вакцини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 12 Sep 2023 07:34:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вакцини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 САД: ФДА одобрува употреба на подобрени вакцини против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/sad-fda-odobruva-upotreba-na-podobreni-vaktsini-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/sad-fda-odobruva-upotreba-na-podobreni-vaktsini-protiv-kovid-19/#respond Tue, 12 Sep 2023 07:34:11 +0000 https://kurir.mk/?p=877179

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) одобри употреба на подобрени вакцини против Ковид-19, кои покажаа ефикасност во одбраната од широко распространетите варијанти на сојот омикрон. Во пракса тоа значи дека нивната употреба би можела да започне кон крајот на септември. Во понеделникот, ФДА даде зелено светло за употреба на вакцини ефикасни против варијантата KSBB.1.5, произведени од Фајзер/Бионтек и фармацевтската компанија Модерна, додека вакцината Новавакс сè уште се анализира од здравствените власти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/sad-fda-odobruva-upotreba-na-podobreni-vaktsini-protiv-kovid-19/feed/ 0
Комитетот на ОН повикува на откажување на патентите за вакцините против Ковид https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/komitetot-na-on-povikuva-na-otkazhuvane-na-patentite-za-vaktsinite-protiv-kovid/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/komitetot-na-on-povikuva-na-otkazhuvane-na-patentite-za-vaktsinite-protiv-kovid/#respond Thu, 31 Aug 2023 15:40:47 +0000 https://kurir.mk/?p=873107

Комитет на ОН повикува „земјите од Северот, особено Германија, Швајцарија, Обединетото Кралство и САД да се откажат од правата на интелектуална сопственост на вакцините, методите на лекување или здравствените технологии поврзани со пандемијата предизвикана од Ковид-19“. Комитетот на ОН против расизмот го критикуваше одбивањето на богатите земји, особено Германија, Швајцарија, Обединетото Кралство и САД да се откажат од правата на интелектуална сопственост за вакцините против Ковид-19. На министерскиот состанок на Светската трговска организација (СТО) во јуни 2022 година, земјите-членки успеаја, по тешки преговори, да постигнат договор што им овозможи на земјите во развој, кои сакаат да го сторат тоа, да ги отповикаат патентите за вакцините против Ковид на пет години. Тој договор не е доволен, смета Комитетот за елиминација на расната дискриминација, кој го сочинуваат 18 независни експерти чии мислења не се обврзувачки. Комитетот верува дека Ковид-19 се уште е „сериозен јавно здравствен проблем чии разорни негативни последици несразмерно ги погодуваат групите и луѓето кои се ранливи на расна дискриминација“. -Околу 32 отсто од светското население било вакцинирано барем еднаш, но во земјите во развој како Габон, Папуа Нова Гвинеја, Бурунди и Мадагаскар, тој удел е помал од 1 отсто, посочи Комитетот, цитирајќи податоци од Светската здравствена организација. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/komitetot-na-on-povikuva-na-otkazhuvane-na-patentite-za-vaktsinite-protiv-kovid/feed/ 0
Белгија ќе уништи вакцини против Ковид во вредност од над 80 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-ke-unishti-vaktsini-protiv-kovid-vo-vrednost-od-nad-80-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-ke-unishti-vaktsini-protiv-kovid-vo-vrednost-od-nad-80-milioni-evra/#respond Thu, 20 Jul 2023 17:46:46 +0000 https://kurir.mk/?p=858542

