристигнати 60.000 дози четиритипни вакцини наменети за бесплатна вакцинација. Граѓаните од ризичните групи кои се пријавиле за вакцинација преку веб-страницата вакцинација.мк, во следните денови преку смс порака ќе добијат известување за точниот датум, час и место за вакцинирање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vaktsinatsija-protiv-sezonski-grip-od-utre-dosega-prijaveni-30-000-gragani/feed/ 0
Почнува пријавување за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-prijavuvane-za-besplatna-vaktsinatsija-protiv-sezonski-grip-za-rizichni-grupi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-prijavuvane-za-besplatna-vaktsinatsija-protiv-sezonski-grip-za-rizichni-grupi/#respond Mon, 09 Oct 2023 08:49:18 +0000 https://kurir.mk/?p=886785

Почнува пријавување за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи на страницата vakcinacija.mk

Министерството за здравство информира дека од денес, преку веб страницата - vakcinacija.mk, почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи население.  Со цел да се обезбеди заштита кај поголем број лица од сезонски грип, оваа година Министерството за здравство ја зголеми количината на набавени вакцини, при што се набавени 60.000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип наменети за бесплатна вакцинација.

Со бесплатна вакцинација ќе бидат опфатени следните ризични групи:

- Стари лица (над 65 години)

- Лица со хронични заболувања

- Здравствени работници

- Бремени жени

- Децата на возраст од 6 месеци до 5 години

- Лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и лицата вработени во установи за социјална заштита на стари лица

Вакцинацијата се планира да почне да се спроведува во втората половина на месец октомври. Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи.

Со пополнување на апликацијата се регистрирате за вакцинација директно во системот Мој Термин. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку смс ќе добиете повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинирате.

Граѓаните, кои спаѓаат во ризичните групи може да го искажат својот интерес преку пополнување на апликацијата на следниот линк:

https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu?fbclid=IwAR06BSDGCR0NaKR8bJrWJ-mw1sDpmHFpJ5mOPTmZPSqzyiG8CNDddsSMmeM

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-prijavuvane-za-besplatna-vaktsinatsija-protiv-sezonski-grip-za-rizichni-grupi/feed/ 0
Вакцинацијата против сезонскиот грип почнува од средината на октомври, годинава набавена за 50 проценти поголема количина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vaktsinatsijata-protiv-sezonskiot-grip-pochnuva-od-sredinata-na-oktomvri-godinava-nabavena-za-50-protsenti-pogolema-kolichina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vaktsinatsijata-protiv-sezonskiot-grip-pochnuva-od-sredinata-na-oktomvri-godinava-nabavena-za-50-protsenti-pogolema-kolichina/#respond Fri, 22 Sep 2023 16:45:56 +0000 https://kurir.mk/?p=880841

Министерството за здравство информира дека има набавено за 50 отсто поголема количина вакцини против сезонски грип. Вакцинацијата, како што најавуваат, ќе почне кон средината на октомври. Од Министерството информираат дека денеска министерот за здравство Фатмир Меџити во Њујорк се сретнал со делегација на Работната група за глобално здравје, предводена од директорот на Партнерството за меѓународни иницијативи за вакцини (PIVI) Џозеф Брези и директорката за комуникации и развој, Аманда Болстер со кои било разговарано за актуелните предизвици и приоритети со цел унапредување на здравствените услуги. Како што информираат од ресорното Министерство, Меџити се заблагодарил за досегашната соработка, истакнувајќи го значењето на обезбедената помош и поддршка за оваа година со 15.000 дози вакцини. - Соработката со PIVI започнува од 2018/19 година со лансирање на кампањата за бесплатна вакцинација на лица над 65 години за инфлуенца. Следни чекори што ни претстојат во склоп на оваа соработка, е развој на Националната програма за инфлуенца вакцинација, зголемување на бројот на вакцинирани кои спаѓаат во ризичните групи, развој на комуникациска стратегија наменета да ги таргетира овие ризични групи и зголемување на свесноста на популацијата и здравствените работници за вакцинацијата против инфлуенца, наведуваат од Министерството за здравство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vaktsinatsijata-protiv-sezonskiot-grip-pochnuva-od-sredinata-na-oktomvri-godinava-nabavena-za-50-protsenti-pogolema-kolichina/feed/ 0
Во Гостивар започна кампања за поттикнување на вакцинирањето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-gostivar-zapochna-kampana-za-pottiknuvane-na-vaktsiniraneto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-gostivar-zapochna-kampana-za-pottiknuvane-na-vaktsiniraneto/#respond Mon, 24 Apr 2023 14:09:09 +0000 https://kurir.mk/?p=827005

