вакцинален пункт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 07 Sep 2021 11:20:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вакцинален пункт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јанкуловски: Со отворањето на вакциналниот пункт на УКИМ ќе се забрза процесот на вакцинација на студентите и вработените https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jankulovski-so-otvoranjeto-na-vakcinalniot-punkt-na-ukim-kje-se-zabrza-procesot-na-vakcinacija-na-studentite-i-vrabotenite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jankulovski-so-otvoranjeto-na-vakcinalniot-punkt-na-ukim-kje-se-zabrza-procesot-na-vakcinacija-na-studentite-i-vrabotenite/#respond Tue, 07 Sep 2021 11:20:34 +0000 https://kurir.mk/?p=560523

Да се олесни и забрза процесот на вакцинација на студентите и вработените на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, е целта новиот пункт за вакцинација што ќе биде отворен до крајот на оваа недела во кампусот на општествените науки на приземјето на Економскиот факултет. Веќе е обезбеден простор и соодветна опрема за таа намена. Ова денеска го соопшти ректорот на Универзитетот, проф.д-р Никола Јанкуловски, кој истакнува дека вакциналниот пунк ќе биде отворен секој работен ден од 8 до 14 часот и во него ќе работат обучени лица, двајца доктори и две сестри од поликлиниката на Универзитетот. Просторот е снабден со информатичка, како и медицинска опрема согласно постојниот протокол и потребите.  Согласно актуелната епидемиолошка состојба во државата и согласно заклучокот на Ректорската управа на Универзитетот донесен на вонредната сеница одржана на 23 август, УКИМ побара од Министерството за здравство да овозможи отворање на вакцинален пункт на Универзитетот заради омасовување на вакцинацијата во академската средина. Вакцините и друга стручна помош ќе бидат обезбедени од Министерството за здравство, информира проф.д-р Јанкуловски. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jankulovski-so-otvoranjeto-na-vakcinalniot-punkt-na-ukim-kje-se-zabrza-procesot-na-vakcinacija-na-studentite-i-vrabotenite/feed/ 0
Во четврток ќе се отвори вакцинален пункт на УКИМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-chetvrtok-kje-se-otvori-vakcinalen-punkt-na-ukim/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-chetvrtok-kje-se-otvori-vakcinalen-punkt-na-ukim/#respond Mon, 06 Sep 2021 09:57:03 +0000 https://kurir.mk/?p=560046

Во четврток, 9-ти септември, ќе биде отворен пункт за вакцинација против Ковид-19 на кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), информираше денеска Министерот за здравство, Венко Филипче. Вакцинацијата ќе се врши со кадарот од Универзитетската амбуланта. На прес-конференцијата заедно со студенти од Медицинскиот факултет тие заеднички апелираа да се подигне свеста за имунизацијата кај младите. -Нашите анализи покажуваат дека расте опфатот со вакцинација пред сè кај повозрасните граѓани. Затоа сега ставаме акцент на важноста да се вакцинираат и помладите граѓани. Сега тие се таа категорија која е помалку заштитена. Вирусот се шири меѓу нив и тие можат да го шират вирусот во своите семејства. Битно е младите да се социјализираат, знаеме колку животот им се промени изминатиов период со тоа што немаа социјални контакти, не одеа во училиште… Затоа и за помладите важи правилото дека само со вакцинацијата можат да ги нормализираат целосно животите, рече Филипче.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-chetvrtok-kje-se-otvori-vakcinalen-punkt-na-ukim/feed/ 0
Сведоштво на тетовка: Полицаец не ме пушти да влезам со малолетните деца кои ги донесов на ревакцина, ми одговори „ќе те пукам“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedoshtvo-na-tetovka-policaec-ne-me-pushti-da-vlezam-so-maloletnite-deca-koi-gi-donesov-na-revakcina-mi-odgovori-kje-te-pukam/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedoshtvo-na-tetovka-policaec-ne-me-pushti-da-vlezam-so-maloletnite-deca-koi-gi-donesov-na-revakcina-mi-odgovori-kje-te-pukam/#respond Wed, 01 Sep 2021 05:42:21 +0000 https://kurir.mk/?p=557552

Душица Јаневска од Тетово во Фејсбук групата „Ковид-19 Искуства и совети“ сподели лична случка каде, како што вели, вчера полициски службеник и рекол дека ќе ја пука на вакцинален пункт во Тетово. -Би сакала да споделам со вас за денешната случка на вакцинален пункт 4 во Тетово. Одам да вакцинирам 2 деца од кои едно со хронична болест на возраст од 13 и 14 години за втора доза. Носам и 2 годишно дете со себе за да не ги оставам децата сами. Закажан термин во 8 и 40, не примаат во 11 и 20. Стигаме на ред поради гужва во 12 часот за на врата полициски службеник да ме турне со грб и да ми каже дека нема да ме прими со децата. На мое прашање како смее да не ме пушти кога и двајцата се малолетни и дека на време известив дека минатиот пат имавме проблеми ми одговори дека мојот син е физички поголем од него и дека негова волја е да не ме пушти. Тогаш со висок тон почнав да викам и да го прашам како смее така да се однесува со мене, одговорот му беше ЌЕ ТЕ ПУКАМ ! Влегов со сила и под притисок на останатите граѓани, пишува Јаневска. Посочува дека ваквото однесување е тотален срам за државата и вели МВР да сноси одговорност какви луѓе ни водат ред и дисциплина кога не знаат основни закони. Жената побара совет каде да се обрати за случајот и дали некој од надлежните ќе реагира. Побара и на објавата некој да го означи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.   ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedoshtvo-na-tetovka-policaec-ne-me-pushti-da-vlezam-so-maloletnite-deca-koi-gi-donesov-na-revakcina-mi-odgovori-kje-te-pukam/feed/ 0