Белгија ќе уништи 3,5 милиони вакцини против Ковид за 80,2 милиони евра, соопшти Министерството за здравство. Се прецизира дека тоа е неопходно поради истекување на рокот на траење на вакцините. Уништените количества сочинуваат 6,45 отсто од вкупно 54,3 милиони дози обезбедени од властите. Со население од 11,7 милиони луѓе, тоа значи дека белгиските власти платиле за вакцинација со пет дози на секој белгиски граѓанин. Белгиското Министерство за здравство наведува дека сите земји од ЕУ ќе ги уништат вакцините против Ковид, но некаде количините ќе бидат уште поголеми. Се додава дека, покрај вакцините, во Белгија ќе бидат фрлени и други материјали поврзани со пандемијата како маски и комплети за тестирање - за вкупно 131 милион евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-ke-unishti-vaktsini-protiv-kovid-vo-vrednost-od-nad-80-milioni-evra/feed/ 0
ФТ: „Фајзер“ и „Бионтек“ и понудија на ЕУ да плати половина од цената на секоја доза вакцина за Ковид-19 од која се откажува https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ft-fajzer-i-biontek-i-ponudija-na-eu-da-plati-polovina-od-tsenata-na-sekoja-doza-vaktsina-za-kovid-19-od-koja-se-otkazhuva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ft-fajzer-i-biontek-i-ponudija-na-eu-da-plati-polovina-od-tsenata-na-sekoja-doza-vaktsina-za-kovid-19-od-koja-se-otkazhuva/#respond Sun, 30 Apr 2023 11:05:46 +0000 https://kurir.mk/?p=829158

„Фајзер“ и „Бионтек“ дадоа нов предлог до ЕУ во врска со прекумерните количини на вакцини против коронавирус нарачани од Брисел, според кои земјите-членки би платиле половина цена, или околу 10 евра, за секоја од 70-те милиони дози од кои ЕУ се откажува, пишува денеска во „Фајненшл тајмс“. Дополнително, измените на договорот ќе и овозможат на ЕУ да се префрли на понови вакцини прилагодени на „сите идни варијанти на Ковид-19“, се додава во написот. ЕУ преговара со двете фармацевтски компании за намалување на бројот на дози на вакцината што Брисел се обврза да ја купи оваа година на не повеќе од 500 милиони, за возврат ЕУ да плати повисока цена по доза. Разговорите доаѓаат во време кога Европската унија планира да ги разгледа законите кои ја регулираат фармацевтската индустрија вредна 148 милијарди долари. ЕУ се надева дека новата легислатива ќе може да ги оживее инвестициите и да го прошири пристапот до евтини лекови поради здравствените буџети на земјите-членки исцрпени од пандемијата.Засега нема конетар од Фајзер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ft-fajzer-i-biontek-i-ponudija-na-eu-da-plati-polovina-od-tsenata-na-sekoja-doza-vaktsina-za-kovid-19-od-koja-se-otkazhuva/feed/ 0
Во Грција регистрирани 1.633 несакани дејства и 63 смртни случаи како можна последица од вакцините против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grtsija-registrirani-1-633-nesakani-dejstva-i-63-smrtni-sluchai-kako-mozhna-posleditsa-od-vaktsinite-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grtsija-registrirani-1-633-nesakani-dejstva-i-63-smrtni-sluchai-kako-mozhna-posleditsa-od-vaktsinite-protiv-kovid-19/#respond Tue, 25 Apr 2023 07:56:02 +0000 https://kurir.mk/?p=827240

Од спроведени над 4,4 милиони вакцинации против Ковид-19 во Грција во 2022 година, регистрирани се 1.633 сомнителни несакани дејства и 63 смртни случаи кои можеби се поврзани со вакцината, според официјалните податоци од грчката Национална организација за лекови, јави дописничката на МИА од Атина.

Од 63-те пријави за смртни случаи како можна последица од вакцините, 49 биле вакцинирани со Фајзер, шест со Модерна, пет со Џонсон и Џонсон и три со АстраЗенека, меѓутоа, само два случаи биле оценети дека имаат можна поврзаност со вакцинацијата.

За 35 од случаите сѐ уште се чекаат дополнителни податоци за да се донесе заклучок, за 14 случаи имало недоволни податоци, а 12 пријавени смртни случаи биле оценети дека можно е да не се поврзани со вакцинацијата.

Од пријавените 1.633 сомнителни несакани дејства, 1.344 биле оценети како сериозни, а шест од десет биле кај жени.