Четири специјализирани тимови до крајот на мај низ гостиварската општина ќе вршат домашни посети и ќе ги информираат граѓаните за важноста од навремено вакцинирање од заразни болести. Од службата за вакцинација која работи во склоп на Здравствен дом Гостивар информираа дека кампањата „од врата до врата“ предвидува директни контакти со родителите на деца и нивните најблиски. - Освен промовирање на важноста од вакцинирање, граѓаните ќе може да прашаат и да добијат соодветни и стручни одговори поврзани со имунизацијата. Освен на родителите на децата, за кои се задолжителни вакцините против заразни болести, на останатите во семејството ќе им разјаснат дилемите кои им се наметнуваат и за другите вакцини, рече д-р Дафина Богданоска од службата за вакцинација при Здравствен дом Гостивар. Таа посочи дека вакцинирањето се покажало како ефикасно против ширењето на морбили во последниот случај. Заразата не се пренела на најблиските и лицата кои биле во контакт, бидејќи сите биле вакцинирани. Богданоска посочи дека вакцинирањето во гостиварско има тренд на опаѓање и опфатот за редовните вакцини се движи од 80 до 83 проценти. Како исклучително неповолен го оцени опфатот со вакцинирањето за ХПВ и ММР. Според предвиденото секој тим составен од лекар, медицинска сестра дневно ќе посети по петнаeсетина семејства. Во тек на кампањата на неделата на Светска имунизација, целта е сите, особено децата, да ги добијат вакцините што можеби ги пропуштиле по ковид пандемијата. На ваков начин треба да се зголеми опфатот со вакцина повеќе деца, возрасни и нивните заедници да бидат заштитени од болести кои можат да се спречат со вакцини, како детска парализа и сипаници. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-gostivar-zapochna-kampana-za-pottiknuvane-na-vaktsiniraneto/feed/ 0
МЗ воведе модул за електронско пријавување на несаканите ефекти од вакцинацијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-vovede-modul-za-elektronsko-prijavuvanje-na-nesakanite-efekti-od-vakcinacijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-vovede-modul-za-elektronsko-prijavuvanje-na-nesakanite-efekti-od-vakcinacijata/#respond Tue, 06 Dec 2022 13:34:23 +0000 https://kurir.mk/?p=771765

Министерството за здравство воведе модул преку кој електронски ќе можат да се пријават несаканите ефекти од вакцинацијата, информираше денеска Жаклина Чагороска од Националниот електронски систем „Мој термин“. На денешниот брифинг поврзан со прашања за набавка, чување и пристап до информации за вакцините, во организација на Македонскиот институт за медиуми и УНИЦЕФ, Чаргоска истакна дека со помош на меѓународните организации во земјата е направен овој модул, а веќе е одржана и едукација за лекарите. -Веќе можат да ги пријават ефектите од вакцината преку матичните лекари или превентините тимови на пунктовите за вакцинација. Тие го пријавуваат настанот на „Мој термин“, потоа прави опис на реакциите што ќе бидат пријавени, а пријавата стигнува до надлежните односно до епидемиолозите од центрите за јавно здравје и Агенцијата за лекови, појасни Чаргоска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-vovede-modul-za-elektronsko-prijavuvanje-na-nesakanite-efekti-od-vakcinacijata/feed/ 0
Нагорен тренд во довербата на Европејците во вакцинацијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nagoren-trend-vo-doverbata-na-evropejcite-vo-vakcinacijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nagoren-trend-vo-doverbata-na-evropejcite-vo-vakcinacijata/#respond Mon, 21 Nov 2022 12:30:30 +0000 https://kurir.mk/?p=764183

 Стапката на доверба во вакцинацијата бележи благо подобрување во ЕУ, но со големи разлики помеѓу земјите. Ова се наодите на третиот извештај за состојбата на довербата во вакцините во ЕУ што го објавува Европската комисија. Во просек во ЕУ 81,5 отсто од луѓето изјавиле дека вакцините се важни, 85,6 отсто дека се ефикасни, и 82,3 отсто дека се безбедни. Со ова стапката на доверба во вакцините се враќа на своето ниво од пред пандемијата од Ковид-19. Но, освен диспаритет меѓу земјите членки се забележува и генерациски јаз. Па така, младите помеѓу 18 и 34 годишна возраст изгубиле доверба во вакцините после пандемијата во споредба со 2018 година, додека постарите, над 65 годишна возраст, имаат поголема доверба. За еврокомесарката за здравство, Стела Кириакидес, ова значи дека ЕУ треба да извлече поуки. -Извештајот покажува колку брзо се менува довербата и колку многу фактори влијаат. Подобрувањето на довербата во вакцините пред пандемијата беше резултат на заеднички напор во ЕУ. Мораме да извлечеме поуки од пандемијата и да ги здружиме сили за да ги разбереме бариерите и со тоа да го затвориме јазот во довербата во вакцинацијата, рече Кириакидес. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nagoren-trend-vo-doverbata-na-evropejcite-vo-vakcinacijata/feed/ 0
Во Австрија вакцинирале со погрешни дози вакцини против коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avstrija-vakcinirale-so-pogreshni-dozi-vakcini-protiv-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avstrija-vakcinirale-so-pogreshni-dozi-vakcini-protiv-koronavirus/#respond Thu, 03 Nov 2022 08:57:45 +0000 https://kurir.mk/?p=755020

Неправилна етикета на картон во Австрија предизвика збунетост кај лекарите, поради што беа дадени погрешни дози на вакцини против коронавирусот. Во пакетот вакцини на Фајзер пишувало дека се вакцини прилагодени на новиот сој BA.4 и BA.5, но се дози за стариот сој BA.1, јави јавниот сервис ОРФ. Колку такви дози биле инјектирани засега е најасно. Погодени се граѓаните во провинцијата Долна Австрија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avstrija-vakcinirale-so-pogreshni-dozi-vakcini-protiv-koronavirus/feed/ 0
Почнува бесплатната вакцинацијата против сезонски грип https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-besplatnata-vakcinacijata-protiv-sezonski-grip/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-besplatnata-vakcinacijata-protiv-sezonski-grip/#respond Wed, 19 Oct 2022 05:24:57 +0000 https://kurir.mk/?p=747305

Од денеска почнува бесплатната вакцинацијата против сезонски грип за ризичните групи население во Центрите за јавно здравје низ државата и нивните подрачни единици по градовите. Заинтересираните граѓани од ризичните групи можат да се пријават преку страницата vakcinacija.mk, а од Министерството за здравство информираа дека досега се веќе пријавени над 27 илјади граѓани. Во текот на вчерашниот ден преку Мој Термин се испратени над 12 илјади покани преку смс со известување за терминот и пунктот за вакцинирање. -Потсетуваме дека бесплатната вакцинација против сезонски грип е незадолжителна, наменета за постари лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години. Министерството испрати допис и до матичните лекари да им излезат во пресрет на заинтересираните граѓани да се пријават во системот за вакцинација, информираат од Министерството.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-besplatnata-vakcinacijata-protiv-sezonski-grip/feed/ 0