Националната организација за лекови на Грција во годишниот извештај пишува дека објавените податоци за наводите за сомнителни (наводни) несакани дејства се медицински случаи кои спонтано биле пријавени или од граѓанин или од здравствен работник по примената на вакцината и не се нужно поврзани со вакцината или предизвикани од вакцината.

Во 2022 година во Грција биле аплицирани вкупно 4.456.117 дози од вакцините. (МИА)

]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grtsija-registrirani-1-633-nesakani-dejstva-i-63-smrtni-sluchai-kako-mozhna-posleditsa-od-vaktsinite-protiv-kovid-19/feed/ 0
Македонија втора по бројот на невакцинирани деца! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-vtora-po-brojot-na-nevaktsinirani-detsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-vtora-po-brojot-na-nevaktsinirani-detsa/#respond Fri, 21 Apr 2023 09:23:55 +0000 https://kurir.mk/?p=826152

Македонија го зазема второто место во регионот на Европа и средна Азија по бројот на деца кои не примиле никаква вакцина од раѓање. Ова го покажува глобалниот извештај на УНИЦЕФ во кој се анализирани податоци за 55 земји во светот, од кои 29 се наоѓаат во Европа и Централна Азија. Извештајот наведува дека довербата во вакцините е значително намалена, особено по минувањето на пандемијата. Босна и Херцеговина, Киргистан и Македонија се на исто место со Македонија, а полошо стои само Молдавија. „Загрижувачки е фактот дека по пандемијата, довербата во детските вакцини значително падна. Имунизацијата е една од најголемите успешни приказни на човештвото. Тоа доведе до искоренување на болести како што е сипаницата и спаси животи на милиони луѓе од опасни болести, вклучително и мали сипаници и детска парализа. Не смееме да дозволиме бранот и стравот од дезинформации, кои беа многу зголемени од пандемијата, да донесат опасност по животите на децата“, вели Патрисија Ди Ховани, претставничка на УНИЦЕФ за Македонија. Извештајот покажа дека за разлика од светските трендови каде невакцинираните деца се главно во најнеразвиените и најсиромашните земји, во Македонија бројот на деца со „нула дози“ е во градовите и тоа во најбогатите и најразвиените делови од државава. УНИЦЕФ дава препораки до институциите како да се намали процентот на невакцинирани деца. „Да се продолжи со идентификација на сите невакцинирани деца и истите да се имунизираат. Да се ​​зајакне довербата во вакцините во соработка со локалните единици. Дајте приоритет и финансирање на услугите за имунизација и примарна здравствена заштита. Да изградиме здравствени системи преку инвестирање во медицински тимови“, наведуваат од УНИЦЕФ. Според извештајот на УНИЦЕФ, пандемијата ја уништила вакцинацијата на децата речиси насекаде во светот, како резултат на големиот притисок врз здравствениот систем за канализирањето на ресурсите за имунизација со вакцината против Ковид, потоа поради недостигот на здравствени работници и мерките за карантин. Како резултат на тоа, 67 милиони деца во светот не примиле редовни вакцини во периодот 2019-2021 година, по што опфатот со вакцинација опаднал во дури 112 земји.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-vtora-po-brojot-na-nevaktsinirani-detsa/feed/ 0
Поради Ковид-19, околу 67 милиони деца во светот пропуштија да добијат вакцини https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-kovid-19-okolu-67-milioni-detsa-vo-svetot-propushtija-da-dobijat-vaktsini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-kovid-19-okolu-67-milioni-detsa-vo-svetot-propushtija-da-dobijat-vaktsini/#respond Thu, 20 Apr 2023 05:21:00 +0000 https://kurir.mk/?p=825682

Околу 67 милиони деца во светот делумно или целосно ги пропуштиле рутинските вакцини на глобално ниво помеѓу 2019 и 2021 година поради заклучувања и нарушувања на здравствената заштита предизвикани од пандемијата „Ковид-19“, соопштија ОН. „Повеќе од една деценија тешко стекнати придобивки во рутинската имунизација во детството се еродирани“, се вели во новиот извештај на агенцијата за деца на ОН, УНИЦЕФ, додавајќи дека враќањето на вистинскиот пат „ќе биде предизвик“. Од 67 милиони деца чија вакцинација беше „сериозно нарушена“, 48 милиони целосно ги пропуштија рутинските вакцини, соопшти УНИЦЕФ, истакнувајќи ја загриженоста за потенцијалните епидемии на полио и сипаници. Вакцинација кај децата се намали во 112 земји, а процентот на вакцинирани деца ширум светот се намали за 5 поени на 81 процент - ниско ниво што не е забележано од 2008 година. Африка и Јужна Азија беа особено погодени. „Загрижувачки е тоа што назадувањето за време на пандемијата дојде на крајот на една деценија кога, генерално, растот на имунизацијата во детството стагнираше“, се вели во извештајот. Вакцините спасуваат 4,4 милиони животи секоја година, бројка според која ОН би можеле да скокнат на 5,8 милиони до 2030 година доколку се исполнат нивните амбициозни цели да не остават „никого зад себе“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-kovid-19-okolu-67-milioni-detsa-vo-svetot-propushtija-da-dobijat-vaktsini/feed/ 0
СЗО НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД ВАКЦИНИТЕ – препорачува ново вакцинирање по 12 месеци од последната доза! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-ne-se-otkazhuva-od-vaktsinite-preporachuva-novo-vaktsinirane-po-12-mesetsi-od-poslednata-doza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-ne-se-otkazhuva-od-vaktsinite-preporachuva-novo-vaktsinirane-po-12-mesetsi-od-poslednata-doza/#respond Wed, 29 Mar 2023 09:43:19 +0000 https://kurir.mk/?p=817662

Светската здравствена организација (СЗО) ги промени препораките за вакцини против Ковид-19, сугерирајќи дека високоризичните популации треба да добијат дополнителна доза 12 месеци по последниот бустер. Според СЗО, постарите луѓе се изложени на висок ризик, како и помладите луѓе кои имаат други значајни фактори на ризик. За нив, организацијата препорачува дополнителна доза шест или 12 месеци по последната доза. СЗО ги идентификуваше здравите деца и млади луѓе како групаод „низок приоритет“ и ги повика земјите да разгледаат фактори како што е оптоварувањето со болести пред да препорачаат вакцинација за луѓето од оваа категорија. Според организацијата, рутински не се препорачуваат дополнителни дози за засилување по почетната серија од две дози и бустер за луѓе со „умерен ризик“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-ne-se-otkazhuva-od-vaktsinite-preporachuva-novo-vaktsinirane-po-12-mesetsi-od-poslednata-doza/feed/ 0
Бугарија: Се уништува големо количество вакцини против Ковид со истечен рок https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-se-unishtuva-golemo-kolichestvo-vaktsini-protiv-kovid-so-istechen-rok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-se-unishtuva-golemo-kolichestvo-vaktsini-protiv-kovid-so-istechen-rok/#respond Mon, 06 Mar 2023 15:08:20 +0000 https://kurir.mk/?p=808708

Бугарските здравствени власти денеска објавија дека оваа година ќе бидат уништени 2,8 милиони дози вакцини против Ковид со поминат рок. Претходно, 2,3 милиони дози вакцини веќе беа уништени во земјата со најниска стапка на вакцинација во ЕУ. Министерот за здравство Асен Меџидиев рече дека Бугарија има премногу вакцини, слаб опфат со вакцинација и дека нема луѓе кои сакаат да се вакцинираат. Меџидиев, исто така, рече дека Бугарија ја повикала Европската комисија да го раскине договорот со Бионтек/Фајзер, според кој неговата земја е обврзана да купува вакцини против коронавирусот до 2025 година. Тој додаде дека бугарската позиција ја поддржуваат Полска, Чешка и Литванија. Министерот рече дека е „ирационално“ Бугарија, земја со 6,5 милиони жители, да купува вакцини кои на крајот ќе ги уништи. Официјалните податоци покажуваат дека Бугарија уништила повеќе вакцини против Ковид отколку што примило тамошното население. Во Бугарија се дадени 4,6 милиони дози, околу два милиони луѓе се целосно вакцинирани со две дози, а речиси еден милион добија „бустер“. Податоците покажуваат дека земјата регистрирала околу 1,3 милиони потврдени случаи на Ковид и 38.211 луѓе починале.

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-se-unishtuva-golemo-kolichestvo-vaktsini-protiv-kovid-so-istechen-rok/feed/ 0
Голем број на родители завршија на суд бидејќи не ги вакцинирале своите деца, еве со какви казни се соочуваат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golem-broj-na-roditeli-zavrshija-na-sud-bidejki-ne-gi-vaktsinirale-svoite-detsa-eve-so-kakvi-kazni-se-soochuvaat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golem-broj-na-roditeli-zavrshija-na-sud-bidejki-ne-gi-vaktsinirale-svoite-detsa-eve-so-kakvi-kazni-se-soochuvaat/#respond Fri, 24 Feb 2023 18:11:29 +0000 https://kurir.mk/?p=804745

170 мајки на суд – не ги вакцинирале децата. Судските покани, според информациите на „А1он“, веќе почнале да пристигнуваат до родителите што не ги вакцинирале своите деца со задолжителните вакцини. Според информациите, овие родители не се одѕвале на повиците за вакцинирање, ниту се јавиле на повикот да отидат до надлежната институција и да приложат релевантен документ дека нивното дете не смее да прими вакцина поради здравствени проблеми. Во неколку случаи, според информациите на „А1он“, се работи за деца што не примиле ММР-вакцина. Родителите велат дека ги изненадила поканата за суд иако признаваат дека нивното дете не ја примило посочената вакцина. Не знаат во колкав проблем се и каква може да биде санкцијата што судот би им ја досудил. Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за „А1он“ потврдуваат дека има мајки/родители за кои е донесена одлука за поведување прекршочна постапка. Според нив, 302 родители во изминатата година не ги вакцинирале своите деца, и тоа не само за ММР, туку и за сите задолжителни вакцини. Од овие 302, 170 родители воопшто не се одѕвале на поканите и за нив е поднесено барање за поведување прекршочна постапка до надлежен суд. „Од вкупната бројка, 132 лица се одѕвале на повикот и се согласиле да ја платат паричната казна. Се спроведува постапка за порамнување, која подразбира повикување на родителот да ја плати предвидената глоба во рок од 8 дена. Доколку прифатат, предвидената казна се преполовува“, велат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за „А1он“. Сепак, 170 родители воопшто не се одѕвале на поканите и за нив е поднесено барање за поведување прекршочна постапка до надлежен суд. Во тој случај висината на казната и какви санкции ќе сносат родителите утврдува судот. Овие покани судот веќе почнал да ги испраќа на адреса на родителите. Постапката, според Државниот санитарен и здравствен инспекторат, за повикување одговорност е следна: Од страна на вакциналните пунктови и родилиштата се добиваат известување за родители што не ги имунизирале своите деца со вакцини предвидени во задолжителниот календар, а во согласност со Законот за заштита на населението од заразни болести. Врз основа на добиените податоци се спроведува постапка за порамнување, која подразбира повикување на родителот да ја плати предвидената глоба во рок од 8 дена. Доколку прифатат, предвидената казна се преполовува. Висината на глобата изнесува од 300 до 650 евра во денарска противвредност усогласена со Законот за прекршоците. Доколку, пак, родителите воопшто не се јават на поканите, за нив е поднесено барање за поведување прекршочна постапка до надлежен суд. Во тој случај родителите освен досудената казна, ќе мора да ги платат и судските и адвокатските трошоци на спротивната страна. А, сумата на овие трошоци зависи од должината на спорот, колку рочишта ќе има или дали евентуално ќе има ангажирање на вештаци.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golem-broj-na-roditeli-zavrshija-na-sud-bidejki-ne-gi-vaktsinirale-svoite-detsa-eve-so-kakvi-kazni-se-soochuvaat/feed/ 0